Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Последиците на информатичката неписменост

Go down

Последиците на информатичката неписменост Empty Последиците на информатичката неписменост

Пишување by defo Чет Јан 28, 2021 11:20 am

Идеја за темава ми беше овој наслов Жртва на „Јавна соба“: Ова не е наш срам, главата горе, ова е вина на тие што сакаат да наштетат и злоупотребуваат!, значи онаа грозоморна група јавна соба на телеграм е вратена, МВР, ко по обичај спие, под некое дрво. Е сега каде настанува проблемот, дел од нашава популација е информатички неписмена, нарочито во однос на заштитата на интернет и приватноста. 
Прв дел од оваа „лекција" е дека всушност интернетот не прикрива траги, него напротив ги изфрла работите на површина. Секоја слиак споделена со некого, може да биде во одреден момент злоупотребена од другата страна. Затоа пазете шо испраќате на интернет, што ставате на ФБ, Инстаграм, видеа на тик-ток...Еве еден прост пример, јас имам синче 1.5 години и до сега не сум го закачил на нет, слики сум праќал, ама ете со недеж, дека им праќам на нормални луѓе, најчесто на брат ми, мајка ми татко ми се тоа. Друго да до разговори на Viber се доаѓа тешко, ама другата страна од секој разговор може да направи print screen, и да го закачи на фб, твитер, или да го сподели кај шо не треба. Заклучок интернетот е отворена книга, која понекогаш паѓа во лоши раце.
Второ, интернетот памти и знае се.....денес сме сведоци на бројни кривични пријави за закани преку социјални медиуми, дури и да избришеш некоја порака на FB, Fb, има механизам да ти ја најде, и да ја достави на службите кои од нејзе тоа ќе го побараат. Затоа на сите членови на овие групи, како јаван соба и слично, им порачувам пазете шо правите можда баш МВР ќе се заинтересира за вашата порака, и е иамте порблем со законот, што секако не е добро за вас и вашите блиски. Нарочито ако сте родители со малу поголеми деца.
 И сосема за карј, родители внимавјте на вашите деца што прават на интернет, нека не ве плаши дека им велгувате во интимната зона, напротив нејзе и треба да ја проверувате, а повзрасни бидете ептен внимателни, пошто еден грешен чекор на оваа алатка, која покрај водата, воздухот, струјата и храната ни е меѓу најбитните елементи за живот, колку може да е корисна и полезна толку може да ви направи штета.

defo

Број на мислења : 2625
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот