Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

ГОВОР НА ОМРАЗА

5 posters

Go down

ГОВОР НА ОМРАЗА Empty ГОВОР НА ОМРАЗА

Пишување by Kalinda Пет Фед 15 2019, 00:35

По трагичната несреќа кај Лескарци, МВР поднесе пет пријави за говор на омраза

Министерството за внатрешни работи покренало пет постапки за говор на омраза по тешката сообраќајка кај Лескарци, каде животот го загубија 14 лица, а повеќе од 30 се повредени, истакна министерот Оливер Спасовски.

-Лично, чувствувам дека како луѓе не можеме да се издигнеме пред се, дека сакаме да се почитуваме меѓусебно, туку напротив, можеби политичките, верските и националните поделби ги ставаме пред човечкиот живот што е нешто најсвето. Таков говор на омраза апсолутно ме прави понижен и поразен кога доаѓа дури од универзитетски професор, изјави Спасовски.

Тој соопшти дека се покренати пет постапки за говор на омраза и соодветни пријави до јавните обвинителства во Скопје, Струмица и Куманово и се работи на детекција на други профили на социјалните мрежи од кои се шират говори на омраза.
Kalinda
Kalinda

Број на мислења : 495
Join date : 2015-02-28

Вратете се на почетокот Go down

ГОВОР НА ОМРАЗА Empty Re: ГОВОР НА ОМРАЗА

Пишување by Kalinda Пет Фед 15 2019, 00:37

Само да се најде
причина за да се гонат
лугето ,без оглед што
се невини .
Нема уште долго !
Брзо ке се вратиме .
Kalinda
Kalinda

Број на мислења : 495
Join date : 2015-02-28

Вратете се на почетокот Go down

ГОВОР НА ОМРАЗА Empty Re: ГОВОР НА ОМРАЗА

Пишување by трендафил Пет Фед 15 2019, 13:08

Не верувам дека во случајов евентуалниот говор на омраза се однесува на етничката припадност на настраданите од кои најголемиот број се Македонци барем според се уште важечката дефиниција на нашиот народ, па Албанци и Турци. Колку што знам има пријава за Билјана Ванковска затоа што напишала дека е иронија што несреќата се случила близу Карпалак. Знаеме се надевам дека кај Карпалак терористите од ДУИ убија 10 резервисти на АРМ. Не разбирам во што има тука говор на омраза. Веројатно во тоа што не смеат да се изедначат како жртви борците за Македонија со цивилни жртви според Тиранската платформа или некој друг договор и бранителите од 2001 година се сметаат за непријатели на Македонија затоа што се бореле против Охридскиот (рамковниот) договор кој е дел од Уставот на с. Македонија. За другите обвинувања не сакам да пишувам затоа што ако се однесуваат на некоја од жртвите и гласањето за укинување на Македонија и раѓање на с. Македонија тоа и би можело да се смета за говор на омраза од тие што ја создаваат с. Македонија, што би рекле од актуелната власт. Бог да ги прости сите жртви во несреќата и нека им даде сила на нивните блиски да се справат со болката. Ако извлечеме поука од трагичниот настан дека сме сите исти како луѓе и во добро и во зло. нивната жртва не е залудна.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11319
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

ГОВОР НА ОМРАЗА Empty Re: ГОВОР НА ОМРАЗА

Пишување by трендафил Пет Фед 15 2019, 15:09

Сега веќе сум сигурен дека се работи за политика во случајот со Ванковска, откако Албанскиот младински форум (кој е организација од Македонија, а не од Албанија) извршил според некои медиуми герила акција со постери на професорката и натпис ОТКАЗ, во стилот на потерниците од вестерн филмовите, се бара жив или мртов. Веројатно се лути за спомнувањето на Карпалак. Во двата случаи жртвите се мултиетнички. Во несреќава Македонци, Албанци и најмалку еден Турчин, а во 2001 година Македонци и Роми. Во овој случај нема убиец, барем не со намера, а во тој од минатото убијците се од ДУИ (тогаш УЧК). Никој не бара оставки од убијците кои со умисла убија 10 македонци, а се бара оставка од професорка што потсетила на тој случај. Дали Албанците (фала Богу не сите туку дел од нив) и една трагедија и несмасен твит во кој нема омраза, барем не директна, сакаат да го искористат за понижување на Македонците, посебно тие што не сакаат да бидат северни. Да ги потсетам и тие од Албанскиот младински форум, кој е македонска организација иако тоа не може да се заклучи по името.


https://civilmedia.mk/kakva-ironija-humanistka-naviva-za-tragedija/
https://expres.mk/gerila-akcija-protiv-profesorkata-vankovska/
https://off.net.mk/editorijal/apsete-ja-vankovska

Еве го и твитот на Ванковска кој ги поврзува двете трагедии случени на иста локација во исто превозно средство (автобус) во кои има 24 загинато, од кои 15 се Македонци, во 2001 година 8, сега 7, па не знам зошто младите Албанци од форумот (за волја на вистината мислам дека најголемиот дел на младинците се од Косово, а не од Албанија) се бунат против споредувањето на двата случаја во кои има најповеќе загинати Македонци и гледајќи по државјанство и етнички, доколку не се работи за апартхејд во кој некој Македонците не ги смета за луѓе.


ГОВОР НА ОМРАЗА Govor-na-omraza-vankovska

Бог да ги прости загинатите во двата случаи со автобус и да ми прости што подлегнав на нациоанлистичките испади од привелигираното малцинство, па во ден на тага да пишувам за глупости.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11319
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

ГОВОР НА ОМРАЗА Empty Re: ГОВОР НА ОМРАЗА

Пишување by трендафил Саб Фед 16 2019, 10:25

Еве го делот од една колумна кој се однесува на измислениот говор на омраза во случајот со трагедиите кај Карпалак и Фејсбук статусот на Билјана Ванковска.
Инаку, хоророт во Македонија продолжува во сите нивоа на политичкото, општественото и секојдневното живеење. Отидовме дотаму што една трагична сообраќајна несреќа во која се изгубени човечки животи стана поле за политичка пресметка. Хистеричните политички марионети, шарената интелектуална бижутерија и зомбифицираното „граЏанство луѓенца“ од скопската лажна авангарда ја распнаа професорката Билјана Ванковска, поради фејсбук-статус во кој не само што нема говор на омраза, туку е сосем обичен израз на вчудовиденост од трагедијата. Но ГМО-естаблишментот на интелектуалната бижутерија, која секогаш папагалски вреска, успеа во зборот „иронија“ да најде говор на омраза, па ја кренаа кладата за палење вештерки. Заднината на нивната хистерија добро му е позната на секој нормален човек. Тие како луѓе се толку себични и самобендисани што немаат сочувство за никого, она што јавно го презентираат се само фарса и шминка. Тие ја мразат Ванковска затоа што беше една од најактивните во нашата победа на референдумот. Им ја победивме машинеријата, па затоа мразат, оти поинаку не знаат. Истиве овие хистерици ги соголе една обична годишна програма на Министерството за култура по која на површина излегоа сета нивна албанофобија и фрустрации.
Погледни нè какви станавме господи, се измисли говор на омраза за да се оттргне вниманието, некојси таму пратеник ни кажува за странска вмешаност во трагедијата, уште името на Путин да осамне како главен виновник, а ваму никој не ги поставува главните прашања, со какви автобуси се возат граѓаните на Македонија, колку време помина од несреќата дури се појавија оние што треба да помагаат, каде беа специјалните спасувачки екипи за извлекување, ама не, ние сме најдобри во дефокусирање и меѓусебно мразење. Се надевам дека душите на упокоените од несреќата, ќе се молат кај бога за нас живите, ама избезумените.

https://www.novamakedonija.com.mk/mislenja/kolumni/влада-во-егзил/

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11319
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

ГОВОР НА ОМРАЗА Empty Re: ГОВОР НА ОМРАЗА

Пишување by Kalinda Нед Фед 24 2019, 03:15

Сепак мислам ке се согласиш
со мене дека и покрај се
крајот им се ближи .
Kalinda
Kalinda

Број на мислења : 495
Join date : 2015-02-28

Вратете се на почетокот Go down

ГОВОР НА ОМРАЗА Empty Re: ГОВОР НА ОМРАЗА

Пишување by трендафил Пон Мар 04 2019, 19:56

Колку им е крајот поблиску толку повеќе прогонувања ќе има.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11319
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

ГОВОР НА ОМРАЗА Empty Re: ГОВОР НА ОМРАЗА

Пишување by osa Вто Мар 05 2019, 00:39

i demek ke kazesh deka se nevini ...pa ti ne slushashe toa shto slushna cel svet...sramota

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16569
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ГОВОР НА ОМРАЗА Empty Re: ГОВОР НА ОМРАЗА

Пишување by трендафил Сре Мар 06 2019, 10:30

Не можам да верувам на правен систем во кој обвинителството само, незаконски си го продолжи „правото“ за поднесување на нови обвиненија откако веќе беше истечен законскиот рок што тоа го дозволува и на суд што таквото незаконско работење на обвинителството го прифати додека не пресече Врховниот суд за кој јас мислам дека е независен од власта, а вие дека е поддржувач на поранешната власт (што значи дека и вие немате доверба во судството ако не работи под команда на пастирот ваш). Не верувам и на сите што тоа го поддржуваа, власта, новинарите, евроатлантската меѓународна заедница, интелектуалците ...
Единствениот завршен предмет на СЈО, тој за Мерцедесот ми е чуден. Ако Груевски беше осуден дека има полза од тоа што се возел како премиер во возилото, зошто не се судат и тие што сега се возат. Меркел на пример.
Јас и сите други го слушавме само тоа што Заев сакаше да ни го прикаже, при тоа без доказ дека материјалите не се монтирани. Тешко ми е да поверувам и дека во мојата општина Чаир, во која е ДУИ цело време на власт, нема никаков криминал или дека Мијалков или тој што му наредувал не дал наредба и тие да се снимаат. Јасно е дека целиот циркус околу прислушувањето, СЈО и судењата беа со една цел. Да се донесе Заев на власт и да ни се смени името со кастрација на историјата и со самото тоа идентитетот.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11319
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

ГОВОР НА ОМРАЗА Empty Re: ГОВОР НА ОМРАЗА

Пишување by osa Сре Мар 06 2019, 21:38

caruvash na forumot iznesuvajki samo lagi i nevistini ....ne mislish deka e veke vreme da se otkazesh od postojanoto plukanje po vladeenjeto na ovaa vlast ...

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16569
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ГОВОР НА ОМРАЗА Empty Re: ГОВОР НА ОМРАЗА

Пишување by osa Саб Мар 30 2019, 00:34

Поради отворени смртни закани кон Заев уапсен е водачот на Христијанско братство
Вечерва во Брвеница, кај Тетово, е уапсен водач на така нареченото патриотско здружение, Христијанско братство, Жарко Гроздановски. Тој преку видео порака му се закани со смрт на премиерот Зоран Заев. Со хистеричен глас се закануваше дека ќе ја запали Македонија.

Неговите закани добија поддршка од неколку стотини следбеници на неговиот ФБ профил.

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16569
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ГОВОР НА ОМРАЗА Empty Re: ГОВОР НА ОМРАЗА

Пишување by osa Саб Мар 30 2019, 00:35

dobro e shtom pochna ....ima edno duvlo interesno ,verojatno i nego ke go rasturat

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16569
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ГОВОР НА ОМРАЗА Empty Re: ГОВОР НА ОМРАЗА

Пишување by SHARENI Нед Мар 31 2019, 18:10

glej site si molchite ,ne kazuvate koe e duvloto ,strav ili ne me tangira mene
SHARENI
SHARENI

Број на мислења : 848
Join date : 2016-11-20

Вратете се на почетокот Go down

ГОВОР НА ОМРАЗА Empty Re: ГОВОР НА ОМРАЗА

Пишување by Bosonoga Нед Мар 31 2019, 18:15

nemav namera da ti repliciram ama moram da te prasham demek tebe ne ti e strav ?pa shto ne go kaesh ,sekojden garant go chitash i ti na internet
Bosonoga
Bosonoga

Број на мислења : 987
Join date : 2017-03-15

Вратете се на почетокот Go down

ГОВОР НА ОМРАЗА Empty Re: ГОВОР НА ОМРАЗА

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот