Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

ПОЧИТ КОН ....

Go down

ПОЧИТ КОН .... Empty ПОЧИТ КОН ....

Пишување by osa Сре Ное 13 2019, 02:00

Психологот кој испрашал повеќе од 1000 парови, го открива најважниот фактор во врската

  •  03 Ноември, 2019


Ако би ве прашале: „Што мислите кој фактор е најважен во љубовната врска, што би рекле вие?“ - Некои од вас можеби ќе помислат дека најважна е блискоста и сексуалната хемија. Други ќе одговорат дека ништо не е поважно од искреноста и комуникацијата. Но, ниту едно не е точно, според еден психолог. Џон Ким експерт во своето поле, односно психолог за парови и  открива дека најважниот фактор во секоја љубовна врска е почитта. Тој вели дека врската не би можела да опстане без почит. Ако некогаш сте биле во врска каде што немало почит, сигурно знаете зошто овој елемент е толку многу важен. Со други зборови, не може да имате здрава врска без почит, бидејќи почитта создава доверба, а довербата претставува основа на секоја добра врска. Најпрво, да ја дефинираме почитта. Една од дефинициите гласи дека почитта е „чувство на длабока восхит кон некого или нешто предизвикано од нечии способности, квалитети и достигнувања“. Џон Ким не се согласува целосно со оваа дефиниција. Според него, почитта има друго значење кога станува збор за врските.
„Почитта значи дека ниту еден од партнерите нема моќ или авторитет врз другиот. Тоа значи дека не мора да се согласувате со нив за да ги сакате. Почитта значи да му дадете простор некому да има свои мислења и патувања. Почитта значи да го ослободите партнерот. Да го прифатите. Да не го осудувате. Да не реагирате. Да не контролирате. Да го оставите таков каков што е. Да му дозволите да расте. Почитта значи да не ги наметнувате вашите дефиниции некому. Почитта значи да работите на вашите сопствени проблеми. Почитта значи да имате ваш сопствен безбеден простор“, објаснува тој.
Прво, треба да се запрашате себеси: Има ли почит во вашата врска? Ако нема, тогаш најважно е да си го поставите следново прашање: Дали на сите ваши врски им недостасувало почит? Дали постојано ги правите истите избори? Ако одговоривте потврдно, тогаш запрашајте се зошто е тоа така. Зошто би останале во врска без почит? Мора да го побарате одговорот во себе. Не го обвинувајте партнерот. Можеби имало почит на почетокот, но постепено исчезнала. Оттука, произлегува следново прашање: Како да го спречите ова во иднина? Најважно е да не се изгубите себе. Ако вашиот партнер не ве почитува и не ги исполнува вашите потреби, време е да продолжите понатаму. Ако ги намалите вашите критериуми и прифаќате секакво лошо однесување во името на љубовта, постојат големи шанси дека ќе ја изгубите вредноста во очите на партнерот. Доволно почитувајте се себеси за да можете да го оставите оној кој не ве почитува вас.

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16569
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот