Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

ЛОШ МЕНТОР

2 posters

Go down

ЛОШ МЕНТОР  Empty ЛОШ МЕНТОР

Пишување by osa Нед Окт 28 2018, 14:06

(Видео) Костадинов: Мицкоски како советник за енергетика на Груевски, добил 33 илјади квадратни метри за изградба на хидроцентрала

Денеска јавноста ќе дознае зошто антизападниот пион Христијан Мицкоски три дена се крие од јавноста и одбива да одговори за шемите со неговиот ментор, носителот на криминалот Никола Груевски. Антизападниот пион Христијан Мицкоски добил долготраен закуп на речиси 33 илјади метри квадратни-земјиште, од Владата на неговиот ментор, Никола Груевски, и тоа во време кога му бил советник за енергетика, порача Костадин Костадинов од СДСМ, од пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.

СООПШТЕНИЈА(Видео) Костадинов: Мицкоски како советник за енергетика на Груевски, добил 33 илјади квадратни метри за изградба на хидроцентралаОбјавено пред 34 минути - 28 октомври, 2018Од Макфакс

Денеска јавноста ќе дознае зошто антизападниот пион Христијан Мицкоски три дена се крие од јавноста и одбива да одговори за шемите со неговиот ментор, носителот на криминалот Никола Груевски. Антизападниот пион Христијан Мицкоски добил долготраен закуп на речиси 33 илјади метри квадратни-земјиште, од Владата на неговиот ментор, Никола Груевски, и тоа во време кога му бил советник за енергетика, порача Костадин Костадинов од СДСМ, од пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.



„Еве ја Одлуката објавена во Службен весник. На 1-ви декември 2015 година, во време кога Мицкоски му бил советник на Груевски, по пат на непосредна спогодба, од Владата на истиот тој Никола Груевски, добил 33 илјади квадратни метри за изградба на хидроцентрала, во Катастарската општина Пехчево.

Земјиштето, сопственост на Република Македонија, од Владата на Груевски е доделено на конзорциумот во кој што е и фирмата каде сопственик е Мицкоски, „Енерготек ДОО Скопје“.

Ова е класичен судир на интереси. Во тоа време, декември 2015 година Христијан Мицкоски му бил советник на тогашниот премиер на Владата, Никола Груевски, и тоа за енергетика.

Ова се шемите на антизападниот пион Мицкоски и неговиот ментор, Никола Груевски. За овој класичен судир на интереси, кога е доделено земјиштето во време кога Мицкоски му бил советник на Груевски за енергетика, очекуваме надлежните институции да реагираат.

Антинародното и антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ вчера призна дека Мицкоски експресно добивал бизниси од Владата на Груевски но лажно тврдеше дека тоа не било во времето додека му бил советник.

Фатени во уште една лага, антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, заглавено во сопствената изолација, денеска треба да им се извини на граѓаните за тоа што ги излажа.

Очигледна е спрегата меѓу Христијан Мицкоски и Никола Груевски. Мотивите поради кои антизападниот пион Мицкоски ги следи погубните политики на неговиот ментор Груевски излегуваат на површина.

Ги повикуваме преостанатите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ да не ги следат овие антизападни и криминални политики на дуото Груевски – Мицкоски, туку да се приклучат на процесите што обезбедуваат иднина во ЕУ и НАТО.

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16569
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ЛОШ МЕНТОР  Empty Re: ЛОШ МЕНТОР

Пишување by defo Нед Окт 28 2018, 23:14

Хм, немало потреба од овој прес, или овој прес без соодветна пријава од МВР е џабе. Ако е така како што викаат денес требаше МВР да излезе со прес, дека му стегнале пријава на Мицко. Вака е пукање со ќори куршуми кои ќе му се одбијат од глава на СДСМ.

_________________
Jас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - изроди како македонскиот
defo
defo

Број на мислења : 3572
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот