Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

ВМРО-ДПМНЕ ,УПОРНО ГИ ЛАЖАТ ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ

Go down

 ВМРО-ДПМНЕ ,УПОРНО ГИ ЛАЖАТ ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ  Empty ВМРО-ДПМНЕ ,УПОРНО ГИ ЛАЖАТ ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ

Пишување by osa Нед Ное 04 2018, 21:24

СДСМ: Антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ упорно ги лаже земјоделците

Со почетокот на откупот на индустриското јаболко цената беше 1.5 денари по килограм. Знаејќи ја состојбата на пазарот со јаболка, уште пред да започне бербата, Владата предводена од СДСМ воведе нова, дополнителна субвенција за производителите на индустриско јаболко од 3 денари по килограм јаболка, предадени во преработувачки капацитети кои вршат откуп за извоз, соопшти СДСМ.

Според партијата, антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ ја профилира сопствената партија како лидер во лажење. ,,Дополнително, Цветан Трипуновски, пратен од антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕпокажа дека нема основни познавања од земјоделството.
Да беше добро упатен ќе знаеше дека едно дрво со јаболка во просек дава по околу 40 килограми јаболка, од кои 80 отсто е консумно а 20 отсто индустриско јаболко.
Заврши времето на хаос и несреденост во земјоделскиот сектор што го креираше 11 годинишнто криминално владеење на Никола Груевски.

Токму Владата на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ не вложи ништо за изградба на нови и проширување на постојните капацитети за преработка и доработка на јаболкото, За време на нивното криминално владеење, ИПАРД програмата беше искористена едвај 20% поради нивната неспособност, а токму овие капацитети се важни за целокупното производство и откуп”, се вели во соопштението на владејачката партија.

Владата предводена од СДСМ досега, само за еден повик за ИПАРД 2 во кои спаѓаат и мерките за преработувачки капацитети има склучено 937 договори со вредност од 16,4 милиони евра, а за време на криминалното и расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ за цел програмски период од ИПАРД 1 се исплатени само 16 милиони евра.Владата предводена од СДСМ покажува дека вистински се грижи за земјоделците со кои води секојдневен дијалог за секој проблем. Преку партнерски однос со земјоделците се креираат мерки што го унапредуваат земјоделството и животниот стандард на земјоделците, се додава во соопштението.

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16569
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот