Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ - ИСТОРИЧАРИТЕ ДА ОДГОВОРАТ ЧИВ Е

Go down

ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ - ИСТОРИЧАРИТЕ  ДА ОДГОВОРАТ ЧИВ Е  Empty ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ - ИСТОРИЧАРИТЕ ДА ОДГОВОРАТ ЧИВ Е

Пишување by osa on Нед Aвг 04, 2019 11:45 pm

Ѓоргиев: Не прифаќаме вонреден состанок на комисијата за историски прашања со Бугарија
Македонската страна од Комисијата за историски прашања не прифаќа вонреден состанок на Комисијата која ја најави шефот на бугарската страна, Ангел Димитров. Шефот на макеоднскиот тим, професорот Драги Ѓоргиев, за Телма вели дека официјална покана не е стигната се уште, но по електонрски пат бил информиран од Димитров за таа идеја.
„До таква средба едноставно е невозможно да дојде бидејќи ние веќе имаме закажана средба на 12-13 септември во Софија. Тоа е договорено на последниот состанок во Скопје во јуни, кога се одржа нашата последна средба. И од друга страна сметам дека една таква трескавична динамика на нашите средби можат да бидат повеќе контрапродуктивни, отколку да вродат со плод“, вели проф. Драги Ѓоргиев, претседател на македонскиот тим во Комисијата за историски прашања со Бугарија.
Ѓеоргиев смета дека изнаоѓањето на решенија треба да биде академски процес низ кој ќе се дебатира, а не свикување на ад-хок состаноци во кои мора ние да постигнеме решение. Според него договорената динамика од шест средби годишно се оптимални за постигнување на решение на најчуствителните прашања.
За различните гледања на Македонија и Бугарија околу Гоце Делчев, Ѓоргиев вели дека тие секогаш постоеле и оти двете страни имаат аргументи за тоа. Гоце Делчев се родил и загинал за Македонија, вели Ѓоргиев, и тој ја носи идејата за автономна Македонија и силен македонски идентитет од тој аспект. Но, додава, истовремено постојат документи каде тој е деклариран како Бугарин. 
„Кога ќе се споредат тие извори, тие документи, многу тешко е вие да ги разграничите, да го разграничите јасниот идентитет на Гоце Делчев“, вели Ѓоргиев.
Според него не е работа на Комисијата да го  утврдува идентитетот на Гоце Делчев.
„Комисијата не е тука да каже Гоце Делчев ќе го славиме затоа што бил Бугарин или затоа што бил Македонец. Комисијата треба да открие квалитети и вредности во личноста и активностите на Гоце Делчев кои се препознаени и кај Бугарскиот и кај Македонскиот народ“, вели професор Ѓоргиев.
За Ѓоргиев изјавата на Борисов дека до октомври треба да се постигне решение по ова прашање вели дека е мек притосок врз Комсијата и разбира оти политичарите сакаат тоа побрзо да биде решено. Но, според него тоа не е начин да се постигнат корисни решенија по однос на чустивтелните прашања, сообено не за една година.
Тамара Грнчароска

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат


гласав за  СДСМ ,гласав за Заев ,само со нив одиме напред 
osa
osa

Број на мислења : 15877
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ - ИСТОРИЧАРИТЕ  ДА ОДГОВОРАТ ЧИВ Е  Empty Re: ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ - ИСТОРИЧАРИТЕ ДА ОДГОВОРАТ ЧИВ Е

Пишување by Kalinda on Саб Окт 26, 2019 7:28 pm

Уште да можете 
да се правите силни ?
Се  дадовте и продадовте!
Но еве не на прагот 
на вонредни парламентарни 
избори .
Се надевам тоа ке биде 
вашиот крај .
Kalinda
Kalinda

Број на мислења : 486
Join date : 2015-02-28

Вратете се на почетокот Go down

ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ - ИСТОРИЧАРИТЕ  ДА ОДГОВОРАТ ЧИВ Е  Empty Re: ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ - ИСТОРИЧАРИТЕ ДА ОДГОВОРАТ ЧИВ Е

Пишување by трендафил on Чет Мај 28, 2020 11:01 am

Еве мислење на еден странец.

Драги мои Македонци, сè ви е напишано, само што не читате

Јас сум човек во зрело доба но ги памтам моите средношколски денови и предметот историја. Го сакав тој предмет и сè уште верувам во онаа максима „Historia est magistra vitae". И навистина е така. Ние во Хрватска сосема добро ја познаваме својата историја; да се поправам, барем оние повозрасните, младите појма немаат за било што, без разлика која нација се.
Фактите кои им ги укажувам на оние кои ме следат би требало да ги има во средношколските учебници. Просечен македонски средношколец би требало да ги знае основните работи за историјата на својата земја. Од Кирил, Методиј и Климент па до денешно време. Но, не ги знаат тие работи, што е доволна причина со нив да се манипулира, да се упатуваат во погрешен правец, да им се диктира една фалсификувана историја, и тие тоа го прифаќаат.
Кај нас во Хрватска мислам дека е нешто подобро; вистина е дека не се сложуваме за сè, но имињата како што е имагинарниот крал Томислав, Људевит Гај, бан Мажураниќ, Матош, Крлежа, Ујевиќ итн, остануваат во свеста на средношколците. Она што ме загрижува кај Македонците е непознавање на сопствената историја а за неа се напишани многу работи од македонските научници. Долго време живеев во академско опкружување, посетував симпозиуми, пишував книги, разговарав со луѓе од блиски професии и денеска заклучувам дека тоа бил еден елитен, затворен круг, чии идеи не се ширеле вон академските ѕидови и научните магазини кои никој, освен струката, не ги чита.
Кога денес комуницирам со 300-400 луѓе, јасно ми е дека сме работеле јалова работа. Народот, рајата, македонските граѓани, за тоа не знаат речиси ништо. Остануваат „табула раса“ погодна за сите можни манипулации кои доаѓаат од истите оние кои ги дезориентираа, превоспитуваа, им го убиваа чувството за националност во текот на 19-от век. А тоа, за жал, се повторува и денес.
Во повоена Република Македонија напишани се многу извонредни историски книги за македонскиот народ, кои, без разлика на тоа дали ги пишувале „комуњари“ или не, до денес се респектабилни примери на објективно согледување на македонската историја. Како странец, во својата библиотека ги имам сите делови од „Историјата на македонскиот народ“, „Историјата на македонската нација“ на Блаже Ристевски, Историјата на институтот за национална историја од 2008 кое е дело на група историчари, неколку книги на Иван Катарџиев, ја имам дури и „Славјанско-македонската општа историја“ на Ѓорѓија Пулевски, и многу други прегледи.
Што сакам да кажам, драги мои Македонки и Македонци, сè ви е тука напишано, само вие не сте го читале и затоа денес овие примитивци на власт можат да ве „прцаат“ како што сакаат. И тоа го прават многу успешно. Како што еднаш кажа Мирослав Крлежа, грубо ќе го парафразирам „Сето тоа го имам напишано, само вие ништо не сте читале.“
И тоа ви е тоа.

Горан Калоѓера,
книжевен историчар и македонист

https://off.net.mk/lokalno/razno/dragi-moi-makedonci-se-vi-e-napishano-samo-shto-ne-chitate

_________________
Негација на негативното
Не е срамно ако умреме до еден, но голем срам е ако останеме без името
Слобода или смрт

трендафил

Број на мислења : 6464
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ - ИСТОРИЧАРИТЕ  ДА ОДГОВОРАТ ЧИВ Е  Empty Re: ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ - ИСТОРИЧАРИТЕ ДА ОДГОВОРАТ ЧИВ Е

Пишување by трендафил on Чет Мај 28, 2020 11:08 am

Еве и одговор на српски научник на тврдењето дека и српскиот јазик потекнува од бугарскиот.

Прва ТВ : Бугарите тврдат дека и српскиот јазик потекнува од бугарскиот

Бугарската академија на науките објави книга во која се вели дека бугарските корени на јазикот се наоѓаат во областите од Дунав до Гевгелија и од Копаоник до Тимок, Пчиња и Охрид.
Здружението „Спона“ од Македонија го известила САНУ за да реагира.
Д-р Виктор Савиќ од Институтот за српски јазик на САНУ и Одделот за српски јазик на Филолошкиот факултет во Белград за ТВ Прва изјави дека српскиот јазик, како и сите словенски јазици, потекнува од протословенскиот и дека во времето кога се формирал српскиот јазик, Бугарите воопшто не биле Словени. .
,,Бугарите дошле на Балканот подоцна од Србите и во тоа време тие припаѓале на турска група на луѓе, како и на некои други номади кои минувале низ овие предели. Словените кои се нашле на територијата на Бугарија во тоа време се асимилирале и почнале да се идентификуваат како Бугари, додека нашиот идентитет се формира исклучиво како српски”, наведува Савиќ.
„Српскиот народ не живее само во Србија и тие не се увезувани на територијата на Босна и Црна Гора, туку тие секогаш биле таму“, рече тој за ТВ Прва.
Еден дел од српските дијалекти припаѓа на дијалектите во регионот Призрен-Тимок, кои биле формирани на територијата на денешна Метохија, па миграциите се протегале до Софија, а малку на територијата на денешна Македонија, рече Савиќ, додавајќи дека Бугарите веруваат дека тој дијалект е всушност бугарски, бидејќи е со поеднставна граматичка структура и потсетува на нивниот јазик.
Според Савиќ, народниот е вистински јазик што се зборува на теренот, и тој додава дека хрватскиот, бошњачкиот и, како што вели, „т.н. црногорски“ се појавиле на теренот на српскиот народен јазик.
„Денес, секој политичар сака својата нација, без разлика како е формирана, да има свој јазик. И тие велат:„ Еве, го прогласуваме црногорскиот јазик, со ден или година на раѓање “, вели Савиќ.
Тој верува дека јазиците чиј датум на потекло е познат, „а има и други“, се јазичен и идентитетски инженеринг.

https://kanal5.com.mk/prva-tv-bugarite-tvrdat-deka-i-srpskiot-jazik-poteknuva-od-bugarskiot-video/a423631


_________________
Негација на негативното
Не е срамно ако умреме до еден, но голем срам е ако останеме без името
Слобода или смрт

трендафил

Број на мислења : 6464
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ - ИСТОРИЧАРИТЕ  ДА ОДГОВОРАТ ЧИВ Е  Empty Re: ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ - ИСТОРИЧАРИТЕ ДА ОДГОВОРАТ ЧИВ Е

Пишување by Dino on Вто Јун 09, 2020 11:51 pm

ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ - ИСТОРИЧАРИТЕ  ДА ОДГОВОРАТ ЧИВ Е  Img_2065ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ - ИСТОРИЧАРИТЕ  ДА ОДГОВОРАТ ЧИВ Е  90513710ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ - ИСТОРИЧАРИТЕ  ДА ОДГОВОРАТ ЧИВ Е  90389110

Dino

Број на мислења : 530
Join date : 2016-11-30

Вратете се на почетокот Go down

ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ - ИСТОРИЧАРИТЕ  ДА ОДГОВОРАТ ЧИВ Е  Empty Re: ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ - ИСТОРИЧАРИТЕ ДА ОДГОВОРАТ ЧИВ Е

Пишување by zozoti on Саб Јун 27, 2020 7:09 pm

ova ke gi prosvetli dpmneovcite

zozoti

Број на мислења : 148
Join date : 2018-11-22

Вратете се на почетокот Go down

ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ - ИСТОРИЧАРИТЕ  ДА ОДГОВОРАТ ЧИВ Е  Empty Re: ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ - ИСТОРИЧАРИТЕ ДА ОДГОВОРАТ ЧИВ Е

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот