Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

МВР СО КРИВИЧНА ПРИЈАВА .....

2 posters

Go down

МВР СО КРИВИЧНА ПРИЈАВА ..... Empty МВР СО КРИВИЧНА ПРИЈАВА .....

Пишување by osa Нед Окт 21 2018, 22:06

МВР со кривична против екс-шефот на Агенцијата за менаџирање со одземен имот 21 ОКТОМВРИ 2018 / 19:46
Поранешниот директор на Агенцијата за менаџирање со одземен имот, Башким Амети и тројца други вработени добија кривични пријави за злоупотреба на службената задача и надлежност. Според полицијата, четворицата не постапиле според пресуда на судот за запленување на имот, со што го оштетиле буџетот на државата.

МВР:

Во периодот од 2011 до 2012 година, прво пријавениот/ обвинетиот и второ пријавената, како менаџери на Агенцијата за менаџирање на одземен имот на Р. Македонија, третиот пријавен/ обвинет, како помошник шеф на Агенцијата и четврто пријавениот како директор на Агенција, спротивно на Законот, не постапиле според одлука на судот за запленување на движен и недвижен имот“

Според информации на Алсат М, Амети во својство на директор, иако биле запознаен со одлуката, намерно не организирал и не барал спроведување на истата. Додека тројцата останати пријавени ја премолчиле судската одлука, со што свесно им дозволиле на сопствениците да го користат нивниот имот. Алсат М дознава дека имотот кој требал да биде одземен е на „босот“ на цигарите, Бајруш Сејдиу и неговиот брат Наим Сефери од Куманово, кои добија затворски казни во случајот „Пепел 2“, за проневера и стечајни постапки, но судот донесе и одлука да им се заплени целото богатство.ж

Според Законот за менаџирање со одземен имот, Агенцијата со правосилна пресуда го продава имотот и фондовите одат во буџетот на државата. Имено, Башким Амети телефонски кратко одговори дека пресудата за одземање на богатството била од 2011 година додека тој бил назначен за директор во 2013 година, што според него значи дека случајот е „адакта“. Зошто токму тој добил кривична пријава, од МВР немаат детали. Амети е од редовите на ДУИ и во јавноста е познат како министер за животна средина, функција која ја извршуваше една година во текот на техничката влада.

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16569
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

МВР СО КРИВИЧНА ПРИЈАВА ..... Empty Re: МВР СО КРИВИЧНА ПРИЈАВА .....

Пишување by Dino Пон Окт 22 2018, 11:15

Ako go pocituvaat zakonot ima mnogu za krivicni i od vmro i od sdsm ama niedna vlast dosega ne gi dirala nejzinite pa nema ni ovie.

Dino

Број на мислења : 637
Join date : 2016-11-30

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот