Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Пресови, соопштенија, изјави...

+3
трендафил
reiter
osa
7 posters

Страна 5 of 5 Previous  1, 2, 3, 4, 5

Go down

Пресови, соопштенија, изјави... - Page 5 Empty Re: Пресови, соопштенија, изјави...

Пишување by Teo Пон Ное 28 2016, 19:59

Ne sme nie predavnici kako dpmne-ofcite pa da menuvame strana...Ama ti ne se grizhi...Po 11 dekemvri edna nedela kje slavime pobeda na SDSM...Po toj povod, a za da ti izrazime sochuvstvo nema nikako da ti replicirame pa kje mozhes da se ispraznish od frustraciite zaradi porazot...A mozhebi kje bidesh pameten pa kje slavish so nas...
Teo
Teo

Број на мислења : 5090
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

Пресови, соопштенија, изјави... - Page 5 Empty Re: Пресови, соопштенија, изјави...

Пишување by Teo Пон Дек 12 2016, 11:55

6 работи поради кои сум среќна по изборите

Пресови, соопштенија, изјави... - Page 5 Nora-sakiri

Добро утро екипаааа…Среќна сум поради неколку работи

1. Перчењето и трескањето од земја дека ќе бидат апсолутни победници така им се акна од нос така што оној синојќа едвај три реченици склопи како да му паднале два зуба напред.

2. Дуи – чао чао чаооооо – НЕМАТЕ ВИЕ ЕКСКЛУЗИВНО ПРАВО НАД АЛБАНЦИТЕ БРЕ !!! СИНОЈЌА ЈАСНО ВИ КАЖАА И ПОКАЖАА ДЕКА СЕ ЗА ЖИВОТ

3. Со сета почит кон малите / тазе политички партии и нивната борба но на крај не покажаа зрелост и не се изборија со сопственото ЕГО да застанат и да се борат ЗА ЖИВОТ за сите туку едиснтвено за себе…И на крај го изгубија и онака малиот кредибилитет што го имаа

4. Другари знам дека не ви е верно ама освестетесе РЕЖИМОТ ПАЃА…

5.Она што треба да се признае е дека АЛБАНЦИТЕ покажаа сериозна граѓанска свест, покажаа дека не дозволуваат некој да ги влече за нос и да се коцка со нивните животи..Албaнците во Македонија гласаа ЗА ЖИВОТ, ЗА МАКЕДОНИЈА…Со ова паднаа во вода сите спинови и муабети на Груевски за федерализација, кантонизација, двојазичност…ВО КАНАЛИЗАЦИЈА МУ ОТИДОА МУАБЕТИТЕ…ТАМУ И ИМ БЕШЕ МЕСТОТО

6. Турците, Ромите, Бошњаците, Србите, Власите сите се сплотија ЗА ЖИВОТ и да знаете дека и они се сплотија ЗА ЖИВОТ и победија
ДРУГАРИ ЌЕ ИМА ЖИВОТ ВО МАКЕДОНИЈА..НЕМА ВЕЌЕ МВРО-ВМРО, НЕМА ПОДЕЛБИ, НЕМА ГЛАД, НЕМА ТЕРОР, НЕМА ЛАГИ, НЕМА ИНТРИГИ…НЕМА АПСОЛУТНА ВЛАСТ…НИЧИЈА НИЈЕ СВИТАЛА ДО ЗОРЕ…Па ни нивната…Бидете стрпливи..ПРАВДАТА Е НА НАША СТРАНА

Нора Шаќири Марковиќ – Фејсбук стату
с
Teo
Teo

Број на мислења : 5090
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

Пресови, соопштенија, изјави... - Page 5 Empty Re: Пресови, соопштенија, изјави...

Пишување by Luxor Пон Дек 26 2016, 16:36

Со Злото не се формира влада

Пресови, соопштенија, изјави... - Page 5 IMG_1901

ВМРО-ДПМНЕ велат дека тие ќе формираат влада, но, јас мислам не, тие уште некое време можат да дрдорат за прашања за кои се во совршен аут, но како Злосторничко здружување од надмафиотски тип, влада нема да формираат.

Тие можат, евентуално, да остварат одредени технички параметри, но идејни, морални и политички и меѓународни капацитети секогаш ќе им недостасуваат.

Тоа, пак, за сите времиња напред, ќе делува страшно компромитантно за сите партиите кои ќе се обидат или ќе бидат принудени да им се приближат.

Ако тоа се партии кои претендираат да ги артикулираат и претставуваат интересите на албанскиот народ во Македонија, се плашам дека тоа може, не по линија на политичките претензии, туку по линија на криминалот, да ја компромитира каузата на слободољубивоста, правдата и праведноста и принципите на чесноста на целиот народ.

Арифи, Села и другите се лажат дека можат со сите што ќе ги исполнат нивните барања. Многу е важно тоа исполнување да го нема печатот на Злосторничкото здружување. Кон идеалите мора да се оди со возвишена агенда и методологија, не преку уривање на сите морални и политички норми.

Да ја поедноставиме поентата: Ако мисијата на ВМРО-ДПМНЕ е уништување на Македонија и на македонската национална идеја и реализација, многу е важно албанскиот фактор да биде дистанциран од тоа злодело.

http://plusinfo.mk/mislenje/2204/so-zloto-ne-se-formira-vlada
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6589
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

Пресови, соопштенија, изјави... - Page 5 Empty Re: Пресови, соопштенија, изјави...

Пишување by Teo Нед Јан 22 2017, 21:41

Kje postiram dve mislenja...Ednoto od Branko Gerovski i drugoto od Zharko Trajanovski...Se odnesuvaat na incidentot vo parkot koga na Grujo mu ja otpejaa "Shutka ne ti bega Nikola"...Samo kako dokaz deka vo opoziciskite redovi razlichnite mislenja se izraz na demokratija...Za razlika od dpmne-ofcite za koi ednoumieto e edinstvenoto neshto shto go znaat...
Teo
Teo

Број на мислења : 5090
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

Пресови, соопштенија, изјави... - Page 5 Empty Re: Пресови, соопштенија, изјави...

Пишување by Teo Нед Јан 22 2017, 21:42

Слабоста на гневот

Вчера, под наслов „Оставете ги децата да растат спокојно“, на Фејсбук го објавив следниот пост:

„Секогаш остро сум го критикувал Никола Груевски, кога безмилосно апсел и уништувал невини луѓе, не водејќи сметка дека ја зацрнува и судбината на нивните семејства и особено на нивните деца. Го потсетував да мисли на сопствените деца. Го потсетував и кога хулигани им се закануваа на моите деца, па и тогаш кога идиоти заканувачки ми дофрлаа на улица, додека за рака ја водев Искра, врсничка на Анастазија на Никола.

Остро го критикував Груевски и кога на сопственото второ дете му даде очајно лош пример, воведувајќи го првачето на училиште како принц - низ шпалир од своите врсници, кои небаре му се дворјани, на чело со глупавата учителка гувернанта.

Сето тоа ми дава право, но и ми создава човечка обврска, јавно да изразам згрозување од она што се случило во Градски парк, кога група неодговорни млади луѓе го дочекале Груевски со семејството со песната ‘Шутка не ти бега, Никола’ (сега го видов тоа видео).

Луѓе, оставете ги децата да растат спокојно. Тие не се виновни ниту за наводните, ниту за вистинските гревови на своите родители. Дури и ако Никола еден ден заврши во Шутка, наша ќе биде обврската тоа да не биде казна и за неговите деца. Ние ќе треба за неговите да обезбедиме иднина, токму како и за своите деца. Имајте го тоа на ум“.

Предизвикав остра полемика, во која, со мали исклучоци, бев остро нападнат. Од една „воспитана“ девојка бев наречен „тежок лигуш“. Како противаргумент на мојата теза, прочитав и ваков коментар – монструм татко, монструм деца.

Нејсе, ете, се потрудив, во Волтеровски стил, најострите коментари да ги преообјавам во ФБ групата „Топ колумни и коментари“, што самиот ја администрирам, како и во весникот „Слободен печат“, веднаш десно од мојата колумна.

Мојот завршен коментар е една мисла на пророкот Калил Џибран: „Често мразев во самоодбрана. Но, да бев посилен, нема да се решев за такво оружје“.

ПС. Не сум ни повреден, ни разочаран, ниту пак јас некого навредив или повредив. Само сум малку зачуден од ригидноста со кои некои мои ФБ пријатели ми го оспорија правото да пишувам за темава и да имам мислење какво што изложив. Верував дека барем меѓу нас, пријателите и соборците, нема табу теми...
Teo
Teo

Број на мислења : 5090
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

Пресови, соопштенија, изјави... - Page 5 Empty Re: Пресови, соопштенија, изјави...

Пишување by Teo Нед Јан 22 2017, 21:43

За децата се работи

Добро е што почнавме да мислиме за децата. Добро е и што почнавме од децата на бившиот премиер, a сегашен мандатар. Не се тие ич виновни што татко им си порачал „Тоа на М“ од речиси 600 илјади евра со скапи екрани за неговите деца. Не се тие ич криви што татко им политички ги злоупотребува на фото сесии секогаш кога медиумски ќе му загусти.

Ама ај да помислиме малку и на другите деца.

Да помислиме малку на сиромашните деца во „најбрзо растечката економија во Европа“.

Да помислиме малку на стотиците илјади иселени деца, затоа што нивните родители не можеле да им обезбедат достоинствен живот во Македонија.

Да помислиме малку на децата чии сиромашни родители земаат дури 716 денари детски додаток (за дете од предучилишна возраст и за дете ученик во основно училиште).

Да помислиме малку и на толку посакуваните „трети деца“ од кои 52.2% живеат во сиромашни домаќинства, а стапката на сиромаштија кај повеќедетните домаќинства од година во година расте.

Да помислиме малку и на децата на оние што сензационалистички беа апсени во политички процеси во 4 или 5 часот наутро, со тешко вооружени специјалци.

Да помислиме малку на децата на критичарите и политичките противници што беа судени од „Сваровски“ судиите по налог на „големиот братучед“ на премиерот.

И невините што со години гнијат во затвори имаат деца.

Деца имаат и неправедно лустрираните и јавно жигосаните.

Да помислиме и на децата на оние кои последниве 10 години беа изложени на јавен линч и прогласувани за предавници, странски платеници, државни непријатели, агенти на странски служби, „кодоши“ и што уште не, само затоа што ги критикувале погубните политики на „пастирот“.

Да, да, деца имаат и тие што беа ограбени од извршителите кои упаѓаа во приватни сметки, за да ги платат драконските политички казни за ситни прекршоци.

И Мартин Нешковски беше нечие дете.

Помислете малку и на децата на загинатите специјалци во Куманово и поставете си го прашањето: Кој им го даде на тацна оружјето на платениците во Гошинце, и кој им дозволи на вооружените платеници да влезат и да се вкопаат во Куманово?

Помислете малку и на децата без родители, кои откако добија право на глас, беа политички злоупотребени да гласаат за „пастирот“.

Помислете малку и на децата на стечајците, кои беа омаловажувани додека протестираа против „Скопје 2014“ каде што „пастирот“ фрлаше стотици милиони евра за да си ги задоволи своите диктаторски барокни фантазии.

Помислете малку и на децата кои се принудени да просјачат, а кои беа први апсени во „Преродбата од 100 чекори“ небаре се најголеми криминалци.

Помислете на децата кои се навлечени на дроги, а кои нема каде да се лекуваат.

Помислете на стотиците деца чии родители се принудени да бараат милостина за да се лекуваат во странство.

Помислете на Тамара и на стотиците деца жртви на административна негрижа.

Помислете малку и на тоа дека Македонија е со години рекордер по смртност на доенчиња.

Помислете за тоа кој беше на власт 10 години и кој е најмногу одговорен што најголем дел од децата во Македонија не ги уживаат основните права на децата.

За децата се работи. Да, за децата, ама не за привилегираните деца на „пастирот“ и неговите послушници.

Жарко Трајановски – Фејсбук статус
Teo
Teo

Број на мислења : 5090
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

Пресови, соопштенија, изјави... - Page 5 Empty Re: Пресови, соопштенија, изјави...

Пишување by трендафил Пон Јан 23 2017, 20:33

Не знам од кои извори се податоците наведени во списокот на клевети на Жарко Трајановски, но ниту ина стотици илјади заминати во последните 10 години, иако заминувањето сега е полесно по укинувањето на визите за посета на земјите од ЕУ што дава можност за директен контакт со евентуалниот работодавач, ниту детскиот додаток во Македонија некогаш бил поголем отколку што е сега, ниту стапката за сиромаштија е зголемена освен во извештаите платени од Џорџ Сорос, УСАИД и некои амбасади. Ме радува што Трајановски го критикува апсењето на градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко извршено од политички причини за потребите на СДСМ. Да потсетам дека после тој циркус нема обвинение ни до ден денешен ниту против Темелко, ниту против било кој друг. Немој да ме убедуваш дека кога СДСМ беше на власт децата беа испраќани на лекување во странство или дека доаѓаа лекари од странство да ги оперираат во Македонија откако има опрема за тешки операции како што е сега. Јас освен за Киро Глигоров не знам дека било кој друг е испратен на лекување во странство со пари од фондот за здравство. И Трајан Беќиров како Мартин Нешовски беше нечие дете, но никој не одговараше за неговата смрт.
Да се разбереме. Не велам дека и сега нема исклучоци, но во целина имаме напредок на сите полиња. Токму поради тоа актуелната власт победи на изборите и покрај скапата кампања што ја водеа СДСМ, Сорос, УСАИД и еден куп амбасади против неа.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11146
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Пресови, соопштенија, изјави... - Page 5 Empty Re: Пресови, соопштенија, изјави...

Пишување by Luxor Вто Јан 24 2017, 09:25

Од изјавите на врхушката на дпмне-учк-офците кои самите ги признаа злоделата во бомбите.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6589
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

Пресови, соопштенија, изјави... - Page 5 Empty Re: Пресови, соопштенија, изјави...

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 5 of 5 Previous  1, 2, 3, 4, 5

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот