МАКРОН ПОДГОТВЕН ДА ПОПУШТИ ЗА.....
Страна 1 of 1
МАКРОН ПОДГОТВЕН ДА ПОПУШТИ ЗА.....
[size=50]Макрон подготвен да попушти за датумот – ќе го смени ставот под два услови, а Скопје и Тирана да ги довршат реформите[/size]
Автор:Бесир Арифи
07/11/2019 22:55
Доколку во следниве месеци се реформира преговарачката методологија, а Скопје и Тирана ги довршат внатрешните реформи, Претседателот на Франција, Емануел Макрон изрази подготвеност да попушти околу отпочнувањето на преговорите. Ова Макрон го изјави во интервју за списанието „The Economist“, воедно обвинувајќи ги земјите-членки на ЕУ дека на Самитот од 18-ти октомври во Брисел се сокриле зад ветото на Франција, кога всушност, како што вели, мнозинство земји биле „за“ датум за Скопје, но не и за Тирана.
Премиерот Зоран Заев очекува Макрон да донесе одговорна одлука во првата прилика. Средбата на 12-ти ноември меѓу Макрон и Претседателот Пендаровски, Заев ја гледа како шанса францускиот шеф да се запознае со вистината и успесите на Македонија.
Што се однесува на реформирањето на преговарачката методологија, Заев смета дека може да се адаптира до првата меѓувладина средба која се одржува по позитивна одлука на Европскиот совет. Се очекува барањата на Франција за реформирање на преговарачката методологија, подетално да се разгледаат на средбата на шефовите на дипломатиите на членките, што ќе се одржи на 19-ти ноември во Брисел. Франција бара процесот да биде повратен, односно повторно отворање на поглавјата кои биле затворени ако се утврди дека некоја земја забележала регрес во некое поле.
Од друга страна, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за хрватскиот „Вечерњи лист“ изјави дека не смета дека ЕУ донела неправедна одлука за одложување на датумот за старт на преговорите. Напротив, како што пренесува хрватскиот весник, Мицкоски смета дека ова е последица на тригодишната катастрофална политика на Зоран Заев. Мицкоски додава дека ова не било еднострана одлука на Макрон, туку на уште неколку земји членки на ЕУ. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ воедно вели дека во блиска иднина не верува дека Макрон ќе ја смени својата одлука.

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат
малкумина го разбираат
osa- Број на мислења : 16569
Join date : 2015-01-11
Re: МАКРОН ПОДГОТВЕН ДА ПОПУШТИ ЗА.....
ja chitam vesta i ne mi se veruva kako moze da postoi vakov idiot ,da vodi opoziciska partija i da e tolku golem protivnik za uspeh na drzavata ....zgora na se nekoj da go glasa i da bide iden premier
_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат
малкумина го разбираат
osa- Број на мислења : 16569
Join date : 2015-01-11
Страна 1 of 1
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот
|
|