Воведение на Пресвета Богородица Пречиста
Страна 1 of 1

Воведение на Пресвета Богородица Пречиста 4 декември
Овој празник спаѓа во дванаесетте големи христијански празници.Тој е празник на воспитувањето на младите
Денешниот празник Воведение на Пресвета Богородица во храмот, што народот го вика Света Пречиста или само Пречиста спаѓа во поголемите есенски празници што се празнуваат и со домашни служби. Овој празник исто така, спаѓа и во дванаесетте големи христијански празници. Тој се смета за женски празник и повеќе го празнуваат младите жени, особено оние што уште немаат деца.
Праведните Јоаким и Ана се вели во сведоштвата долго немале деца. Го молеле Бога да им даде рожба ветувајќи му дека ќе му ја посветат нему, односно ќе ја дадат да му служи во храмот.
Така им се родила Марија. Светото предание натаму сведочи дека бидејќи Марија била измолена со солзи и ветена да му служи на Бога, нејзините родители уште кога наполнила една година сакале да ја одведат во храмот. Но се плашеле дека малото девојче може да плаче за нив, па се одлучиле тој чин да го направат кога таа ќе наполни три години. И така кога наполнила три години останувајќи доследни на ветувањето, а и исполнувајќи го долгот кон Бога, ја повеле во храмот.
Во свечената поворка што три дена патувала од Назарет до Ерусалим најнапред оделе девојчиња променети во бела облека, со запалени свеќи во рацете, по нив Јоаким и Ана за рака ја воделе малата Марија, а по нив оделе многу роднини и пријатели. Со нив, невидливи за човечкото око, патувале и многу ангели. Малата Марија била облечена во свечена облека, со многу украси, како што и приличи на царска ќерка и божја невеста. Од Назарет до Ерусалим имало три дена пат, но овојпат, бидејќи се работело за патување иницирано со божји благослов, поворката со леснотија го изодела ова растојание.
Пред храмот свечената поворка ја пречекале свештеници на чело со првосвештеникот Захарие, пеејќи црковни песни. Храмот бил на поиздигнато место и во него се влегувало по 15 скали.
Родителите ја оставиле малата Марија на почетокот на скалите и таа самата, со сила и сигурност на многу поголема возраст, се искачила весело гледајќи во храмот и не свртувајќи се кон своите родители и кон народот што ја придружувал. Тамо ја пречекал првосвештеникот Захарие, (таткото на свети Јован Крстител), кој на општо изненадување на насобраниот народ, а по божја повелба, ја внесол во најсветото место во храмот, еден одделен олтар наречен “Свјатаја свјатих”, (или Светиња на светиите).
Тука никој не смеел да влезе, особено не жена, не влегувале ниту обичните свештеници, а и првосвештеникот влегувал само еднаш во годината и тоа на празникот кога принесувал жртва. На ова се чуделе не само луѓето туку и ангелите, но и ова е направено со Божја промисла и е поврзано со идната улога на Богородица, мајката на Исус Христос.
Во храмот Богородица останала до 12-тата година. Тука живеела заедно со други девојчиња, заедно се молеле, принесувале жртви, пееле црковни песни, го читале Светото Писмо и учеле домашни работи како везење, плетење и сл.
Храна примала од раката на ангелот кој ја штител од секакво зло. Била послушна кон сите и затоа сите ја сакале и почитувале. Така во овој храм Пресвета Дева Марија се подготвувала за идната слава што ја очекувала.
Светото предание уште сведочи дека кога Марија стигнала до возраста кога девојките го напуштале храмот и се мажеле, свештениците побарале и таа тоа да го направи.
Но Марија тогаш им ја соопштила својата решеност да не стапува во брак туку до крајот на животот да остане во храмот и да му служи на својот Бог. Но тоа не го дозволувале законите, поради што се барало компромис. По Божја промисла, таа била дадена на чување кај еден постар човек по име Јосиф, роднина на нејзините родители. Поради тоа во сведоштвата праведниот Јосиф се среќава и како нејзин старател, но и како нејзин свршеник.
Така биле задоволени тогашните еврејски закони, а на Марија и била исполнета желбата засекогаш да остане девица и да му служи на Бога. Дотогаш меѓу Евреите не било познато доживотно заветување на Бога, така што Марија е првата девојка што се решила и што успеала до крајот на животот да биде заветна или посветена на Бога. По нејзиниот пример подоцна тргнале илјадници девојки и момчиња.
Во спомен на воведувањето на тригодишната Марија во храмот светата црква го востановила празникот Воведение што се празнува на 4 декември.
Празникот Воведение на Пресвета Богородица во храмот ни го истакнува за углед односот на праведните Јоаким и Ана, нивното исполнување на ветеното, но и нивната грижа за правилно воспитување на нивното дете. Но овој празник и денес е актуелен со тоа што укажува на потребата родителите да се заложат за правилно воспитување на своите деца, за осознавање на вредностите на верата, но и за одбрана од негативните пороци кои што денес ја уништуваат младината.
http://tirekovmirece.com/Novost/%D0%92%D0%BE%D0%B2%D0%B5%D0%B4%D0%B5%D0%BD%D0%B8%D0%B5-%D0%BD%D0%B0-%D0%9F%D1%80%D0%B5%D1%81%D0%B2%D0%B5%D1%82%D0%B0-%D0%91%D0%BE%D0%B3%D0%BE%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%B8%D1%86%D0%B0-%D0%9F%D1%80%D0%B5%D1%87%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B0-4-%D0%B4%D0%B5%D0%BA%D0%B5%D0%BC%D0%B2%D1%80%D0%B8

IVA- Број на мислења : 368
Join date : 2016-01-29
Similar topics
» УСПЕНИЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА ...ГОЛЕМА БОГОРОДИЦА 2020 Г
» РОЖДЕНСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА
» УСПЕНИЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА
» УСПЕНИЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА
» СВЕТА АНА МАЈКА НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот
|
|