Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Природни лекови

4 posters

Go down

Природни лекови Empty Природни лекови

Пишување by Гостин Сре Јун 03 2015, 22:56

ОРИГАНО: НАЈСИЛНИОТ ПРИРОДЕН АНТИБИОТИК

Природни лекови Tocka-106263

Ориганото е медитеранска билка која важи за една од најлековитите билки на светот.
Ориганото е многу ценето поради неговото масло, кое се добива од диви видови оригано преку посебен процес на дестилација, за да се сочуваат сите негови својства.

Постојат повеќе од 40 видови оригано, во кулинарството најчесто се користи Origanum Vulgare, но за најлековит вид се смета Origanum Minutiflorum, кое содржи и до 90% активна лековита состојка наречена карвакрол. Старите Грци го применувале маслото од оригано за лечење рани, каснувања од змии и тегоби на дишните патишта, а во Средниот век станало популарно и во Европа, каде се користело за лечење инфекции.

Лековити својства на маслото од оригано
Највредната лековита материја во маслото од оригано е карвакрол, состојка која има силно антибактериско дејство. Британските научници потврдиле дека маслото од оригано е ефикасно против 25 различни бактерии, а најмногу против повеќето бактерии кои предизвикуваат инфекции на дебелото црево и уринарниот тракт, тифус, колера, чиреви и кожни инфекции. Освен што ги уништува бактериите, ова масло има и силно антивирусно дејство, односно ефикасно штити од грип и настинка, и може да ја спречи болеста уште кога ќе се јават првите симптоми.

Природни лекови Oregano-1

Природни лекови  уништува тврдокорните бактерии  Маслото од оригано одлично делува против многу видови бактерии, вируси и габички кои го менуваат обликот и го отежнуваат лекувањето. Агресивните антигабични својства во маслото од оригано спречуваат тврдокорни инфекции како кандида, габички на ноктите и темето. При кандида маслото се пие, а кај габички на ноктите се нанесува локално. При појава на габички на кожата на главата се препорачува да се нанесат неколку капки масло при шампонирањето.  Можно е да делува против рак  Маслото од оригано би можело да стане дел од терапиите за лечење рак. Научниците го тестирале делувањето на карвакролот на клетките од ракот на простата, и едно истражување објавено во април 2012 година на саемот на експерименти во Сан Диего, покажало позитивни резултати

Природни лекови Oregano-2

Спречува алергии
Маслото од оригано содржи рузмаринска киселина, која е силен антихистаминик и моќен антиоксиданс и најчесто се користи во лечење на алергиските реакции, бронхијална астма, ревматолошки артритис и гингвитис, така што само инхалирање на маслото помага при алергија.

Го успорува стареењето
Антиоксидативните својства на маслото од оригано се благотворни за долготрајно чување на здравјето. Тие штитат од слободните радикали и ги опоравуваат веќе оштетените клетки. Познато е дека антиоксидансите го успоруваат стареењето, штитат од рак, спречуваат макуларна дегенерација, губиток на видот и слухот, нервни пореметувања и многу други болести поврзани со делување на слободните радикали.

Природни лекови Oregano-3

Прва помош при убоди од инсекти и животни
Маслото од оригано има моќ на неутрализирање на отровните убоди, како оние од пчела, змија и пајак, а исто така е корисно и за спречување инфекции, намалување на воспаленијата и болките од убодни рани и каснувања од животни.

Помош при спортски повреди
Ги олеснува грчевите и болките во мускулите, го помага заздравувањето на повредите, воспаленијата на тетивите и слично, а неговите противвоспалителни дејства воедно го прават и моќен лек за артритис.

http://karmin.tocka.com.mk/56/106263/origano-najsilniot-priroden-antibiotik

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Природни лекови Empty Re: Природни лекови

Пишување by Teo Саб Дек 24 2016, 12:06

5 природни лекови против настинка

Сѐ повеќе луѓе почнуваат да користат природни лекови за борба против настинката, отколку да користат антибиотици. Природните лекови можат да бидат навистина моќни во лекувањето и да го одржуваат телото. Ова се 5-те најмоќни природни лекови:
Teo
Teo

Број на мислења : 5090
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

Природни лекови Empty Re: Природни лекови

Пишување by Teo Саб Дек 24 2016, 12:06

1. Мед

Како природен засладувач, медот е одличен во чај, кој секако помага во борбата против настинка. Исто така, медот е одличен за рани и изгореници.
Teo
Teo

Број на мислења : 5090
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

Природни лекови Empty Re: Природни лекови

Пишување by Teo Саб Дек 24 2016, 12:07

2. Лук

Лукот е билка која се користи во готвењето, но, исто исто така може да се користи и како лек против инфекции и настински. Лукот може да ви помогне во подобрувањето на имунолошкиот систем и да го намали ризикот од срцеви заболувања, а и содржи витамин Ц, кој има многу придобивки за вашето здравје.
Teo
Teo

Број на мислења : 5090
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

Природни лекови Empty Re: Природни лекови

Пишување by Teo Саб Дек 24 2016, 12:07

3. Ѓумбир

Ѓумбирот се користи во повеќе од половина традиционални кинески лекови. Исто така, чајот од ѓумбир помага против настинката и во ублажување на болките во стомакот.
Teo
Teo

Број на мислења : 5090
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

Природни лекови Empty Re: Природни лекови

Пишување by Teo Саб Дек 24 2016, 12:07

4. Ехинацеја

Ехинацејата често се користи против болки и инфекции. Не само што може да го подобри имунолошкиот систем, туку и може да ги намали симптомите на болест. Исто така е одличен лек и за егзема, псоријаза и изгореници од сонце.
Teo
Teo

Број на мислења : 5090
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

Природни лекови Empty Re: Природни лекови

Пишување by Teo Саб Дек 24 2016, 12:07

5. Витамин Ц

Витаминот Ц е неопходен витамин за здраво тело. Како и да е, може да се користи и за уништување на бактерии и на многу болести. Малку витамин Ц на почеток на настинката му помага на телото да оздрави побрзо.
Teo
Teo

Број на мислења : 5090
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

Природни лекови Empty Re: Природни лекови

Пишување by Delta Нед Дек 25 2016, 00:51

rakija e najdobar priroden lek znajte.,/
Delta
Delta

Број на мислења : 606
Join date : 2016-11-30

Вратете се на почетокот Go down

Природни лекови Empty Re: Природни лекови

Пишување by Luxor Саб Јан 21 2017, 22:20

Домашна крема од 2 состојки која ќе ги избрише брчките од вашето лице

Нашата кожа е неверојатно нежна. Со текот на годините таа ја губи нејзината еластичност, како резултат на што се појавуваат брчки.

Ситните брчки, кои се појавуваат околу очите, некои од нас ги прифаќаат како природен процес на стареење, но има и многу кои посакуваат да го спречат или забават овој процес.

За жал крема против старост не постои. Но, затоа постојат квалитетни козметички производи кои ја хранат и хидрираат кожата што го забавува процесот на стареење, а со тоа и создавањето на брчки.

Следната природна крема може да ја користите како алтернатива за скапите козметички производи кога се во прашање брчките околу очите, но и на целото лице.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6588
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

Природни лекови Empty Re: Природни лекови

Пишување by Luxor Саб Јан 21 2017, 22:21

Состојки:

½ лажичка кокосово масло
1-2 капки есенцијално масло од темјан
Измешјате ги убаво двете состојки и нанесете ги со нежно масирање на чисто лице, особено во делот околу очите.

Кремата се нанесува 2 часа пред спиење и не треба да се мие.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6588
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

Природни лекови Empty Re: Природни лекови

Пишување by Luxor Саб Јан 21 2017, 22:21

Кокосовото масло има многу делотворни својства кога е во прашање не само негата на лицето, туку и на целото тело.

Етеричното масло од темјан пак, е особено ценето во козметиката заради регенеративното дејство кое го има врз кожата, природниот ефект на лифтинг и пополнувањето на брчките.

Неговиот изразен мирис го опушта телото и го подобрува расположението. Исто така, ја намалува анксиозноста, депресијата, главоболката и несоницата.

http://www.crnobelo.com/zivot/ubavina/46433-domasna-krema-od-2-sostojki-koja-kje-gi-izbrise-brckite-od-vaseto-lice
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6588
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

Природни лекови Empty Re: Природни лекови

Пишување by SHARENI Пет Јан 27 2017, 18:47

ke ima li nekoj lek za onie koi uporno se obiduvaat da ne malverziraat
SHARENI
SHARENI

Број на мислења : 845
Join date : 2016-11-20

Вратете се на почетокот Go down

Природни лекови Empty Re: Природни лекови

Пишување by Luxor Вто Фед 21 2017, 17:12

Лековити билки: 7 чудотворци кои можете да ги консумирате секојдневно

Зачините не се само додаток во јадењето, тие се исто така непроценлив лек за нашиот организам. Во продолжение прочитајте кои билки се сојузници во борбата против болестите.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6588
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

Природни лекови Empty Re: Природни лекови

Пишување by Luxor Вто Фед 21 2017, 17:13

1. Босилек

Листовите босилек содржат есенцијални масла со силни антиоксиданси и антибактериски својства. Освен тоа, босилекот е одличен извор на железо и витамин А. Додајте го исечкан во салатите или тестенините.

Luxor
Luxor

Број на мислења : 6588
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

Природни лекови Empty Re: Природни лекови

Пишување by Luxor Вто Фед 21 2017, 17:14

2. Жалфија

Магичната жалфија е доста позната по своите антивоспалителни дејства. Исушете ги листовите жалфија и подготвувајте од нив чај со кој ќе можете да ги ублажите тежините предизвикани од чувствително забно месо, воспалено грло или болни синуси. Додајте свежи листови жалфија во сосот со кој ќе го полиете омилениот бифтек. Само бидете внимателни со количината, бидејќи овој зачин има интензивен вкус и мирис.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6588
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

Природни лекови Empty Re: Природни лекови

Пишување by Luxor Вто Фед 21 2017, 17:14

3. Коријандер

Го поттикнува исфрлањето на тешките метали од телото и му помага на црниот дроб во тој процес. Ја чисти кожата, ги ублажува кожните воспаленија и желудочните тегоби. Можете да го додавате во салати, печења и смудиња, а можете да направите и напивка од суви семки. Едноставно прелијте ги со врела вода и оставете ги да отстојат 10 минути.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6588
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

Природни лекови Empty Re: Природни лекови

Пишување by Luxor Вто Фед 21 2017, 17:14

4. Маточина

Во нашите краеви често пред спиење се пие чај од маточина затоа што смирува и благотворно делува на организмот и нервниот систем. Меѓутоа, ситно исечканите свежи листови маточина можете да ги додадете во овошни салати или пак, во тестото за колачиња и мафини. Маточината помага во лечењето на чирови или грозница на усните, ја намалува високата температура и главоболката.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6588
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

Природни лекови Empty Re: Природни лекови

Пишување by Luxor Вто Фед 21 2017, 17:14

5. Магданос

За одгледување магданос ќе ви биде потребна мала импровизирана градина на терасата или балконот. Овој зачин е одличен за имунолошкиот систем, помага во отстранувањето на вишокот течности од телото, го лекува нервниот систем и ги зајакнува коските. Исто така е одличен освежувач на здивот. Користете го свеж во супа, ориз, сос, варила или салата. Додајте го во јадењето 5 минути пред крајот на готвењето, бидејќи во текот на долготрајното изложување на високи температури губи доста лековити својства.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6588
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

Природни лекови Empty Re: Природни лекови

Пишување by Luxor Вто Фед 21 2017, 17:14

6. Рузмарин

Содржи кофеинска и рузмаринска киселина, два моќни антиоксиданси со лековито делување и е одличен извор на витамин Е. Добро ја поднесува сувата и сиромашна земја, па можете да го засадите во тегла и да го чувате на вашиот балкон без страв. Сјајно се сложува со јадењата од месо, па можете да го додадете во сите печења, а ќе биде одличен додаток на печењето со „тежок“ зеленчук, како што е компирот или слаткиот компир.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6588
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

Природни лекови Empty Re: Природни лекови

Пишување by Luxor Вто Фед 21 2017, 17:15

7. Нане (мента)

Има анестетични својства и овозможува чувство на ладење. Содржи неколку клучни витамини и минерали, но неговото најсилно својство е антиоксидансот. Благотворно делува на варењето, ги ублажува надуеноста, грчевите и тврдата столица. Ова е еден од најсестраните зачини. Секогаш садете го во посебна саксија, одвоено од другите билки, бидејќи е доста „наметлив“ и агресивен, односно многу брзо расте. Додајте го во овошни салати, посипете го со него сладоледот, додајте го во смудињата и напивките. Листовите можете да ги исушите и од нив да приготвувате чај.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6588
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

Природни лекови Empty Re: Природни лекови

Пишување by Delta Сре Фед 22 2017, 13:41

lecile se ne se lecile pak ke umreme..//.
Delta
Delta

Број на мислења : 606
Join date : 2016-11-30

Вратете се на почетокот Go down

Природни лекови Empty Re: Природни лекови

Пишување by Luxor Нед Апр 02 2017, 11:33

Чај што помага за синдромот на нервозни црева

Еден од чаевите што помага за подобро варење на храната е маточината.

Таа ги ублажува мачнините, надуеноста, гасовите и грчевите во стомакот, а исто така помага и при слабиот апетит.

Чајот од маточина се пие без засладувачи пред оброците или засладен со малку мед по оброкот.

Овој чај во комбинација со нане помага и за синдромот на нервозни црева.

http://www.popularno.mk/2017/04/01/%D1%87%D0%B0%D1%98-%D1%88%D1%82%D0%BE-%D0%BF%D0%BE%D0%BC%D0%B0%D0%B3%D0%B0-%D0%B7%D0%B0-%D1%81%D0%B8%D0%BD%D0%B4%D1%80%D0%BE%D0%BC%D0%BE%D1%82-%D0%BD%D0%B0-%D0%BD%D0%B5%D1%80%D0%B2%D0%BE%D0%B7%D0%BD/
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6588
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

Природни лекови Empty Re: Природни лекови

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот