ХОББ
Страна 1 of 1
ХОББ
21 НОЕМВРИ, СВЕТСКИ ДЕН НА ХРОНИЧНАТА ОПСТРУКТИВНА
БЕЛОДРОБНА БОЛЕСТ (ХОББ)
Хроничната опструктивна белодробна болест (ХОББ) е често
белодробно заболување кое го отежнува дишењето. Постојат две главни
форми на ХОББ: хроничен бронхит, кој вклучува долготрајна кашлица со
мукус и емфизем, кој со текот на времето води до оштетување на
белодробието.
Главна причина за ХОББ е долготрајна изложеност на супстанци кои го
иритираат и оштетуваат белодробието.
Пушењето е главна причина за појава на ХОББ. Колку лицето повеќе
пуши, поверојатно е да развие ХОББ. Но, некои лица пушат со години и
никогаш не добиваат ХОББ.
Поретко, непушачите на кои им недостасува протеинот наречен алфа-1
антитрипсин може да развијат емфизем.
Изложеноста на одредени гасови или пареи на работното место;
Изложеноста на големи количини на секундарна загаденост и чад;
Честото користење на оган за готвење без соодветна вентилација, се
вбројуваат во причини за појава на ХОББ.
Постојат одредени важни нешта кои можеме да ги правиме за да го
намалиме ризикот од белодробна болест:
Да не пушиме;
Да одбегнуваме излагање на загадувачи во домот кои можат да го
оштетат нашето белодробие;
Да ја минимизираме изложеноста на загаден воздух на отворено;
Да превенираме инфекција;
Да си обезбедиме редовна здравствена заштита;
Да вежбаме.
Аеробик вежбите помагаат да се подобри белодробниот капацитет.
Специфични вежби за дишење, исто така, може да помогнат за
подобрување на белодробната функција. Вежбањето и техниките за
дишење се исто добри за подобрување на расположението и помагаат за
закрепнување.

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат
малкумина го разбираат
osa- Број на мислења : 16569
Join date : 2015-01-11
Страна 1 of 1
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот
|
|