Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Фашизмот кај СДСМ и ДУИ

Go down

Фашизмот кај СДСМ и ДУИ Empty Фашизмот кај СДСМ и ДУИ

Пишување by трендафил on Саб Aвг 29, 2020 11:30 pm

По безобразното преименување на темата за левицата и фашизмот со што истата се претвори во тема наменета за партија со само 2 пратеника што за мене е неинтересно, принуден сум да отворам нова тема за фашизмот кај СДСМ и ДУИ. Повод е најавата на мандаторот дека владата ќе ги наградува приватните работодавачи ако наместо етнички Македонец вработат припадник на малцинство, без разлика кој колкави способности има. Наградата е половина од доприносите кои во тој случај од мои пари и парите на другите даночни обврзници би се исплаќале на тој што ќе ги дискриминира Македонците. Целта е веројатно етничко чистење, односно принудување на Македонците да се иселат во странство. Изгледа дека актуелната влада ги смета етничките Албанци за виша раса која треба да биде привилегирана. Не ми е познато дека во Македонија постои евиденција за етничката припадност на вработените во приватните фирми, што е нормално, па не знам врз основа на што се тврди дека постои неправедност при вработувањето што наводно треба да се исправи со субвенциите за привилегирање на вработување немакедонци. При тоа никој не споменува неправедност на полнењето на буџетот кој според некои показатели Македонците го полнат повеќе отколку што изнесува нашата процентуална застапеност во државата. Не постои држава во светот што има воведено ваква мерка.

_________________
Негација на негативното
Не е срамно ако умреме до еден, но голем срам е ако останеме без името
Слобода или смрт

трендафил

Број на мислења : 6669
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Фашизмот кај СДСМ и ДУИ Empty Re: Фашизмот кај СДСМ и ДУИ

Пишување by трендафил on Пон Aвг 31, 2020 4:40 pm

Ме изненадува молчењето во однос на едно значајно прашање усмерено против сите Македонци. И тие со целосна историја од века и тие што сметаат дека цар Самоил е Бугарин и чекаат Заев да се договори со Бугарите дали кога се родиле биле Бугари, па после Тито или Груевски (зависно од возраста, ги натерале да станат Македонци. И вашите пари ќе се трошат за да не бидете примени на работа вие или утре вашите деца, а на некој начин се стимулира газдите да измислат некој прекршок да отпуштат Македонец и на негово место да вработат Албанец пред се. Не верувам ниту дека судството и овакво какво што е, а уште помалку ако биде реформирано од актуелната власт ќе ги заштити правата на неправедно отпуштените Македонци.
Во секој случај и ова и вицепремиерот кој мора да биде од определена етничка заедница (Албанец) за мене се фашистички мерки што ги потиснуваат индивидуалните човекови права во полза на племињата по етничка и партиска определба.

_________________
Негација на негативното
Не е срамно ако умреме до еден, но голем срам е ако останеме без името
Слобода или смрт

трендафил

Број на мислења : 6669
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Фашизмот кај СДСМ и ДУИ Empty Re: Фашизмот кај СДСМ и ДУИ

Пишување by luxor on Пон Aвг 31, 2020 5:11 pm

Ете гледаш како знаеш да си отвориш тема што се совпаѓа со твоите интереси и да ги изнесуваш своите ставови во неа.
luxor
luxor

Број на мислења : 5581
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

Фашизмот кај СДСМ и ДУИ Empty Re: Фашизмот кај СДСМ и ДУИ

Пишување by luxor on Пон Aвг 31, 2020 5:16 pm

Инаку дпне воопшто не се фашисти. Само терористи, убијци и криминалци.

Фашизмот кај СДСМ и ДУИ Egwho810
luxor
luxor

Број на мислења : 5581
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

Фашизмот кај СДСМ и ДУИ Empty Re: Фашизмот кај СДСМ и ДУИ

Пишување by Nebula on Пон Aвг 31, 2020 6:02 pm

Neosnovano i neodgovorno e tvrdenjeto deka promoviranata merka za vrabotuvanje na malcinstvata e fasisticka. Populisticka e sekako i e obid da se zacuva dostoinstvoto na Ziberi koe toj sam si go pogazi vetuvajki ramkovno vrabotuvanje vo privatnite firmi. Voedno toa e propadnata odnapred merka zatoa sto benefitot koj im se nudi na rabotodavacite e pomal od zagubata sto ke se pojavi kaj sekogo koj obucenite i visoko profesionalni kadri ke gi zameni so neprovereni i nekvalitetni. Ottamu, nitu kvalifikacijata fasizam e tocna, nitu pak populizmot ke donese bilo kakva promena na pazarot na trud. Voedno so ova otpaga i tvrdenjeto deka so toa se prinuduvaat makedoncite da se iselat i so toa se pravi nekakov genocid. Iseluvanjeto nikogas ne bilo povrzano so nemanjeto rabota tuku so parametri koi vrska nemaat so toa. Najgolemiot del od isrlenite se strucni kadri cij pridones ne bil dovolno vrednuvan ili lica koi pretpocitaat da ziveat vo stabilni drzavi kade partiski poltroni bez nikakvi kvaliteti nema da bidat vrednuvani nad niv. Pokraj se ova strucnite kadri od malcinstvata isto taka ne zaostanuvaat zad makedoncite vo iseluvanjeto so sto po vtor pat se potvrduva deka ne moze da stane zbir za nikakov genocid ili fasizam.

Nebula

Број на мислења : 632
Join date : 2018-08-04

Вратете се на почетокот Go down

Фашизмот кај СДСМ и ДУИ Empty Re: Фашизмот кај СДСМ и ДУИ

Пишување by трендафил on Пон Aвг 31, 2020 9:49 pm

Зошто некој странец би изградил фабрика во Берово, на пример, кај што нема Албанци, па со самото тоа и можност половина од доприносите за вработените да му ги плаќам јас и другите даночни обврзници, а тој да има зголемен профит, а да не ја изгради во Липково, на пример. По мене секоја шиовинистичка мерка кај што се форсира една етничка заедница на сметка на другите е фашистичка. Повторно прашувам во која земја има такво нешто. Дали владата на Заев е единствената нормална во светската историја или и фали нешто. За прв пат имаме и влада составена само од Македонци и Албанци, без Роми, Турци, Власи, Срби и други. Такво нешто немало од АСНОМ до Заев.
Треба ли да очекуваме дека автобус не че смее да вози додека во него не се качи барем еден Албанец или нешто слично демократско според СДСМ и ДУИ.
Дали би се сметало за нормално ако работодавачите бидат наградени од државата ако не вработат Албанец туку Македонец или некој од друга етничка заедница. Секој дополнителен услов (во случајов етничка припадност како услов за вработување за мене е ненормално нешто, што ги крши човековите права на некого. Исто како што беше лудачка работа пред која за жал потклекнавме, за членство во НАТО и ЕУ да се бара промена на името на државата и покрај неуспешниот референдум и кастрирање на македонската историја и идентитет, но тоа веќе е тема за евроатлантскиот фашизам.

_________________
Негација на негативното
Не е срамно ако умреме до еден, но голем срам е ако останеме без името
Слобода или смрт

трендафил

Број на мислења : 6669
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Фашизмот кај СДСМ и ДУИ Empty Re: Фашизмот кај СДСМ и ДУИ

Пишување by Nebula on Пон Aвг 31, 2020 10:43 pm

Toa e botovsko repetiranje na neizdrzani argumenti. Nikomu ti nema da mu plakas nisto zatoa sto sekoj biznismen koj bi go prifatil ovoj oblik na vrabotuvanje ke bide vo zaguba. Posebno nema toa da go napravat uspesni stranski biznismeni na koi prioritet im e produktivnosta a taa doaga od kvalitetot, obrazovanieto i odgovornosta kon rabotnite pozicii na kadarot. Spored site parametri ova ke bide uste edna neuspesna populisticka merka. Zaludno e repetiranjeto na tvrdenjata deka se raboti za bilo sto drugo osven populizam, a dopolnitelna nevistina e deka taa merka ke se odnesuva samo na albancite posebno zatoa sto vo Makedonija ziveat i drugi nacionalni malcinstva osven ako merkata nameneta za site ne se koristi kako povod za sirenje omraza kon edno malcinstvo. Pricinata za merkata ja objasniv, analizata na rezultatite isto taka. Se drugo bi bilo blesavo nadmudruvanje a jas nemam namera da se spustam na nivo na partiski bot. Za mene ovaa diskusija vo koja nema protiv argumenti na moite izdrzani analizi tuku ssmo blesavi partiski teorii na zagovor e zavrsena.

Nebula

Број на мислења : 632
Join date : 2018-08-04

Вратете се на почетокот Go down

Фашизмот кај СДСМ и ДУИ Empty Re: Фашизмот кај СДСМ и ДУИ

Пишување by трендафил on Вто Сеп 01, 2020 3:15 pm

Nebula напиша:Toa e botovsko repetiranje na neizdrzani argumenti. Nikomu ti nema da mu plakas nisto zatoa sto sekoj biznismen koj bi go prifatil ovoj oblik na vrabotuvanje ke bide vo zaguba. Posebno nema toa da go napravat uspesni stranski biznismeni na koi prioritet im e produktivnosta a taa doaga od kvalitetot, obrazovanieto i odgovornosta kon rabotnite pozicii na kadarot. Spored site parametri ova ke bide uste edna neuspesna populisticka merka. Zaludno e repetiranjeto na tvrdenjata deka se raboti za bilo sto drugo osven populizam, a dopolnitelna nevistina e deka taa merka ke se odnesuva samo na albancite posebno zatoa sto vo Makedonija ziveat i drugi nacionalni malcinstva osven ako merkata nameneta za site ne se koristi kako povod za sirenje omraza kon edno malcinstvo. Pricinata za merkata ja objasniv, analizata na rezultatite isto taka. Se drugo bi bilo blesavo nadmudruvanje a jas nemam namera da se spustam na nivo na partiski bot.  Za mene ovaa diskusija vo koja nema protiv argumenti na moite izdrzani analizi tuku ssmo blesavi partiski teorii na zagovor e zavrsena.
Треба ли да разберам дека сметаш дека Албанците работат неквалитетно, необразовани се и неодговорни кон работата!? Ако така мислиш и тоа е мислење блиску до фашистичкото, а далеку од демократското. Илио сакаш да кажеш дека власта сака да воведе глупави мерки. Ако гледаме што се случува со државните вработувања кај што плата финансирано од мене и другите даночни обврзници плата примаат и тие што седат дома или работат во странство. Само затоа што не се Македонци туку Албанци.
Што се однесува до тврдењето дека некоја Марија Мишкова со бомба сака да ја отепа цела влада, и Заев со бомби ги отепа Груевски и останатите Македонци од неговата влада. Тие од ДУИ си останаа. Па никој поради тоа не го прогласи за фашист, ниту на форумов, ниту на друго место.

_________________
Негација на негативното
Не е срамно ако умреме до еден, но голем срам е ако останеме без името
Слобода или смрт

трендафил

Број на мислења : 6669
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Фашизмот кај СДСМ и ДУИ Empty Re: Фашизмот кај СДСМ и ДУИ

Пишување by трендафил on Сре Сеп 02, 2020 9:28 pm

Северна: проект на европскиот фашизам (1)

Сум пишувал често за европскиот или, во современа варијанта, евроамерикански фашизам. Знаеш, драг читателу. Особено по повод западниот идентитетски геноцид врз Македонците во Преспа 2018. Тоа е важна перманентна тема за нас, оти ако ја баталиме неа, тоа е срам и грев. Тоа би значело дека сме се помириле со смртта во која нè фрлиле.
Сега, пак, на поширок план темата на западниот фашизам ја актуализира и годинашниов јубилеј 75 години од американските атомски бомби фрлени врз Хирошима и Нагасаки во август 1945 година. Чин со кој на местото на поразениот Хитлеров, германски, на светската сцена се искачи американскиот фашизам. Хари Труман, чија ментална структура со тој варварски чин не се многу разликува од таа на германскиот фирер, се гордееше со тоа и во психата на Американците го всади силното чувство за светскиот супрематизам на нивната нација, на која ѝ е дозволено сè. Ѝ е дозволено и понатаму да го третира светот како Хирошима и Нагасаки, како длабока држава што стигнува насекаде со раката на смртта за свој материјален или каков било друг вид бенефиција: од Блискиот Исток, кој го спепели до Авганистан, и од Авганистан до Украина, Србија, Македонија…

Црниот Нобелов „миротворец“, црната дамка на прекрасната црна раса, која јас ја обожавам, драг читателу, Барак Обама што уби стотици илјади цивили низ светот, како американски претседател дојде на местото на злосторството, ја посети Хирошима, но не им се извини за него на Јапонците, како што го направи тоа во Аушвиц Вили Брант кон Евреите. Колку да се знае дека Империјата не се извинува, оти злосторството е, како и што се покажа во практиката, нормална агенда на нејзината политика. Но, и покрај тоа, најголемиот парадокс, вие морате да бидете нејзин пријател, каков што е случајот и со нас Македонците, кои знаеме дека Вашингтон е главниот промотор за Преспанскиот, а потоа и на бугарскиот договор и тиранската платформа, трите чекани за наше дробење и идентитетско уништување.
Тоа е вистината, драг читателу, по овој нужен вовед, за новиот фашизам на Западот по Хитлер, кој, како што вели генералот Камингс од романот на Норман Мајлер „Голи и мртви“, е повитален од оној на Германците, кои според него, за разлика од Американците, не се доволно способни и витални за таа уметност. Ние Македонците, наивни, мислевме дека бранот на тој неофашизам нема да нè допре со фактот дека сме во Европа, божем лулката на модерната демократија во светот. Ама не нè одмина тој црн ветер. Сум пишувал доволно за тоа, ама тоа е перпетуум мобиле, мôра за нас. Варијација на иста тема. Оти ако некој од Македонците, а има доста такви изроди, не ја чувствува како јанѕа на своето колективно битие неа, тој и не ѝ припаѓа на сортата на nomo sapiens што е омозган и опремен со ’рбет и емоции, туку ѝ припаѓа на некоја друга сорта од зоосемејството на влечугите на Галапагос.

Тоа. Туку од кај доаѓа таа канибалистичка страст за ништење на Македонија и Македонците, како од нашите околни соседи, така и од Брисел и Вашингтон: Оти тоа што се случи во Преспа пред две години не е ни најмалку случајно, иако е завиткано божем во целофанот на некојси цивилизациски потфат за просперитетот и среќна иднина. Не, драг читателу. Тоа е понапред резултат на една супрематистичка шизофренија на големите западни демократори и демократури што го претворија денес светот во сликата на римскиот колосеум на Нерон и Калигула. Оти и Јунг и Тен и некои други што се занимава со психологијата на колективната душа на еден народ, но и на цели раси, па и епохи (Тен) укажаа, ја дијагностицираа патологијата на супрематистичкото его, чија болест под маската дека сака да го оздрави и постави на здрави нозе светот, него го ништи и урива. Всушност, по долгата империјална моќ, кантовски речено, како што е тоа случај со Европа, а и со Америка, која е нејзино англосаксонско копиле, се стигнува до еден вид априористички генетски структуиран рефлекс за апсолутна ариевска превласт и играње со судбината на послабите од нив.
Тоа што го говорам може да ти изгледа како метафизика, драг читателу, ама не е, туку е болна реалност. Оти ако не е така, од кај извира тој толку голем, неверојатен анимозитет на таканаречената демократска цивилизација на Западна Европа кон толку многу малечката, мирољубива и столчена со безброј историски рани Македонија? А? Случајно ли е тоа, драг читателу? Не! Но со тој неверојатен феномен, за жал, никој од македонските историчари, академици, антрополози и психолози не се позанимавал посериозно, да го расветли и објасни докрај. Велиш: МАНУ. Не.

Тие таму, покрај брегот на Вардар, во удобните егзистенцијални фотелји, исто така, никогаш посебно не се позанимавале како што треба со ова трауматично, а и „опасно“ прашање. А нашите академици не се подготвени за опасност, иако Хелдерлин вели дека таму кај што е опасното расте и спасоносното. Тие не се способни како Емпедокле да скокнат во кратерот на Етна. Тие едноставно спокојно ја преспаа, како мечките во зимски сон, нашата идентитетска ликвидација. Од тој мртовечки сон го изземам Блаже Конески, кој и во гробот бдееше, бдее и ја боледува раната на Македонија и Македонците. Во тоа сум апсолутно сигурен, и никој друг туку само тој може да ги извлече од вагата на страшниот суд горе за гревот кон колективот нашите нимбусирани академици.
Тоа е посебна тема за анализа на хипокризијата и фарисејството на интелектуалниот ум. Туку да се вратиме на генезата на анимозитетот на западната европска цивилизација, сега амалгамизирана и со американската по крвна родствена линија, кон Македонија, Македонците и македонизмот како духовна струја на нивната меморија и културно-цивилизациско благо како влог и во светската цивилизација и култура. In medias res, тој анимозитет не е од вчера и современ, туку има длабоки антички корени, уште од времето на Александар Македонски и неговата светска империја на народите од Пела до Хималаите на исток и до пирамидите на Египет на југ. Империја на еднакви и суверени народи, со сопствен идентитет, богови, традиција и култура. Империја во која првпат е укинато ропството, кое уште владее во Атина, која сенилна Европа ја смета за извор на демократијата. А не е. Империја во која Аристотел, Македонецот од Стагира, и неговиот ученик Александар Први во светот го заведуваат како правен кодекс со царски печат „природното право и правото на народите“.

Тоа што, имено, парадоксално во Преспа им беше одземено на нивните генерички наследници Македонците.
И во што е всушност работата? Пак се враќаме на генезата на анимозитетот кон сега веќе столченото (Конески), та докрај дотолчено племе. А во неа е одразена како кристал сликата на судирот на две концепции и визии на владеење со светот: македонската и римската. Сум пишувал и за тоа, драг читателу. Македонската концепција е космополитска што нуди еднаквост и разбирање меѓу народите врз принципот на љубовта, и како таква е претслика на христијанството што доаѓа со Спасителот потоа. Ако се земе предвид тоа, и не е воопшто случајно што најревносниот Исусов апостол Павле е, имено, по божја промисла испратен во Македонија, од каде што ѝ е понудено за причест новозаветното вино на канибалистичка Европа. Но, и покрај тоа, таа не се откажа од темниот канибалистички слој на својата потсвест што го проектира во „свест“ за демократија и просперитет на светот. Како и Сатаната, и таа со христијанството се послужи за свои лични прагматични цели. Залудно изгради толку многу студени велелепни катедрали во кои, бидејќи не е глуп, Бог не сака да престојува. Имено, тој залегнат темен варварски слој на психата, која не ја разбира и прифати Радосната вест што ѝ беше пренесена како штафета од Македонија, излезе на површина и Европа него маестрално го демонстрира како факт во двете светски војни. Умниот космополит и генијален германски писател Томас Ман, имено, како да го дијагностицира уште еднаш тој темен синдром на Западна Европа кога по навршувањето на Втората светска војна рече: „Хитлер е победен, но не и фашизмот“. Пророк.

Па, и не му беше многу тешко на Ман да ја даде таа дијагноза. Оти тој виде дека модерниот свет на Западот ја обнови сликата на римскиот колосеум, сатурналии и други светли и темни, многу темни обредни свечености на римската цивилизација. Неа Западот едноставно ја фотокопира. Ја фотокопираа неговите нови нерони и калигули. Оти не случајно во таа смисла и Европа не ја побара својата културно-цивилизациска генеза, на пример, во јудеохристијанската цивилизација, како што мислеше пак Томас Ман, туку во Античка Грција. Од психоаналитички фројдовски аспект тука пак се работи за некои залегнати талози и архетипови во потсвеста, а тоа е, како што веќе нагласивме, потсвесно приклонување кон паганскиот, а не кон христијанскиот ерос на љубовта, правдата и вистината. Имено, затоа Европа и никогаш не била христолика, туку атеистичка и безбожна. Додуша, во некои и подолги периоди, како што се тоа на пример ренесансата и просветителството, таа успевала на еден сјаен начин да го сублимира, односно трансцендира својот темен пагански ерос, но потоа пак ѝ се враќала на деструктивноста, на нејзиниот колонијалистички (римски) порив за владеење на туѓи народи заради материјална придобивка, при што заслепени од бескрајната материјалистичка лакомост дури и нејзините силни нации се насочувале една против друга.

Оти кој е главниот цивилизациски изум со кој, за жал, се гордее европскиот Запад? Тоа е либералниот капитализам со сомнителна демократска маска и слободниот пазар, кој требаше да им даде иницијатива на способните и креативните во областа на економијата и производството. Така. Арно ама многу бргу тој цивилизациски западен изум се изроди во канибализам за профит. Општествениот и социјалниот дарвинизам го покажа своето најсурово лице. Тука целосно се извитопери филозофијата на Ничеовата волја за моќ и неговиот натчовек. И, конечно, до што доведе тој изум, прашуваш драг читателу? До поделбата на многу богати и многу сиромашни, до колонијалистички походи и спроведување од страна на богатиот европски Запад на многу геноциди, асимилации и културоциди низ светот. На крајот доведе и до двете светски војни, Првата и Втората, кои се пак последица на темниот римски нагон на западната цивилизација за материјален профит. Но и по таквите големи катастрофи, тој нагон на западната обезбожена колективна душа не е ни исчезнат, ни сублимиран во некој вид нов хуманизам за еднаквост, братство и љубов меѓу народите. Напротив, сведоци сме на новите деструкции врз одредени региони на богатите од Западот во светот. Доволна е во таа смисла, да не одиме потаму, разорената пеплосана слика на Блискиот Исток, кого Американците, но и со час отворена час прикриена поддршка за личен профит на нивните моќни, иако импотентни кон нив (освен Британците) европски партнери.
Тебе сега ти изгледа дека се оддалечивме како во прашума од главната тема на нашата колумна, драг читателу, но не е така.

Сето тоа е контекст во нејзиниот сложен мозаик. Значи, воопшто, во потрага сме по одговор на прашањето од кај е тој толку голем анимозитет на Европа, та посегна дури и идентитетски да ја ликвидира, да ја откорне од нејзината меморија Македонија и да ја стави како пепел од која е украден огнот во мртовечка урна. Како што ѝ го стори тоа во Преспа пред две години. Рековме, и тоа е важна појдовна точка кон одговорот, Европа од двата типа на владеење, македонскиот и римскиот, го избра овој вториот. Модел на владеење со железна сила и волја, кои не трпат спротивставување, наместо македонскиот модел на владеење со љубов и меѓусебно разбирање на народите со целосно почитување на нивните идентитети, традиција, религија и култура. Тоа беше изумот на Александар Македонски и неговиот учител Аристотел, Македонец од Стагира, чија основа е космополитизмот, социјалната, културолошка и секаков друг вид правда. Нешто што залегна и како онтолошки код во македонската психа, а потоа се предава по генетичка линија на поколенијата. Но како што ќе се покаже потоа, космополитизмот го слабее пламенскиот нагон за затворање и одбрана на својот национ. Нешто што ги чинеше скапо Македонците, па низ столетијата лека полека доживеаја редица историски погроми, за на крајот да ја дотераат работата до ова дереџе до кое се сега како смачкано племе (Б. Конески), кое во Преспа се досмачка.

(продолжува)

https://www.novamakedonija.com.mk/mislenja/kolumni/%d1%81%d0%b5%d0%b2%d0%b5%d1%80%d0%bd%d0%b0-%d0%bf%d1%80%d0%be%d0%b5%d0%ba%d1%82-%d0%bd%d0%b0-%d0%b5%d0%b2%d1%80%d0%be%d0%bf%d1%81%d0%ba%d0%b8%d0%be%d1%82-%d1%84%d0%b0%d1%88%d0%b8%d0%b7%d0%b0%d0%bc-1/

_________________
Негација на негативното
Не е срамно ако умреме до еден, но голем срам е ако останеме без името
Слобода или смрт

трендафил

Број на мислења : 6669
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Фашизмот кај СДСМ и ДУИ Empty Re: Фашизмот кај СДСМ и ДУИ

Пишување by трендафил on Саб Сеп 12, 2020 6:03 pm

Ако е точна веста дека Артан Груби со шамари го исфрлил Рашковски од канцеларијата, тогаш тие од ДУИ се поголеми фашисти од СДСМ.

https://vecer.mk/node/523809

_________________
Негација на негативното
Не е срамно ако умреме до еден, но голем срам е ако останеме без името
Слобода или смрт

трендафил

Број на мислења : 6669
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Фашизмот кај СДСМ и ДУИ Empty Re: Фашизмот кај СДСМ и ДУИ

Пишување by luxor on Саб Сеп 12, 2020 6:21 pm

Ете за тие куртон медиуми на дпне оФците станува збор. Протура лажна вест со прашалник и извичник на крајот од насловот за да не го тужат а потоа се надева дека и покрај демантот сепак нанел некаква штета.

Фашизмот кај СДСМ и ДУИ Img_2433
luxor
luxor

Број на мислења : 5581
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

Фашизмот кај СДСМ и ДУИ Empty Re: Фашизмот кај СДСМ и ДУИ

Пишување by трендафил on Саб Сеп 12, 2020 9:33 pm

Порталот Република веста ја пренесе уште во 1412 часот. Според традицијата кога пајакот ја удри полицајката кај Мавровка или охриѓанецот што не го виде пиштолот на Нефи Усеини Рашковски наводно изјавил:

„Првиот вицепремиер господинот Артан дојде да го земе кабинетот кој јас го користев, при што сакајќи да го прегрнам бидејќи е прекрасен човек, се лизнав на течност која ми истече од панталоните, веројатно од премногу радост бидејќи овој прекрасен човек ќе живее во мојот кабинет. И така лизгајќи се налетав на неколку шамари кои господинот Артан ги носеше на сакото.“

_________________
Негација на негативното
Не е срамно ако умреме до еден, но голем срам е ако останеме без името
Слобода или смрт

трендафил

Број на мислења : 6669
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Фашизмот кај СДСМ и ДУИ Empty Re: Фашизмот кај СДСМ и ДУИ

Пишување by трендафил on Чет Сеп 17, 2020 3:46 pm

Потпретседателот на владата Груби и понатаму си ја тера фашистичката идеја да се наградат (субвенционираат) работодавачите што нема да вработат Македонец туку некој друг. Дури и ако Македонецот најповеќе одговара за работата. Класична дискриминација на нашиот народ. Има ли некој Македонец во власта. Мислам на нормален човек, а не педер како карактер. Дали следен чекор на власта ќе биде наградување на секој што ќе принуди некој Македонец да се исели од државата. Вакви закони, на етничка основа, имало во фашистичка Германија пред се кон Евреите. Се почнало со ваков однос кон Евреите, а завршило со кнцентрациони логори и холокауст.

_________________
Негација на негативното
Не е срамно ако умреме до еден, но голем срам е ако останеме без името
Слобода или смрт

трендафил

Број на мислења : 6669
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Фашизмот кај СДСМ и ДУИ Empty Re: Фашизмот кај СДСМ и ДУИ

Пишување by трендафил on Чет Сеп 17, 2020 5:52 pm

Идиотски е да се помисли, а не да се направи, во Липково, на пример, кај што скоро и да нема, а можеби и нема воопшто вработен Македонец, да се награди со пари на даночните обврзници некој ако вработи Албанец. Тој што ќе вработи Македонец во Берово ја нема таа предност, па владата директно и газдата Македонец го прави понеконкурентен на пазарот. Во 21 век ваква шовинистичка мерка запрепастува. Нормално сите антимакедонци, пред се евроатлантската меѓународна банда и сите нивни слуги вклучувајќи ги и организациите кои наводно се борат за човекови права ќе си молчат. Како да постои антимакедонски консензус во НАТО и ЕУ против Македонија.

_________________
Негација на негативното
Не е срамно ако умреме до еден, но голем срам е ако останеме без името
Слобода или смрт

трендафил

Број на мислења : 6669
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Фашизмот кај СДСМ и ДУИ Empty Re: Фашизмот кај СДСМ и ДУИ

Пишување by luxor on Чет Сеп 17, 2020 7:04 pm

Лажна вест од Груби, последица од дружењето со дпне оФци. Инаку владата демантираше и појасни дека мерките за намалување на невработеноста нема да бидат на етничка основа.
luxor
luxor

Број на мислења : 5581
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

Фашизмот кај СДСМ и ДУИ Empty Re: Фашизмот кај СДСМ и ДУИ

Пишување by трендафил on Чет Сеп 17, 2020 9:26 pm

Значи да очекуваме Груби наскоро да биде разрешен. Мижи Асан да ти баам.

Нов фашистички потег во Македонија, еден од критичарите на власта, Љупчо Палевски, е крвнички претепан пред неговиот дом од две маскирани лица. Во критична состојба се наоѓа во Аџибадем Систна.
https://plusinfo.mk/palevski-pretepan-od-dve-lica-so-metalni-predmeti/

_________________
Негација на негативното
Не е срамно ако умреме до еден, но голем срам е ако останеме без името
Слобода или смрт

трендафил

Број на мислења : 6669
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Фашизмот кај СДСМ и ДУИ Empty Re: Фашизмот кај СДСМ и ДУИ

Пишување by трендафил on Чет Сеп 17, 2020 9:41 pm

Фала Богу повредениот значително подобар. Изгледа дека напаѓачите го чекале подолго време, па се снимени на повеќе камери во околината дури и без кациги. Останува да видиме дали ќе ги види полицијата на СДСМ и ДУИ.

_________________
Негација на негативното
Не е срамно ако умреме до еден, но голем срам е ако останеме без името
Слобода или смрт

трендафил

Број на мислења : 6669
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Фашизмот кај СДСМ и ДУИ Empty Re: Фашизмот кај СДСМ и ДУИ

Пишување by luxor on Чет Сеп 17, 2020 9:57 pm

Ќе ги види сигурно, посебно затоа што последните информации говорат дека насилниците се членови на дпне.
luxor
luxor

Број на мислења : 5581
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

Фашизмот кај СДСМ и ДУИ Empty Re: Фашизмот кај СДСМ и ДУИ

Пишување by трендафил on Пет Сеп 18, 2020 3:59 pm

luxor напиша:Ете за тие куртон медиуми на дпне оФците станува збор. Протура лажна вест со прашалник и извичник на крајот од насловот за да не го тужат а потоа се надева дека и покрај демантот сепак нанел некаква штета.

Фашизмот кај СДСМ и ДУИ Img_2433
Не ми е познато дека Вечер објвил некаков демант иако го следев случајот. Не знам ни дека некој најавил, а не да поднел тужба за клевета. Очигледно демантот е наменет за тие што се дресирани да веруваат во вести сервирани од нивната страна, во случајов од нивниот Артан Груби. а не и за нормалните македонци.

_________________
Негација на негативното
Не е срамно ако умреме до еден, но голем срам е ако останеме без името
Слобода или смрт

трендафил

Број на мислења : 6669
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Фашизмот кај СДСМ и ДУИ Empty Re: Фашизмот кај СДСМ и ДУИ

Пишување by PRVOBOREC on Пет Сеп 18, 2020 4:08 pm

При приложен скриншот што е валиден доказ и за суд небањатите морони се прават на удрени. Очигледно поминуваат директна моронска обука во штаб каде меѓу ушите им ставаат одредени материи наместо мозок.

_________________
ГЛАСАМ ЗА ИДНИНАТА НА МАКЕДОНИЈА

PRVOBOREC

Број на мислења : 1288
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

Фашизмот кај СДСМ и ДУИ Empty Re: Фашизмот кај СДСМ и ДУИ

Пишување by трендафил on Пет Сеп 18, 2020 4:16 pm

Демантот е објавен како вест, а не како званичен демант. Демантот е од за жал непостоечки субјект, влада на Република Македонија без додавката дека сме т.н. Северна. Нели поради Северна ја разрешивте министерката за труд и социјала во техничката влада Рахела Мизрахи. Или разрешувањето беше за да може преку министерството да се поткупуваа сиромашните гласачи, пред се од ромската етничка заедница.

_________________
Негација на негативното
Не е срамно ако умреме до еден, но голем срам е ако останеме без името
Слобода или смрт

трендафил

Број на мислења : 6669
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Фашизмот кај СДСМ и ДУИ Empty Re: Фашизмот кај СДСМ и ДУИ

Пишување by PRVOBOREC on Пет Сеп 18, 2020 4:20 pm

Хахахахаааа небањатите се обидуваат да спинуват и манипулират со тоа што го немаат меѓу ушите.

_________________
ГЛАСАМ ЗА ИДНИНАТА НА МАКЕДОНИЈА

PRVOBOREC

Број на мислења : 1288
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

Фашизмот кај СДСМ и ДУИ Empty Re: Фашизмот кај СДСМ и ДУИ

Пишување by трендафил on Пет Сеп 18, 2020 4:27 pm

Истата вест е објавена на сите медиуми, но демантот е од непостоечки правен субјект. Инаку порталот Република прв објави демант, на 12 септември во 14:12 часот. Еве го во целост. На овој демант нема демант од никого.

Рашковски демантираше дека Груби го нападнал: „Се лизнав и случајно налетав на неколку шамари од Артан“


Генералниот секретар на Владата Драги Рашковски ги демантираше наводите во медиумите кои повикувајќи се на извори од Илинденска б.б. соопштија дека дошло до физичка пресметка меѓу него и Артан Груби, поточно Груби го истепал Рашковски при примопредавањето на неговиот кабинет.

Веста беше негирана од Рашковски кој соопшти дека со Груби биле добри пријатели и информациите за ќотекот не биле точни.

Првиот вицепремиер господинот Артан дојде да го земе кабинетот кој јас го користев, при што сакајќи да го прегрнам бидејќи е прекрасен човек, се лизнав на течност која ми истече од панталоните, веројатно од премногу радост бидејќи овој прекрасен човек ќе живее во мојот кабинет. И така лизгајќи се налетав на неколку шамари кои господинот Артан ги носеше на сакото, соопшти Рашковски.

Тој додаде дека случката не била намерна, напротив после неа добро се пошегувале и се насмевнале и прегрнале како вистински браќа.

Според него информациите дека изел ќотек од Груби се уште еден обид на злите сили да и наштетат на нашата држава, братство, единство, слога и југомагнат.

_________________
Негација на негативното
Не е срамно ако умреме до еден, но голем срам е ако останеме без името
Слобода или смрт

трендафил

Број на мислења : 6669
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Фашизмот кај СДСМ и ДУИ Empty Re: Фашизмот кај СДСМ и ДУИ

Пишување by PRVOBOREC on Пет Сеп 18, 2020 4:33 pm

Уште една небањата лага, на скриншотот јасно пишува дека демантот е од владата. Официјалното име Република Северна Македонија медиумите не се задолжени да го користат според закон. Тоа што Република користи Република Македонија е законско право на порталот а тоа што небањатите инсистираат да се употребува северна докажува дека со право сами себе се нарекуваат северџани.

PRVOBOREC

Број на мислења : 1288
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

Фашизмот кај СДСМ и ДУИ Empty Re: Фашизмот кај СДСМ и ДУИ

Пишување by трендафил on Пет Сеп 18, 2020 4:40 pm

Да и нормално е да не се користат ненормални конструкции каква што е нашето ново уставно име, но демант мора да се објави во целост како што е напишан од тој што демантира. И ова е една од причините поради кои тврдам дека Вечер не објави демант туку обична вест.

_________________
Негација на негативното
Не е срамно ако умреме до еден, но голем срам е ако останеме без името
Слобода или смрт

трендафил

Број на мислења : 6669
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Фашизмот кај СДСМ и ДУИ Empty Re: Фашизмот кај СДСМ и ДУИ

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот