Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

ГЛУМЦИ ....

3 posters

Go down

ГЛУМЦИ .... Empty ГЛУМЦИ ....

Пишување by osa Саб Мар 16, 2019 9:01 pm

Ване Цветанов за Чавков: Нечовекот кој монтираше повеќе од 30 случаи, сега глуми жртва
16/03/2019

Поранешниот директор на Управата за финансиско разузнавање, Ване Цветанов, ја коментира пораката која ја испрати осудениот на 18 години затворска казна екс директор на БЈБ, Митко Чавков.

Претходно Чавков ја обвини власта дека ја нарачала, како што рече, пресудата против него. Цветанов вели дека токму Чавков е тој што нарачуваше и монтираше процеси против неистомисленици на претходната власт.

„Нечовекот кој што монтираше повеќе од 30 случаи, уништи стотици семајства, кој што лично беше дел од врвот на мафијата и режимот, кој што од нула – за 7 години направи градежна фирма вредна милиони евра, ОБВИНУВА за неправеден судски процес и за криминална власт?

Чавков монтираше и случај против 21 невладина организација, за Шарената револуција. Монтираше тешки кривични дела за наводно РУШЕЊЕ НА ДРЖАВНИОТ ПОРЕДОК. Со боја? За тој случај Чавков подготвуваше затворски казни повеќе од 300 години.

Почитувани,
Дали има погнасна работа од ситуацијата, во која што монструмот глуми жрва?“, пишува Цветанов.


_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16127
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ГЛУМЦИ .... Empty Re: ГЛУМЦИ ....

Пишување by osa Саб Мар 16, 2019 10:19 pm

Пред 2 години го одбија, лани судиите му ги вратија пасошите на Илија ДимовскиОбјавено пред 10 часа - 16 март, 2019

Апелацискиот суд во Скопје на нејавна седница на 19 октомври лани донел одлука да ја уважи жалбата на обвинетиот пратеник Илија Димовски да му ги врати пасошите. Ова го пишува во седмиот шестмеесечен извештај за работата на специјалното јавно обвинителство што беше објавен вчера.

„Постапувајќи по жалбата на обвинетиот Илија Димовски, Апелациониот суд на нејавна седница одржана на ден 19.10.2018 година донесе решение КСЖ-636/18 со кое жалбата на обвинетиот Илија Димовски изјавена лично, се уважува со што мерката претпазливост – привремено одземање на патна исправа се укинува, а на обвинетиот Илија Димовски му се враќаат одземените патни исправи“, пишува во извештајот. Во извештајот не пишува образложение зошто на Димовски му се вратени пасошите.

Димовски бараше да му бидaт вратен пасошите и во 2017 година, но тогаш скопска Апелација го одби. Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ според определените мерки на претпазливост мораше секоја среда во 10 часот да се пријавува на шалтер 5 во кривичната писарница на скопска единица.

Тој е обвинет во предметите на СЈО за изборна измама „Титаник“ и во „Талир 1“ за незаконското финансирање на ВМРО-ДПМНЕ. Поради службено патување како пратеник во Собрнието, беше одложено едно од рочиштата за предметот „Талир“.


_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16127
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ГЛУМЦИ .... Empty Re: ГЛУМЦИ ....

Пишување by osa Саб Мар 16, 2019 10:20 pm

koj poveke "glumi" vlasta ili opozicijata

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16127
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ГЛУМЦИ .... Empty Re: ГЛУМЦИ ....

Пишување by Bosonoga Нед Мар 17, 2019 12:14 am

krajot go krasi deloto
Bosonoga
Bosonoga

Број на мислења : 933
Join date : 2017-03-15

Вратете се на почетокот Go down

ГЛУМЦИ .... Empty Re: ГЛУМЦИ ....

Пишување by трендафил Нед Мар 17, 2019 8:49 am

Не значи, пишувам генерално, дека ако други биле жртви на некого тој не може да биде жртва сега или во иднина. Кога се зборува за настаните во Собранието стално се заборава на сомнителниот избор на Талат Џафери за кој обвинителството води истрага која уште не е завршена за разлика од процесот против демонстрантите. Според традициите на македонското судство веројатно ќе треба да чекаме додека не дојде до промена на власта за да се разреши и причината за настаните. Чудно е ако Чавков одговара за тероризам, министерот од тоа време, Нухиу, што би рекле според пресудата човекот кој поставил терорист да се грижи за безбедноста на Собранието и кој исто така можел да издава наредби, да не биде осуден или барем да има политичка одговорност.
Тешко ми е да поверувам дека Чавков глуми затвореник н ќе продолжи со глумата додека не истечат 18 години. Во политичкиот говор што го одржа судијката Кацарска при изрекувањето на пресудата зборуваше дека на 27 април имало терористичко загрозување на уставниот поредок на Република   Северна  Македонија. Напротив протестите беа за да не станеме северни, односно да се запази тогашниот уставен поредок.

Ајде да искористам овде да ја коментирам изјавата на министерот за внатрешни работи каде што евроатлантската меѓународна банда сака да ја смени власта по македонско сценарио. Се согласувам дека желбата и во Србија е да се смени власта, но сценариото не е македонско, туку американско. Извршителите беа македонски заевисти (квислинзи). Во моментов не знам кого го планираат американците за српски политички лидер, но се надевам дека нема ни да дознам, односно дека Србите, за разлика од нас, ќе си ја одбранат слободата.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?

трендафил

Број на мислења : 9107
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

ГЛУМЦИ .... Empty Re: ГЛУМЦИ ....

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот