Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

VAMPIRI

Go down

VAMPIRI Empty VAMPIRI

Пишување by Albatros Нед Окт 14 2018, 10:47

Останки од „вампир“ пронајдени на детски гробишта во Италија

Почивалиште на „вампир“ беше пронајдено на територија во Италија која им припаѓала на древните Римјани, што укажува на тоа дека оваа цивилизација одржувала ритуали со кои, според археолозите, се обидувале да ги спречат закопаните трупови да се вратат од мртвите.

Телото на 10-годишно дете од засега непознат пол беше пронајдено закопано по принципот на овој древен ритуал, со камен во устата, што археолозите тврдат дека е практика која Римјаните ја користеле за да ги спречат мртвите повторно да оживеат.

Локалците го именуваа како „Вампирот од Луњано“, а доказите собрани од коските-останки сугерираат дека детето било болно од маларија во времето кога умрело.

„Никогаш немам видено нешто слично. Истовремено е морничаво и многу чудно“, вели професорот Дејвид Сорен, археолог на Универзитетот во Аризона.


https://kajgana.com/ostanki-od-vampir-pronajdeni-na-detski-grobishta-vo-italija


Albatros

Број на мислења : 822
Join date : 2018-08-08

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот