Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Praznici

+2
kiBik
Естир
6 posters

Страна 3 of 4 Previous  1, 2, 3, 4  Next

Go down

Praznici - Page 3 Empty Re: Praznici

Пишување by Гостин Пет Мај 06 2016, 20:30

Samo fikusot li e gorge?ili imas posebni simpatii kon sobni bilki?

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Praznici - Page 3 Empty Re: Praznici

Пишување by osa Пет Мај 06 2016, 22:14

ne mu chestitav samo na nego ! na site shto slavat ....

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16597
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

Praznici - Page 3 Empty Re: Praznici

Пишување by Гостин Нед Мај 08 2016, 10:41

Денеска е Марковден: Ако го преспавте Ѓурѓевдан, еве што треба на овој ден да направите

Praznici - Page 3 Ojaifvjiwoge

Марковден — голем христијански празник од пролетниот циклус којшто е непроменлив празник и секогаш се паѓа на 25 април, односно на 8 мај по стариот календар..

Марко е еден од 70-те Христови апостоли. Евреин по потекло, а припаѓал на левитскиот (свештенички) сталеж. Тој е писател на едно од четирите евангелија. Лично не бил присутен на настаните што ги опишува, туку ги дознал од апостолот Петар на кого му бил сопатник и помошник и којшто во своето Прво послание го нарекува син свој, не син по тело туку по дух. Тој е роден е во Ерусалимод мајка побожна христијанка, сестра на апостолот Варнава .Во нејзиниот дом се собирале христијаните за молитви, а во нејзината куќа се одржала и светата Тајна вечера на Исус со апостолите. Кога Марко бил во Рим со Петар, верните го замолиле да им ја запише спасоносната наука на Исус Христос, неговите чуда и неговиот живот. Така го напишал Светото Евангелие коешто го видел и го посведочил за вистинито и самиот апостол Петар. Тој го поставил Марко за епископ и го испратил на проповед во Мисир. Така тој бил првиот проповедник на Евангелието и првиот епископ во Мисир. Мисир бил сиот притиснат од густиот мрак на незнабоштвото, гатањето и злобата. Со Божја помош Свети Марко успеал да го посее семето на Христовата наука низ Ливија,Амоникија и Пентапол. Од Пентапол дошол во Александрија. Таму успеал да ја заснова Црквата Божја, да постави епископ, свештеници и ѓакони и сѐ добро да утврди во благочестивата вера. Својата проповед ја потврдувал со големи и многубројни чуда. Кога незнабожците подигнале обвиненија против него, како против разорувач на нивната идолопоклоничка вера, а градоначалникот почна да трага по него, тој побегнал повторно во Пентапол и таму продолжил да го утврдува своето поранешно дело. После две години Свети Марко, на голема радост на верните чијшто број во меѓувреме се умножил, се вратил во Александрија. Тогаш го фатиле незнабожците, цврсто го врзале и почнале да го влечат по калдрмите велејќи: „Да го повлечеме волот во оборот!“ Сиот ранет и искрвавен го фрлиле во затвор. Овде најнапред му се јавил ангел небесен и го храбрел и го крепел. Потоа му се јавил Самиот Господ Исус и му рекол: „Мир на тебе, евангелисту Мој!“ А Марко Му одговорил: „И на тебе, Господи мој, Исусе Христе!“ Утредента злочестивите луѓе го извлекле од затворот и повторно го влечеле по улиците, извикувајќи го истото: „Да го повлечеме волот во оборот!“ Сиот измачен и истоштен Свети Марко изустил: „Во Твоите раце, Господи, го предавам мојот дух!“ и издивнал. Неговите свети мошти биле чесно погребани од христијаните. Со векови се сметаат за исцелителни.

Славење и обичаи

Неговиот спомен се празнува на 8 мај/ 25 април и не се смета за тежок празник. Во Гевгелиско мажите работеле, а жените го држеле за празник. Се празнувал за заштита од град. Се верувало дека ако работат град ќе го отепа полето. Поради тоа никако не влегувале во бавчата или во лозјето. Во селото Гореме, Светиврачко, овој ден бил празник на селото. Над селото имало мала височинка што се викала Кукувица и тоа место се сметало за свето место што е под заштита на светиот евангелист Марко. Не се знае од кога, но најверојатно од заселувањето на селото на овој ден, на тоа место се давало курбан за тој светител. Курбаните се колеле денот пред празникот, односно на 7 мај. Пред да се заколеле курбаните свештеникот читал соодветни молитви. Кога ќе ги заколеле курбаните биела камбаната и престанувал секаква работа: орање, сеење, копање и др. Сите курбани се готвеле во големи селски котли под ридот Кукувица. За тоа време жените готват храна како: оризарник, баница, погача и др. Околу четири часот попладнето ја товареле храната на коњи и целиот народ одел на ридот Кукувица. Таму свештеникот светел вода и сите ги попрскувал со неа. Потоа ги кадел трпезите по што ја ставале храната. Мажите седнувале на софрите, а жените раздавале од храната. Откако ќе јаделе започнувале со ора и песни. На стемнување се враќале во селото каде што продолжувала веселбата до доцна во ноќта. Утрото на 8 мај, на денот на св. евангелист Марко, се служела божествена литургија, а потоа се правела веселба со ора и песни што траела цел ден. Во селото постои и легенда за Св. Марко. Легендата раскажува дека во турско време на селаните им било забрането на Марковден да одат во месноста Кукувица, и им било наложено вода да светат во селото. На местото Кукувица Турците направиле касарни и тука престојувала војската. Секоја ноќ на начелникот му се јавувал белобрад старец со бела капа на главата и на неа крст, во рацете држел патерица и многу го мачел неговиот син. Начелникот загрижен за страдањата на својот син пошол кај еден старец во селото и му ја раскажал својата мака. Овој веднаш се сетил дека тоа е светецот кој му се озмаздува затоа што забранил на неговиот ден да одат на местото Кукувица и да светат вода. Потоа повикале и свештеник кој му го кажал истото. Тогаш Турчинот го замолил свештеникот да свети вода на Кукувица и да ги попрска касарните и војниците со светена вода. „Се поклонувам пред тој ваш свет обред“, рекол Турчинот. Оттогаш веќе син му ништо не го мачело. Потоа на селаните им дозволил на ридот Кукувица да го изведуваат обредот и да светат вода како и порано. А кога се приближил празникот Турчинот подарил три овни да ги заколат за курбан на празникот Св. Марко.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Praznici - Page 3 Empty Re: Praznici

Пишување by Гостин Нед Мај 08 2016, 19:47

Ubav praznik.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Praznici - Page 3 Empty Re: Praznici

Пишување by Гостин Вто Мај 31 2016, 20:48

aj be dajte uste nekoj praznik. Kaj se odi nekade naskoro na slava? belkim tamu nema da se skrzavi kako taa vasata krcmarka.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Praznici - Page 3 Empty Re: Praznici

Пишување by osa Пет Јун 03 2016, 13:28

Eve ti delta denes e praznik mozesh da chestitash imenden na Elena i Konstantin

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16597
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

Praznici - Page 3 Empty Re: Praznici

Пишување by IVA Саб Јун 18 2016, 16:51

denes e zadusnica a utre duhovi
IVA
IVA

Број на мислења : 368
Join date : 2016-01-29

Вратете се на почетокот Go down

Praznici - Page 3 Empty Re: Praznici

Пишување by IVA Саб Јун 18 2016, 17:04

Отец Бобан: Не оставајте храна на гробовите, не ноќевајте на гробишта
Сабота,

Отец Бобан Митевски, свештеник во црквата „Св. Николај Чудотворец“ во Аеродром објаснува што е Задушница, а што Духовден, кога се оддава помен на починатите и зошто тоа се прави.

Црквата апелира дека треба да престане раздавањето на храна на гробовите за Задушница и ноќевањето на гробишта. Зошто тоа не треба да се прави и како правило се одбележува овој празник, слушнете во краткото интервју со отецот.
IVA
IVA

Број на мислења : 368
Join date : 2016-01-29

Вратете се на почетокот Go down

Praznici - Page 3 Empty Re: Praznici

Пишување by IVA Саб Јун 18 2016, 17:07

Православните верници денеска ја одбележуваат Задушница или ден на мртвите. Сите што имаат блиски починати уште од рано утро ќе ги посетат нивните вечни почивалишта и ќе им оддадат почит. Се пали свеќа, се пее гробот и се раздава храна за душата на починатиот.Се принесува пченица, вино, цреши, а гробот се чисти со оревови гранчиња. Со сеќавање на починатите, нивните блиски се молат тие да им ги простат гревовите што им ги направиле додека биле живи.Црквите утрово служат парастос, а потоа верниците ги посетуваат гробовите на најблиските. Се верува дека свеќата запалена на денешен ден гори до следната Задушница, а доколку тоа не се направи, починатите ќе бидат во темница цела година. Денеска не се работи, чисти, пере, ниту пак се извршуваат полски работи. Задушница е ден за спомен на мртвите и затоа живите треба да им се посветат.Постојат четири задушници во годината. Летните се споени до Духовден, есенски, пред Велигден и во зима. Верниците често ги мешаат Задушница и Духовден, кој e во недела. Духовден е денот роденден на Црквата, денот во кој Светиот Дух се симна на апостолите 50 дена по воскресението. На Духовден се случи симнувањето на Светиот Дух, токму според Христовото ветување, и оттогаш Црквата ја започна својата мисија.
IVA
IVA

Број на мислења : 368
Join date : 2016-01-29

Вратете се на почетокот Go down

Praznici - Page 3 Empty Re: Praznici

Пишување by osa Вто Jул 12 2016, 09:31

Што се прави за Свети Петар и Павле – Петровден?
Со овој празник завршува еден од четирите повеќедневни пости во годината, кој е врзан за празникот на Апостолите. Денес црквата ги слави двајцата врховни апостоли Петар и Павле. А и историски нивниот празник се утврди пред празникот посветен на 12-те, т.е. на сите апостоли. Апостолот Петар се прославува како образец на цврстата и искрена вера, а Павле како оној кој најмогу се потрудил во проповедањето на распнатиот и воскреснат Исус Христос. Инаку тие, како и сите останати апостоли, имаат свои посебни празници во текот на богослужбеното годишно време.
Praznici - Page 3 Sveti-petar-i-pavle1
Свети апостоли Петар и Павле (Петровден)

Празник на врховните апостоли

По примањето на Светиот Дух апостолите се растуриле по светот за да ја проповедаат светата Христова вера. На тој план меѓу нив најповеќе се истакнале светите апостоли Петар и Павле. На иконите, светите апостоли Петар и Павле се претставени заедно, Петар со клучеви од рајот, а Павле со меч, симбол на сопствената смрт.

Именден празнуваат: Петар (Камен, Каменко), Петре, Петра, Петранка, Петруна. Следниот ден празнуваат: Павле, Пајо, Павлина…

Според некои народни верувања Петар и Павле се иста личност, според други, пак, тие биле браќа. Во народното верување Петар бил богат и сербес (кабадахија), а Павле сиромав и праведлив. Меѓутоа, како што е познато Петар не бил брат на Павле туку на Андреј, наречен Првоповикан затоа што бил првиот Христов ученик.

Светиот апостол Петар е роден во селото (според други мало гратче) Витсаида на брегот на Галилејското Езеро. Потекнувал од рибарско семејство и еднаш кога ловеле риби на езерото ги видел Исус и ги повикал по што Петар заедно со брат му Андреј го напуштиле рибарскиот занает и му се придружиле. Така од ловци на риби станале ловци на човечки души. Првото име му било Симон, а кога Исуса го признал за син Божји, овој го нарекол Петар, што значи камен (карпа). Со тоа Исус сакал да каже дека својата црква ќе ја изгради врз верата на Петар што била цврста како камен.

Како верен Христов ученик Петар бил со својот учител во многу прилики во кои не биле другите апостоли како на пр. при преобразувањето (Преображение), при воскреснувањето на Јаировата ќерка и сл. Петар предложил да биде избран нов апостол на местото на Јуда кој по предавството се обесил. Со коцка бил избран Матеј и со тоа бројот на Христовите апостоли пак станал дванаесет. Исто така, по слегувањето на Светиот Дух врз апостолите кога овие се исполниле со него и започнале да зборуваат на разни јазици, а народот помислил дека се пијани, Петар одржал впечатлива беседа кажувајќи дека тие не се пијани туку дека се исполнети со Светиот Дух. По оваа беседа Петар ги повикал присутните да ја примат Христовата вера и само во тој ден се крстиле околу 3000 луѓе.

Затоа што бил силен поборник и пропагатор на Христовата вера Петар бил трн во очите на еврејските свештеници, кои чекале погодна прилика да му се одмаздат. Еднаш на стари денови Петар дошол во Рим. Тогаш таму владеел Нерон, голем безбожник и тиранин, противник на христијанството, а христијаните ги фрлал во арените со лавови. Тој и апостол Петар го осудил на смрт, но кога сакале да го погубат со распнување Петар ги замолил да не го прават тоа зашто не е достоен да умре како својот учител Исус Христос, туку да го распнат со главата надолу. Егзекуторите така и направиле и на 12 јули (или 29 јуни според стариот календар) во 61 год., светиот апостол Петар во големи страдања го завршил животот. Во близината на Рим, истиот ден исечен од противниците на христијанството е и светиот апостол Павле. Затоа Светата христијанска црква споменот на овие двајца апостоли го празнува во ист ден.
Кој бил апостолот Павле? Тој не бил меѓу оние познати 12 Христови апостоли. Во почетокот бил противник на христовата вера и прогонувач на христијаните, за подоцна да стане најсилен пропагатор на ова учење. Роден е во гратчето Тарс, во областа Каликија во мала Азија. Првобитното јудејско име Савле (што значи измолен) сам го променил во Павле (од римски павлус ‒ мал, малечок). Родителите го дале на училиште и набрзо уште мал станал образован човек. Се занимавал со ќилимарство и од тоа живеел. Кога се појавило христијанското учење бил на страната на еврејските свештеници кои се бореле против оваа вера. Кога дошло до првиот судир во кој загинале многу христијани и Савле бил на страната на еврејските свештеници, ги фаќал христијаните и му ги предавал на судот. Учествувал и во каменувањето на св. Стефан Првомаченик, по што му ја зел облеката.
Но еднаш кога патувал за градот Дамаск за и таму да се бори против христијаните му се случило нешто што од корен го изменило неговиот живот. Одеднаш блеснала силна светлина и тој паднал на земјата. Од светлината слушнал глас: „Савле, Савле, зошто ме прогонуваш?“ „Кој си ти?“ ‒ прашал исплашениот Савле. „Јас сум Исус кој ти го прогонуваш!“ ‒ одговорил гласот. „Господе, што да правам?“ ‒ запрашал Савле. „Стани и оди во Дамаск. Таму ќе ти кажам што да правиш!“

Савле станал но ништо не гледал. Придружбата го одвела во Дамаск каде што останал три дена. На третиот ден дошол еден побожен човек кој му рекол дека е испратен од Исус да му каже дека е време да прогледа и да се исполни со Светиот Дух. Во тој момент му се вратил видот, тој се крстил и од најжесток противник на христијанството станал негов најголем афирматор. Откако брзо ја изучил христијанската наука почнал да проповеда по светот и познати се четирите негови патувања низ Мала Азија, Балканскиот и Апенинскиот Полуостров. Заслужен е за покрстувањето на многу луѓе. Пишувал и посланици кои и денес во црквата се користат како свети книги и во нив ги упатувал верниците како треба да живеат за да ја имаат божјата наклоност. И во народниот говор и денес се вели „Од Савле стана Павле“, за некоја личност што од голем противник станал приврзаник на одредена дејност.

Со својата активност апостол Павле предизвикувал омраза кај еврејските свештеници кои неколку пати го затворале и мачеле. Бил обвинуван дека народот го поттикнува на непослушност. Еднаш бил предаден на Римјаните и наклеветен по што главата му била пресечена со меч. Поради многуте заслуги Светата Христова црква го ставила во редот на апостолите. Неговиот празник се празнува заедно со празникот на св. Петар, но и посебно, следниот ден на 13 јули (или 30 јуни според стариот календар).

Светиот апостол Павле особено е значаен за нас Македонците. Своето прво патување надвор од Азија тој го направил во Македонија. Тоа започнало во 51, а завршило во 54 година. При своите патувања апостолот Павле организирал нови христијански општини, а старите ги утврдувал во новата вера.

Во книгата „Дела на светите апостоли од светиот апостол Лука“ што е дел од Светото писмо се истакнува дека кога светиот апостол Павле се наоѓал во Тријада една ноќ имал видение: „…стоеше пред него еден човек Македонец, кој го молеше и му велеше: ʼПремини во Македонија и помогни ни!ʼ По тоа видение веднаш посакавме да тргнеме за Македонија, бидејќи разбравме дека Господ нè повикал таму да го проповедаме Евенгелието.“ (Дела 16-9,10) Како што стои во ова сведоштво една богобојазлива жена од градот Тиатир по име Лидија прва се покрстила заедно со своите домашни, а потоа ги поканила апостолот и неговите соработници во нејзиниот дом. „Ако сте ме признале за верна на Господа, тогаш влезете и живејте во мојата куќа!“ им рекла таа. Потоа и многу други жители на овој град биле покрстени со што се родила првата христијанска општина во Европа. Ете затоа може да се рече дека Македонија е вратата низ која христијанството влегло во Европа. Во Македонија тоа ги совладувало првите тешкотии, се судрувало со старите пагански обичаи и верувања. Тука се добиени и првите битки во походот кон Европа и светот.

На иконите, светите апостоли Петар и Павле се претставени заедно, Петар со клучеви од рајот, а Павле со меч, симбол на сопствената смрт. И двајцата држат отворени книги. На празникот му претходи Петровденскиот пост чија должина зависи од празникот Велигден. Имено, овој пост, еден од четирите повеќедневни пости во текот на годината, започнува од првата недела по Духовден, а бидејќи овој празник е со непостојан датум и зависи од Велигден така и Петровденскиот пост трае различно.

Петровден повеќе се смета за црковен празник, постарите луѓе одат во црквата, а кој постел во Петровденскиот пост се причестува. На овој ден може и да се работи зашто е во време на најголемата жетва, а според верувањето дури и светецот (св. Петар) тој ден земал срп и жнеел. Некој го држат празник само до пладне, а попладне работат. Во Галичник Петровден се сметал за голем празник, тогаш иделе печалбарите и тогаш се правеле и свадбите. Останало забележано дека некогаш во еден ден имало 50 свадби, а удирањето на тапаните се слушало дури во Албанија.

Интересни обичаи и верувања поврзани со Петровден се забележани во Куманово. Тој ден рано наутро уште пред сонце, оделе во бавчите и нивите, особено оние со бостан и од сите четири страни фрлале ситни камчиња. На тој начин според верувањето засновано на принципот на имитативната магија се влијае врз бостанот многу да врзува и брзо да расте. Исто така, бостанот, но и другите култури се прскале со вода од извор за да растат силно како водата што извира. Во овие петровденски верувања интересно е и фрлањето измет од стоката врз бавчите и нивите со земјоделски култури. Изметот земен од местото каде што стоката пладнувала (меризувала), или од пазарот се верува ќе влијае врз родот да биде густ и обилен како што била стоката на тоа место. Во сиве овие верувања, како што може да се види присутна е имитативната магија верувањето дека сличното предизвикува слично.

Во Гевгелиско за јадење на овој ден правеле млечник за да бидат цела година благи како млекото, а во Скопска Црна Гора се верувало дека кој ќе се омрси во Петровденските пости ќе се скрастави. Во овој крај ако било сушно времето на овој ден носеле крсти (литии) и со песната „Крсти носам бога молам“ се молеле за дожд.

Според преданието што во Охрид го забележал Е. Спространов „Петре и Павле биле побратими. Секʼде заедно оделе, ама Павле бил болен. Петре си рекол: Овʼј чоек ќе умрит, ја ај да му ископам гробот. Ко фатил да му копат, дошол Ристос и го опитал: Шо копаш бре Петре? -Ами Павле је болен- рекол,- та му го копʼм гробот. – Ја ај легни да видиме, али чинит за тебе! Петре легнал и не станал веќе. Ето затоа рекле: Не копај гроб за друѓего, за да не влезиш сам во него. Петре копаше гроб за Павлета, ама сам умре во него, а Павле си остана ушче да си живејт.“

















_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16597
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

Praznici - Page 3 Empty Re: Praznici

Пишување by osa Пон Aвг 08 2016, 10:15

Утре е Света Петка Летна, заштитничката од несреќи и болести

Утре се празнува Света преподобна маченица Параскева-Света Петка.

Култот кон Света Петка – Летна кај нашиот народ е многу раширен. Таа се смета за заштитничка од разни несреќи, но и од многу болести.

Со нејзиното име се поврзани и чудотворни икони и многу лековити води наречени петочни води. Оттука е и празнувањето на петокот како посебно тежок ден во неделата.

Во православниот каландар постојат три личности со исто име Света Параскева – Петка, поради што кај народот најчесто се мешаат и се мисли дека се работи за иста личност. Првата е Света Петка – Римјанка, втората Света Петка од Иконија и третата Света Петка Епиватска, позната и како Трновска. Најпозната меѓу нив е третата на која празникот, познат под името Петковден и се празнува на 27/14 октомври, и поради тоа и другите две се идентификуваат со неа. Ефтим Спространов во записите на обичаи и верувања од Охрид сведочи дека се правело разлика меѓу Петковден, празникот во октомври и Света Петка од 26 јули (стар стил). Тој уште сведочи дека на овој ден од градот и од селата оделе на манастирот посветен на Света Петка во близината на Охрид.

Овие личности името го добиле поради тоа што се родени во петок, а петокот бил ден за подготовка поради тоа што кај Евреите во претхирстијанскиот период саботата била празник. Оттука Параскева значи подготовка.

Првата Света Петка е преподобната маченица Параскева Римјанка. Во нејзиното житие се вели дека нејзините родители биле Римјани, дека биле христијани и дека таа како единствена ќерка им се родила по долги и искрени молитви. Уште од мала била воспитувана во христијански дух, а и самата влијаела врз луѓето да се однесуваат христијански. Рано и умреле родителите, а таа целиот имот го раздала на сиромаси и се замонашила. Како монахиња со уште поголема жар го проповедала христијанството, иако во тоа време оваа вера била забранувана и најжестоко прогонувана од римската власт. Пакосните Евреи први ја наклеветиле кај императорот Антониј Пиј, кој најпрвин со ласкања се обидел да ја придобие да се откаже од својата вера. Но кога во тоа не успеал ја подложил на жестоки измачувања ставајќи и на главата вжештен шлем. Но и од овие страдања на чуден начин се спасила, побегнала од Рим и продолжила да ја проповеда вистинската вера Христова. Уште на два пати, односно уште во два града Параскева била измачувана но пак на чуден начин се спасила, неверојатно брзо излечувајќи се од раните. На нејзиното мачење присуствувал и самиот император, а кога била фрлена во котел со врело масло и со катран, таа останала неповредена, а од течноста му прснало на императорот во очите по што тој ослепел. Параскева се помолила на Господа и тој оздравел. Гледајќи ги нејзините страдања, но и чудата што се случувале многумина ја примиле христијанската вера. За да ја скријат вистинската причина за нејзиното брзо оздравување, паганите нејзините чуда ги објаснувале со маѓии, а оздравувањето му го припишувале на нивниот Бог. Но самата Параскева еднаш на мачителот му рекла: „Не ме излекуваа твоите Богови, туку мојот единствен Бог Исус Христос.” Најпосле некој кнез по име Тарасиј ја исекол со меч. Тоа се случило во II век. Подоцна моштите и биле пренесени во Цариград.


_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16597
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

Praznici - Page 3 Empty Re: Praznici

Пишување by IVA Нед Aвг 14 2016, 16:13

ubava pisuvate kao sto nisto neznam od praznici super ke si naucam
IVA
IVA

Број на мислења : 368
Join date : 2016-01-29

Вратете се на почетокот Go down

Praznici - Page 3 Empty Re: Praznici

Пишување by Гостин Чет Aвг 25 2016, 21:21

more neka pisat koj slabvi da odime na sklava a ne tuku ova ona.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Praznici - Page 3 Empty Re: Praznici

Пишување by Kalinda Саб Aвг 27 2016, 23:49

Утре е голем празник
за Македонскиот народ.
Очекувам да има
пишано како
за останатите
празници .
Kalinda
Kalinda

Број на мислења : 495
Join date : 2015-02-28

Вратете се на почетокот Go down

Praznici - Page 3 Empty Re: Praznici

Пишување by IVA Саб Aвг 27 2016, 23:52

i ja cekam da naucam nesto za golema bogorodica
IVA
IVA

Број на мислења : 368
Join date : 2016-01-29

Вратете се на почетокот Go down

Praznici - Page 3 Empty Re: Praznici

Пишување by Гостин Нед Aвг 28 2016, 18:58

so ima da ucis.odi u berovo i slusaj severina.moze i filmceto od jahtata da i go gledas

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Praznici - Page 3 Empty Re: Praznici

Пишување by Гостин Нед Aвг 28 2016, 18:58

e od nego sigurno ke naucis nesto

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Praznici - Page 3 Empty Re: Praznici

Пишување by Гостин Пон Aвг 29 2016, 11:34

Успение на Пресвета Богородица

Успение на Пресвета Богородица или Голема Богородица — значаен христијански празник кај православните, католиците и протестантите, посветен на смртта на Марија, мајката на Исус Христос. Христијаните веруваат дека, како и Исус, и Богородица по смртта воскреснала и заминала на небото, како со душата така и со телото. Оттаму и називот успение, што значи искачување. Овој ден се празнува на 28 август по стариот календар, или 15 август по новиот календар.

https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A3%D1%81%D0%BF%D0%B5%D0%BD%D0%B8%D0%B5_%D0%BD%D0%B0_%D0%9F%D1%80%D0%B5%D1%81%D0%B2%D0%B5%D1%82%D0%B0_%D0%91%D0%BE%D0%B3%D0%BE%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%B8%D1%86%D0%B0

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Praznici - Page 3 Empty Re: Praznici

Пишување by osa Нед Сеп 11 2016, 10:05

Денеска е Отсекување на главата на Св. Јован Крстител (строг пост)Praznici - Page 3 Otsekuvanjenaglavatasvjovan

Во времето кога Јован проповедаше во Палестина, во Галилеја владееше Ирод Антипа, еден од синовите на оној Ирод што насекаде се прослави со својот расипан карактер. Овој наследи некои особини од татко му, па ја избрка својата законита жена и живееше незаконито со Иродијада, жената на својот се уште жив брат Филип. Јован отворено и пред целиот народ го прекоруваше и го разобличуваше за тоа, па Ирод го затвори. Во една прилика Ирод приреди гозба во својот дворец. Ќер­ката на Иродијада, Саломија, го восхити Ирода со својата страствената игра на гозбата, така што овој замаен од пиењето и вети се што ќе посака. Саломија, поучена од мајка и, која не можеше да му го прости јавното разобличување на Јована, ја побара главата на пророкот. Ирод нареди и Јован беше обезглавен. Иродијада продолжи да се изживува над мртвата Јованова глава и го избоде неговиот јазик со игли. Подо­цна еден дворски слуга чесно ја закопа главата на свети Јован Крстител. Наскоро злосторниците ги снајде заслужената казна. Првин кнезот Арета, таткото на законитата Иродова жена, подигна војска и го порази Ирода, а подоцна цезарот Калигула го протера во Галија, па во Шпани­ја, каде Ирод и Иродијада ги завршија своите неславни животи во беда и понижување. Саломија, пак, ја снајде лоша смрт во реката Сикорис

ОБИЧАИ И ВЕРУВАЊА

Отсекување на главата на Св. Јован Крстител, 11.IX/29.VIII

Спомен на погубувањето на последниот старозаветен пророк

Празникот посветен на погубувањето на св. Јован Крстител што секоја година се празнува на 11 септември (н.с.) во народниот говор се среќава под различни имиња: Св. Јован Сечиглав, Св. Јован Отсечен, Св. Јован Опсечен итн. Поради значењето на овој светец црквата овој ден го прогласила за строг пост.
Последниот старозаветен пророк Свети Јован е наречен Крстител затоа што го крстил Исус Христос во реката Јордан. Тој е наречен и Претеча што значи претходник, зашто со своето учење навистина му претходел на Исус, одел пред него, го повикувал народот на покајание и го најавувал доаѓањето на Спасителот. „Јас ве крштевам со вода, а тој што ќе дојде по мене ќе ве крсти со Дух Свети“, говорел Свети Јован додека го покрстувал народот. Многумина Јудејци доаѓале кај него за да бидат крстени, а многумина го почитувале како вистинскиот Спасител.

Јован сведочел дека Исус е синот Божји. „Он треба да расте, а јас да се смалувам! Кој доаѓа одозгора, тој е над сите, а кој доаѓа од земјата, земен е и како земен зборува. Кој доаѓа од небото над сите е“. (Јован, 3/30-31)

Почитувајќи го како најголем пророк, Црквата му посветила неколку празници во годината. Во христијанскиот календар се празнува денот на неговото раѓање (Иванден, 7.VII/24.VI) денот на неговото погубување наречен Отсечение главата на Свети Јован, потоа за голем празник се смета и денот кога Св. Јован го крстил Исуса во реката Јордан, Собор на св. Јован Крстител (денот по Богојавление 20/7.I.) на 24 февруари (с.с.) се празнува Првото и Второто, а на 15 мај (с.с.) и Третото наоѓање главата на Св. Јован кога таа е пренесена во Цариград итн. Така во христијанската вера Св. Јован е една од ретките личности покрај Исус и Пресвета Богородица кому Светата црква му посветила повеќе празници. Празникот Отсечение главата на Св. Јован Крстител е еден од петнаесетте големи христијански празници, а за подостоинствено празнување и за сочувство со страдањата на Св. Јован од страна на Светата црква одреден е строг пост. Во народниот говор, согласно некои дијалекти празникот се среќава со имињата Свети Јован Сечиглав, (како што го пишува М. Цепенков), Свети Јован Отсечен, Свети Јован Опсечен, некаде едноставно само Отсечение или Опсечение.

Оттука може да се види и значењето на овој лик во христијанската
вера и воопшто во верувањата на нашиот човек. Во народниот живот и во народното верување Свети Јован е значаен и по тоа што тој го има кумството и побратимството, зашто како што се кажува во преданијата и како што се пее во песните, кога светците ги делеле функциите свети Јован ги добил кумството и побратимството. „Свети Јован – кумство, побратимство“, се пее во една песна од Дебарско.

Според светото предание Св. Јован и Исус биле блиски роднини, зашто мајката на Св. Јован Елисавета и била тетка на Марија, мајката на Исус.

Јован постојано ги проповедал позитивните животни принципи и жестоко го критикувал неморалот, лагите и развратот, кои во тоа време во Римската империја го достигнале својот врв. Посебно на удар на неговите критики бил управникот на Галилеја Ирод Антипа. Тоа е синот на стариот Ирод оној што наредил да се заколат сите деца во Витлеем, во времето кога требало да се роди Исус Христос, за со нив да биде погубен и Спасителот. Ирод Антипа бил оженет со ќерката на еден арапски кнез по име Арета. Но тој, таков поган каков што бил и од погано семејство, ја истерал својата законита жена и се оженил со својата снаа Иродијада, жената на својот брат Филип кој бил жив. Иродијада со себе ја довела и својата ќерка од првиот брак Саломија. Тоа не го дозволувале ниту законите на Мојсеј, а Јован жестоко го критикувал. „Не ти личи да ја земеш жената на брат ти“, му велел на царот. Затоа Ирод решил да му се освети. Се плашел да го убие зашто целиот народ го почитувал за пророк, но го ставил во затвор за да го заплаши.

Особено лута и осветољубива била Иродијада. И таа чекала прилика да му се освети. Еднаш кога Ирод организирал прослава на својот роденден со присуство на мноштво народ, меѓу кои и највидните државни првенци, кога обилно се пиело вино, кога се играло и пеело, одеднаш се појавила Саломија, ќерката на Иродијада, која што со својата игра толку го занесла Ирод што тој и ветил дека во тој момент ќе и исполни секаква желба, ќе и даде се што ќе посака, дури да се работи за половината од царството. Саломија не знаела што да посака, па отишла да се посоветува со својата мајка. Пакосната мајка што долго го чекала овој час веднаш и рекла да ја побара главата на Свети Јован. Кога Саломија тоа му го соопштила на Ирод тој се изненадил, но ветувањето дадено пред многу народ го обврзувало и морал да го исполни. За кусо време девојката ја имала на послужавник глава на Свети Јован која ја предала на својата мајка, а оваа пак не задоволувајќи се со тоа, му го бодела со игла јазикот што зборувал за нејзиниот неморал. Телото на светителот го зеле неговите ученици и го погребале, а главата пакосната Иродијада ја закопала на некое нечисто место, во дворецот на Ирод. Се плашела дека ако главата и телото бидат на едно место можело да се служи пророкот да воскресне. Меѓутоа една благочестива жена на дворот на Ирод не можела да трпи главата на пророкот да биде закопана на нечисто место, па ја откопала тајно, ја однесла во Ерусалим и ја погребала на Елеонската Гора. Царот Ирод кога разбрал дека Исус лекува болни воскреснува мртви и прави чуда, мачен од сопствената совест, си помислил дека пророкот Јован воскреснал. Некои мислеле дека тоа е пророкот Илија други дека е некој друг пророк, а царот Ирод бил убеден дека е токму Јован кому што тој наредил да му ја пресечат главата. Народот бил сведок дека сите што биле заслужни за погубувањето на пророкот ги стигнала заслужената казна. Ирод ја загубил битката со арапскиот цар Арета, таткото на неговата прва жена кој сакал да ја измие навредата и да ја поврати честа на својата ќерка. Бил испратен на заточение заедно со Иродијада, каде што во навреди и понижувања двајцата ги завршиле животите. И Саломија не останала неказнета. Таа се удавила во реката.

Подоцна некој богаташ се замонашил во Елеонската Гора и сакал да прави ќелија. Започнал да копа и нашол еден сад и во него една глава, а по Божја промисла имал сознание дека тоа е главата на Крстителот. Откако ја бакнал повторно ја закопал на истото место, а таа подоцна шетала од една рака во друга, била заборавана и наоѓана додека во време на царицата Теодора не била пренесена во Цариград.

Денот на погубувањето на Св. Јован Крстител со строг пост црквата го празнува на 11 септември (29 август според стариот календар) под името Отсекување (или Отсечение) главата на Свети Јован Крстител. Иако Свети Јован е погубен пред Пасха празникот е поместен на овој ден зашто на овој ден е осветена црквата што над неговиот гроб во Севастија ја подигнале светите цареви, како што ги викал народот царот Константин и неговата мајка, царицата Елена.

Значењето на Свети Јован Крстител. неговиот голем култ воопшто во христијанскиот свет оставил значајни траги и во традицијата на македонскиот народ. Па така како и другите празници посветени на овој светител и овој ден се празнува со многу внимание, со домашни, селски или поголеми свечености, со заеднички гозби (ортии) и сл. Народот на овој пост држи строг пост, не јаде не само мрсно, туку и риба и зејтин. Останало забележано дека на овој ден луѓето не јаделе ни лубеница, домати, црвено грозје и други продукти со црвена боја што потсетувале на крвта на светителот.

Во Гевгелиско празникот го викале Св. Јуван Посни, го сметале за тежок празник кога не смеело да се шие и да се пере облеката на децата. Тој ден свештеникот одел по куќите и светел вода. Постарите жени тој ден додека не го бакнеле крстот и леб не јаделе. Утрото домаќинката со српот сечела трева од која одбирала три страка коприва, ги врзувала со црвен конец и ги обесувала над влезната врата. За здравје на кровот ставале црвена преѓа.

Од друга страна пак, трагичната судбина на светителот раскажана во неговото житие оставила траги и во нашата раскажувачка традиција. Така на пр. во едно предание од Охридско запишано од Ефтим Спространов се раскажува:

„Имало некој цар и сакал да се женит за снаа си. Свети Јон не го остал и многу зборвел, за да не се сторит таква страмота. Тога царот го затворил во апцаана и го држел таму. Оваа снаа му – имала една ќерка ногу лична. Цароф је викнал еднуш да му поиграт едно оро – да му се покршит како ченѓија и је рекол: Ќе ти дам што ќе сакаш- едно царство да ми посакаш и то ќе ти дам”. Момичката отишла и је казала на мајка си. Та бидеешчем била лута на Свети Јона је рекла на ќерка си: Поиграј му и ко ќе ти речит, што сакаш да ти дам, ти да му речиш: Од Свети Јона глаата.” Оваа момичкава била ногу аџамија. Ко је рекол: Шо сакаш да ти дам, та му рекла: Од Свети Јона глаата. Не знаела клетата зашчо је рекла така мајка је. Тогај царот пратил џељати и на саатот му је пресекле. Во тепчишче је клале и је занесле горе. Е ама на Свети Јон веднуш му порасла друга“.














_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16597
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

Praznici - Page 3 Empty Re: Praznici

Пишување by IVA Нед Сеп 11 2016, 10:26

ete pak si pisala da naucam nesto i sto da jadam denes daj kazi tocno a ne crveno
IVA
IVA

Број на мислења : 368
Join date : 2016-01-29

Вратете се на почетокот Go down

Praznici - Page 3 Empty Re: Praznici

Пишување by Гостин Пет Сеп 16 2016, 18:09

sos sakas jadi more samo neka e mrsno i debelo so vince i pivc\

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Praznici - Page 3 Empty Re: Praznici

Пишување by osa Пет Сеп 16 2016, 18:52

ti si nevernik ????? nemoze da se odnesuvash vaka kon pravoslavnite praznici .....

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16597
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

Praznici - Page 3 Empty Re: Praznici

Пишување by IVA Пет Сеп 16 2016, 23:29

moze i on nisto neznae za praznici pa zatoa zbori gluposti
IVA
IVA

Број на мислења : 368
Join date : 2016-01-29

Вратете се на почетокот Go down

Praznici - Page 3 Empty Re: Praznici

Пишување by Гостин Саб Сеп 17 2016, 12:43

kakvi praznici bez pivce i prasence be zeleni barate.aj tamu gastete po edna corba i rakija ne tuky se pravite pametni.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Praznici - Page 3 Empty Re: Praznici

Пишување by Гостин Пон Сеп 19 2016, 12:34

Денеска е голем празник: Еве што треба да направите

Praznici - Page 3 35554-arhangel-il78o87o7mihailo-580x0

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 6 септември.

Денеска е Спомен на чудата на Св. Архангел Михаил.

Главниот празник на свети архангел Михаил се празнува на 8 ноември (јулијански календар). Се вика Собор на свети архангел Михаил. Денес, пак, црквата утврдила да се празнува споменот на неговите чуда што се случија во местото Хони, близу Ерапол во Фригија, каде што подоцна исто во спомен на неговите чуда беше подигната црква посветена на свети архангел Михаил.

На денешен ден треба да се помолиме, и да ги простиме гревовите на неверниците.

http://www.press24.mk/deneska-e-golem-praznik-eve-shto-treba-da-napravite

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Praznici - Page 3 Empty Re: Praznici

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 3 of 4 Previous  1, 2, 3, 4  Next

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот