Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Изгор лето

2 posters

Go down

Изгор лето Empty Изгор лето

Пишување by Гостин Саб Jул 18 2015, 11:47

БАЛКАНОТ ПОД ЦРВЕН АЛАРМ, ТЕМПЕРАТУРИ НАД 40 СТЕПЕНИ

Хрватска, Босна и Херцеговина и Црна Гора се соочуваат со топлотен бран, а за наредните денови ќе биде објавен црвен метеоаларм, што значи дека температурата на воздухот ќе се искачи над 40 степени Целзиусови, пренесе МИА.

Хидрометеоролозите предупредуваат од опасноста на избивање на пожари поради високите температури.

Црвениот метоеаларм предупредува и дека високите температури можат да бидат опасни и по животот на луѓето и се препорачува да не се работи на отворено во најтоплиот дел од денот.

Во Црна Гора денеска е прогласен портокалов метеоаларм, а за утре се предвидува црвен.

Утре и во делови на Хрватска – Истра, Кванер и Далмација ќе биде објавен црвен метеоаларм. Во текот на вечерта се очекува дожд и грмежи, но и покрај тоа температурите ќе останат високи

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Изгор лето Empty Re: Изгор лето

Пишување by Гостин Саб Jул 18 2015, 11:49

Ниту кај нас не е ништо подобро.

Денеска жолта фаза во Охридско-преспански регион, од недела топлотен бран во цела држава

Согласно најавата од Метео-алармот на Управата за хидро-метеоролошки работи, во текот на денешниот ден со топлотен бран од жолта (алертна) фаза е зафатен Охридско-преспанскиот регион, додека во следните неколку дена - од утре до вторник се очекува територијата на цела држава да биде зафатена со температури до 40 Целзиусови степени, кои ја дефинираат жолтата (алертна) фаза, соопштува Министерството за здравство.

Граѓаните од цела држава потребно е да ги почитуваат општите препораки за населението за заштита од високите температури, како што се: заштита од директна сончева изложеност, избегнување престој на отворено во периодот од 11 до 17 часот, консумирање лесна храна и течности, хигиена на раце и хигиенски начин на подготовка на храната и редовно земање на терапијата кај хронично болните лица.

Сите заинтересирани граѓани имаат можност да добијат здравствен сове за заштита од високи температури и информации од превентивен карактер на мобилните едукативно-здравствени пунктови поставени во сите градови во државата, секој ден од 18.30 до 21.30 часот, каде се мери крвен притисок и се даваат совети за превенција од топлото време и за здрав начин на живот. На територијата на град Скопје се поставени три мобилни пунктови, од кои еден се наоѓа на пешачката патека кај реката Вардар и по два мобилни пункта ќе циркулираат низ Скопје.

Во продолжение се општи препораки за заштита на населението од високите летни температури:

1. Во текот на ваквите екстремно топли денови, останете во затворени простории (пред се климатизирани), а при неопходен престој на отворен простор во овој период, да се најде можност за почести одмори под сенка.

2. Да се носи светла и лесна облека, а при директна изложеност на сонце носете заштитни очила и капа (светлите бои ја рефлектираат светлината), а при сончање да се користи крема со висок заштитен фактор.

3. Да се внесува помало количество храна, претежно овошје и зеленчук, а помалку масна храна.

4. Да се внесуваат големи количества течности, најдобро обична вода за пиење, а да се избегнуваат алкохолните пијалаци.

5. При влегување во возило, потребно е тоа одреден период да се проветри.

6. Хронично болните лица редовно да ја земаат препишаната терапија, во консултација со матичните лекари.

Поради високите температури и зголемената можност за појава на труења со храна и цревни заразни заболувања, потребно е почитување на следните репораки:

1. Задолжително миење на земјоделско-градинарски производи (свеж зеленчук и овошје) пред нивната употреба.

2. Термичка подготовка на храната и нејзино конзумирање во многу кус рок по подготовката. Ако тоа не се направи, така подготвената храна да се стави во фрижидер на +8 Целзиусови степени степени, а пред употребата истата да се загрее на +100 степени.

3. Да се избегнуваат производи кои термички не се обработени како мајонези од домашни јајца, а внимателно да се конзумира сладолед и разни кремови.

Информации за топлотните бранови континуирано се дистрибуираат на веб-местото ww.toplotnibranovi.mk.

http://grid.mk/read/news/510637836/10261159/crven-meteoalarm-za-balkanot

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Изгор лето Empty Re: Изгор лето

Пишување by kiBik Сре Jул 29 2015, 16:54

luхor напиша:Ниту кај нас не е ништо подобро.
Шо направи бе, Лускор? Изгоре во жегата или па се удави во морето? Suspect
kiBik
kiBik

Број на мислења : 2537
Join date : 2015-01-16

Вратете се на почетокот Go down

Изгор лето Empty Re: Изгор лето

Пишување by Гостин Пон Aвг 03 2015, 11:52

Ни едното, ни другото. Се кријам на ладовина. Со ладно пивце и се останато што оди со него.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Изгор лето Empty Re: Изгор лето

Пишување by kiBik Сре Aвг 05 2015, 13:01

luхor напиша:Ни едното, ни другото. Се кријам на ладовина. Со ладно пивце и се останато што оди со него.
А што точно оди со него? Suspect
kiBik
kiBik

Број на мислења : 2537
Join date : 2015-01-16

Вратете се на почетокот Go down

Изгор лето Empty Re: Изгор лето

Пишување by Гостин Чет Aвг 06 2015, 09:28

Ова. Twisted Evil

Изгор лето 15e89c3b2ed55074486c1cc5b753a48d

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Изгор лето Empty Re: Изгор лето

Пишување by kiBik Чет Aвг 06 2015, 10:08

luхor напиша:Ова. Twisted Evil

Изгор лето 15e89c3b2ed55074486c1cc5b753a48d
Хм.... кай нас пивото не го продаваат со вакви екстри. Следниот пат кога одиш за пиво, земи едно-две вакви и за мене. Twisted Evil
kiBik
kiBik

Број на мислења : 2537
Join date : 2015-01-16

Вратете се на почетокот Go down

Изгор лето Empty Re: Изгор лето

Пишување by Hamad bim Khalifa Чет Aвг 06 2015, 10:33

Namesto da fakja boja na sonce, se fatila za shisheto - vo ladovina!?!?! Ebati alkosot! Evil or Very Mad
Hamad bim Khalifa
Hamad bim Khalifa

Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16

Вратете се на почетокот Go down

Изгор лето Empty Re: Изгор лето

Пишување by kiBik Чет Aвг 06 2015, 10:44

Hamad bim Khalifa напиша:Namesto da fakja boja na sonce, se fatila za shisheto - vo ladovina!?!?!  Ebati alkosot! Evil or Very Mad
Сигурно нема кой да я намаже со слънцезащитен крем. Луксор се напил ко мотика!!! Нема да гори момето сеа заради него! Evil or Very Mad
kiBik
kiBik

Број на мислења : 2537
Join date : 2015-01-16

Вратете се на почетокот Go down

Изгор лето Empty Re: Изгор лето

Пишување by Hamad bim Khalifa Чет Aвг 06 2015, 11:20

Luksor se banja u Hajneken bazenot so drustvo, k.r go boli za krema i mackanje, bogdacuva /!?!?!? Evil or Very Mad
Hamad bim Khalifa
Hamad bim Khalifa

Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16

Вратете се на почетокот Go down

Изгор лето Empty Re: Изгор лето

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот