Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

SAFRAN

Go down

SAFRAN Empty SAFRAN

Пишување by Flora Пет Окт 12 2018, 12:03

Одгледување и садење на шафранот

Одгледување на шафран- За разлика од украсниот сродник, кој може да расти било каде, Crocus sativus е билка која расти во топли медитерански клими. Но, држејќи се до неколку едноставни правила може да се создаде прифатливо окружување кое ќе произведува успешен – но помал принос на зачинот шафран од година во година.

Шафран (Crocus sativus) е медитеранска билка. Сака жешки и сушни лета, но преживува и ладни зими. Толерира мраз и краткотраен снежен покривач. Шафранот добро реагира на обилни пролетни дождови и сушни лета. Наводнувањето непосредно пред цветањето го подигнува приносот на цветовите. Врнежите и ладното време, за време на цветањето доведуваат до болести и го смалуваат приносот.

Flora

Број на мислења : 418
Join date : 2018-08-05

Вратете се на почетокот Go down

SAFRAN Empty Re: SAFRAN

Пишување by Flora Пет Окт 12 2018, 12:03

Тој е скапа зачинска билка, така да одгледувањето може да биде погоден начин да се заштети и да се заработат пари. Шафранот е најскап зачин на светот. Минималата цена на шафранот изнесува 700 долари за 1 кг, а максималната може да достигне и до 1100 долари за 1 кг, а не бара премногу напор. Она што го сочинува скап, е работата која се вложува во бербата, краткорочноста на расположливото време да се извеши бербата, одбирање на вистинскиот момент за берба и големата количина на цветови за да се добие 1 кг шафран (150 000 – 200 000 цветоци за 1 кг шафран на површина од 0,1 ха). Она што се продава од растението е сушен толчник, или правот добиен од прашникот. Секој цвет има толчник и три прашници. Потребни се околу 150 цветови за 1 грам. За 12 грама сув зачин (72 гр. свеж собран), потребно е околу 1 кг цвет. Еден свеж собран цвет дава околу 30 мг (0,03гр) свеж шафран или 7 мг (0,007) сув шафран.

Flora

Број на мислења : 418
Join date : 2018-08-05

Вратете се на почетокот Go down

SAFRAN Empty Re: SAFRAN

Пишување by Flora Пет Окт 12 2018, 12:03

Прво е потребно да се избери идеален простор за одгледување на шафранот. Потребно е целодневно многу сонце и многу малку сенка. Може да биде отворен или затворен простор. Луковиците се садат во лето помеѓу јули и август. Традиционално шафранот (crocus sativus) се сади во леи заради добра дренажа. На овај начин се постигнува контрола над условите за развој на коренот и осугурува витален период на мирување. Во современата Европска комерцијална пракса, шафранот се сади во џепови во земјиштето кои се наслонети кон сонцето. Основа е, луковиците да се посадат на сончево место и на добро дренирана површина. Земјата треба да е плодна, добро дренирана и да е промешана со песок, со висока содржина на органски матеии. Порано, се користело арско ѓубриво пред садење, околу 20-30 тони по хектар. Денес, се применува прихранување со калиум на крајот на летото, заради поуспешно цветање.

Flora

Број на мислења : 418
Join date : 2018-08-05

Вратете се на почетокот Go down

SAFRAN Empty Re: SAFRAN

Пишување by Flora Пет Окт 12 2018, 12:04

Садење на шафран – Се копаат дупките во кој се садат луковиците во размер од 5-15 см, со длабочина 7-10 см. Препорака е да се преферираат поголеми растојанија од 15 см и длабочина до 15 см. Доколку растојанието на садење е 15 см помеѓу луковиците и 30 см помеѓу редовите, тогаш на 1 декар т.е. на 1 000 м2,(100х10), ќе се добијат 20 редови, во еден ред ќе се посадат (100м=10 000см : 15см = 665) 665 луковици, а на целата површина(665 луковици х 20 реда = 13 300 луковици) односно 13 000 луковици на 1 декар. На 10 декари или 1 ха = 130 000 луковици, а на 10 хактари = 1 300 000 луковици. Длабочината и растојанието на садење делуваат на квалитетот на зачинот. Колку луковиците се посадат подлабоко, квалитетот на зачинот е подобар, но цветовите ќе бидат помали, нивниот број се смалува и се добиваат помалце луковици за размножување.

Flora

Број на мислења : 418
Join date : 2018-08-05

Вратете се на почетокот Go down

SAFRAN Empty Re: SAFRAN

Пишување by Flora Пет Окт 12 2018, 12:04

Луковиците се садат со врвот нагоре. Се вадат веднаш по садењето. Понатаму наводнување не е потребно се додека не излезат листови. Вака исушено, а за време на летните денови и „печено“, земјиштето е од витално значење, бидејќи обезбедува периот на мирување за да се иницира цветањето кое почнува наесен. После летното мирување, во раната есен почнуваат да се појавуваат танки листови и пупки. Од тој момент кога ќе се појават листови, потребно е редовно наводнување, бидејќи земјиштето не смее да биде суво, но не и натопено со вода да лежи водата. Редовно наводнување се врши следното лето, кога луковиците се пресадуваат и потоа повторно се прекинува со наводнувањето до поново појавување на листовите.Течно ѓубриво се додава наесен, еднаш годишно и тоа е се што е потребно. Цветањето е средината на есента. Бербата мора да се изврши брзо. По цветањето во зората, цветот брзо се суши како поминува денот. Жетвениот период трае две до три недели.

Flora

Број на мислења : 418
Join date : 2018-08-05

Вратете се на почетокот Go down

SAFRAN Empty Re: SAFRAN

Пишување by Flora Пет Окт 12 2018, 12:04

Се препорачува обележување на местата каде се посадени луковиците. На овај начин се избегнува случајно вадење на луковиците, но се знае позицијата на луковиците, но кога после 8-12 недели цветовите отпаднат, не постои никаков друг траг што ќе означи каде се наоѓаат луковиците.

Се препорачува берење на цветовите одма после цветање и нивно користење или ставање во херметички затворен контејнер.

Глодарите можат да бидат проблем во производството на шафран, така да се препорачува луковиците да се накиснат во течен парафин, а како најдобар метод се предложува заштита со фино плетени мрежи под земјата. Освен глодарите, проблем можат да бидат и гниење на луковиците.

Flora

Број на мислења : 418
Join date : 2018-08-05

Вратете се на почетокот Go down

SAFRAN Empty Re: SAFRAN

Пишување by Flora Пет Окт 12 2018, 12:04

Вкус Шафранот има интензивен ароматичен вкус, пикантен, горчлив, земјен, долго се задржува, цветан, малце лут и сличен на медот, медицински. Шафранот дури по неколку месеци складирае , го развива цел свој спектар на арома. Најважна компонента на етеричното масло е сафранал.

Шафранот во домакинството – шафранот вообичаено се користи во рибините и јадењата со ориз во некој национални кујни. Освен тие традиционални јадења шафранот се користи во месните супи, компири, пилешко месо или јадењата со пиперки.

Шафранот е најдобар кога се додава во мали количини. Дава убава жолта боја и единствен вкус.

Има два начини како се користи, со потопување во вреча вода и со пржење. Влакната на шафранот треба да се препржат за да од нив се извлече цела влажност. Квалитетот шафранот може да го задржи 3 години од денот на пакување.

Големи количини на шафран (повеќе грамови) се отровни.

Шафранот се продава во десетти делови од грамот. Едно пакување на шафран обично содржи 0.1 грам шафран.

Flora

Број на мислења : 418
Join date : 2018-08-05

Вратете се на почетокот Go down

SAFRAN Empty Re: SAFRAN

Пишување by Flora Пет Окт 12 2018, 12:05


Flora

Број на мислења : 418
Join date : 2018-08-05

Вратете се на почетокот Go down

SAFRAN Empty Re: SAFRAN

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот