Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Ekonomija

+23
Albatros
Bosonoga
misterija
SHARENI
OPOZICIONER
Dino
Kalinda
nino
PRVOBOREC
TRAJCHE
Teo
Luxor
IVA
defo
ribar1
osa
Hamad bim Khalifa
трендафил
Sotir
sokoli
kiBik
Arhimed
tmoro
27 posters

Страна 7 of 40 Previous  1 ... 6, 7, 8 ... 23 ... 40  Next

Go down

Ekonomija - Page 7 Empty Re: Ekonomija

Пишување by Гостин Пон Окт 19 2015, 19:52

Сем Вакнин: Што е БДП?



Народната Банка објави уште еден оптимистички извештај за предвидениот економски раст во Македонија. Ако се погледне подобро, предвидениот раст со секој извештај опаѓа, 4, па 3 и пол па 3.2 отсто но раст си е раст, а во сегашната глобална ситуација, да се постигне било каков раст, скоро секогаш се смета како некакво достигнување.

За било која стапка, економскиот раст го мериме преку статистиката наречена Бруто Домашен Производ, или БДП.

БДП често се користи, иако е оспорувана мерка, за да се одреди здравјето на економијата во државата генерално, како и просперитетот граѓаните и други делови од економијата. БДП е комбинација од потрошувачката, инвестициите, владините трошоци и нето-извозот. Како и се друго во економијата, сепак има неколку проблеми со оваа мерка. Пред се, има три познати методи за да се пресмета БДП-то.

Секој метод користи две алтернативни формули, или да резимираме, има шест начини да се пресмета БДП-то а ниеден од нив не го дава истиот резултат.

Така што владитe можат да бираат која формула да ја користат со цел да го добијат посакуваниот резултат. Чист пример за такви манипулации со бројки под политички притисок е Грција.

Грција ги фалсификува своите бројки за БДП-то веќе неколку години, вештачки зголемувајќи ги за повеќе од 15, можеби 20 отсто, така што БДП бројките се стартната позиција за сомнеж, бидејќи лесно се манипулира со нив а има неколку начини да се направи тоа.

Всушност, кога јас употребив точни строги методи за БДП-то на Македонија, открив дека растот е некаде помеѓу 1.8 и 2.2 отсто, а не 3.5 како што тврди владата. Кои се начини со кои може да се манипулира БДП-то? Како може да ги “масираме“ бројките за да дојдеме до точните?

Пред се, како што се сеќавате, владиното трошење е дел од БДП. Неверојатно, колку е трошењето поголемо, толку поголемо е БДП-то. Така што владата која ги зголемува јавните трошоци, на пример за градежни проекти, автоматски го зголемува и БДП-то.

Да, добро слушнавте. Овие споменици на плоштадот се дел од БДП-то, главниот мотор на економскиот раст. Но ова е само еден од проблемите.

Има повеќе начини под хаубата за да се манипулира со БДП. На пример може да се промени начинот на кој индустриското производство се пресметува и на тој начин да се влијае на пресметките.

Друг начин: Владата може да ги вклучи во БДП бројките, продуктите кои се произведени но се уште не продадени, ги нарекуваме залихи. Растот во залихите, зголемувањето на непродадени продукти се знак на лоша состојба во економијата, тоа е знак на влошување во економијата.

Но парадоксално, со тоа се зголемува БДП-то. Тука исто така е прашањето на добра и продукти кои се произведуваат со кредити и позајмници. Што повеќе кредит е достапен за економијата, што повеќе се употребува за да се произведат добра и други продукти, поголемо е и БДП-то.

Значи во економија во која има кредити, БДП-то автоматски, вештачки расте, иако овие пари некогаш ќе мора да се вратат. И тука е прашањето на инвестициите, вклучувајќи ги и странските директни инвестиции.

Некои влади ги бројат и ветувањата за инвестиција, дадениот збор за инвестиција и намерите за инвестирање како веќе готови инвестиции. Со други зборови, доколку владата добие ветување дека ќе се инвестира 200 милиони долари, БДП-то расте автоматски за таа сума иако тоа е само едно ветување.

И ако се случи инвестицијата, може да се случи за време на неколку години или можеби никогаш. Значи според некои методологии, намерите за инвестирање, ветувањата и дадените зборови се дел од БДП-то. И тука е прашањето за номиналното БДП со реалното БДП.

Инфлацијата, порастот на цените, автоматски го зголемуваат БДП-то, бидејќи во него е вклучена потрошувачката, а тоа значи колку ние плаќаме за добра и услуги. Ако цените растат, ние плаќаме повеќе, а колку повеќе ние плаќаме, толку повисок е БДП, така што на некој начин инфлацијата е добра за БДП бројките.

Повисока инфлација значи повисок БДП. Поради тоа БДП се прилагодува на инфлацијата. Ја одземаме инфлацијата од БДП бројките и го нарекуваме реалното БДП.

За жал, владата е таа која одлучува кои коефициенти ќе ги употреби, кои одземања да се направат и тоа се нарекува БДП дефлатор. БДП дефлатор е високо политички број кон кој се цели и предмет на владина манипулација.

И тука е прашањето за девизните курсеви. Како влада можете да си играте со нив, можете да одберете одреден девизен курс или друг, да го минимизирате увозот или да го максимизирате извозот.

Да го минимизирате излевањето на девизи, или да го максимизирате дојдовните девизи, и потоа конверзијата во денари, се зголемува и бројката на БДП-то. Така што со користење на точните девизни курсеви, драстично може да се промени бројката на БДП, всушност и дури до 2 отсто.

БДП бројките ги вклучуваат и сите трошоци за здравството, субвенции за земјоделство, сите трошоци, за сите форми на помош, или за одредени професии, или за одредени работи. Со други зборови, што “подарежлива“ е владата, со тоа што дава субвенции, со тоа што дава во здравството, со обезбедувањето на било какви услуги, БДП-то е повисоко.

Значи како што гледате, владите имаат огромно влијание за тоа каква бројка на БДП ќе се добие. Тие можат наголемо, не сакам да кажам да ја манипулираат, но да ја скројат бројката која им одговара. Многу влади дури не ги исклучуваат и необичните предмети како приватизацијата, ако владата продаде државен имот на надворешни инвеститори и добие 500 милиони долари, нешто што треба да се смета за необичен предмет бидејќи не се случува секоја година, некои влади и тоа го пресметуваат.

Повеќето влади во светот всушност ги сметаат и дознаки од странство, од луѓето кои не живеат во земјите. Од оние на пример кои им праќаат пари на домашните. Има дебата околу тоа дали дознаките треба да бидат дел од БДП или не, бидејќи тие зависат од надворешни фактори и не се реално произведени внатре во земјата, тие не се дел од БНП – бруто националниот производ.

Во Македонија, тие изнесуваат 15 до 20 отсто од БДП-то. Една петина од БДП се пари кои доаѓаат од луѓе кои се надвор од земјата кои им праќаат пари на нивните семејства овде. А тоа не е мал дел од БДП.

Како правилно да го знаеме реалниот БДП, кој е неговиот раст и така натаму? Ги имаме БДП полномошниците. Кога БДП расте, и другите мерки во економијата имаа тренд на растење. На пример потрошувачката на електрична енергија. Верувале или не, друг пример е бројката на испратени електронски пораки. На пример и платите за невештите работници или непостојаноста при паритетот на куповна способност.

Кога ги анализираме овие полномошници имаме добро чувство, добра интуиција за тоа дали официјалните БДП бројки се точни, или да речам понежно, структуирани по волја на владата. И анализата на овие бројки во македонската економија покажуваат дека економијата растела, точно како што владата вели, но не со истиот тренд како што таа тврди.

Владата се фали дека економијата во Македонија е втора во Европа по брзината на раст, но тоа не е многу тешко да е достигне. Европа како целина не расте, така што нема земјата на слепите и, оние што гледаат се шампиони.

Кога ќе ја споредете Македонија со земји кои имаат слична економија, или како што ги нарекуваме брзорастечки економии, Македонија всушност не расте според тврдењата.

Просечниот раст во брзорастечките економии во светот, во изминатите 10 години е 5 отсто на годишно ниво. Македонија е далеку од тоа, дури и според официјалните бројки на владата.

http://novatv.mk/index.php?navig=8&cat=18&vest=24967

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Ekonomija - Page 7 Empty Re: Ekonomija

Пишување by трендафил Пон Окт 19 2015, 21:43

Не е променета методологијата по која се пресметува БДП. Иста методологија се применува одамна. Владата признава дека дел од БДП се дознаки на нашите сонародници во странство. Но така е со децении. Не знам зошто нормални и вообичаени работи некој сака да ги прикаже како ненормални. Дали Сем Вакин го организираше патот на Заев во Израел. Пат по кој лидерот на опозицијата искажа повеќе лаги. Па во два наврата израелската амбасада упати демант.
Иначе може да ги броиме фабриките изградени во последните пет години и порано. Или бројот на трговски центри. Или километрите автопатишта. Зошто да не и спомениците на истакнати историски личности.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11146
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Ekonomija - Page 7 Empty Re: Ekonomija

Пишување by tmoro Пет Јан 22 2016, 22:34

штрајкуваа работниците на фабриката „МЗТ Леарница“ во Скопје
http://ohridsky.com/?p=142586

Да видиме сега што ќе излажат од ШТАБОТ-НЕБАЊАТИТЕ-ЧИПИРАНИТЕ

tmoro

Број на мислења : 547
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

Ekonomija - Page 7 Empty Re: Ekonomija

Пишување by трендафил Пон Јан 25 2016, 21:26

Во сите држави во светот има непродолжување на договорите и штрајкови. За жал. Но кога се оценува работата на една влада се гледа збирот. Трагично е кога поддржувач на партија што го има неславниот резултат од неколку стотини илјади откази на вработени на неодредено време вработени во државни фирми, пишува за не продолжен договор на 300 времено вработени.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11146
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Ekonomija - Page 7 Empty Re: Ekonomija

Пишување by Гостин Пон Јан 25 2016, 23:34

Tochno taka Trendafile...Vkupniot zbir...Na mrtvi rabotnici koi familijata gi prodava na stranskite kriminalci koi gi narekuva so zvuchnoto ime investitori kako robovi bez nikakvi prava...Pa duri i im dava subvencii za da go zgolemat brojot na mrtvite makedonci na rabotnite mesta...Za da mozhe tvojot pastir da ja demakedonizira i muslimanizira Makedonija...

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Ekonomija - Page 7 Empty Re: Ekonomija

Пишување by Гостин Вто Јан 26 2016, 15:48

АНАЛИЗА: Годинава за отплата на доспеан долг и камати – 450 милиони евра!

Ekonomija - Page 7 Evra-novchanik-540x320

Ново задолжување од домашните кредитори. Министерството за финансии бара нов заем од 8,8 милиони евра бидејќи во среда веќе доспева за исплаќање исто толку по основ на доспеани обврски. Само за две недели Владата создаде нов долг од 22 милиони евра,пишува неделната економска анализа на Порталб.мк. Дополнително, за едно од задолжувањата ја зголеми и каматата, која за државната каса значи поголем трошок а за кредиторите – поголем принос. Зошто министерот за финансии Зоран Ставрески посегна по нови задолжувања кога на раполагање има 270 милиони евра , пари што се слеаа во државната каса преку продажба на Еврообврзницата на истекот од 2015 година?

Само за камати од Буџетот ќе се одлеат 100 милиони евра …

Според податоците од Буџетот за 2016, Владата годинава по основ на отплата на домашно и странско задолжување треба да врати 450 милиони евра, од нив 350 милиони евра по основ на главница и уште 100 милиони евра – долг по основ на камати. Наспроти овие, веќе пресметани долгови за доспевање и исплата, само за две недели од оваа 2016 година Министерството за финансии создаде нов долг од 22 милиони евра – пари што ги позајми од домашните кредитори. Дел до оваа сума е долгорочно задолжување, со што продолжува трендот на создавање на долг што ќе се враќа по дест или петнаесет години. Според опозициската СДСМ, односно дополнителниот заменик министер за финансии Кире Наумов, овие нови задолжувања ќе завршат за финансирање на предизборни цели.

“Ставрески го направи најочајниот потег и ги зголеми каматните стапки на државните записи и обврзници, само за да обезбеди што повеќе средства за желботеките на неговиот кумашин, поранешниот премиер Никиола Груевски, на товар на идните генерации. Според објавените проспекти, каматната стапка на едногодишните државни записи на претходната аукција била 2,50% а на вчерашната е 2,60%. Кај државните обврзници со рок на отплата од 15 години, на претходната аукција каматната стапка била 4%, а на вчерашната е 4,30%. Со само две аукции и задолжувања Ставрески реализираше 9% од планираниот дефицит за цела 2016 година“, велат за Порталб од СДСМ.

Според дел од економистите, овие нови задолжувања се неочекувани бидејќи на крајот од 2015 година Владата обезбеди 270 милиони евра , пари со кои треба да се финансира првото економско полугодие од годинава. Кога се издаде Еврообврзницата, таква гаранција стаса и од министерот за финансии Ставрески.

“Би сакал да истакнам дека со реализација на оваа трансакција за  Еврообврзница, Р.М обезбеди средства за финансирање на потребите на Буџетот и на тој начин ќе се овозможи продолжување со стабилните текови и стабилната реализација на Буџетот. Она што е најзначајно за граѓаните е дека 2015 година донесе многу неизвесности, многу нестаболности, сериозна политичка криза. Единствената светла точка во државата беше и останува да биде економијата и ние нема да дозволиме во тој дел да има било какви нарушувања“ – изјави министерот Ставрески.

Вкупниот Јавен долг на Македонија изнесува 3,9 милијарди евра или 43,9% од БДП и според ова ниво Македонија е групата на земји кои сеуште се умерено задолжени.

Сепак, анализата што ја направи Порталб, на податоците покажува значен пораст на долговите и кон странство и кон домашните кредитори во изминатите девет години. Имено од 2007 година до сега, вкупниот Јавен долг е зголемен за 2,3 милијарди евра. Од лани, Владата започна да ја менува и рочноста на внатрешниот долг, односно зема заеми што ќе ги враќаат идните генерации, со рок на доспевање од 10 и 15 години.  Така, заклучно со првата половина од 2015  долгот што се се враќа по 5,10 и 15 години достигна 435,3 милиони евра или повеќе од една третина од вкупниот внатрешен долг.

“Во текот на овие три ипол години, или од јануари 2012 година навистина се случи една прилично драматична структурна промена во рочноста на државниот внатрешен долг. На пример, во јануари 2012 та година, државните хартии од вредност со рок на доспевање од над 1 година учествувале со 5,2% додека за три ипол години нивното учество се зголемило на 58% , што е навистина голема промена за релативно краток период“, објаснува за Порталб, универзитетскиот професор Владимир Филиповски.

Меѓу најголемите кредитори на Владата се банките, осигурителните компании и граѓаните преку пензиските фондови.

“Кај банките податоците покажувааат дека во овој три иполгодишен период дека за 2,5 пати е зголемена вредноста на државните харии од вредност коишто се во посед на банките, и пред 3,5 години банките учествувале со 65% во вкупниот јавен долг , додека денес тоа е околу 47%.

Според економистите  интересен момент се пензискити фондови, кај кои за овој тригодишен период имало зголемување на вредноста на државните харии од вредност за 21,5 пати, што се оценува како многу голем пораст. Изразено во проценти,  структурното учество од 5% се зголеми  на 30%, велат економистите и посочуваат дека  тоа би значело дека практично со средствата на пензиските осигуреници на некој начин повторно се финансира државата.

Според аналитичарите , и годинава главен предизвик ќе биде да се оддржи проектираното ниво на буџетски дефицит од 3,2%, што ќе биде тешка задача во изборна година.

Министерството за финансии ја објави агендата за првата половина од годинава – ќе се спроведат дури 24 нови задолжувања преку кои ќе се бараат заеми од банките, фондовите, осигурителните компании.

Проспектите за задолжувањата од домашните кредитори упатуваат на тоа дека само во двата изборни месеци – март и април ќе се спроведат девет аукции.

Анализа на Порталб

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Ekonomija - Page 7 Empty Re: Ekonomija

Пишување by трендафил Сре Јан 27 2016, 21:47

Со само две аукции и задолжувања Ставрески реализираше 9% од планираниот дефицит за цела 2016 година“, велат за Порталб од СДСМ.
Не знам дали е нормален тој што ја напишал оваа реченица или се работи за уште едно обраќање до будали. 100:12=8,33% месечно. Па 9% за две аукции во јануари во време кога треба да се исплатат пари и за зголемениот буџет на ДИК и за СЈО (социјалдемократското јавно обвинителство) и за насилно избраните двојни министри (Проливер и Фросина) и насилно избраните заменици од СДСМ, е нешто најнормално. По изборите кога институциите претпоставувам ќе работат според Уставот на РМ и трошоците ќе бидат помали и задолжувањето ќе биде помало.
Ајде да одбележам и дека во оваа недела секој ден имаме потпишување на договор со еден инвеститор од странство. Последниот е повторно Џонсон Контрол. кој за почеток ќе вработи до крајот на годинава 500 струмичани во изнајмен објект, а по изградба на сопствен ќе има вкупно 1.500 вработени.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11146
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Ekonomija - Page 7 Empty Re: Ekonomija

Пишување by Гостин Сре Јан 27 2016, 22:21

трендафил напиша: По изборите кога институциите претпоставувам ќе работат според Уставот на РМ и трошоците ќе бидат помали и задолжувањето ќе биде помало.

Chestitam Trendafile konechno si sfatil...Posle izborite, koga SDSM kje bide na vlast kje se raboti spored ustavot...I bidejki SDSM nema za cel da go opljachka narodot tuku da mu go podobri standardot nornalno deka zadolzhuvanjata kje bidat pomali... Twisted Evil

Toa shto krminalnata banda koja sega vladee pod vodstvoto na tvojot pastir kje odgovara za pljachkosuvanjeto na Makedonija i unishtuvanjeto na makedonskata ekonomija e druga tema... Twisted Evil

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Ekonomija - Page 7 Empty Re: Ekonomija

Пишување by трендафил Чет Јан 28 2016, 20:11

Исти приказни читам на форумиве веќе една деценија. Македонија има еден од најмалите буџетски дефицити во Европа. И еден од најголемите зголемувања на БДП. Зголемување кое е симетрично со буџетскиот дефицит. Ниту еден независен финансиски експерт или релевантна финансиска институција не го дели пропагандистичкото мислење на бандата составена од соросоиди и сдсмовци. Кредитниот рејтинг на Македонија е исклучително стабилен. Каматните стапки за нас сега се окулу 4 пати помали отколку во времето на СДСМ. Што јасно зборува за довербата што кредиторите ја имаат кон Македонија со актуелната власт.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11146
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Ekonomija - Page 7 Empty Re: Ekonomija

Пишување by Гостин Чет Јан 28 2016, 20:13

I voopshto ne ti e zhal shto i vnucite tvoi kje gi vrakjaat parite shto tvojot pastir im gi ukrade???

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Ekonomija - Page 7 Empty Re: Ekonomija

Пишување by Arhimed Нед Јан 31 2016, 06:48

Arhimed напиша:
Teo напиша:Prodolzhuvaat...Zhiveeme na krediti...A kje gi vrakjaat???
Во Буџетот 2015 е предвидено раздолжување кон странски кредитори 20 милијарди денари ( 325 мил. евра), но и ново задолжување од 16 милијарда денари од странство.
Податоци за долг од државни хартии од вредност (домашен долг) има на страната на МФ - состојба со ДХВ. На крајот на февруари долгот е 67,860,490,000 ден, што е 3 милијарди ден. помалку од Јуни 2014.
Трендот на намалување на домашниот долг е пред се заради кредитот од 500 милиони земен во Јуни/Јули 2014.

Во табелата на вкупниот јавен долг (домашен + надворешен) не е наведена гаранцијата за автопатите во износ од 580 милиони евра.
(Види Извештаи за јавен долг  и Закони произлезени од гаранции - на веб страната од МФ)
Во "Годишен извештај за управување со јавниот долг на Република Македонија за 2013 година", стр 15 до 17, педантно се наведени долговите кои не се од Централната Влада и гаранциите за ЈП. На стр 33, графикон 28 е прикажана состојбата на гарантираниот јавен долг.
Разликата од 2012 до 2013 е околу 150 милиони евра гарантиран јавен долг.
Арно ама тука ги нема гаранциите за кинеските автопати, околу 783.4 милиони УСД
Закон за гаранција на Република Македонија на обврските по Договорот за заем за „Проектот за изградба на автопат-делница Миладиновци“, кој ќе се склучи меѓу Експорт-импорт банката на Кина и ЈП за државни патишта, објавен во „Службен весник на РМ“ бр. 149/13;
Закон за гаранција на Република Македонија на обврските по Договорот за заем за „Проект за изградба на автопат - делница Кичево - Охрид“, кој ќе се склучи меѓу Експорт - Импорт банката на Кина и ЈП за државни патишта, објавен во „Службен весник на РМ“ бр. 149/2013;
Службен Весник, 2013/149 напиша:Република Македонија го гарантира намирувањето на обврските и исполнувањето на одредбите од Договорот за заем за „Проект за изградба на автопат - делница Кичево - Охрид“ кој ќе се склучи меѓу Експорт - импорт банката на Кина и ЈП за државни патишта во износ од 505.044.966,98 долари, доколку ЈП за државни патишта не ги исполнува и не ги сервисира обврските од Договорот за заем.
Република Македонија го гарантира намирувањето на обврските и исполнувањето на одредбите од Договорот за заем за “Проект за изградба на автопат - делница Миладиновци - Штип” кој ќе се склучи меѓу Експорт - импорт банката на Кина и ЈП за државни патишта во износ од 278.374.071,98 долари, доколку ЈП за државни патишта не ги исполнува и не ги сервисира обврските од Договорот за заем  
783.40 USD = 726.199 EUR (според "xe.com")

Со други зборови, прават тежок фалсификат, слично на Грција во 2010 кога не ги извести партнерите од ЕУ дека нивните државни железници должат поголема сума на пари.
Со тоа што кај нас должникот е Агенцијата за патишта.
Можеби и заради тоа без тендер се гради автопатот (разговор Јанкулоска - Ставревски), полесно е да се сокрие долгот ако нема тендер и ако НБРМ е исклучена.
Линкови:
Податоци за домашен долг  "www.finance.gov.mk/mk/node/2284"
Состојба на јавен долг  "www.finance.gov.mk/mk/node/57"
Извештаи за јавен долг  "www.finance.gov.mk/mk/node/60"
Закони произлезени од гаранции  "www.finance.gov.mk/mk/node/192"
Закон за гаранција ... за „Проектот за изградба на автопат, делница Миладиновци Штип“  "www.finance.gov.mk/files/u5/Zakon_za_garancija_Miladinovci-Stip.pdf"
Закон за гаранција ... за „Проект за изградба на автопат, делница Кичево Охрид“  "www.finance.gov.mk/files/u5/Zakon_za_garancija_Kicevo-Ohrid.pdf"
Гаранциите за ЈП Државни патишта се ставени во извештајот за 2014 - http://www.finance.gov.mk/files/u252/Godisen%20izvestaj%20za%20upravuvanje%20so%20javniot%20dolg%20na%20Republika%20Makedonija%20za%202014%20godina_0.pdf -
783.4 милУСД за двата автопатишта и 160 (ЕБОР) +52 (СБ) милЕУР . Рок на отплата 15-23 години, со грејс период 4-5 години. Од 2020 ЈП ДП ќе отплаќа во просек 62 милиони евра за 15 години.
Само во 2014 се изадени гаранции од 1 милијарда евра - јавен долг. Но на крајот од извештајот (2014, стр 34) се спомнува дека гаранциите пораснале од 510 на 659 милиони евра.
Мене ми е јасно дека од 510 милиони евра гаранции дел од долговите се исплаќаат, но дури и целосно да ги исплатиле, јавно морам да прашам -
Каде се гарантираните долгови од ЈП за државни патишта?

Arhimed

Број на мислења : 82
Join date : 2015-03-22

Вратете се на почетокот Go down

Ekonomija - Page 7 Empty Re: Ekonomija

Пишување by Arhimed Нед Јан 31 2016, 07:23

трендафил напиша:Исти приказни читам на форумиве веќе една деценија. Македонија има еден од најмалите буџетски дефицити во Европа. И еден од најголемите зголемувања на БДП. Зголемување кое е симетрично со буџетскиот дефицит. Ниту еден независен финансиски експерт или релевантна финансиска институција не го дели пропагандистичкото мислење на бандата составена од соросоиди и сдсмовци. Кредитниот рејтинг на Македонија е исклучително стабилен. Каматните стапки за нас сега се окулу 4 пати помали отколку во времето на СДСМ. Што јасно зборува за довербата што кредиторите ја имаат кон Македонија со актуелната власт.
Трендафил,

Долговите не ги враќа БДП, туку Буџетот.
За 2015 како изгледаше буџетот (милион ден)
Даночни + неданочни приходи + донации + капитален приход (продажба на имот)= 113,307
Кај придонесите имаме приходи (уплата за пензии + здравство + осигурување во АВРМ), но и расходи (исплата на пензии, ФЗОМ, АВРМ): 47,9 - 75,4 = -27,514 . Поточно Буџетот треба да ја доплати исплатата на пензии и здравственото осигурување.
Остануваат 85,793 милион ден расположливи пари со кои треба да се платат плати, стоки и услуги, соц. помош, капитални расходи, трансфери-субвенции, и камати.
Без камати, дефицитот е 13 милијарда ден. Со камати, дефицитот е 19,4 милијарда ден.

Засега каматите се поволни, околу 5%. Во 2010 на Грција и испорачаа 16% камати за рефинансирање на долговите, кога Папандреу јавно ги одби овие услови и побара помош од ЕУ.
Во едно такво сценарио, ако се продолжи со рефинансирање на долговите (нови долгови за отплата на стари), само трошоците за камати би пораснале на 20 милијарда денари. Дали тоа ќе може да се издржи?

ПС, Буџетот е во таква сотојба да се доцни со иплатите. Тоа беше фатално за Тамара која доби потпишано одобрение за лекување во странство 2 дена по нејзината смрт. А можеше ниско задолжената Влада на аукција да се задолжи и навреме да обезбеди средства.

Arhimed

Број на мислења : 82
Join date : 2015-03-22

Вратете се на почетокот Go down

Ekonomija - Page 7 Empty Re: Ekonomija

Пишување by Arhimed Пон Фед 01 2016, 07:26

Интересна анализа од Митко Јованов - АНАЛИЗА НА ЕФЕКТИТЕ НА ПОЛИТИКАТА НА ВЛАДАТА ЗА ПРИВЛЕКУВАЊЕ СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ линк
Околу БДП
Митко Јованов напиша:Преглед на растот на БДП
Раст на БДП по години период 2003 до 2006 година;
2003    2,2 %
2004    4,7%
2005    4,7%
2006    5,1%      
Кумулативно од 2003 до 2006 година растот на БДП изнесува 17,7%
Просечната стапка на раст на БДП; 4,17

Раст на БДП по години период 2007 до 2010 година
2007     6,5%
2008     5,5%
2009    -0,4% минус
2010     3,4%
Кумулативно од 2007 до 2010 година растот на БДП 15,7%
Просечната стапка на раст на БДП 3,75

Раст на БДП по години период 2011 до 2014
2011    2,3%
2012   -0,5% минус
2013    2,7%
2014    3,5% (така е проектиран)
Кумулативно од 2011 до 2014 година растот на БДП изнесува 8,2%
Просечната стапка на раст на БДП 1,9%
Осврт/сублимат;
Растот на економијата изрзена преку раст на БДП е поголем во периодот кога СДСМ е власт, од 2003 до 2006 година со просечен раст на БДП од 4,17. И покрај тоа што Владата на Груевски вложи многу државни ресурси за да привлече странски инвестиции, сепак растот на БДП мерено во период од четири години, не е зголемен.
 
Посебно треба да се истакне фактот што БДП во периодот од 2011 до 2014г бележи намалување споредено со периодот од 2007 година до 2010 година, иако веќе владата во претходните години отвори многу Слободни економски зони, ги промовирала поволностите и ослободувањата на странските инвеститори, посетувала роуд шоу-а, платила за рекламирање во странски медиуми, назначила економски промотори и други мерки и активности кои значат трошење државни ресурси.

Колку фирмите од ТИРЗ ја разработуваат домашната економија:
Митко Јованов напиша:7-дел

Зошто фирмите во зоните избегнуваат соработка со домашни фирми-индикација;

Не соработуваат со македонски фирми за да не плаќаат ДДВ а и кога цената е помала и со вклучен ДДВ, споредено со цената ако набавуваат од странство, како што е случај во најголем дел, основата за ваквата ситуација, е во тоа да не мора книговодствено да се изложуваат кон македонски испекциски органи.

Токму затоа изостанува ефектот за развој на локални фирми како нивни соработници.
Инбокс7 пишува за грантовите доделени на странските инвеститори - „XXX ЕВРА“: ЗА КОЛКУ ГИ „КУПИВМЕ“ СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ? линк
„Грант од хххххх евра во денарска противвредност за покривање на трошоците за изградба на градежен објект. Помош за одобрените трошоци за обука и усовршување во максимална висина од ххххх евра во денарска противвредност“, пишува буквално во Договорот со компанијата „Ван Хоол“ објавен од страна на Комисијата за заштита на конкуренцијата.

Вака, со ознаката „ххххх“ наместо сума на пари, изгледаат извештаите за доделената помош и за другите фирми.

Arhimed

Број на мислења : 82
Join date : 2015-03-22

Вратете се на почетокот Go down

Ekonomija - Page 7 Empty Re: Ekonomija

Пишување by Гостин Пон Фед 01 2016, 08:12

Ако БДП растел повеќе за време на СДСМ тогаш од каде зголемување на буџетот од околу милијарда евра во 2005 до скоро 3,5 милијарди? Кредити?

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Ekonomija - Page 7 Empty Re: Ekonomija

Пишување by Гостин Пон Фед 01 2016, 08:50

Komunjarska analiza. Mitko Jovanov pojma nema. Ekonomski Makedonija sekogas bila podobra za vreme na vladeenjeto na VMRO.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Ekonomija - Page 7 Empty Re: Ekonomija

Пишување by Гостин Пон Фед 01 2016, 09:39

Немаат појма дпмне-овците. Кога ќе дознаете ќе биде доцна.

Ново задолжување во вторник: Се зголемуваат каматните стапки за да се соберат повеќе пари?

Во вторник, државата преку Министерството за финансии повторно ќе се задолжи за да се раздолжува. Според официјалните податоци, на аукцијата во вторник државата планира да земе вкупно 813 илјади евра, а веќе следниот ден истата сума треба да биде раздолжена.
Но, дали Министерството за финансии ќе земе само толку пари колку што треба да врати, или повеќе од сумата што доспева за раздолжување, како што е случај со последните неколку аукции ќе се знае откако ќе заврши аукцијата. Од ресорното министервото не откриваат дали на оваа аукција ќе се земе толку колку што треба да се вратат или повеќе, ниту пак одговараат зошто на последните аукции станува пракса да се земаат речиси секогаш двојно повеќе пари од сумата која достасува за враќање?
Според објавените податоци, планирани се аукции на тримесечни државни хартии од вредност во износ од 244 илјади евра, со каматна стапка од 1,60%. И на десетгодишни државни хартии од вредност во вкупен износ од 569 илјади евра, при што едната аукција е со каматна стапка од 3,70% а другата со 3,90%.
Само од почетокот на годинава, одржани се три аукции на државни хартии од вредност, на кои државата зема вкупно 62,5 милиони евра, што е 32,5 милиони евра повеќе од сумата која стигнува за раздолжување.
Државата го засили притисоко врз домашниот пазар, и постојано се задолжува повеќе од сумата што треба да се врати, иако и опозицијата и експертската јавност постојано укажуваат дека во една ваква политичка констелација важно е државата да се задолжува во износ во кој треба да се раздолжи ден или два по задолжувањето.
Сето ова се случува во ситуација кога и самиот министер за финансии Зоран Ставрески најави дека со земањето на еврообврзницата од 270 милиони евра се покриени сите буџетски потреби до средината на годината.
Државните хартии од вредност се нудат со повисоки каматни стапки
Изминативе неколку аукции може да се забележи дека Министерството за финансии ги зголеми каматните стапки за државните хартии од вредност, што економистите го толкуваат како обид да се соберат што е можно повеќе пари од домашните кредитори.
И на аукциите најавени за вторник, може да се забележи дека државата ги продава хартиите од вредност со повисоки каматни стапки.
Еве како изгледале каматните стапки на 3 месечните хартии од вредност на претходните аукции. Три месечни хартии од вредност биле понудени во октомрви, ноември и декември минатата година, и сега во јануари. Во октомрви каматната стапка била 1,25%, во ноември и декември била 1,35%, додека во јанури, односно на аукцијата што ќе се одржи во вторник изнесуваат1,60%.
Каматни стапки за 3 месечни обврзници
Октомври 2015 1,25%
Ноември 2015 1,35%
Декември 2015 1,35%
Јануари 2016 1,60%
На десет годишните хартии од вредност што се нудат на аукцијата закажана за вторник, има две каматни стапки, едната е 3,70%, а другата е со 3,90%. При тоа, во сите месеци од 2015 година, кога се нудела оваа десет годишна обврзница, каматната стапка изнесувала 3,80%

http://faktor.mk/2016/02/01/novo-zadolzhuvane-vo-vtornik-se-zgolemuvaat-kamatnite-stapki-za-da-se-soberat-poveke-pari/

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Ekonomija - Page 7 Empty Re: Ekonomija

Пишување by Arhimed Пон Фед 01 2016, 19:40

trut напиша:Ако БДП растел повеќе  за време на СДСМ тогаш од каде зголемување на буџетот од околу милијарда евра во 2005 до скоро 3,5 милијарди? Кредити?
На сајтот на ДЗС не најдов целосни табели.  Овде http://finance.gov.mk/mk/node/57 - оваа табела го содржи долгот и % од БДП. Оттука може да се пресма и БДП по години:
Код:
              2002     2003     2004     2005     2006     2007     2008     2009     2010     2011     2012     2013     2014     Q4-2015
ЈАВЕН ДОЛГ   1.829,90 1.717,80 1.722,40 1.992,20 1.818,30 1.569,80 1.558,30 1.772,20 1.936,30 2.414,90 2.908,80 3.281,40 ЈД3.921,30 4.224,80
ЈД % БДП       45,7     39,2     37,6     39,6     33,2     25,8     23,0     26,2     27,2     32,0     38,3     40,3     46,0     47,0
БДП (мил. €) 4.004,16 4.382,14 4.580,85 5.030,81 5.476,81 6.084,50 6.775,22 6.764,12 7.118,75 7.546,56 7.594,78 8.142,43 8.524,57 8.988,94
БДП раст                 9,4%     4,5%     9,8%     8,9%     11,1%     11,4%    -0,2%     5,2%     6,0%     0,6%     7,2%     4,7%     5,4%
1. Растот на БДП ја зема во предвид и инфлацијата. Ако ЕЦБ одлучи да печати пари, номинално сите буџети во Европа се зголемуваат, но не и БДП.
2. Наплата во буџетот е променета после 2006, особено со зајакнување на царинските контроли. Во БДП влегува и потрошувачката од сивата економија.
3. Кредитите го помагаат финансирањето на буџетот, особено ако се планира дефицит над 12% од приходите на буџетот (или околу 4% од БДП).
Јас и претходно кажав, БДП не ги враќа долговите, туку самиот буџет.
Дали буџетот и фондовите (ФПИОМ; ФЗО) се ликвидни? Банален пример - вработените уплаќаат за приватен пензиски систем. Нивните пари преку УЈП одат на сметката на ФПИОМ кој мора да ги проследи до пензиските фондови. Арно ама ФПИОМ не ги препраќа парите (кои не се негови) до пензиските фондови - Линк - ПлусИнфо
Долгот на ПИОМ кон приватните пензиски фондови за само две недели во јануари пораснал на 440 милиони денари, информираат од Министерството за труд и социјална политика.

Од оваа институција велат дека не знаат зошто точно ПИОМ не може да ги сервисира обврските кон приватните пензиски фондови. Велат дека од ПИОМ не им ги даваат податоците околу тоа како оделе месечните исплати кон пензионерите и фондовите.
Во принцип, задолжувањата со ДХВ служат токму заради одржување на ликвидноста на буџетот.
Ако во моментот немаш пари, а имаш обврски, позајми се.
Ако хронично немаш пари, преиспитај се каде ти одат парите, или намали со трошоците.

Arhimed

Број на мислења : 82
Join date : 2015-03-22

Вратете се на почетокот Go down

Ekonomija - Page 7 Empty Re: Ekonomija

Пишување by Гостин Вто Фед 02 2016, 10:09

Земи нов да вратиш стар кредит. Живееме на кредит.

Владата денеска ќе бара нов заем од 813 илјади евра

Вкупно 813 илјади евра денеска ќе побара Владата од домашните кредитори. Планирани се аукции на тримесечни државни хартии од вредност во износ од 244 илјади евра, со каматна стапка од 1,60 отсто и на десетгодишни државни хартии од вредност во вкупен износ од 569 илјади евра, при што едната аукција е со каматна стапка од 3,70 отсто а другата со 3,90 отсто.

Висината на заемот што министертсвото за финасии ќе го побара од домашните кредитори, е идентична со сумата што достасува за враќање утре за стари долгови.

Од почетокот на годинава, владата одржа три аукции преку кои од домашните банки, пензиски друштва, фондови, осигурителни компании и други кредитори собра 32 милиони евра повеке од колку што бараше.

http://plusinfo.mk/vest/56392/vladata-deneska-kje-bara-nov-zaem-od-813-iljadi-evra

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Ekonomija - Page 7 Empty Re: Ekonomija

Пишување by трендафил Вто Фед 02 2016, 10:36

Во буџетот е предвидено мало задолжување односно буџетски дефицит, кое во Македонија е помало од предвиденото за еврозоната, на пример. Иначе дека социјалдемократските пискарала знаат повеќе за нашите задолжувања отколку економските институции се приказни за мали деца. Кај нас секое задолжување е јавно. За автопатот е гласано и во Собранието.
Кога сме кај растот на БДП, покрај податоците за нас дајте и споредбени податоци за ЕУ или некоја друга нормална земја, па ќе видите дека во исклучително тешки економски услови на светско ниво ние сме сега многу подобри од порано. Сетете се и што е направено зо првите 2 милијарди евра долг. Што беше изградено, дали имаше поголеми пензии ... Ајде ќе ве прашам и со колкава камата СДСМ ги зимаше кредитите, со напомена дека поголема камата плаќаат полошите заемобарачи. Кога порано сме имале камата пониска од 4%.
Да заклучам. Немам никакви забелешки на работата на владата на еконмски план. Забелешки имам што дозволува еден умоболен аболициран криминалец да ја држи во заложништво. На пример министер за внатрешни работи да изјавува дека не е власт туку опозиција и да ја обвинува власта за можен изборен криминал.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11146
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Ekonomija - Page 7 Empty Re: Ekonomija

Пишување by Гостин Вто Фед 02 2016, 10:40

трендафил напиша:
Да заклучам. Немам никакви забелешки на работата на владата на еконмски план.

Znaeme Trendafile deka nemash zabeleshki...Ako ne zemat kredit od kade togash tebe plata... Twisted Evil

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Ekonomija - Page 7 Empty Re: Ekonomija

Пишување by Arhimed Вто Фед 02 2016, 17:02

трендафил напиша:Кај нас секое задолжување е јавно. За автопатот е гласано и во Собранието.
... Кога порано сме имале камата пониска од 4%?
Каматата е збир на пазарна вредност и риск премиум. Засега ЕЦБ има ниски камати и сите позајмувачи плаќаат пониски камати. Но сепак во 2014 Бугарија се испазари за пониска камата од Македонија.
Инаку, за камати во Буџетот 2015 се исплатени 6,458 милијарда денари, т.е. преку 100 милиони евра. Што ако утре кредиторите побараат повисоки камати? Тоа веќе и го направија на Грција во 2010, кога наместо 5% и побараа 16%. За 2016 Буџетот предвидува задолжување во странство од речиси 400 милиони евра, и ново бруто домашно задолжување околу 300 милиони евра (или нето 150 милиони евра домашно задолжување). Ќе бидат каматите поволни?

За автопатите е јавно објавено колкави се кредитите, но сепак тие податоци не се внесени во табелите за јавен долг. Дали е тоа заради методологијата, да се внесуваат само повлечените средства?
Извини Трендафил, ама ако јавно Мин.Фин. кажува дека РМ во 2014 гарантирала позајмици во вредност од 212 мил евра и 780 мил УСД на ЈП ДП, како е можно на крајот на 2014 гарантираниот долг да е помал од 700 милиони евра? Како и да е, откако ќе помине грејс периодот на товар на РМ ќе се стави и овој кредит. Тешко дека само од патарини ќе успее ЈП ДП да го исплати од сопствени средства.
ЈП ХС Злетовица, која ја изгради браната кај Пробиштип сеуште не може со сопсвени средства да го врати јапонскиот кредит - и ова е јавно ставено во извештај на ДЗР.

Arhimed

Број на мислења : 82
Join date : 2015-03-22

Вратете се на почетокот Go down

Ekonomija - Page 7 Empty Re: Ekonomija

Пишување by Гостин Сре Фед 03 2016, 08:54

So godini samo toa znaete, ekonomijata e unistena, drzavata e prezadolzena. Ako bese taka Makedonija odamna ke propadnese. Naprotiv sega ja imame najdobrata ekonomija.

http://www.mkd.mk/makedonija/ekonomija/dimovski-makedonija-e-edna-od-najmalku-zadolzhenite-evropski-drzhavi

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Ekonomija - Page 7 Empty Re: Ekonomija

Пишување by ribar1 Сре Фед 03 2016, 15:47

Најдобро знаеш каква е економската состојба во МК кога ке прочиташ дека Димовски зборвит за економија ..

ribar1

Број на мислења : 25
Join date : 2016-02-02

Вратете се на почетокот Go down

Ekonomija - Page 7 Empty Re: Ekonomija

Пишување by Гостин Пет Фед 05 2016, 15:46

Razbira covekot pa zboruva. Od vasite pusti predviduvanja i zelbi za nekakov bankrot i grcko scenario nema nisto. Prodavate veter i magla. Zatoa kje si ostanete vo opozicija uste deset godini. Pratenik nema da dobiete na narednite izbori ako Gruevski ne vi se smiluva i ne vi popusti malku za da ne placete edinaeseti put po red. Twisted Evil

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Ekonomija - Page 7 Empty Re: Ekonomija

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 7 of 40 Previous  1 ... 6, 7, 8 ... 23 ... 40  Next

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот