Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

ЛУДАЦИТЕ од ВРО - ДПНЕ

+18
PRVOBOREC
OPOZICIONER
Delta
zozoti
Teo
трендафил
Luxor
alienmk
Dino
Nebula
Bosonoga
defo
cvetka
osa
Albatros
TRAJCHE
SHARENI
Zhane
22 posters

Страна 27 of 35 Previous  1 ... 15 ... 26, 27, 28 ... 31 ... 35  Next

Go down

ЛУДАЦИТЕ од ВРО - ДПНЕ - Page 27 Empty Re: ЛУДАЦИТЕ од ВРО - ДПНЕ

Пишување by defo Пет Фед 04 2022, 08:13

Трајко Славески се противи на минимална плата од 18.000 денари: Тоа е неоправдано и нереално
ЛУДАЦИТЕ од ВРО - ДПНЕ - Page 27 Slika_37

Без разлика, дали е вистина има или нема логика тоа шо го збори, се што доаѓа од овие луѓе треба да се земем со резерва. Зa после да рече СДСМ и Ковачески не ја поткренаа платата. Затоа нека стои овде ова шо го кажал, за да не заборавиме после макс една година шо јадел бурек:
ЛУДАЦИТЕ од ВРО - ДПНЕ - Page 27 Slika_38
defo
defo

Број на мислења : 3586
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

ЛУДАЦИТЕ од ВРО - ДПНЕ - Page 27 Empty Re: ЛУДАЦИТЕ од ВРО - ДПНЕ

Пишување by defo Пет Фед 04 2022, 15:53

Не им е срам ....кај ДПМНЕ ништо ново и понатаму поделби, кавги. Уше 200 години не заслужуваат да дојдат на валст, па макр и 100 пати полош станал СДСМ од сега. Добри се бар не држат во кондиција.










П.С Дали и овај го извиркувале вака исто, ко денес Пендаров.
ЛУДАЦИТЕ од ВРО - ДПНЕ - Page 27 Fkwdtt10
defo
defo

Број на мислења : 3586
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

ЛУДАЦИТЕ од ВРО - ДПНЕ - Page 27 Empty Re: ЛУДАЦИТЕ од ВРО - ДПНЕ

Пишување by Luxor Пет Фед 04 2022, 16:22

Факт е дека дпне оФците не можат да се помират со фактот дека нациите се општествен феномен кој се јавува во 18 и 19 век. Во тоа се исти со бугарите. Едните се антички Македонци другите се антички Траки и ред други глупости. Ниту македонците, ниту бугарите сеуште не го надминале национал романтизмот. А веќе е 21 век.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ЛУДАЦИТЕ од ВРО - ДПНЕ - Page 27 Empty Re: ЛУДАЦИТЕ од ВРО - ДПНЕ

Пишување by трендафил Пет Фед 04 2022, 17:05

Не се работи за национален романтизам туку за човекови права. Ниту еден народ не прифаќа насилно да му се менува идемтитетот. Тука за жал секогаш владеело правото на посилниот. Продавањето муда за бубрези е евроатлантски модел на однесување. Така Тајван може да биде надвор од Кина, а Крим не. Изгледа дека наскоро тоа ќе биде минато време, бидејќи Русија и Кина изгледа не се сметаат за послаби, а очигледно така ги смета и НАТО, па затоа лае надевајќо се дека ќе ги исплаши. Работата е дали Македонија може да ја искористи новонастанатата ситуација затоа што и Кина и Русија го прифаќаат нашето право на самоопределување. До сега беа воено послаби, па не можеа да ни помогнат ниту на себе, а не на нас. НАТО инсталира оружје (оифанзивно) на границите на Русија, а се буни кога Русија поставува војници на граниџа со земја што не е членка на НАТО. Кај што во иднина НАТО сака да постави свои ракети.
Комитите, навивачи на второлигашки фудбалски клуб, имаат повеќе членови отколку што во Македонија има луѓе што се изјаснуваат како Бугари (за дел постои сомнеж дека се платени за тоа), па сепак Бугарите пред нив положоја цвеќе на гробот на Делчев.

Северномакедонци не постојат.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

ЛУДАЦИТЕ од ВРО - ДПНЕ - Page 27 Empty Re: ЛУДАЦИТЕ од ВРО - ДПНЕ

Пишување by PRVOBOREC Саб Фед 12 2022, 19:48

Небањатите лажливци и изгубениот компас.

ЛУДАЦИТЕ од ВРО - ДПНЕ - Page 27 Fln_8010ЛУДАЦИТЕ од ВРО - ДПНЕ - Page 27 Fln_8011

_________________
ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ БИЛ СОЦИЈАЛДЕМОКРАТ
А НЕ НЕБАЊАТ
PRVOBOREC
PRVOBOREC

Број на мислења : 2487
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

ЛУДАЦИТЕ од ВРО - ДПНЕ - Page 27 Empty Re: ЛУДАЦИТЕ од ВРО - ДПНЕ

Пишување by трендафил Саб Фед 12 2022, 21:18

Минималната плата за која СДСМ се фатил како слеп за стап (или подобро кажано како давеник за сламка) лично не ме засега, но никогаш нема да гласам за партија во време на чие владеење бројот на вработени со минималец се зголемил на 25%. Не знам дека било каде во светот една четвртина од вработените е тплку ниско рангиран при вработувањето.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

ЛУДАЦИТЕ од ВРО - ДПНЕ - Page 27 Empty Re: ЛУДАЦИТЕ од ВРО - ДПНЕ

Пишување by defo Пон Фед 14 2022, 17:04

Им честитам, срам и арам да им е. Без разлика на се, ова е грев што го прават, апсолутно немало потреба од ова трубетање на овај ден.



П.С Трендо си знајш, да не се повторувам, пред да почнеш да ги браниш, сети се на еден муабет, шо реков дека нема да го повторам.

_________________
Jас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - изроди како македонскиот
defo
defo

Број на мислења : 3586
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

ЛУДАЦИТЕ од ВРО - ДПНЕ - Page 27 Empty Re: ЛУДАЦИТЕ од ВРО - ДПНЕ

Пишување by трендафил Пон Фед 14 2022, 21:32

Кај православните црквата е национална. Сети се само што се за нас македонските Македонци имаат кажано владиците од северна Грција. Ме изненади тоа што никој од граѓаните не негодуваше на говорот на владиката, а имаше негодување на изјавата од лидерот на ЛДП и министер за локална самоуправа. Ме изненадува и зошто премиерот и лидер на СДСМ и (или) претседателот Пендаровски иззбегнаа на денешниот ден да се појават во Кавадарци, најголемиот лозарски дел од Македонија. Ова е само уште еден знак каква поделба направи Заев во Македонија. За жал во следните месеци јазот ќе се продлабочува. Ако тоа потрае, според ДУИ и некои други партии до крајот на мандатот на овој пратенички состав, не верувам дека разврската ќе биде мирна. Господ нека ни е на помош,
Инаку никој не го испратил дедо Агатангел во Кавадарци. Градот е на територија под негова црковна управа.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

ЛУДАЦИТЕ од ВРО - ДПНЕ - Page 27 Empty Re: ЛУДАЦИТЕ од ВРО - ДПНЕ

Пишување by Nebula Вто Фед 15 2022, 07:51

Crkvata vo Makedonija e mafijasko zdruzenie pod zastita na politicarite. Nema kaj ne se vmesani a posebno im godi bratskoto druzenje so gradeznata mafija.

Nebula

Број на мислења : 952
Join date : 2018-08-04

defo likes this post

Вратете се на почетокот Go down

ЛУДАЦИТЕ од ВРО - ДПНЕ - Page 27 Empty Re: ЛУДАЦИТЕ од ВРО - ДПНЕ

Пишување by трендафил Вто Фед 15 2022, 08:23

Агатангел е патриот што го боли кога некој ја витка, да не кажам се обидува да ја крши кичмата на македонскиот народ. Кажаното е против кршењето на човековите на Македонците, кое за прв пат по ослободувањето од фашистичката окупација една влада го прави и во земјата. Не може поради членствио во НАТО и неизвесно членство во ЕУ да се трансформираме во друг народ. Не можам да им верувам на луѓе што убиваа Македонци во 2001 година за своите „права“, сега ги поништуваат човековите права во Грција и Бугарија во соработка со луѓе што се претставуваат како Македонци. Која будалаштина е да се бараат права за Бугарите во Македонија, а не и за Македонците во Бугарија. Патем како тоа не бараат запишување во нашиот Устав Бугарите од Македонија (никаде до ниту еден државен орган не е предадено такво барање) туку тоа го бара странска непријателска држава.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

ЛУДАЦИТЕ од ВРО - ДПНЕ - Page 27 Empty Re: ЛУДАЦИТЕ од ВРО - ДПНЕ

Пишување by defo Вто Фед 15 2022, 08:34

трендафил напиша:Агатангел е патриот што го боли кога некој ја витка, да не кажам се обидува да ја крши кичмата на македонскиот народ.
А шо не го заболи кога се вози низ било кој град низ државава, кога ги гледа децана по семафори како просат, кога се мачиме како грешни „ѓаоли“ од први до први со платата да преживееме. Како не го болеше кога ќерката на Велија го изгуби во притвор детето, а тоа како не го болеше? И друго бе кој рук е Мицко во државава, шо глуми премиер во сенка? Тој е во моментов побитен од било кој министер? Не ме зезај?!?
defo
defo

Број на мислења : 3586
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

ЛУДАЦИТЕ од ВРО - ДПНЕ - Page 27 Empty Re: ЛУДАЦИТЕ од ВРО - ДПНЕ

Пишување by трендафил Вто Фед 15 2022, 19:00

Гледај ги уште еднаш видеата, па ќе слушнеш дека ниту еден од насобраните граѓани не протестира, напротив има поддршка кога зборува владиката Агатангел, а од малкуте луѓе околу министерот Милевски се слушаат само протести. Црквата има отворено повеќе народни кујни за сиромашните. Невладината мафија на Џорџ Сорос освен стотиците милиони евра што ги инвестира во инсталирање на антимакедонска власт ниту една. И просјаците се злоупотребени од мафијата (пред се на Ромите) кои носат неколку десетици илјади гласови на СДСМ. Децата на Амди Бајрам на кои струјата за копање биткоини им ја плаќаа дуќанџиите од ГТЦ и други. Имавме (а веројатно и сега раководи од позадина) еден политичар црпнат од нива, па немаше вакви реакции. Сега еден човек се моли на Господ да ја зачува Македонија, па треба да му забраниме да се моли. И јас мислам и тоа повеќе пати сум го напишал дека во моментов ВМРО со Мицкоски е единствената шанса брзо да запре распродавањето на Македонија. Сигурно е дека повеќе такви луѓе има и во ВМРО и во СДСМ и другите партии но во моментов се непознати и немаат за жал реални шанси да победат на избори. Сум пишувал и порано дека најефтино би било сега веднаш да дојде на чело на СДСМ и да стане премиер некој патриот, а не предавник. Не човек што мисли да ги руши спомениците на античките Македонци сега, а веројатно во иднина и спомениците од НОБ и на нивно место да го постави ваљда споменикот на цар Борис кој бил администратор во тоа време.
Изгледа дека не ти е јасно дека Заев успеа да го разедини македонскиот народ и дека мнозинството Македонци се помалку ќе го трпи кршењето на сопствените човекови права од страна на божем власта на слободна Македонија.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

ЛУДАЦИТЕ од ВРО - ДПНЕ - Page 27 Empty Re: ЛУДАЦИТЕ од ВРО - ДПНЕ

Пишување by PRVOBOREC Сре Фед 16 2022, 08:00

Ајдееееее небањатите против Синодот на МПЦ ОА.

https://www.24.mk/details/mpc-oa-se-ogradi-od-politichkiot-govor-na-vladikata-agatangel

_________________
ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ БИЛ СОЦИЈАЛДЕМОКРАТ
А НЕ НЕБАЊАТ
PRVOBOREC
PRVOBOREC

Број на мислења : 2487
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

ЛУДАЦИТЕ од ВРО - ДПНЕ - Page 27 Empty Re: ЛУДАЦИТЕ од ВРО - ДПНЕ

Пишување by defo Сре Фед 16 2022, 08:24

Џабе им објаснуваш, секуларноста кај нас е непознат термин. Дури кај ИВЗ е полошо ДУИ таму дирекно и безрамно се меша. Така да незнам шо да кажам. А имам Мицко мене ми е битен колку она од сабајле шо го пуштив низ шоља.

_________________
Jас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - изроди како македонскиот
defo
defo

Број на мислења : 3586
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

ЛУДАЦИТЕ од ВРО - ДПНЕ - Page 27 Empty Re: ЛУДАЦИТЕ од ВРО - ДПНЕ

Пишување by трендафил Сре Фед 16 2022, 20:06

Нешто не се сеќавам дека некој на форумов пишуваше за владиците кога Иларион ја поддржуваше Шарената револуција, кога владиката Наум (духовник на Зоран Заев) го поддржуваше Преспанскиот договор или најново пред ова кога еден поранешен Македонец, сега Бугарин изјави дека неговиот духовник епископот и игумен на Бигорскиот манастир Партениј го освестил и го вратил јон неговите бугарски корени. Што би рекле дека игуменот врши бугарска пропаганда.
Сепак не е наше да им судиме на црковните великодостојници. Врховен судија и за нив и за сите други е Господ.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

ЛУДАЦИТЕ од ВРО - ДПНЕ - Page 27 Empty Re: ЛУДАЦИТЕ од ВРО - ДПНЕ

Пишување by Luxor Сре Фед 16 2022, 22:00

трендафил напиша: кога еден поранешен Македонец, сега Бугарин изјави дека неговиот духовник епископот и игумен на Бигорскиот манастир Партениј го освестил и го вратил јон неговите бугарски корени. Што би рекле дека игуменот врши бугарска пропаганда.


Тврдиш дека после кметицата и Жмицко се освестил и се вратил на бугарски корени?

ЛУДАЦИТЕ од ВРО - ДПНЕ - Page 27 Img_2597
ЛУДАЦИТЕ од ВРО - ДПНЕ - Page 27 17591810
ЛУДАЦИТЕ од ВРО - ДПНЕ - Page 27 17560310

Luxor
Luxor

Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02

osa and defo like this post

Вратете се на почетокот Go down

ЛУДАЦИТЕ од ВРО - ДПНЕ - Page 27 Empty Re: ЛУДАЦИТЕ од ВРО - ДПНЕ

Пишување by defo Чет Фед 17 2022, 08:23

Тонч.

_________________
Jас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - изроди како македонскиот
defo
defo

Број на мислења : 3586
Join date : 2015-01-13

osa likes this post

Вратете се на почетокот Go down

ЛУДАЦИТЕ од ВРО - ДПНЕ - Page 27 Empty Re: ЛУДАЦИТЕ од ВРО - ДПНЕ

Пишување by osa Чет Фед 17 2022, 09:40

ovie osven lopovluk ,nishto drugo neznaat ...za niv TONCH e mislovna imenka ..

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16597
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ЛУДАЦИТЕ од ВРО - ДПНЕ - Page 27 Empty Re: ЛУДАЦИТЕ од ВРО - ДПНЕ

Пишување by трендафил Чет Фед 17 2022, 18:48

Средбата на Мицкоски со епископот Патрениј е во април минатата година, кога немаше јавна изјава на која не реагира никој, па ни самиот игумен на Бигорскиот манастир, дека „освестил“ еден Македонец и го убедил дека е Бугарин. Во секој случај не можеме да се откажеме од Бигорскиот манастир, а црквата треба да направи што може согласно црковните правила да го упати епископот да ги гледа црковните работи или да чека Божја пресуда.
За разлика од Партениј, Агатангел одговори на нападите од Македонците различни од мнозинството Македонци.

https://www.facebook.com/povardarskaeparhija

Животот се состои од радост и тага, од задоволства и разочарувања, од победи и падови. Тој е круг од овие случувања кои неизбежно ќе ги почувствува секој еден човек. Наша лична одговорност е како ќе се однесуваме при овие случувања. Дали ќе натежне кај нас достоинственото и Богољубиво расположение на душата или пак ќе одговориме со мрачниот и злорадосен сегмент на нашето битие.
Без разлика какви се околностите при тие животни предизвици, нашата лична одговорност е неизбежна. Многу е важно како ние ќе се понесеме во тие моменти. Убаво е преку овие животни прилики да се обидеме да развиеме некоја душевна доблест како на пример, да се радуваме во радоста на нашиот ближен, да сочувствуваме во неговата болка, да се обидеме да му помогнеме во неговата неволја, а преку тоа да се стекнеме со дарот на љубовта, радоста, милоста и смирението. Но, неретко, нашата душа негува и гнев, негува и злорадост, и омраза и лоши помисли, а каде води сето ова? Не води кон пропаст на нашата душа, раздразливост на нашето однесување, одземање на нашиот мир, како и кон помрачување на нашиот ум.
Деновиве сме сведоци на една таква животна прилика, која успеa да разбуди многу од овие душевни чувства кај нашиот македонски народ. Некои ја толкуваа оваа ситуација полни со гнев, огорченост, омраза, други пак со поддршка, разбирање и сочувство.
Малку подолг период оставив простор без свои јавни реакции на актуелните политички случувања, имајќи надеж дека сепак македонскиот народ јасно ќе ги види замките во кои западна благодарејќи на однесувањето на оваа крајно однародена власт, која насилно и необјасниво протурка смена на името и отвори „добрососедски дебати“ со Бугарија за ревизија на нашата историја, со што го стави македонскиот народ во подредена позиција во однос на други и предизвика многу антидржавни чувства, а со тоа длабоко ги пречекори своите овластувања како извршна власт.
Како епископ на Македонската православна црква, секојдневно имам контакти со наши браќа и сестри кои имаат различни идеолошки и политички убедувања, и кои при нашите разговори неретко ја изразуваат својата загриженост и разочараност од потезите на оваа власт, која дефинитивно не го слуша пулсот на народот и неговите потреби, а најмалку ја гледа и ја чувствува неговата болка која несразмерно порасна изминативе неколку години.
Тој народ, македонскиот, е Црквата Македонска. Тој народ е душата на Црквата наша. Тој народ е народот за кои ние, како свештенослужители, ги принесуваме нашите молитви кон Севишниот Бог, народ за кој просиме благосостојба, здравје, среќа и напредок. Тој е оној ист народ, кој власта го запостави, му ги зголеми егзистенционалните маки, но згора на се, му ја допре и му ја повреди душата.
Мене ми е должност да се грижам за нашиот верен народ и да го заштитувам. Тој е сега ранлив и му треба утеха. Црквата е утеха. Црквата е закрила. Црквата е надеж.
И оние кои ме поддржаа овие денови, но и оние кои се изнафрлаа „дрва и камења“ по мене, длабоко во својата душа знаат дека не чинат работите. Дека нашата Македонија не оди во добар правец. Знаат сите, драги мои. И од ова повеќе нема бегање. Прашање е само дали ќе развиеме доблести како народ да ја искористиме оваа крајно лоша ситуација во наша полза или дополнително ќе му дадеме простор на раздорот, неслогата и гневот и понатаму да го расекуваат и раскрвавуваат живото македонско ткиво.
Би се заблагодарил и би ги благословил сите Македонци во оваа прилика, онака како што правам секој ден во моите молитви. За мене секој еден од нас е Македонец, без разлика на се, и го љубам како роден брат. Тоа е моето силно чувство, кое никогаш нема да згасне.
Митрополит Повардарски
г. Агатангел

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

ЛУДАЦИТЕ од ВРО - ДПНЕ - Page 27 Empty Re: ЛУДАЦИТЕ од ВРО - ДПНЕ

Пишување by Nebula Чет Фед 17 2022, 21:55

"Во секој случај не можеме да се откажеме од Бигорскиот манастир, а црквата треба да направи што може согласно црковните правила да го упати епископот да ги гледа црковните работи или да чека Божја пресуда.
За разлика од Партениј, Агатангел одговори на нападите од Македонците различни од мнозинството Македонци."

Tolku e blesavo sto po blesavo ne moze da bide. Spored partiskiot bot Svetiot Sinod treba da go upatuva Partenij, a koga istiot toj Sinod se ograduva od politikantstvoto na Agatangel toa  botot ne go percepira i tvrdi deka Agatangel samo odgovoril na napadi koi vsusnost bea reakcija na javnosta zaradi nepocituvanjeto na sekularniot karakter na drzavata od strana na politikantot koj kako merka protiv koronata gi prskase ulicite so sveta voda. Posebno blesavo e sto botot tvrdi deka negovata partija e mnozinstvoto Makedonci razlicni od drugite Makedonci. So ogled deka partijata na koja i pripaga botot na poslednite izbori na sovetnickite listi osvoi okolu 300 iljadi glasovi, spored botovskata matematika makedoncite site zaedno
se pomalku od polovina milion.

Nebula

Број на мислења : 952
Join date : 2018-08-04

Вратете се на почетокот Go down

ЛУДАЦИТЕ од ВРО - ДПНЕ - Page 27 Empty Re: ЛУДАЦИТЕ од ВРО - ДПНЕ

Пишување by Albatros Пет Фед 18 2022, 07:44

Za vmrovskite botovi partijata e drzavata a clenstvoto narodot.

Albatros

Број на мислења : 851
Join date : 2018-08-08

defo likes this post

Вратете се на почетокот Go down

ЛУДАЦИТЕ од ВРО - ДПНЕ - Page 27 Empty Re: ЛУДАЦИТЕ од ВРО - ДПНЕ

Пишување by трендафил Пет Фед 18 2022, 22:08

Не очекувам од СДСМовски ботови да признаат дека јавноста му даде поголема поддршка на владиката отколку на министерот. Претпоставувам дека не сте ги следеле социјалните мрежи туку презентирање на настанот од партиски ботови по партиски портали и групи.
Фалеше само да го пренесете мислењето на СДСМ дека Мицкоски треба да си даде оставка затоа што неговата партија победи на локалните избори и со тоа го принуди Заев да си даде оставка.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

ЛУДАЦИТЕ од ВРО - ДПНЕ - Page 27 Empty Re: ЛУДАЦИТЕ од ВРО - ДПНЕ

Пишување by TRAJCHE Пет Фед 25 2022, 15:38

Kmeticata ja gazat so argumenti site relevantni faktori javno. Ovaa nema ni sram ni obraz samo kako papagal povtoruva partiski stavovi na dpmne nauceni na pamet i ja pokazuva svojata nekultura tipicna za dpmneovcite.

Претседателката на Собранието на Асоцијација на архитекти на Македонија Искра Јанковска-Михајловска по изјавата на Арсовска дека Асоцијацијата е партизирана кажа дека вчерашното соопштение во кое се осуди изјавата на градоначалничката е потпишано од сите членови на Асоцијацијата кои размислуваат со свои глави. Арсовска не дозволуваше Михајловска-Јанковска да даде став во името на Асоцијацијата велејќи дека тоа треба да го направи Ралев и ја праша кој ги викнал на оваа средба.

„Ви благодарам што нѐ навредивте цела Асоцијација на архитекти. Тоа што вие го викате дека е памфлет го пишуваше Управниот одбор на Асоцијацијата, каде сите сме еднакви меѓу еднаквите. Тоа не е памфлет туку наша реакција да се почитува струката. Сè повеќе гледаме дека политичарите се расфрлаат со изјави како сега објектот е небезбеден. Кога некој ќе каже дека нешто е небезбедно треба да излезе со факти. Ние како архитекти при реконструкции секогаш се соочуваме со измени во градби. И за тоа постојат процедури. Да ги плашите луѓето дека е небезбеден е крајно некоректно, објектот е во градба не може да се каже дека е небезбеден. Да не влегуваме во политиканство туку ние дојдовме да збориме за струката“, рече Јанковска-Михајловска.

Потоа, проектантот на Универзална сала Бујар Муча кажа дека измени во градба се прават постојано и дека новиот проект е направен и дека записниците кои ги чита градоначалничката се сосема нормална процедура при една градежна активност.

„Нов проект имате и не е точно дека не е безбеден. Секогаш кога се прават реконструкции излегуваат непредвидени работи, тоа е нормално при секоја ваква градба. Сето тоа произлезе да го повикаме ЗИМ како институција која се занимава со испитување на материјали, тоа го напрвија најдобрите проектанти за челични конструкции, го препроектиравте тоа и пак добивме позитивно мислење на измени во тек на градба од ИЗИИС. Град Скопје има сè испратено, институции порелеванти од нас ни дадоа позитивни извештаи. Повеќе од ова срам ми е да говорам, затоа измените се направени госпоѓо Арсовска, и проектот е безбеден и тој проект го имате“, рече Бујар Муча, кој исто така беше постојано прекинуван од Арсовска.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/gradonachalnichkata-arsovska-se-iskara-so-asotsijatsijata-na-arhitekti-proektantite-na-univerzalna-sala-i-ministerkata-za-kultura/
TRAJCHE
TRAJCHE

Број на мислења : 687
Join date : 2016-11-20

Вратете се на почетокот Go down

ЛУДАЦИТЕ од ВРО - ДПНЕ - Page 27 Empty Re: ЛУДАЦИТЕ од ВРО - ДПНЕ

Пишување by TRAJCHE Пет Фед 25 2022, 15:41

A eve sto tocno ja boli kmeticata. Da se napravi nov proekt od nekoj partiski kadar na dpmne za da i se ovozmozi kradenje od sredstvata za rekonstrukcija za nea i partiskata kasa na dpmne.

Арсовска, која постојано ја прекинуваше Јанковска, рече дека изјавите ѝ се паушални и постојано повторуваше дека проектот не бил добар и затоа морало да се прави нов проект.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/gradonachalnichkata-arsovska-se-iskara-so-asotsijatsijata-na-arhitekti-proektantite-na-univerzalna-sala-i-ministerkata-za-kultura/
TRAJCHE
TRAJCHE

Број на мислења : 687
Join date : 2016-11-20

Вратете се на почетокот Go down

ЛУДАЦИТЕ од ВРО - ДПНЕ - Page 27 Empty Re: ЛУДАЦИТЕ од ВРО - ДПНЕ

Пишување by трендафил Пет Фед 25 2022, 18:34

Колку што ми е познато се зборува за грешка во статиката и (или) динамиката на објектот. Визуелно треба да изгледа исто како што си беше. А архитектите даваат визуелно решение. Практично треба да се одреди дали може да се изврши санација на дел од ново изградениот дел на Универзална или треба да се сруши и да се гради од ново. Кога архитект зборува за сигурноста на објектот е исто како програмер да се прави стручен за далеководи.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

ЛУДАЦИТЕ од ВРО - ДПНЕ - Page 27 Empty Re: ЛУДАЦИТЕ од ВРО - ДПНЕ

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 27 of 35 Previous  1 ... 15 ... 26, 27, 28 ... 31 ... 35  Next

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот