Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

ПОРАЧА ЗАЕВ ДЕКА НЕМА ДА СЕ СПАСИ .....

3 posters

Go down

ПОРАЧА ЗАЕВ ДЕКА НЕМА ДА СЕ СПАСИ ..... Empty ПОРАЧА ЗАЕВ ДЕКА НЕМА ДА СЕ СПАСИ .....

Пишување by osa Чет Мар 07 2019, 20:45

Ахмети нема да „куртули“ со новиот закон за СЈО – „Бомбите ќе служат како индиции во постапките“, рече Заев
07/03/2019 20:16
Премиерот Зоран Заев, со став дека новиот закон за Специјалното јавно обвинителство нема да го спаси неговиот владин партнер, Али Ахмети, кој е осомничен во предметот „Попис“.

Сите отворени предмети ќе продолжат со предвидените процедури, вели Заев, но сепак со новиот предлог-закон се предвидува „бомбите“ да не се користат како докази, бидејќи рокот од 18 месеци за нивно користење истече. Според Заев, „бомбите“ ќе останат индиции за преминување на материјалните докази кои можат да се користат во судски процеси. Сепак, специјалната обвинителка, Катица Јанева, вчера, рече дека доколку „бомбите“ не се користат како доказ, некој може да ѝ избега на правдата.

Премиерот вели дека на крајот на неделава, има можност да се сретне со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Кристијан Мицкоски, за да разговараат за претседателските избори. Не ја отфрла можноста да разговараат и за новиот закон.

За новиот закон за СЈО да помине во Собрание, потребни се 80 гласа, за кои Заев рече дека сѐ уште ги нема. Вели дека сега за сега има само 68 пратеници од парламентарното мнозинство кои го поддржуваат законот. За да се обезбеди 2/3 мнозинство, треба да се убедат опозициските пратеници, обврска која ја има министерката за правда, Дескоска. За ТВ21 од нејзиниот Кабинет, рекоа дека средбата меѓу пратениците и министерката ќе се одржи на почетокот на следната недела, со цел пратениците да имаат можност добро да го разгледаат предлог-законот.


_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16569
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ПОРАЧА ЗАЕВ ДЕКА НЕМА ДА СЕ СПАСИ ..... Empty Re: ПОРАЧА ЗАЕВ ДЕКА НЕМА ДА СЕ СПАСИ .....

Пишување by трендафил Пет Мар 08 2019, 08:59

Ако добро разбирам премиерот, инаку амнестиран криминалец за случајот Глобал и ослободен за случајот Поткуп и покрај легално снимениот доказен материјал, тврди дека лидерот на ДУИ е криминалец и ќе си лежи. Не е ли тоа мешање на извршната во судската власт или е само пропаганден потег наменет на будали дека наводно во државата дошла правда за сите подеднакво.

Ајде тука да дадам линк до писмото на Груевски до амбасадорите на земјите на НАТО и ЕУ, на кое позитивно изгледа одговорил само амбасадорот на Унгарија.

https://infomax.mk/wp/wp-content/uploads/2019/03/%D0%9F%D0%B8%D1%81%D0%BC%D0%BE.pdf

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11319
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

ПОРАЧА ЗАЕВ ДЕКА НЕМА ДА СЕ СПАСИ ..... Empty Re: ПОРАЧА ЗАЕВ ДЕКА НЕМА ДА СЕ СПАСИ .....

Пишување by osa Пет Мар 08 2019, 09:30

Mnogu jaki formulacii

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16569
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ПОРАЧА ЗАЕВ ДЕКА НЕМА ДА СЕ СПАСИ ..... Empty Re: ПОРАЧА ЗАЕВ ДЕКА НЕМА ДА СЕ СПАСИ .....

Пишување by EVITA Саб Мар 09 2019, 08:51

a mislevte deka ke im se prosti na lopovite

_________________
Стево Пендаровски , претседател на сите граѓани

EVITA

Број на мислења : 269
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

ПОРАЧА ЗАЕВ ДЕКА НЕМА ДА СЕ СПАСИ ..... Empty Re: ПОРАЧА ЗАЕВ ДЕКА НЕМА ДА СЕ СПАСИ .....

Пишување by трендафил Пон Мар 11 2019, 20:11

Казната на Василије Авировиќ преиначена во условна. Мајка му Владанка гласаше за Преспанскиот договор со кој се кастрира македонскиот идентитет и историја.


https://denesen.mk/apelaciski-sud-kaznata-za-sead-kochan-namalena-a-za-vasilije-avirovikj-samo-uslovna/

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11319
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

ПОРАЧА ЗАЕВ ДЕКА НЕМА ДА СЕ СПАСИ ..... Empty Re: ПОРАЧА ЗАЕВ ДЕКА НЕМА ДА СЕ СПАСИ .....

Пишување by osa Сре Мар 13 2019, 00:37

samo ti i nekolkumina tvoi sledbenici veruvate vo ova ,cel svet veruva vo pozitivnoto reshenie za dolgogodishniot spor ....pa sega sudi sam koj e normalen a koj e glup ...

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16569
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ПОРАЧА ЗАЕВ ДЕКА НЕМА ДА СЕ СПАСИ ..... Empty Re: ПОРАЧА ЗАЕВ ДЕКА НЕМА ДА СЕ СПАСИ .....

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот