Зачински билки
Страна 1 of 1
Зачински билки
ОДГЛЕДУВАЈТЕ СВОИ ЗАЧИНСКИ БИЛКИ ВО ДОМОТ
Дури и ако немате искуство со билки или имате многу малку слободен простор, одгледувањето на зачински билки може да биде одличен начин да го внесете духот на природата во својот дом.
Ориганото, босилекот, власецот, нането, рузмаринот, копарот и магдоносот најчесто се одгледуваат во затворени простории. За почеток одберете ги вашите омилени зачини. Ако сакате да готвите ќе ви допадне кога во домот ќе имате на дофат на рака свежи билки кога ќе ги подготвувате јадењата.
За почеток треба да имате прозор низ кој влегува многу дневна светлина, најмалку 5 часа дневно. Поголем дел од зачинските билки доаѓаат од медитеранот, па затоа им треба светлина за да растат успешно.
Зачинските билки се лесни за одгледување
Билките можете да ги одгледувате од семиња, или пак купите садници.
Доколку одлучите да купите садници проверете дали саксиите имаат дупки на дното, со цел растението да не скапе. Под саксијата ставете чинивче или некој сличен предмет кој ќе го задржува вишокот на вода. Без разлика на тоа каква саксија ќе одберете, имајте на ум дека треба да биде доволно длабока за му овозможи правилен раст на коренот. Идеалната длабочина изнесува некаде околу 12 цм. Ставете 5-8 цм земја на дното на саксијата и нежно ставете ја билката на земјата. Додадете земја за да ја наполните саксијата и цврсто втиснете ја до билката. Оставете 2-3 цм простор од земјата до врвот на саксијата за да имате простор за налевање вода.
Ако се одлучите да ги садите од семе, следете го процесот кој е детално објаснет на секое од пакувањата, па така дури и ако никогаш не сте насадиле ништо ќе можете да ја научите постапката, времето за садење, времето на берење и сл.
Зачински билки погодни за раст во домот
Босилек
Босилекот може едноставно да се насади како семе. Потребно му е доста сончева светлина и топли температури. Босилекот се налева 1-2 неделно, бидејќи е многу чувствителен на ладно. Околу шест седмици откако ќе го насадите ќе може да го берете, со што се поттикнува раст на нови ливчиња.
Власец
На власецот му треба влажна земја, многу сончева светлина и поладни температури. Се препорачува да се сади од садница. Брзо расте и лесно се одгледува. Кога власецот ќе порасне околу 20цм може да се сече и користи.
Копер
За садење на копер ќе ви треба поголема саксија бидејќи може да порасне до 120цм. Потребно му е топло место, а се бере кога цветовите ќе се отворат и семето ќе добие смеѓа боја.
Оригано
Ориганото може лесно да се одгледува од семе. Бара многу сончева светлина и треба да се чува на суво место.
Рузмарин
На рузмаринот му требаат неколку години за да порасне, па затоа се препорачува садење од садница. Потребна му е влажна до сува земја и многу светлина.
Нане
За нането најдобро е да купите садница и да ја насадите во поголема саксија бидејќи сака многу повеќе простор. Потребно му е многу светлина и доволно влажна земја. Се налева еднаш во 1-2 дена.
Магдонос
Магдоносот е многу едноставен за одгледување. Бара многу светлина и умерено влажна земја. Потребно е да го вртите на неколку дена бидејќи може да се наведнува на страна од каде доаѓа сончевата светлина.
http://www.ladybook.mk/mk/post/7622/Odgleduvajte-svoi-zachinski-bilki-vo-domot
Гостин- Гостин
Re: Зачински билки
7 од најздравите билки и зачини и како тие ви го подобруваат здравјето
Зачините и билките не само што го збогатуваат вкусот на храната, туку ни даваат и здравствени бенефиции. Лековитата моќ на некои од нив се користела уште пред илјадници години, а современите научни испитувања се доказ дека тврдењата за позитивниот ефект на зачините и билките врз здравјето не се само празни приказни.
ЦИМЕТ
Најголеми бенефиции: за регулирање на нивото на шеќер во крвта кај дијабетичари
Ставете половина лажичка цимет во овесна каша или зачинете го млекото и кафето со малку цимет. Циметот е толку вкусен што никогаш не би ви паднало на ум дека поседува голема лековита моќ.
Освен што го регулира нивото на шеќер во крвта кај дијабетичарите, внесувањето на половина или четвртина лажичка цимет двапати дневно ги намалува и триглицеридите и нивото на холестерол со околу 30%.
Циметот има и антивоспалителни и антибактериски својства и се верува дека ефективно се бори со E. coli и други бактерии. Кај некои луѓе циметот ги намалува и симптомите на непријатната горушица.
ЃУМБИР
Најголеми бенефиции: против мачнини и болки во стомакот, за ублажување на симптомите на артритис
Неколку истражувања покажале дека ѓумбирот ја намалува болката и отекувањето кај лицата кои страдаат од артритис.
Ѓумбирот е особено полезен за намалување на мачнините и контролирање на нагоните за повраќање. Тој може да ги елиминира стомачните проблеми, а се смета и дека ја намалува главоболката предизвикана од мигрена.
ЖАЛФИЈА
Најголеми бенефиции: против болно грло, за зачувување на помнењето
Сварете си чај од жалфија ако имате проблеми со стомакот или ако ве вознемирува сувото и болно грло. Чајот од жалфија ги намалува болките во грлото.
Прелиминарните истражувања укажуваат дека жалфијата може да олесни дел од симптомите на Алцхајмеровата болест. Во друго истражување студентите кои примале екстракт од жалфија пред испит постигнале значително подобри резултати на тестовите за памтење, а кај нив се подобрило и расположението.
РУЗМАРИН
Најголеми бенефиции: ја подобрува концентрацијата и работата на мозокот
Рузмаринот е моќен антиоксиданс кој го зголемува протокот на крв кон мозокот и го заштитува мозокот од слободните радикали, а со тоа го намалува ризикот од мозочен удар и болести како Алцхајмеровата болест.
Оваа билка ја зголемува будноста и концентрацијата при што води до поефективно извршување на задачи кои се поврзани со помнење.
Рузмаринот често се користи за маринирање на месо и има добра причина за тоа. Тој содржи киселини и супстанции кои се борат против бактериите и го спречуваат расипувањето на месото, а и го прават готвеното месо поздраво.
Се верува и дека рузмаринот го стимулира имунолошкиот систем, ја подобрува циркулацијата и ја подобрува дигестијата на храната.
НАНЕ
Најголеми бенефиции: против болки во стомакот, за подобрување на варењето на храната
Традиционално чајот од нане се користи за ублажување на болките во стомакот, но нането истовремено ја подобрува и дигестијата на храната. Нането помага и при појава на дијареја, гасови во стомакот и синдром на нервозни црева.
Делотворниот ефект на нането може да дојде до израз и за намалување на нагоните за повраќање.
Често се користи за лекување на обична настинка, болки во грлото, проблеми со синусите и респираторни инфекции.
Маслото од нане може да помогне за намалување на главоболка, болка во мускулите или забоболка.
МАГДОНОС
Најголеми бенефиции: за силен имунитет, превенција од срцев удар
Магдоносот е неверојатно богат извор на витамини А и Ц, помага за зајакнување на имунитетот и е особено полезен во заштитата на кардиоваскуларниот систем.
Чајот од магдонос се користи и за олеснување на симптомите при појава на уринарни инфекции.
Џвакањето на магдонос го отстранува лошиот здив, а толчен магдонос надворешно се користи при појава на модринки.
КУРКУМА
Најголеми бенефиции: антиканцерогени својства
Куркума е зачинот кој му ја дава жолтата боја на карито, а најмногу се користи во индиската кујна и медицина. Во последниве години истражувањата сè почесто ја потврдуваат неговата моќ да се бори против ракот. Во неговиот состав влегуваат супстанции коишто го намалуваат растењето на туморите.
Испитувањата покажуваат дека овој зачин штити од рак на дебело црево и од меланом, најсмртоносната форма на рак на кожата.
http://www.femina.mk/%D0%B7%D0%B4%D1%80%D0%B0%D0%B2%D1%98%D0%B5/%D0%B0%D0%BB%D1%82%D0%B5%D1%80%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B8%D0%B2%D0%BD%D0%B0-%D0%BC%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D1%86%D0%B8%D0%BD%D0%B0/7-%D0%BE%D0%B4-%D0%BD%D0%B0%D1%98%D0%B7%D0%B4%D1%80%D0%B0%D0%B2%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D0%B1%D0%B8%D0%BB%D0%BA%D0%B8-%D0%B8-%D0%B7%D0%B0%D1%87%D0%B8%D0%BD%D0%B8-%D0%B8-%D0%BA%D0%B0%D0%BA%D0%BE-%D1%82%D0%B8%D0%B5-%D0%B2%D0%B8-%D0%B3%D0%BE-%D0%BF%D0%BE%D0%B4%D0%BE%D0%B1%D1%80%D1%83%D0%B2%D0%B0%D0%B0%D1%82-%D0%B7%D0%B4%D1%80%D0%B0%D0%B2%D1%98%D0%B5%D1%82%D0%BE

Најдобри природни лекови против болки
Чудо на природата не се ниту месото, ниту зеленчукот, туку зачините, објавиле германските и италијанските научници. Рузмаринот и мајчината душица делуваат како природни лекови против болки.
Двата зачини содржат состојки кои делуваат како аналгетици на воспелнија и болки, вклучувајќи и тешки болки од карциноми и тумори.
Тие состојки се дитерпеноиди и ги има во многу билки, но најголемата концентрација ја имаат токму во рузмаринот и мајчината душица. Овие состојки ги блокираат ензимите во телото кои предизвикуваат воспаленија и болка.
http://www.ubavinaizdravje.mk/%D0%B7%D0%B4%D1%80%D0%B0%D0%B2%D1%98%D0%B5/%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B2%D0%B5%D0%BD%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%B8-%D0%BB%D0%B5%D0%BA%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5/%D0%BD%D0%B0%D1%98%D0%B4%D0%BE%D0%B1%D1%80%D0%B8-%D0%BF%D1%80%D0%B8%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%BD%D0%B8-%D0%BB%D0%B5%D0%BA%D0%BE%D0%B2%D0%B8-%D0%BF%D1%80%D0%BE%D1%82%D0%B8%D0%B2-%D0%B1%D0%BE%D0%BB%D0%BA

so protiv biolki be si tropnal, protiv mamurluk kazi so bilka le4kuva.
Гостин- Гостин
Страна 1 of 1
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот