Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

ОБВИНИТЕЛ СПЕЦИЈАЛЕН -КАТИЦА ЈАНЕВА

+10
Luxor
Kalinda
Arhimed
хан Ацо
трендафил
tmoro
defo
reiter
osa
Hamad bim Khalifa
14 posters

Страна 13 of 19 Previous  1 ... 8 ... 12, 13, 14 ... 19  Next

Go down

ОБВИНИТЕЛ СПЕЦИЈАЛЕН -КАТИЦА ЈАНЕВА  - Page 13 Empty Re: ОБВИНИТЕЛ СПЕЦИЈАЛЕН -КАТИЦА ЈАНЕВА

Пишување by osa Пет Сеп 16 2016, 18:20

Teo напиша:A ti slushna nekade nekoj od opozicijata da im nareduva da mu stanat na fikusot i da mu zalepat nekolku shamari kako shto tvojot Grujokio toa go nareduva za Zhernovski???


sega ke ti odgovori vo STILOT :" shto ima nekoj da mu nareduva na svoeto chlenstvo da zalepi nekolku shamari ".....ednostavno prijatele ne te razbira shto mu kazuvash ....on si tera po svoe .....strashno ,ama vistinito ....

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16597
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ОБВИНИТЕЛ СПЕЦИЈАЛЕН -КАТИЦА ЈАНЕВА  - Page 13 Empty Re: ОБВИНИТЕЛ СПЕЦИЈАЛЕН -КАТИЦА ЈАНЕВА

Пишување by Kalinda Пет Сеп 16 2016, 23:45

Двојните аршини
за никого не се добри !
Се надевам наскоро
тоа ке го сватат и
од опозицијата.
Kalinda
Kalinda

Број на мислења : 495
Join date : 2015-02-28

Вратете се на почетокот Go down

ОБВИНИТЕЛ СПЕЦИЈАЛЕН -КАТИЦА ЈАНЕВА  - Page 13 Empty Re: ОБВИНИТЕЛ СПЕЦИЈАЛЕН -КАТИЦА ЈАНЕВА

Пишување by defo Саб Сеп 17 2016, 09:40

ОБВИНИТЕЛ СПЕЦИЈАЛЕН -КАТИЦА ЈАНЕВА  - Page 13 CsdQ9BAWEAAOONB

Слушам првите два случаја од СЈО пред суд, за макс 8 дена. Како ли ќе пресуди сваровски судството?!

А Калинда кога сме кај двојни аршини ..
Двојче од домашен притвор, кршејќи ги сите закони потпишува документи , а од друга страна од овој режим настрадаа многу луѓе кои прво беа седнати на обвинително столче , однесени во притвор и покрај здравствената состојба.

Апелацискиот суд Скопје вели дека е ненадлежен да даде мислење за тоа дали битолскиот градоначалник, Владимир Талески, од куќен притвор може да потпишува службени документи. Ова стои во одговорот што од судот ѝ го испратиле на советничката во Општина Битола, од ВМРО-Народна партија, Габриела Илиевска, која побара мислења од судовите и од Собранието за работењето на Талески од дома.

Судовите се прогласија за ненадлежни за потписите на Талески од притвор

_________________
Jас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - изроди како македонскиот
defo
defo

Број на мислења : 3586
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

ОБВИНИТЕЛ СПЕЦИЈАЛЕН -КАТИЦА ЈАНЕВА  - Page 13 Empty Re: ОБВИНИТЕЛ СПЕЦИЈАЛЕН -КАТИЦА ЈАНЕВА

Пишување by трендафил Пон Сеп 19 2016, 20:29

Мислев дека СЈО ќе се бави со сериозни предмети, а не со насилство во кое е направена штета од 25 евра, односно е скршен едно стакло што граѓаните на општина Центар ги чинеше 10 евра и заварување на оградата што чинеше 15 евра, Не знам дали СЈО ќе бара притвори.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

ОБВИНИТЕЛ СПЕЦИЈАЛЕН -КАТИЦА ЈАНЕВА  - Page 13 Empty Re: ОБВИНИТЕЛ СПЕЦИЈАЛЕН -КАТИЦА ЈАНЕВА

Пишување by defo Пон Сеп 19 2016, 22:05

Владе Двојче, Битолскиот Градо(Кради)началник пак на слобода, уште еден успех на Свароски судството, а неуспех на Македонската правна држава.

_________________
Jас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - изроди како македонскиот
defo
defo

Број на мислења : 3586
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

ОБВИНИТЕЛ СПЕЦИЈАЛЕН -КАТИЦА ЈАНЕВА  - Page 13 Empty Re: ОБВИНИТЕЛ СПЕЦИЈАЛЕН -КАТИЦА ЈАНЕВА

Пишување by Гостин Вто Сеп 20 2016, 10:32

трендафил напиша:Мислев дека СЈО ќе се бави со сериозни предмети, а не со насилство во кое е направена штета од 25 евра, односно е скршен едно стакло што граѓаните на општина Центар ги чинеше 10 евра и заварување на оградата што чинеше 15 евра, Не знам дали СЈО ќе бара притвори.  

Аман бр Трендо, кај најде да тргнеш по умот на оној гревот Стефче и од него да препишуваш. Многу добро знаеш дека не е во прашање материјалната штета туку штетата нанесена на демократијата во Македонија со порачување шамари и насилни упади во општината за да се сокријат криминалите на Грујошеску.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ОБВИНИТЕЛ СПЕЦИЈАЛЕН -КАТИЦА ЈАНЕВА  - Page 13 Empty Re: ОБВИНИТЕЛ СПЕЦИЈАЛЕН -КАТИЦА ЈАНЕВА

Пишување by Гостин Вто Сеп 20 2016, 12:31

Me razocharuvash Trendafile...Mora nachisto da ti otkazhala inspiracijata od pastirot tvoj i delata negovi pa morash da ja plagirash tetka Stefka... Twisted Evil

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ОБВИНИТЕЛ СПЕЦИЈАЛЕН -КАТИЦА ЈАНЕВА  - Page 13 Empty Re: ОБВИНИТЕЛ СПЕЦИЈАЛЕН -КАТИЦА ЈАНЕВА

Пишување by defo Вто Сеп 20 2016, 20:50

„СВАРОВСКИ“ СУДИЈКАТА ЌЕ ГИ СУДИ ГРУЕВСКИ И ГРУЈОВСКИ ПО ОБВИНЕНИЈАТА НА СЈО, НИКОЈ НЕ БАРА ИЗЗЕМАЊЕ


Во „бомбата“ за правосудството, објавена на 19 март 2015 година, меѓу другите, го имаше и разговорот помеѓу судијката Сафија Лаличиќ и ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков. Во продолжение е извадок од транскриптот на „бомбата“, во кој се споменува судијката Лидија Петровска:

СЛ: Како!? Добро. А што сакав да те прашам. Другите кои ги договоривте?

СМ: Уште една таа од КС, како се викаше?

СЛ: Лидија Тупанчевска, ме зезаш?

СМ: Не, Петровска бе, не Тупанчевска.

СЛ: Тупанчевска се презива, таа му е на Тупанчевски братучетка.

СМ: А?

СЛ: Тоа и е моминско, и е Тупанчевска, Петровска и е од мажот.

СМ: Аха. Иначе која е, како е она?

СЛ: Па на Тупанчевски му е братучетка. Е значи го испуши кај Лидија, и го испуши. Значи цел Сваровски и го купи и го испуши.

СМ: Она ја предложи оваа, ама ако не, можам да ја откачам ја.

СЛ: Е што, она пушеше кај Лидија секој ден Сварсовски поклони и купуваше. И ја купи Лидија за поклоните сега…сум ти кажала за Тупанчевска уште пред година дена, нели сум ти кажала за Тупанчевска да памтиш.

СМ: Добро ајде нема везе ако му е братучетка. Имам ја братучеди што не ги ни познавам.

СЛ: И добро, друг?

СМ: Толку е што.

СЛ: Е па три места има.

СМ: Е па третото слободно е, до понеделник.

СЛ: Што збориш бе?

СМ: Каква е таа, кажи ми?

СЛ: На Тупанчевски му е братучетка. Јас многу фино стојам со неа, коректна е. Ама многу пуши, многу лиже г`зови, вештачка е. Кај мене не знаеш, она почна да ме части, бесплатни козметички работи…

СМ: Ама сега, ќе ја викам ја неа кај мене, ќе ја видам ја, тоа неможе да пројде така.

СЛ: Ти не знаеш каков г`золижач е. Мене ме частеше ваучери за да идам на козметичари за да ме купи за ова.

СМ: Таа утре ќе се сврти, а?

СЛ: Таа? А бе како да ти кажам. А бе за Вики на Жане Белозова сестра и, не завршивте работа?

ТДМ, доволно е на оваа тема од мене...за повеќе подолу го има комплетниот сет бомби, барајте бомба за правосудството, од 19 март 2015....

_________________
Jас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - изроди како македонскиот
defo
defo

Број на мислења : 3586
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

ОБВИНИТЕЛ СПЕЦИЈАЛЕН -КАТИЦА ЈАНЕВА  - Page 13 Empty Re: ОБВИНИТЕЛ СПЕЦИЈАЛЕН -КАТИЦА ЈАНЕВА

Пишување by defo Вто Сеп 20 2016, 21:10

Михајловска е позната во јавноста по тоа што ја водеше истрагата за случајот „Ликвидација“, во кој на затворска казна од 4,6 години беше осуден новинаротТомислав Кежаровски, а потоа Апелациониот суд му ја намали казната на две години.

Од судот не информираа дека се уште не се одредени датуми за судење, односно за одржување на главната расправа, за што пак не е предвиден рок, туку ќе се чека слободен термин.

Двата предмети се работени по скратена постапка бидејќи Обвинителството имало доволно докази за да изготви обвинителни предлози и да ги достави до Кривичниот суд.

Еве уште малце просветление за ликот и делото на судијките кои ќе судат „непристрасно“ за случаите од СЈО.
Браво...
Судијките Татјана Михајлова и Лидија Петровска ги добија предметите од СЈО

_________________
Jас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - изроди како македонскиот
defo
defo

Број на мислења : 3586
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

ОБВИНИТЕЛ СПЕЦИЈАЛЕН -КАТИЦА ЈАНЕВА  - Page 13 Empty Re: ОБВИНИТЕЛ СПЕЦИЈАЛЕН -КАТИЦА ЈАНЕВА

Пишување by Гостин Сре Сеп 21 2016, 11:55

Арно ти пишале во насловот, што не бараат изземање? Ако на СЈО тие судии му се добри зошто се крева врева околу тоа?

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ОБВИНИТЕЛ СПЕЦИЈАЛЕН -КАТИЦА ЈАНЕВА  - Page 13 Empty Re: ОБВИНИТЕЛ СПЕЦИЈАЛЕН -КАТИЦА ЈАНЕВА

Пишување by osa Сре Сеп 21 2016, 18:46

eh mori kate na tate .....ako moze gujo 10 godini da ne se pojavi na TV duel kaj shto ke mu postavat " nezgodni prashanja " ,ako za ovie DESET godini nieden JAVEN OBVINITEL ne go obrazlozuval svojot izveshtaj ,javno ke prasham : shto K.r BARASH ti bre Kate da odish vo ustata na ile kopile i rangelova zvana SHISHKA ,A?

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16597
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ОБВИНИТЕЛ СПЕЦИЈАЛЕН -КАТИЦА ЈАНЕВА  - Page 13 Empty Re: ОБВИНИТЕЛ СПЕЦИЈАЛЕН -КАТИЦА ЈАНЕВА

Пишување by Kalinda Чет Сеп 22 2016, 00:26

Премногу критики!
Толку ли сте заслепени?
Како не гледате дека
дека оваа е срам
за судството
Kalinda
Kalinda

Број на мислења : 495
Join date : 2015-02-28

Вратете се на почетокот Go down

ОБВИНИТЕЛ СПЕЦИЈАЛЕН -КАТИЦА ЈАНЕВА  - Page 13 Empty Re: ОБВИНИТЕЛ СПЕЦИЈАЛЕН -КАТИЦА ЈАНЕВА

Пишување by defo Чет Сеп 22 2016, 08:00

Kalinda напиша:Премногу критики!
Толку ли сте заслепени?
Како не гледате дека
дека оваа е срам
за судството

Убаво што е така..иначе до сега твоите #ДПМНЕ-овци да беше малку поасална ќе беа на издржување 225годишни казни во Идриз Бег....
defo
defo

Број на мислења : 3586
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

ОБВИНИТЕЛ СПЕЦИЈАЛЕН -КАТИЦА ЈАНЕВА  - Page 13 Empty Re: ОБВИНИТЕЛ СПЕЦИЈАЛЕН -КАТИЦА ЈАНЕВА

Пишување by Гостин Чет Сеп 22 2016, 11:05

Koj si ja ima muvata...

Малку за легитимноста на Собранието:

ОБВИНИТЕЛ СПЕЦИЈАЛЕН -КАТИЦА ЈАНЕВА  - Page 13 Najcevska-540x405

Maлку за легитимноста на Собранието:

1. Кога се отвора истрага во врска со изборна измама од огромни размери, најнормално е да се отвори и прашањето за легитимитетот на оние кои дошле во Собранието како резултат на таа изборна измама.

2. Секој пратеник кој не дошол на функција како резултат на свесно прифаќање на изборната измама е логично да направи се што е во негова моќ да се разоткрие измамата.

3. Секој пратеник кој дошол на функција како резултат на свесно прифаќање на изборната измама ќе се бори со сите сили да не се разоткриe измамаматa и да го задржи лажниот легитимитет. Значи, во моментов не можеме да знаеме дали Собранието е легитимно или не.

Во моментов постојат само основани сомневања за легитимитетот на Собранието кои можат да бидат докажани или не во судска постапка.

Она што со сигурност можеме да го знаеме се имињата на пратениците кои се плашат од истрага за изборните нерегуларности, односно, се плашат дека ќе се докаже нивната нелегитимност. Тие пратеници и нивните реакции се најдобар доказ дека истрагата оди во права насока и дека сомневањето е навистина основано. Многу е просто нели?

Мирјана Најчевска
фејсбук статус

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ОБВИНИТЕЛ СПЕЦИЈАЛЕН -КАТИЦА ЈАНЕВА  - Page 13 Empty Re: ОБВИНИТЕЛ СПЕЦИЈАЛЕН -КАТИЦА ЈАНЕВА

Пишување by defo Чет Сеп 22 2016, 20:34

Момче твојот глас ми звучи познато....
ОБВИНИТЕЛ СПЕЦИЈАЛЕН -КАТИЦА ЈАНЕВА  - Page 13 Cs6DZGZUAAAE8U_


https://twitter.com/bakraci/status/778724533545021440

_________________
Jас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - изроди како македонскиот
defo
defo

Број на мислења : 3586
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

ОБВИНИТЕЛ СПЕЦИЈАЛЕН -КАТИЦА ЈАНЕВА  - Page 13 Empty Re: ОБВИНИТЕЛ СПЕЦИЈАЛЕН -КАТИЦА ЈАНЕВА

Пишување by Гостин Пет Сеп 23 2016, 10:59

Gerovski odlichno ja procenil situacijata...Onie kon koi se upateni negovite poraki bi trebalo vednash da reagiraat...

Агенда


Еве, веќе со денови трае обидот на хунтата политичката агенда да се фокусира на темата за наводната некомпетенцијата на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева да ја врши функицијата што ѝ е доверена со поддршка од сите политички партии, на чело со владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Како што веќе напишав на Фејсбук (а куририте тоа веднаш го протолкуваа како наводна одбрана на настапот на Јанева на МТВ), нивото на елоквенција на обвинителката и нејзината (не)снаoдливост пред камерите и пред атаците од пратеници избрани на нерегуларни избори, не се фактори што ја определуваат нејзината компетенција. Јас би сакал Катица да има подобар вкус и појавност, а секако и да има карактеристики на телевизиска ѕвезда или врвен оратор во парламентот. Но, не ми пречи што таа нема ништо од сето тоа. Македонија од Јанева очекува само едно – брзо и квалитетно да ја заврши работата за која е избрана и платена, да поднесе обвиненија против криминалната банда за чии злодела слушавме во обелоденетите снимки од тајните прислушувања и својата способност да ја докаже на суд.

А задача на некој друг е да одговори на обидот на власта да го отргне вниманието на јавноста од клучните политички теми, меѓу кои се и обвинението против поранешниот премиер Никола Груевски и наводите на Викиликс кои покажуваат дека тој, всушност, е човекот којшто со Ахмети договарал „двојазичност“, плати за борците на УЧК и слични други „предавства“.

Е, тој „некој друг“, очигледно не знае дека избори не се добиваат со викање „ура“ и со караници по портали и на Фејсбук, туку со умно сетирање на политичката агенда, со фокусирање на најважните теми и со артикулирани настапи во јавноста. Морам да кажам дека во тој поглед, овој веќе тешко ранет и прилично подизгубен, Груевски и неговата камарила сè уште се подосетливи и поуспешни од опозициските јуришници.

Крајно време е тоа да се смени. Грев е да губиме кога сме попаметни и кога вистината е на наша страна.

ПС. Строго препорачувам, наместо со играта детекција на „тајните пораки“ во овој текст, да се размисли за она што овде е напишано јавно и совршено јасно. И да се дејствува. Веднаш!

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ОБВИНИТЕЛ СПЕЦИЈАЛЕН -КАТИЦА ЈАНЕВА  - Page 13 Empty Re: ОБВИНИТЕЛ СПЕЦИЈАЛЕН -КАТИЦА ЈАНЕВА

Пишување by Гостин Пет Сеп 23 2016, 12:48

Повик за одбрана на СЈо од шарените.

Шарената револуција в понеделник на собир за поддршка на СЈО

Шарената револуција повикува в понеделник, во 17 часот пред Собранието на Македонија на јавен собир за поддршка на СЈО. Во соопштението, меѓу другото, се вели дека во изминатиот период медиумите, како што се наведува, „под контрола на обвинетиот Груевски можеме да забележиме вистински линч и пропаганда против Катица Јанева и целото СЈО“. „Истовремено, власта со кој се уште управува обвинетиот Груевски ја користи секоја прилика за да ја блокира работата на оваа институција“, се наведува во соопштението во кое се додава и дека Уставниот суд се уште нема закажано седница на која ќе се разгледува Иницијативата за уставноста на СЈО и оти пратениците од ВМРО ДПМНЕ одбиваат да ги донесат потребните законски измени за заштита на сведоци и свиркачи, како и да го продолжат рокот за работење на СЈО.

http://www.slobodnaevropa.mk/a/28008653.html

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ОБВИНИТЕЛ СПЕЦИЈАЛЕН -КАТИЦА ЈАНЕВА  - Page 13 Empty Re: ОБВИНИТЕЛ СПЕЦИЈАЛЕН -КАТИЦА ЈАНЕВА

Пишување by Гостин Саб Сеп 24 2016, 11:53

Najchevska i ovoj pat vo celta...

ДПМН-овците ги навлекоа граѓаните во стапицата на чаршиските муабети (за кои единствено имаат капацитет) за да ги одвлечат од расправата за работата со која се бави СЈО

Kaтица била паметна – Катица била глупа.
Катица имала Академија – Катица немала Академија.
Катица била царица – Катица била смешна. …

Мислам дека ДПМН-овците ги навлекоа граѓаните во стапицата на чаршиските муабети (за кои единствено имаат капацитет), за да ги одвлечат од расправата за работата со која се бави СЈО. За ликот и карактеристиките на Катица можеше да се разговара на собраниската седница на која таа требаше да биде избрана за Специјален јавен обвинител.

Тогаш беше местото и времето да се изнесат мислења за нејзиниот капацитет, знаења, искуство, лични карактеристики, соодветност за позицијата. На таа седница немаше ваква расправа.

Денес не се расправа за Катето. Се расправа за извештајот на СЈО. Се расправа за тоа дали СЈО ја извршува задачата заради која е формирано, со кои проблеми се соочува и на кој начин да се обезбедат услови за непречена работа. Се расправа за тоа како напредува во работата, кои случаи се формирани и што содржат овие случаи. Тоа е она што треба да ги интересира и за што треба да расправаат пратениците.

Секоја реплика упатена од страна на пратениците, а која се однесува на личните карактеристики и капацитети на Катето мора да биде прекината и отфрлена од страна на претседавачот како несоодветна за расправата која што се води.

Претседавачот има должност да ја заштити Катето од навреди и атак врз нејзината личност и во секоја ситуација да ги потсети пратениците дека се наоѓаат во највисокото тело на власта и така и треба да се однесуваат. Прашањата кои се однесуваат на трошењето на парите од страна на СЈО мораат да бидат ставени во контекст на работењето на СЈО и да се види дали биле потрошени согласно предложениот финансиски план (кој веќе е презентиран и усвоен), односно, дали биле потрошени за ставките предвидени во членот 15 од законот за СЈО.

Доколку потрошените средства не се протрошени за други ставки од оние предвидени во членот 15 и не ја надминуваат сумата која е одобрена, расправата може да се води само за тоа, колку ефикасно е СЈО, односно, колку случаи успеало да формира со одобрените средства. И со нетрпение ја чекам расправата по извештајот на Марко Зврлевски. За тоа зошто се покренати, а зошто не се одредени обвиненија, зошто се побарани, а зошто не се побарани мерки притвор, зошто се добиени негативни оцени во извештаите на ЕУ, како се трошат парите, како се напредува во ЈО, …

Мирјана Најчевска
фејсбук статус

http://www.libertas.mk/dpmn-ovtsite-gi-navlekoa-graganite-vo-stapitsata-na-charshiskite-muabeti-za-koi-edinstveno-imaat-kapatsitet-za-da-gi-odvlechat-od-raspravata-za-rabotata-so-koja-se-bavi-sjo/

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ОБВИНИТЕЛ СПЕЦИЈАЛЕН -КАТИЦА ЈАНЕВА  - Page 13 Empty Re: ОБВИНИТЕЛ СПЕЦИЈАЛЕН -КАТИЦА ЈАНЕВА

Пишување by Гостин Сре Сеп 28 2016, 11:10

Istraga "Trezor"...Obvineti poraneshni visoki funkcioneri od DBK za kradenje od budzhetot...Tipuvam na Mijalkov kako prvoobvinet...

Раководни лица од УБК осомничени за злоупотреба на над 862 илјади евра

ОБВИНИТЕЛ СПЕЦИЈАЛЕН -КАТИЦА ЈАНЕВА  - Page 13 Sjo11

Специјалното јавно обвинителство денеска го објави првиот случај за економски криминал под кодно име Трезор.

Како што рече обвинителката Фатиме Фетаи се работи за група злупотреба на Буџетот на РМ.

Од доказите во овој предмет има основано сомнение дека злоупотребата на положбата и оштетување на Буџетот се искористени искористени за друга корист – имотна корист и лично богатење.

Во истрагата што се отвора осомничени се три раководни лица од УБК и едно од МВР за прибавена имотна корист за добро познато правно лице  регистрано како Физки ДОЕЛ  во вредност од 53 милиони  15 илјади и 794 денари или 862.045 евра за која вредност е нанесена директна штета на Буџетот.

Од доказите прибавени во предистрага има основано сомнение дека од  јули 2010 до 2012 година првите три осомничени лица ја искористиле службената положба и за трето лице обезбедиле имотна корист која надминува 35 милиони  488 илјади 294 денари или  577 илјади и 45 евра.

За четвртоосомниченото лице постои сомнение дека со умисла им помогнал во реализацијата.

Доказите упатуваат дека трите осомничени лица со цел да набават електронско телекомуникациска опрема опрема за МВР и УБК во име на УБК од 07 до 09 јули 2010 година биле во Велика Британија каде оствариле средба со правно лице за набавка на опрема од тоа правно лице за потребите на 5-та управа при УБК. Четвртото осомничено лице гии подготвувало техничките спецификации.

Наместо а се набави опремата директно од добавувувачот од Британија, а со цел прибавување на имотна корист како посредник е вклучена фирмата Финзи ДОЕЛ каде како управител до 3.2.2011 година е лице кое е во крвно сродство со третоосомничениот во истрагата.

На 23 декември 2011 година е склучен Анекс на договорот од страна на МВР и сведок од Финзи ДОЕЛ сега покојниот Коста Крпач во вредност од 49 милиони 265 илјади и 246 денари.

Според обвинителката Фетаи за сите осомничени ќе бидат побарани мерки на претпазливост и мерка замрзнување на имотот.

Крпач, инаку академски сликар и управител на Финзи и еден од аболицираните на списокот на претседателот Иванов  на 27 април беше појанден мртов во неговиот стан во Капиштец. Како што соопшти обвинителката и портпаролка на СЈО – Ленче Ристовска тој со изјава им укажал дека примал закани, но за тоа какви и од кого не прецизираше, со цел да не се попречи истрагата и за неговата смрт која ја води Основното обвинителство.

-Лицето Коста Крпач доброволно се јави за да биде сведок во една предистражна постапка, која се уште не е објавена . Малку сме ограничени со информациите кои по однос на овој случај може да ги дадеме, бидејќи не се работи за само наша предистражна постапка, туку се работи за предистражна постапка и на Основното јавно обвинителство и не би сакале да ја нарушиме тајноста.

Ние имаме изјава од лицето Коста Крпач со која ни укажува дека постоеле такви закани, за тоа е известено Јавното обвинителство, доказите кои ги поседуваме се тука кај нас, меѓутоа доставени се и до нив сите релевантни информации кои можат да им послужат.  Кога ќе заврши предистражната постапка јавноста ќе биде известена за сите околности за овој случај, посочи Ристовска на прес конференцијата на 3 јуни.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ОБВИНИТЕЛ СПЕЦИЈАЛЕН -КАТИЦА ЈАНЕВА  - Page 13 Empty Re: ОБВИНИТЕЛ СПЕЦИЈАЛЕН -КАТИЦА ЈАНЕВА

Пишување by defo Сре Сеп 28 2016, 21:15

хихи, Ќе излезат гомнениците на површина лека полека....ама сеуште ќе има глуп народ кои повеќе ќе ги интересираат, нивите со смокви на Катица, и нејзините оценки......е тоа е болното.......

_________________
Jас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - изроди како македонскиот
defo
defo

Број на мислења : 3586
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

ОБВИНИТЕЛ СПЕЦИЈАЛЕН -КАТИЦА ЈАНЕВА  - Page 13 Empty Re: ОБВИНИТЕЛ СПЕЦИЈАЛЕН -КАТИЦА ЈАНЕВА

Пишување by osa Чет Сеп 29 2016, 16:49

me iznasmea bre defo ...ne samo za "smokvite " tuku sakaat da znaat i kakvi "gaki " nosi ...toa e mnogu bitno (spored vemerovchinjata )za razvoj na drzavata ....i sekako za dobroto na site gragani ....

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16597
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ОБВИНИТЕЛ СПЕЦИЈАЛЕН -КАТИЦА ЈАНЕВА  - Page 13 Empty Re: ОБВИНИТЕЛ СПЕЦИЈАЛЕН -КАТИЦА ЈАНЕВА

Пишување by defo Чет Сеп 29 2016, 20:04

стој секунда...и песна имаат направено.....Абе лом се......тоа ти е тикви полни со слама...што друго да се очекува.....Битно се кради, а што и како не е битно, битно е да се кради, ова де гради
defo
defo

Број на мислења : 3586
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

ОБВИНИТЕЛ СПЕЦИЈАЛЕН -КАТИЦА ЈАНЕВА  - Page 13 Empty Re: ОБВИНИТЕЛ СПЕЦИЈАЛЕН -КАТИЦА ЈАНЕВА

Пишување by Гостин Вто Окт 04 2016, 16:14

Сега се гледа кој е криминалецот и кој се плаши од независно обвинителство. И покрај тоа што сфаровски судството од тефтерчето на Гоца е во нивни раце гласаа против Законот за Специјално јавно обвинителство и на Законот за заштитени сведоци.

http://www.slobodnaevropa.mk/a/28031293.html

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ОБВИНИТЕЛ СПЕЦИЈАЛЕН -КАТИЦА ЈАНЕВА  - Page 13 Empty Re: ОБВИНИТЕЛ СПЕЦИЈАЛЕН -КАТИЦА ЈАНЕВА

Пишување by Гостин Вто Окт 04 2016, 16:19

А ова е списокот кој како гласал.

ОБВИНИТЕЛ СПЕЦИЈАЛЕН -КАТИЦА ЈАНЕВА  - Page 13 212wa9v

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ОБВИНИТЕЛ СПЕЦИЈАЛЕН -КАТИЦА ЈАНЕВА  - Page 13 Empty Re: ОБВИНИТЕЛ СПЕЦИЈАЛЕН -КАТИЦА ЈАНЕВА

Пишување by Гостин Вто Окт 04 2016, 16:20

ОБВИНИТЕЛ СПЕЦИЈАЛЕН -КАТИЦА ЈАНЕВА  - Page 13 Wloqbm

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ОБВИНИТЕЛ СПЕЦИЈАЛЕН -КАТИЦА ЈАНЕВА  - Page 13 Empty Re: ОБВИНИТЕЛ СПЕЦИЈАЛЕН -КАТИЦА ЈАНЕВА

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 13 of 19 Previous  1 ... 8 ... 12, 13, 14 ... 19  Next

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот