Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

ХОРОСКОП

+3
kiBik
osa
reiter
7 posters

Страна 17 of 40 Previous  1 ... 10 ... 16, 17, 18 ... 28 ... 40  Next

Go down

ХОРОСКОП - Page 17 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Пон Мар 14 2016, 19:11

Водолија
20.01-18.02


14 до 20 март 2016

Љубов: Малку ќе ги опуштите кочниците. Опуштањето е нешто што во овој момент добро ќе ви дојде, но вие постојано сакате нешто по секоја цена, речиси со сила. Кога малку би олабавеле, се би изгледало поинаку, а вам би ви било полесно.

Работа: Поставени се нови правила на работа и сега се раководите по нив. Напорно е, но немате друга опција. Прифатете ги новите предизвици и справете се со нив со подобра организација на работата. Така ќе бидете поделотворни.

Здравје и совет: Добро би ви дошло одење во теретана.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 17 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Пон Мар 14 2016, 19:11

Риби
19.02-20.03


14 до 20 март 2016

Љубов: Пред вас се убави љубовни денови во кои ќе има многу прилики за зближување. Вашиот социјален живот и понатаму ќе биде богат, а вие весели и задоволни. Ако сте сè уште сами, немојте да седите дома, одете меѓу луѓе. Тие ве очекуваат.

Работа: Вашите финансии најпосле колку толку ќе се стабилизираат. Истовремено ќе се отвори нова мрежа на деловна соработка, а некоја од нив многу ќе ви се допадне. Поврзете се со можните колеги и соработувајте со секој кој ќе покаже интерес.

Здравје и совет: Опуштете се со добра музика.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 17 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Пон Мар 28 2016, 10:53

ХОРОСКОПСКИОТ ЗНАК ЌЕ ВИ ПОКАЖЕ ДАЛИ ЌЕ ИМАТЕ СРЕЌА ВО ЉУБОВТА

Маните ( лошите особини) својствени за секој хороскопски знак најчесто се причина да дојде до раскинување на врската. Кога човек знае каде греши, многу се поголеми шансите следен пат да не ги повтори истите грешки.

Според вашиот зодијачки знак дознајте каде најчесто грешите во љубовта. Вашиот хороскопски знак ви ги открива грешките кои ги правите на љубовно поле. Проверете:

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 17 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Пон Мар 28 2016, 10:55

Овен

Самоувереноста на овенот, која на почетокот на врската можеби била привлечна за другиот партнер, со текот на времето може само да се претвори во пречка. Овните мораат да поработат на својот егоизам и понекогаш да го стават партнерот на прво место. Компромисот исто така е основа на секоја добра и квалитетна врска. Нивните брзоплети реакции понекогаш знаат да претставуваат проблем во врската, бидејќи на другите им е тешко да се справуваат со нивните изливи на бес.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 17 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Пон Мар 28 2016, 10:55

Бик

Биковите кои се во долга и стабилна врска, често знаат да се запостават. Тие се чувствуваат пријатно, па претеруваат со храната и пијалаците, не внимавајќи на физичкиот изглед, што после некое време на партнерот може да му стане непривлечно. Покрај тоа, тие стануваат и мрзливи за романтика, а партнерот почнуваат да го сфаќаат здраво за готово. Биковите се склони на партнерот долго да му замеруваат за истите грешки и секогаш ги водат истите кавги.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 17 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Пон Мар 28 2016, 10:56

Близнаци

Близнаците се склони кон флерт, па партнерот покрај нив може да се чувствува несигурно. Не оставаат впечаток на стабилност и сигурност, поради што саканата личност мисли дека не може да се потпре на нив. Имаат тенденција често да го менуваат мислењето и расположението, а тоа е уште една карактеристика која им пречи на другите.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 17 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Пон Мар 28 2016, 10:56

Рак

Раковите уште на почетокот од врската стануваат зависни од партнерот, а спомнувањето на заеднички живот и брак во рана фаза од врската, секого може да преплаши. Кога се во врска, партнерот станува центар на нивниот свет, поради што тие често се чувствуваат загушено. Лесно се навредуваат и се многу чувствителни, па многу лесно можат да останат повредени.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 17 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Пон Мар 28 2016, 10:57

Лав

Големото его на лавот е нешто со кое партнерот треба да научи да се носи. Не е лесно да се живее со личност која лесно се навредува и која после тоа со денови му замерува на партнерот за истата ситница. Лавовите секогаш се ставаат себеси на прво место и тоа со текот на времето станува вистински проблем. Не ги признаваат своите грешки, а покрај тоа се склони кон флертување, па партнерот покрај нив не се чувствува баш сигурно.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 17 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Пон Мар 28 2016, 10:57

Девица

Срамежливите девици тешко ги откриваат своите вистински емоции, па нивниот партнер не знае што всушност тие чувствуваат. Живеењето со девица може да биде многу напорно бидејќи тие се премногу критични и секогаш знаат да најдат маана во сè. Тежнеат кон совршенство, но не сфаќаат дека треба да уживаат во малите, обични работи, кои го прават животот совршен. Нивната опседнатост со чистотата и здравјето, знае да иритира.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 17 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Пон Мар 28 2016, 10:57

Вага

Љубовниот живот на вагите знае да биде хаотичен, бидејќи честопати одбираат погрешни партнери, кои не се добра основа за врска. Кога се во врска, се многу неодлучни и постојано размислуваат дали нивниот партнер е оној вистинскиот. Освен тоа, претставниците на овој знак се многу склони и кон флерт. Не сакаат да се расправаат, па го кажуваат она што нивниот партнер сака да го чуе, што може да стане проблем, бидејќи искреноста е темел на секоја успешна врска.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 17 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Пон Мар 28 2016, 10:57

Скорпија

Скорпиите секогаш тежнеат да одат на сѐ или ништо, па не е лесно да се следи нивниот чекор. Во врските стануваат љубоморни и посесивни, па неретко го гушат партнерот. Освен тоа многу се таинствени, па љубената личност секогаш се чувствува како Скорпијата нешто да крие од нив и не е потполно искрена. Скорпиите се злопамтила кои никогаш не простуваат сосема, а ситните кавги редовно ги претвораат во долготрајни караници, исполнети со обвинувања и обиди за емоционална манипулација.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 17 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Пон Мар 28 2016, 10:58

Стрелец

Стрелците се честопати нечувствителни и невнимателни, па ги повредуваат чувствата на нивниот партнер, а не се ни свесни за тоа. Живеат за возбуда и акција и затоа сѐ им досадува брзо. Нивниот партнер се чувствува како да мора постојано да биде интересен, што му создава голем притисок. Најголемиот проблем во љубовните врски на стрелецот, е неговата потреба да има потполна слобода и свој посебен социјален живот, а тоа секако не им одговара на многу негови партнери.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 17 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Пон Мар 28 2016, 10:58

Јарец

Јарецот е отсутен и дистанциран додека не стекне потполна доверба во неговиот партнер, а тоа е многу долготраен процес, поради што неговиот партнер ќе се исфрустрира. Во ниеден случај не е лесно да се живее со меланхолична личност која се грижи за секоја ситница, а неговиот песимизам се пренесува и на околината. На јарците им недостасува спонтаност, тие се многу оптоварени со нивната работа, поради што животот со претставник на овој знак, станува монотон.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 17 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Пон Мар 28 2016, 10:59

Водолија

Потребата на водолијата за слобода и индивидуалност може да биде исцрпувачка за нејзиниот партнер, кој понекогаш се чувствува дека сите други луѓе на светот ѝ се поважни од него/неа. Богатиот друштвен живот на Водолијата, ги прави многу нејзини партнери љубоморни. Во некои случаи недостатокот од интимност и романтика може да доведе до оддалечување на партнерите. Воедно, љубената личност секогаш знае што Водолијата мисли, но не знае што чувствува, бидејќи таа избегнува да зборува за емоции.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 17 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Пон Мар 28 2016, 10:59

Риби

Рибите живеат во свој свет и честопати го идеализираат нивниот партнер, но нивните нереални очекувања е навистина тешко да се задоволат. Честопати се впуштаат во врски со личности кои не ги заслужуваат или личности кои имаат тајни љубовни врски настрана. Обично имаат комплициран љубовен живот, а поради нивната пожртвуваност спремни да се трпат многу, а тоа нивните партнери често ги искористуваат.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 17 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Чет Мар 31 2016, 19:09

Љубовен хороскоп за месец април

ХОРОСКОП - Page 17 Ljuboven-horoskop

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 17 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Чет Мар 31 2016, 19:09

Овен

Ако сте подолго време сами во текот на април не мора да се грижите за својот статус. Ова ќе биде време кога нема да знаете што да правите со бројните прилики кои буквално ќе ви доаѓаат пред нозе. Личност во знакот на Лав би била одлична комбинација за авантура, а подоцна можеби и посериозна врска. Препуштете им се на чувствата, но немојте да ја занемарите вашата интуиција. Кон крајот на април зафатените припадници ќе имаат помали искушенија во врската кои ќе ги пребродат само ако вложуваат поголем напор и ако го уверат партнерот во својата наклонетост.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 17 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Чет Мар 31 2016, 19:09

Бик

Април е вашиот месец, бидејќи токму тогаш ќе им покажете на поранешните љубовници дека ви е одлично без нив. Ова ќе биде месец кога вашата силна личност, став и неодолив шарм ќе дојде во прв план и едноставно ќе бидете во центарот на вниманието. Марс, вашиот заштитен знак ќе ви даде ветер во грб, па конечно ќе се одважите и ќе го направите првиот чекор. Доколку веќе подолго време сте сами, слободно без размислување кажете му ДА на еден Овен.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 17 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Чет Мар 31 2016, 19:09

Близнаци

Близнаците секогаш го добиваат она што го сакаат, а во почетокот на пролетта опасно ќе сакаат еден од огнените знаци. Со оглед на тоа дека шармот и флертот им се второ име, треба да ги искористат за да заведат еден Лав или Стрелец. Во втората декада од месецот лошата комуникација во врската може да доведе до помали кавги, па ѕвездите советуваат зафатените Близнаци малку повеќе вниание да му посветат на партнерот ако сакаат врската да им продолжи по вистинскиот пат.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 17 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Чет Мар 31 2016, 19:10

Рак

Романтичните ракови не мора веќе да чекаат, бидејќи пролетта и април ќе ги исполни сите нивни очекувања кога станува збор за љубовта. Полето љубов им се отвора во потполност кон средината на април кога ќе запознаат интересна личност на работа или на некое неочекувано место. Сатурн можеби ќе им врати некој од минатото, но потполната одлука ќе биде во нивни раце дали да го прифатат овој љубовен предизвик или ќе пружат можност на некоја потполно нова личност.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 17 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Чет Мар 31 2016, 19:10

Лав

Како и секогаш, кога ќе дојде убавото време и пролетта, огнените Лавови не можат да се смират и склони се на флерт и љубовни авантури.

Секако, ретко кој ќе остане имун на нивниот шарм, особено во април! Тие кои веќе подолго време се сами конечно ќе запознаат личност од која ќе почувствуваат пеперутки во стомакот. Една Девица или Шкорпија ќе биде одличен избор за врска или авантура. Зафатените Лавови се наоѓаат на пресвртница и април ќе биде месец кога ќе одлучат дали да се посветат на спасување на својата врска или да го завршат тоа поглавје од животот. Пред да донесете било каква одлука добро размислете, а одлуките не ги носете во моменти на бес.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 17 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Чет Мар 31 2016, 19:10

Девица

Иако можеби се плашите од средбата со личности од минатото, токму тоа ќе ве затекне во месец април. Размислете дали тоа е нешто што сте го очекувале и на што сте се надевале изминативе месеци. Април е месец кога е многу подобро да останете сингл и да уживате во слободата, бидејќи само еден лош избор може повторно да ве одведе во проблеми.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 17 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Чет Мар 31 2016, 19:10

Вага

Пролетта и април ви носат во животот помлада личност на која тешко ќе останете имуни. Без грижа, опуштете се и не размислувајте за последиците, бидејќи конечно дојдоа вашите 5 минути! На зафатените Ваги им се препорачува конечно да соберат храброст и да кажат ДА, односно да не ги одложуваат повеќе плановите врзани за заедничката иднина со партнерот. Крајот на април носи мали несогласувања помеѓу партнерите кои може да се решат само доколку бидете целосно искрени и не ги слушате приказните од страна.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 17 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Чет Мар 31 2016, 19:11

Шкорпија

Страствените шкорпии долго чекаа да дојдат нивните 5 минути кога се во прашање љубовните односи…Токму сега можат да воздивнат, бидејќи во текот на април се ќе оди токму по нивниот план. Без оглед на статусот, Шкорпиите толку ќе уживаат во вниманието на спротивниот пол, што дури и на работното место ќе предизвикуваат искри. Сепак, драги Шкорпии, водете сметка тоа да не биде вашиот претпоставен па следниот меец да бидете на ризик да ја загубите можноста и за љубов и за работа. Подобро сконцентрирајте се на личност во знакот на Лав или Јарец, со кој ве чекаат убави заеднички моменти.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 17 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Чет Мар 31 2016, 19:11

Стрелец

Април на сите слободни Стрелци ќе им донесе огромна позитивна енергија кога се во прашање љубовните односи…За нив нема да постојат никакви препреки кога е во прашање освојувањето. Токму затоа баш оваа пролет може да западнат во мамката на забранетата љубов. Стрелците кои неодамна раскинале веридба или посериозна врска, не треба да се навраќаат во минатото, туку да ја остават ситуацијата каква што е. Април за вас има подготвено голем број предизвици и нови ситуации кои мора да ги искористите на вистинкиот начин.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 17 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 17 of 40 Previous  1 ... 10 ... 16, 17, 18 ... 28 ... 40  Next

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот