Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Денеска е Свети Георгиј – Посен

Go down

Денеска е Свети Георгиј – Посен Empty Денеска е Свети Георгиј – Посен

Пишување by Bosonoga Нед Дек 09 2018, 11:19

Православните верници денеска го слават и Свети Георгиј – Посен, кој е уште еден празник посветен на свети Георгиј Победоносец.

Македонскиот народ со домашни служби го празнува и празникот Свети Георгиј – Посен што се празнува на 26 ноември според стариот (или на 9 декември според новиот) календар. И овој празник е поврзан со името на Светиот великомаченик Георгиј Победоносец, чиј спомен се празнува и на други датуми од православниот календар.

На овој датум во 1037 бил осветен храмот посветен на овој светител во Киев изграден од кнезот Јарослав. Овој ден како празник се празнува во цела Русија и оттаму веројатно празнувањето е пренесено и во нашиве краишта.

Празникот е наречен Посен затоа што секогаш се паѓа во Божикните пости. Во книгата на Булгаков „Настолнаја книга“, на овој датум се поместени тропар и кондак на празникот посветени на Св. вмч. Георгиј, од што станува јасно дека овој празник е посветен на Георгиј Победоносец, а не на некој друг светител со истото име.

https://sitel.com.mk/deneska-e-sveti-georgij-posen

Свети Георгиј денес одреди каква ќе ни биде зимата

Македонскиот народ со домашни служби го празнува и празникот Свети Георгиј – Посен што се празнува на 26 ноември според стариот (или на 9 декември според новиот) календар. И овој празник е поврзан со името на Светиот великомаченик Георгиј Победоносец, чиј спомен се празнува и на други датуми од православниот календар.

Кај постарите луѓе се верувало дека ако денеска е има магла и зимата ќе биде магловита и променлива, а ако е ведро, зимата ќе биде јака.

Денеска е Свети Георгиј – Посен Sveti-georgi-202044

https://sitel.com.mk/sveti-georgij-denes-odredi-kakva-kje-ni-bide-zimata
Bosonoga
Bosonoga

Број на мислења : 956
Join date : 2017-03-15

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот