Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Албанизација

Страна 4 of 4 Previous  1, 2, 3, 4

Go down

Албанизација - Page 4 Empty Re: Албанизација

Пишување by трендафил on Пон Ное 25, 2019 12:21 pm

Дали дел од албанизацијата е демолирањето од навивачката група Шверцери на инвентарот и сидовите (орнаментите) во МНТ кој не е национална туку македонска културна установа. Да се повторам од друга тема, нешто како да им се дозволи на Комитите да прославуваат во театарот на албанското малцинство во Македонија. Ќе поставам уште едно прашање. Дали за користење на салата Шверцери му платиле на театарот или ја добиле бесплатно со одлука на власта. Да не кажам по диктат на Артан Груби, портпарол и преведувач на Али Ахмети и пратеник за да не го плаќа партијата туку сите граѓани на Македонија.

_________________
Негација на негативното
Не е срамно ако умреме до еден, но голем срам е ако останеме без името
Слобода или смрт

трендафил

Број на мислења : 6705
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Албанизација - Page 4 Empty Re: Албанизација

Пишување by luxor on Пон Ное 25, 2019 12:46 pm

Па научи прво после кажи ни и нам. Одговорниот за тоа сигурно има име и презиме. Груби не може да ја дава салата, значи го бараме тој што го направил тоа макар и под притисок. Бидејки не е со одлука на влада јасно е дека се бара лична одговорност без спинови дека власта е одговорна. И без лицемерие од твоја страна, кога замрник министер ослободуваше уапсени под Кале не тврдеше дека Грујо е одговорен.

https://www.google.com/amp/s/mk.voanews.com/amp/453675.html
luxor
luxor

Број на мислења : 5597
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

Албанизација - Page 4 Empty Re: Албанизација

Пишување by трендафил on Пон Ное 25, 2019 4:29 pm

Нема да дискутирам за историја додека не стане јасно колку од историјата ќе ви остави Заев. Во пријателски договори со соседите гледам обилно ни ја продава историјата. Можеби историјата на Македонија по СДСМ ќе поќне со доаѓањето на Заев на власт по изборите што ги загуби. И еден од слоганите што ги скандираа вашите Шверцери беше „Немате историја“. Вие од СДСМ би требало да бидете навредени. Јас имам историја.

_________________
Негација на негативното
Не е срамно ако умреме до еден, но голем срам е ако останеме без името
Слобода или смрт

трендафил

Број на мислења : 6705
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Албанизација - Page 4 Empty Re: Албанизација

Пишување by luxor on Пон Ное 25, 2019 4:40 pm

Или вие дпне-оФците присвојувавте туѓа па сега само им ја враќаме назад. Така е кога не знаеш историја.
luxor
luxor

Број на мислења : 5597
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

Албанизација - Page 4 Empty Re: Албанизација

Пишување by трендафил on Пон Ное 25, 2019 8:03 pm

Еве ти една колумна од Дојче Веле. Тоа што Бугарите (и Грците) ни го прават на нас Македонците (барем на тие без северна додавка) е исто како за влез на Израел некаде Германците да бараат да признае дека немало холокауст.

https://www.dw.com/mk/бугарското-селективно-историско-паметење/a-51396612

_________________
Негација на негативното
Не е срамно ако умреме до еден, но голем срам е ако останеме без името
Слобода или смрт

трендафил

Број на мислења : 6705
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Албанизација - Page 4 Empty Re: Албанизација

Пишување by luxor on Пон Ное 25, 2019 8:26 pm

И каде ти виде тука историски факти и документи? Еве јас ти посочив неколку такви и дел од нив постирав на форумот. Затоа ако воопшто се обидеш да дискутираш за историја не се потпирај на колумни туку на оригинални историски документи.
luxor
luxor

Број на мислења : 5597
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

Албанизација - Page 4 Empty Re: Албанизација

Пишување by трендафил on Пон Ное 25, 2019 9:57 pm

Во колумната оригинална е фотографијата на која се гледа бугарскиот цар заедно со Адолф Хитлер.
Македонија сменила окупатор кога Југославија капитулирала пред Германците на 17 април 1841 година, а Бугарија ја добила управата на 26 април, 9 дена подоцна. Не ми треба документ за да верувам дека дедо ми беше Македонец затоа што живеевме заедно, а тој беше роден во 19 век. Не знам за дедо ти или прадедо ако си млад. Ниту за предците на Зоран Заев. Жалам доколку си Бугарин кој се плашел од комунистите да се прикаже како таков. Но Заев не е првиот премиер од СДСМ по плурализмот. Не знам ниту зошто Бугарите би го славеле Гоце Делчев дури и да е точно лажното тврдење дека наводно е Бугарин, кога не направил ништо за Бугарија.
Штом се расправаш со историја веројатно ти е познато писмото на Никола Карев до Гоце Делчев во кое пишува:
„Во Крушевско и Битолско стануваат секојдневно ноќни блокади на села, а многубројните афери фрлаат многу луѓе в затвор. Не треба да чекаме повеќе, Гоце. Време е веќе да станеме и да се биеме. Да не чекаме слобода ниту од Грците ниту од Бугарите, ами сами ние Македонците да се бориме за наша Македонија, што ја засилува организацијата меѓу селаните и да не се споменуваат тврдењата дека „сите Македонци работеле за присоединувањето на Македонија кон Бугарија или Грција”.
Што се однесува до мене, никој не ќе може да ми ја одземе мојата храброст и мојот патриотизам.
Драго ми е да Ти соопштам дека сите наши момци се готови со пушка в рака да се бијат.“
Што се однесува до инцидентот во МНТ одговорите треба да ги дадат МВР и обвинителството и со нив да излезат на суд. Јас не сум истражител, туку пензионер. Четврти ден по настанот нема таков одговор од институциите.

_________________
Негација на негативното
Не е срамно ако умреме до еден, но голем срам е ако останеме без името
Слобода или смрт

трендафил

Број на мислења : 6705
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Албанизација - Page 4 Empty Re: Албанизација

Пишување by luxor on Пон Ное 25, 2019 11:44 pm

Се надевам имаш доказ дека писмото за кое пишуваш постои и дека во него јасно е определено дека терминот Македонец е користен како национална а не територијална определба.

Бо меѓувреме ни случајно немој да се збуниш од тоа што Тодор Александров, истиот што го присвојувате, му кревате споменици и именувате гаражи по него го пишува по повод 15 години од Илинденското востание.

Албанизација - Page 4 Img_2130
luxor
luxor

Број на мислења : 5597
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

Албанизација - Page 4 Empty Re: Албанизација

Пишување by трендафил on Вто Ное 26, 2019 6:25 pm

Има еден период на разочарување по Букурешкиот договор со кој е поделена Македонија од т.н. големи сили (актуелен назив меѓународна заедница) кога многумина мислеле дека е подобро да се биде под бугарско ропство отколку под српско (да се учат падежи) или под грчко (потполно туѓ јазик). Има различни документи. Не знам зошто заевистите ги прикажуваат тоие пд бугарските историчари, а не и од македонските. За Тодор Александров еве ти го Мајскиот договор со кој е почнат патот по кој изодевме до самостојна Македонија. До доаѓањето на Заев. Еве го текстот на Мајскиот манифаст. Упатен до македонскиот народ. Во 1924 година. Пред 1945та, нели?

До македонскиот народ, до организираното револуционерно население во Македонија и до македонските револуционери
Браќа Македонци!
Македонија, во своите природни географски граници меѓу реката Места, планините Родопи, Рила и Шар, реката Дрим, Охридското Езеро, планината Грамос, реката Бистрица и Егејското Море, со едно пространство од 65.000 кв. километра, пресечена од реките Места, Струма, Вардар, Дрим, Бистрица и надарена со најразнообразни природни богатства и благопријатни климатски услови; со своето 2.302.000 население, рознооброзно по својот етнографски состав, со својата централна економска и стратегиска положба на Балканите, меѓу басените на реката Дунав, Егејското и Јадранското Море - ги има сите услови и права за самостојно палитичко постоење, како независна држава што се управува самостојно, која ќе послужи како обединувачка, политкчка и економска алка меѓу народите и државите на Балканското Полуострово.
Вековните борби на македонското население против господството над неговата територија од страна на едно племе и тиранијата спроведувана спрема другите племиња што ја населуваат Македанија; отпорот што го покажа тоа спрема денационализаторската политика на државите што ја владееле Македонија или граничиле со неа; учеството на македонското население во сите востанија и револуционерни движења; содејството што беспрекидно, во сите војни на Балканите, им го даваше на земјите што се јавуваа да се борат во имета на ослобадувањето и самоопределувањето на балканските народи, - е најочигледниот доказ за правата и свеста на македонскиот народ да биде една самостојна политичка единица на Балканите.
Тргнувајќи и опирајќи се на таа свест, Внатрешната македонска револуционерна организација, ВМРО, во текот на цели десет летија, води најрешителна револуционерна борба за ослободувањето на Македонија. Таа борба, во зовисност од соодносот на факторите во меѓународната и балканската политика и етнографскиот состав во организацијата што преовладува, поставуваше различни тактички задачи и се ползуваше со различни средства.
Долго време македонскиот народ, верувајќи во ослободителните стремежи на великите европски сили и малнте балкански држави спрема Македонија, ги беше насочил своите погледи кон нив и го очекуваше своето ослободување преку нивна интервенција. Сообразно со тоа, ВМРО ја беше насочила целата своја дејност да го издигне гласот на страдалниот македонски роб до ушите на идните свои ослободители, да го привлече нивното внимание, да го предизвика нивното мешање, да го исползува натпреварувањето на нивната палитика и по тој начин да ја истргне слободата на Македонија. Примерот со создавањето на слободна Србија, Грција, Црна Гора и Бугарија беше привлечен и охрабрувачки. Сообразно со таа тактичка задача на македонската револуционерна борба беа и нејзините средства, во прв ред единичните и делумните удари, било против владетелската власт, било против туѓите интереси врзани со Македонија. Дури ни Илинденското востание, најголемото и најмасовното движење, не можеше да смета дека само ќе извојува слобода на Македонија, туку илаше цел да му го наложи на општоевропското јавно миелење и на меѓународната дипломација резрешувањето на македонското прашање.
За една вистинска револуционерна акција во голем масовен македонски или балкански размер, којашто би сметала само на себе за извојувањето на македонската слобода ни збор не можеше да стане.
Резултатите од европската интервенција по Илинденското востание, изразени во лицемерните реформи, насочени повеќе да го заздрават и закрепнат турското владеење над Македонија, отколку да ја родат нејзината слобода го разочараа македонскиот народ. Тоа разочарување ја засили струјата во редовите на ВМРО којашто, сметајќи на ослободителната мисија на младите балкански држави, ги насочуваше своите усилби да предизвика нивна воена интервенција. Балканската војна, која заврши со поделба на Македонија во Букурешт 1913 г., а по неа и општоевропската војна, со нејзините Париски договори кои го раскинаа живото тело на Македонија и го поделија меѓу балканските држави што ја окружуваа, дефинитивно ја убија верата на македонскиот народ во ослободителната мисија на интервенционистичката политика на големите европски и малите балкански држави. Берлинскиот (1878 г.), Букурешкиот (1913 г.) и Париските мировни договори од 1919 г. го убедија и најпоследниот неверен Тома, дека како големите, така и малите европски држави спроведуваат своја егоистичка политика, поради што слободата и постоењето на Македонија може да биде само монета за поткусуравање.
Од тоа произлегува дека од тие држави, додека се раководени од влади кои ја подржуваат завојувачката и империјалистичката политика на тие догавори, или, со други зборови, додека кај нив не се установат влади што ќе ја базираат својата надворешна и внатрешна политика врз вистинското самоопределување на народите, македонскиот народ не може да очекува никаква поткрепа за својата слобода.
Проценувајќи го основно тој историски опит, ВМРО доаѓа до цврстиот и конечен заклучок дека во својата револуционерна борба за слободата на Македонија, таа може да смета само на крајно прогресивно-револуцнонерните движења во Европа, кои се борат против империјалистичката политика на своите влади, против постојните мировни договори и за вистинско самоопределување на своите и туѓи народи.
Ете зошти ВМРО изјавува дека во интерес на македонската слобода ќе ја даде сета своја поткрепа само на оние што на балканска почва се борат против завојувачката политика на европскиот империјализам, спроведувана било директно било преку владите на балканските држави.
Но, владите на балканските држави не се јавуваат само како орудија на европскиот империјализам; тие спроведуваат и своја сопствена националистичка, завојуаачка политика. Благодарејќи на таа општоевропска империјалистичка и општобалканска националистичка завојувачка политика, Македанија, истоштена од петвековното ропство, разурната од три војни, денес одново е поробена и разделена помеѓу трите балкакски држави: Србнја, Грција и Бугарија.
Ниедна од владите на балканските држави не мисли за ослободувањето и обединувањето па раскинатите делови на Македонија; ниедна од нив не мисли и не дејствува за самоопределувањето на македонскиот народ во самостојна политичка единица; ниедна од нив не сака на поробените Македонци да им ги даде правата предвидени во договорите кои им го осигуруваат културниот развиток како национални малцинства. Поради тоа, ВМРО е принудена да изјави дека политиката на сите сегашни балкански влади е непријателска за слободното и самостојно палитичко постоење на Македонија и дека таа најрешително и со сите средстаа на револуционерната борба ќе се бори против нивната завојувачка политика спрема Македонија и македонскиот народ.
За да се избегне секакво недоразбирање и нејасност, ВМРО изјавува исто така дека таа не може да се дезинтересира за внатрешната и надворешната политика на балканските држави и особено на Србија, Грција и Бугарија кои владеат цели делови од територијата и населението на Македонија.
По однос на Грција ВМРО ќе се бори против секој обид за враќање на монархијата - најјаркиот израз на ултраимперијалистичката грчка политика - и против секоја грчка влада која ја подржува денешната делба на Македонија, го денационализира населението во грчка Македонија и насилно го изменува неговиот етнографски состав, протерувајќи го домородечкото население и заменувајќи го со грчки преселеници од Мала Азија и Тракија.
По однос на Југославија ВМРО најрешително ќе се бори против сите, без разлика на партија, белградски влади, кои ја крепат денешната српска политика на насилнички централизам, денационализација и угнетување не само на македонскиот народ, туку и на народите на Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Војводина, Словенија и Далмација; уште повеќе затоа што таа политика, поткрепена од некои европски држави, е насочена кон нови заграбувања на туѓи територии за сметка на Албанија, бугарска и грчка Македонија. ВМРО изјавува дека во внатрешните национални борби во Југославија таа решително застанува на страната на сите угнетени народности, што ќе се борат против белградските влади - за демократска децентрализација и федеративна реорганизација на Југославија.
По однос на Бугарија ВМРО изјавува дека и покрај сите жртви, што бугарскиот народ ги давал и е готов да ги даде за слободата и независноста на Македонија, денешната бугарска влада на Цанков, во расчекор со чувствата и интересите на својот народ, води една политика јавно антимакедонска и антибугарска, една политика јавно србофилска, која не само шта ја овековечува делбата на Македонија туку подготвува нови територијални прекројувања на Балканите за сметка на Македонија. ВМРО ги предупредува народите на Македонија, Југославија, Грција и Тракија, дека белградската влада, опрена на своите договори со некои европски држави за делбата на Хрватска, Албанија и Грција, се гатви да ја рашири својота завојувачка политика накај Солун, терајќи ја софиската влада кон Кавала, заплашувајќи ја, дека во противен случај ќе ги окупира бугарските градови Перник и Ќустендил.
И владата на Цанков, е изгледа, соблазнета од тие империјалистички перспективи, потшепнувани од белградските сирени. Таа се зафатила да ја уништи Внатрешната Македонска Револуционерна Организација и македонското револуционерно движење, кои се јавуваат како најсериозна пречка за остварувањето на тие престапни намери. Додека белградската влада ја подготвува и раздувува граѓанската војна во Албанија, софиската влада на Цанков се зафатила со уништувањето на ВМРО.
Затворањето на неколку статини Македонци во Бугарија, осомничени за учество или соучество во македонското ослободително движење; забранувањето на сите легални печатни органи на македонската емиграција во Бугарија, кои го заштитуваат ослабодителното дело на Македонија; готовноста на софиската влада да посегне и по највидните дејци на македонското ослободително движење за да ги затвори и предаде на Србија, очевидно како искупителна жртва на новиот курс на српската и бугарската завојувачка политика, се најпоследните и јарки дакази за престапната политика на софиската влада.
ВМРО го знае изворот на таа српска и бугарска политика. Слабоста на белградската влада внатре во земјата ја тера да ги жртвува интересите на хрватскиот народ во полза на Италија - Ријека и Јадранското приморје - и да бара компензација за сметка на Албанија, бугарска и грчка Македонија. А внатрешната слабост на софиската влада ја прави неспособна да им се противстави на белградските заплашувања и пред опасноста од окупирањето на Перник и Ќустендил од Србите таа е готова да оди на доброволно саработување со српската експанзионистичка политика накај Солун, надевајќи се дека самата ќе биде компензирана накај Кавала. На таков начин се жртвуваат не само интересите на Македонија и Тракија, туку во исто време се засегаат и интересите на Бугарија, Југославија и сите балкански народи.
Основната причина за слабоста на софиската влада е нејзината изолираност, откинатост од народните маси и непријателството од овие последниве кон неа. Борејќи се по секоја цена за запазување на власта во свои раце и не наоѓајќи никаква подршка во народот за да се противстави на српската завојувачка политика, таа се мачи, во соработка са неа, да ги отклони опасностите што висат над Бугарија, подбуцнувајќи ја последната кон нова авантура, само и само да спечали некој привремен успех со кој би ја зајакнала својата разнишана положба внатре во земјата. За таа цел таа ги жртвува како интересите на македонскиот така и интересите на бугарскиот народ. Таа е принудена да управува во внатрешната политика со терор, суспендирање на сите уставни гаранции; таа е принудена да ја суспендира слободата на говорот, печатот, соборите и здруженијата, да растура цели задружни организации и политички партии; таа е принудена дури да откажува прибежиште за палитичките бегалци на Македонија.
При таквата положба ВМРО изјавува дека политиката на владата на Цанков е непријателска спрема македонскиот и бугарскиот народ и апелира кон сите Македонци и Бугари да поведат најрешителна борба против неа.
Тие треба да и дадат своја поткрепа само на една таква влада во Бугарија која, опирајќи се врз широките трудбенички маси од градот и селото, не ќе има нужда од терор и исклучителни закони за своето управување, не ќе прибегнува кон суспендирање на суштествените гаранции за една вистински народна и демократска власт и која, опирајќи се врз довербата на масите на слободољубивиот, демократски и нешовинистички бугарски народ, ќе може да му ги даде неопходните средства за борба против завојувачката политика на соседните држави, без да се плаши дека тие средства ќе бидат свртени против неа.
Само во установувањето на една таква влада во Бугарија, ВМРО гледа гаранцнја и за понатамошниот успешен развој на својата револуционерна борба за слободата и независноста на Македонија и за политичката независност на сите балкански народи.
Зацртувајќи го во општи линии својот однос кон државните фактори на општоевропската и балканската политика, ВМРО изјавува дека таа се бори и ќе се бори со сите средства на револуционерната борба:
1. За ослободувањето и обединувањето на раскинатите делови на Македонија во една наполно независна и самостојна политичка единица, во нејзините природни, географски и етнографски граници;
2. За демократизирањето на соседните на Македонија балкански држави и нивното сојузување во една балканска федерација, која единствено може да го гарантира политичкото постоење на независна Македонија и независноста на другите балкански народи; да ги задоволи економските и културните интереси на сите балкански народи, сврзани со излегувањето на трите балкански мориња; да ги парализира анексионистичките стремежи на балканските и империјалистичките стремежи на големите европски држави; а исто така да го гарантира правилното разрешување на сите национални спорови, осигурувајќи го културниот развиток на сите етнички малцинства.
ВМРО изјавува дека во својата борба за независна Македонија и Балканската федерација смета, пред сe, на обединетите револуционерни сили на целото македонско население, без разлика на вера и народност, кои ќе ја поведат својата борба во тесна соработка со револуционерните сили на трудбеничките маси во другите балкански држави. Доколку пак успехот на нејзината ослободителна револуционерна борба зависи од меѓународната положба, ВМРО смета пред сe, на моралната и материјалната поткрепа од прогресивно-револуционерните движења во европските држави, кои се борат против империјалистичката политика на нивните влади, против создадените империјалистички мировни договори и за полното и вистинско самоопределување на народите.
На таков начин ВМРО прекинува конечно со илузиите да ја очекува слободата на Македонија и создавањето на Балканската федерација преку интервенцијата на балканските шовинистички и европски империјалистички влади.
Таа изјавува дека само оние држави и влади можат да претендираат да бидат искрени пријатели на македонската слобода и на балканските народи, кои со својата сопствена политика даваат даволно докази дека го следат и на дело го реализираат принципот за слободно самоопределување на народите. Сите други се непријатели на македонската слобода и против нивната политика на Балканот, ВМРО ќе води најрешителна борба.
ВМРО е свесна за релативната слабост на своите сили, но таа исто така добро знае дека цела Европа е минирана од противречја многу подлабоки и понепомирливи отколку оние што ја предизвикаа општоевропската војна во 1914 година. Една нова балканска и општоевропска војна или меѓународна граѓанска револуционерна борба за ослободување и самоопределување на народите е неминовна. Нешто повеќе, таа тропа веќе на портите на сите држави.
ВМРО ја сфаќа многу добро големата и решителна улога која Балканот ја одигра во избувнувањето на општоевропската војна од 1914-1918 г. Таа им обрнува внимание на сите Македонци и балкански револуционери дека и во идните борби кои бргу се приближуваат, Балканот може да изигра уште поголема и порешителна улога, доволно е само револуционерните усилби на сите угнетени балкански народи да бидат сплотени и обединети под знамето на македонската слобода и независност, под знамето на својата сопствена слобода и независност и најпосле под знамето на Балканската федерација.
И затоа ВМРО апелира кон сите свесни борци за слободата и независноста на балканските народи да ги сплотат своите сили за брзото формирање на еден единствен македонски револуционерен фронт, кој ќе послужи за образувањето на единетвен балкански револуционерен фронт против сите шовинисти, против сите анексионисти и империјалисти, против сите угнетувачи на своите и туѓи народи.
За да ги даде сите докази дека ја управува својата дејност по тој пат, ВМРО изјавува најсвечано дека ги прекратува сите потери и ги укинува снте екзекутивни мерки и наредби протнв одделните македонски дејци, групи, организации и струи, штом тие искрено ќе застанат врз базата на вистинската револуционерна борба, во духот на овој манифест и ќе подадат рака за општа борба под знамето на слободна и независна Македонија, под знамето на Балканската федерација.
Со тоа ВМРО го прави првиот и најрешителен чекор за создавањето на неопходната поволна атмосфера за свикување во скоро време на еден обединителен конгрес на целото македонско револуционерно движење, на кој преку усилбите на сите искрени македонски револуционери, ќе се создаде единствениот македонски револуционерен фронт кој, опирајќи се врз единствениот балкански револуционерен фронт, во тесна соработка со сите прогресивно револуционерни движења на Балканите и во Европа, ќе ја извојува слободата и независноста на Македонија, ќе го наложи создавањето на Балканската федерација, ќе го осигури мирот на Балканот - за да го потпомогне востановувањето на мирот во цела Европа.
Сите напред во редовите на револуционерната македонска борба!
Да живее единствениот македонски револуционерен фронт!
Да живее единствениот балкански револуционерен фронт!.
Да живее обединета и независна Македонија!
Да живее Балканска федерација!
Виена, 15 мај 1924 г.
За ВМРО Централен комитет
А. Протогеров
П. Чаулев
За Т. Александров и по негово полномоштие потпишале:
П. Чаулев
А. Протогеров

_________________
Негација на негативното
Не е срамно ако умреме до еден, но голем срам е ако останеме без името
Слобода или смрт

трендафил

Број на мислења : 6705
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Албанизација - Page 4 Empty Re: Албанизација

Пишување by luxor on Вто Ное 26, 2019 6:54 pm

Идејата е независна држава а не македонска нација. Тодор јасно го кажува тоа во статијата која е слика од оригиналот. Освен тоа убаво што го спомнуваш јазикот. Меѓу словенските јазици, единствено македонскиот и бугарскиот немаат падежи. Што ти кажува тоа во однос на идиотските теории за бугарите татари и македонците антички? И наместо да постираш моронски толкувања на историските документи обиди се сам да размислиш за нив.

Додека мислиш, еве ти дел од Уставот на ВМРО. Обрни внимание на вториот член.

Албанизација - Page 4 Imro-u10


Последната промена е направена од luxor на Вто Ное 26, 2019 7:15 pm. Мислењето е променето 1 пати
luxor
luxor

Број на мислења : 5597
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

Албанизација - Page 4 Empty Re: Албанизација

Пишување by трендафил on Вто Ное 26, 2019 7:15 pm

Кажи му на некој Србин или Хрват дека се една нација со сличен јазик и со падежи. Јас не тврдам дека северните Македонци немаат бугарско потекло, туку за себе како Македонец без додавка и други како мене. Во 1924 година, кога е потпишан Мајскиот манифест дедо ми имал 40 години. А повеќе пати имам напишано на форумов дека живееше и умре како Македонец. И кога сум бил помал ми кажуваше приказни за Александар Македонски, Тодор Александров и други видни Македонци. Така и ми го има пренесено идентитетот што Заев се обидува да ми го измени.

_________________
Негација на негативното
Не е срамно ако умреме до еден, но голем срам е ако останеме без името
Слобода или смрт

трендафил

Број на мислења : 6705
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Албанизација - Page 4 Empty Re: Албанизација

Пишување by luxor on Вто Ное 26, 2019 7:17 pm

Не губи контрола, читај го член два од Уставот. Посебно ме интересира што мислиш, на каков јазик е напишан. А тоа што вие сте лудаци кои мислат дека господ ги створил десетиот ден од стварањето на светот не значи дека сте во право. Поточно, не можете да се вадите на лудило.
luxor
luxor

Број на мислења : 5597
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

Албанизација - Page 4 Empty Re: Албанизација

Пишување by трендафил on Вто Ное 26, 2019 7:29 pm

Каде виде дека пишува дека еден од тие народи не е и македонскиот. Тоа што ние Македонците не кршиме човекови права на никого, како што прават европските Бугарија и Грција кои не признаваат етнички малцинства, не значи дека ние не сме постоеле и не постоиме.
Патем темата е за албанизација на Македонија, последно со двојазичноста и во општини во кои не живее ниту еден Албанец, а не за обидот за бугаризација на Македонците. СДСМ продаваше муда за бубрези, дека Вмровците биле бугарофили. Сега излезе дека Заев е поголем Бугарин од Љубчо Георгиевски.

_________________
Негација на негативното
Не е срамно ако умреме до еден, но голем срам е ако останеме без името
Слобода или смрт

трендафил

Број на мислења : 6705
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Албанизација - Page 4 Empty Re: Албанизација

Пишување by luxor on Вто Ное 26, 2019 7:47 pm

Точно тука е работата, ако ВМРО било декларирано како организација на етнички македонци зошто не се спомнуваат? Но ако македонска во името е територијална определба тогаш е јасно. И не ми одговори, на кој јазик е пишуван Уставот?
luxor
luxor

Број на мислења : 5597
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

Албанизација - Page 4 Empty Re: Албанизација

Пишување by трендафил on Сре Ное 27, 2019 11:42 am

На старословенски јазик, односно македонски јазик солунски дијалект. По тебе ќе излезе дека православните христијани од словенско потекло се Македонци, и Русите, затоа што го користеле тој јазик од кој понатаму се издвоиле поединечните јазици. За жал македонскиот последен затоа што последни сме добиле слобода. Соседите, наместо да ни помогнат се труделе да не окупираат. Наместо сега едноставно проблемот да се реши со тоа што ќе се извинат, се обидуваат тоа што го имаат направено во Бугарија или Грција да ни го направат и во Македонија.
Но повторно ќе прашам, каква врска има сето ова со темата која е за албанизацијата.

_________________
Негација на негативното
Не е срамно ако умреме до еден, но голем срам е ако останеме без името
Слобода или смрт

трендафил

Број на мислења : 6705
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Албанизација - Page 4 Empty Re: Албанизација

Пишување by PRVOBOREC on Сре Ное 27, 2019 11:45 am

Уставот на вмро обединета пишуван на старословенски во 20 век. Небањат што дрога ви даваат во тоа штабовите?

_________________
ГЛАСАМ ЗА ИДНИНАТА НА МАКЕДОНИЈА

PRVOBOREC

Број на мислења : 1296
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

Албанизација - Page 4 Empty Re: Албанизација

Пишување by трендафил on Сре Ное 27, 2019 12:04 pm

Старословенски се користи и сега во црквите кај што има словенско население. Во времето на Кирил и Методиј го разбирал секој од Македонија до Моравија. После се дефинирани јазиците. И народите во денешна смисла на зборот се дефинирани пред два века просечно. Господе, што направи Заев од Македонија. Вакви полемики сум водел по форуми со Бугари. Не сум верувал дека ќе доживеам да ги водам со Македонци. Најчесто им пишував дека тие што мислат дека се некој друг (по карикатурите обично дека се Наполеон) се сметаат за лудаци. Што да кажам што некој друг, во случајов мене, сака да ме претстави како Бугарин наместо како Македонец.
Да те потсетам дека во времето на пишувањето на Уставот на ВМРО обединета, еве нема да го споменам дедо ми, татко ми имал 10 години. И во целиот живот бил Македонец. Нема сега посмртно да му го менувам идентитетот според желбите за некои по мое лаичко мислење лудаци. (Не сум психијатар да дадам стручно мислење).
Да напишам и дека тогаш немало фонтови за компјутери, туку се користеле букви излеани од метал, а не постоел македонски сет. Немало ни македонска азбука во современ смисол.
Пак ќе напишам дека темата е албанизација, не бугаризација.

_________________
Негација на негативното
Не е срамно ако умреме до еден, но голем срам е ако останеме без името
Слобода или смрт

трендафил

Број на мислења : 6705
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Албанизација - Page 4 Empty Re: Албанизација

Пишување by Teo on Сре Ное 27, 2019 12:43 pm

трендафил напиша:На старословенски јазик, односно македонски јазик солунски дијалект

Sledstveno na ova tvrdenje:

Staroslovenski = makedonski

Sleduva:

Site jazici od slovenskata jazicna grupa = makedonski (zatoa shto poteknuvaat od staroslovenskiot)

Zakluchok:

Nivoto na glupokja na Trendafil = neprocenlivo

Vistinskiot odgovor:

Ustavot na VMRO(obedineta) e napishan na jazikot na mnozinskoto naselenie koe togash zhiveelo vo Makedonija. Dali i kolku toj jazik e slichen so ostanatite jazici od slovenskata jazichna grupa e rabota na lingvistite a ne na glupi chlenovi na dpsmne predavnichka.
Teo
Teo

Број на мислења : 4944
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

Албанизација - Page 4 Empty Re: Албанизација

Пишување by трендафил on Сре Ное 27, 2019 12:52 pm

Името старословенски е дадено отпосле. Не е од времето на Кирил и Методиј. Сигурно е дека солунските браќа ја превеле Библијата на јазикот што го говореле. Не на софиски, московски, белградски или некој друг дијалект. За грчки и да не говориме.
Само луѓе со тоталитарен, фашистички дух, на тема за албанизација пишуваат за однос со Бугарите, а кога некој ќе го напише своето мислење како одговор го сметаат за глуп. На секој му е јасно дека во Македонија нормално Македонците се мнозинство. Дали е нормална да се воведува албански како официјален во општини во кои нема ниту еден Албанец само за да биде еден амнестиран криминалец премиер е прашање на кое не сум стручен да одговорам. Сите знаете дека не сум психијатар.

_________________
Негација на негативното
Не е срамно ако умреме до еден, но голем срам е ако останеме без името
Слобода или смрт

трендафил

Број на мислења : 6705
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Албанизација - Page 4 Empty Re: Албанизација

Пишување by Teo on Сре Ное 27, 2019 1:18 pm

Ne zboruvame za dijalekti. Ti tvrdish deka staroslovenskiot jazik vsushnost e makedonski. Shto e nechuena glupost.

Ona za prevodot ti e tochno, samo shto jazikot shto go zboruvale tie bil staroslovenski. Od nego podocna se razvivaat bugarskiot i makedonskiot.


Албанизација - Page 4 450px-10
Teo
Teo

Број на мислења : 4944
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

Албанизација - Page 4 Empty Re: Албанизација

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 4 of 4 Previous  1, 2, 3, 4

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот