Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

ХОРОСКОП

+3
kiBik
osa
reiter
7 posters

Страна 24 of 40 Previous  1 ... 13 ... 23, 24, 25 ... 32 ... 40  Next

Go down

ХОРОСКОП - Page 24 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Сре Мај 04 2016, 23:52

Вага

Не сте баш полетни за неадекватни предизвици, но бидејќи денешната ситуација ветува луда забава, феноменално расположение и максимална толеранција-искористете го секој миг.Сфаќате дека партнерот не е дежурен виновник. До кога ќе ве обзема таа идеја?

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 24 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Сре Мај 04 2016, 23:53

Скорпија

Се нервирате затоа што пред вас се задачи кои бараат жртви, а вие не сте подготвени нешто да жртвувате. Сепак, ако ја имате во предвид конечната реализација и конкретните плодови, ќе ви биде полесно да се вложите. Бидете објективни кон себе и сфатете дека ништо не може да се постигне без труд и одрекување.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 24 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Сре Мај 04 2016, 23:53

Стрелец

Се наоѓате во посебна психичка состојба, па можен е висок степен на внатрешно спознавање и забележување. Ве заплисна бран на духовно будење и сеопшта љубов. Партнерот со своите проблеми ви го одвлекува вниманието.


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 24 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Сре Мај 04 2016, 23:53

Јарец

Пукате од среќа и желба да ги решите проблемите, но никако не ви оди. Овенот од блиската околина само ви задава нови задачи.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 24 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Сре Мај 04 2016, 23:54

Водолија

Исклучително поволен ден за разни шпекулации и финансиски трансакции. Искористете го вистинскиот момент да „свртите“ пари и да инвестирате во нешто. Признанието што го добивате ја потенцира состојбата на оптимизам и среќа.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 24 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Сре Мај 04 2016, 23:54



Риби

Оптимисти сте во врска со претстојните настани, зашто тие се одлична компензација за вашето безпричинско чувство на пониска вредност. На крајот ќе имате и корист од тие настани, зошто ве тераат постојано да се докажувате.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 24 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Пет Мај 06 2016, 17:25

ХОРОСКОП: Кој е вашиот најдобар пријател?

Овен

Ако сте припадник на овој знак, сигурно не ви е непознато чувството дека сите други околу вас се чудни, а вие сте нормални. Овните се вистински извор на креативност и оригиналност, спонтаност и искажување емоции. Исто така, познати се по нивните двигатели и амбицијата, што често може да се претвори во нетрпеливост, а со самото тоа и во претерана реакција. Својот најдобар пријател Овенот лесно ќе го најде во Вагата, што лесно ќе ги држи приземјени и ќе им помага да останат рационални.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 24 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Пет Мај 06 2016, 17:25

Бик

Луѓето родени во знакот Бик се озлогласени поради нивната тврдоглавост. Иако нивните јасно дефинирани ставови и желбата да не отстапуваат ниту милиметар од своите принципи често значи дека влегуваат во конфликт со одредени луѓе, а таа желба ги прави да бидат и најупорните и највредни луѓе. Тие се добронамерни и логични и истовремено се олицетворение на нивната сила на волјата. Како најдобар пријател на Бикот се истакнува Рибата, припадникот на еден од најмирните и дипломатски знаци во Зодијакот. Рибите се познати по нивната верност и несебичност, а тоа во пријателството ќе внесе дух на спонтаност и мечтаења.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 24 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Пет Мај 06 2016, 17:25

Близнаци

Припадниците на овој знак се креативни и сочувствителни луѓе што реагираат брзо и непромислено на се’. Како најдобар пријател за нив се издвојува Водолијата, затоа што и двата знаци се спонтани, неоптоварени и можат да уживаат во мали нешта. Ако Близнакот западне во некоја од неговите „лоши епизоди“, Водолијата е тука да го извлече со нејзиниот хумор, но и да се повлече ако им треба простор.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 24 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Пет Мај 06 2016, 17:26

Рак

Припадниците на овој знак се луѓе што најмногу сакаат дружење во домот, а повеќе би сакале да имаат еден вистински пријател, отколку 10 половични. Тие не копнеат за внимание и големи случувања, тие уживаат во ситници, во чувството на лојалност и посветеност. Времето што им е посветено само ним мошне им е важно, а ако долго време не го добиваат стануваат мрзоволни. Како најдобар пријател во Зодијакот им се наметнува Стрелецот, со оглед на тоа што Раковите се интровертни, а Стрелецот е нивната удобна спротивност. Исто така, во заедничкото друштво ќе уживаат во филозофирање и во анализи на себе си, но и на другите.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 24 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Пет Мај 06 2016, 17:26

Лав

Припадниците на овој знак се едни од најдоминантните луѓе во Зодијакот, а слично како и животното што ги симболизира, тие имаат вроден нагон да бидат главни во друштвото, па најчесто имаат многу луѓе околу себе си што сакаат да им бидат пријатели. Имаат силна волја и харизматична личност, а како најдобар пријател во Зодијакот им се наметнува некој што е роден во знакот Јарец. Додека Лавовите се повеќе егоистично ориентирани, Јарецот се покажува како несебичен пријател што им помага да се избалансира дивата природа на Лавот.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 24 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Пет Мај 06 2016, 17:26

Девица

Припадниците на овој знак ги краси шарм, харизма и способност да ги воодушеват другите во комуникацијата. Иако делуваат притаено, тие ги снимаат и ги проценуваат луѓето, а особено им посветуваат внимание на оние што ги сметаат за послаби од себе си. Но, како најдобар пријател им се наметнува некој што е многу погласен од нив – Овенот во чиешто друштво уживаат, а чиј ентузијазам ги поттикнува да бидат попродуктивни и погласно да го бараат она што го сакаат.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 24 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Пет Мај 06 2016, 17:26

Вага

Припадниците на овој знак секогаш тежат кон некоја рамнотежа, а ги ценат интелегенцијата, убавината и шармот. Друштвениот живот им е една од темелните потреби и важен дел на нивниот живот, но понекогаш не ги филтрираат добро луѓето што се околу нив. Како најдобри пријатели од Зодијакот им се наметнува Лавот, кој всушност е доста сличен со нив и со кого меѓусебно се надополнуваат.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 24 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Пет Мај 06 2016, 17:27

Скорпија

Еден од најмистериозните знаци во Зодијакот. Храбар во начинот на пристап кон луѓето, па и кон животот, Скорпијата е некој што лесно не им пружа на луѓето увид во неговите најдлабоки мисли, а оној што станува нивен пријател мора да им се докаже на голем број начини. Освен тоа, секоја навреда и разочарување ќе имаат потреба да го вратат. Како најдобар пријател им се наметнува Водолијата, која е подеднакво храбра како нив, а ги поттикнува да бидат помалку резервирани, а повеќе опуштени.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 24 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Пет Мај 06 2016, 17:27

Стрелец

Припадниците на овој знак се познати по нивниот ентузијазам, по неверојатната волја и хуморот. Обично секогаш се насочени на некоја цел и не сакаат да губат време на она што според нив се глупости. Со оглед на тоа што делуваат силно и креативно, тие сакаат да бидат окружени со исти такви луѓе. Како најдобар пријател од Зодијакот им се наметнува Јарецот, затоа што токму тој го дели нивниот менталитет „не ме интересираат с*ања“ во што совршено се разбираат и меѓусебно ќе се потпираат во нивните животни планови.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 24 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Пет Мај 06 2016, 17:27

Јарец

Припадниците на овој знак се познати по нивната нагласена интелектуална страна, систематичност, организираност и практичност. Иако не сакаат да бидат на мета на критики и обично имаат одбранбен механизам во односите, како пријатели се мошне несебични и лојални. Како најдобар пријател од Зодијакот им се наметнува Стрелецот, со кого што лесно се опуштаат, но и подеднакво сериозно филозофираат со чашка вино и од тој однос и двајцата имаат корист.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 24 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Пет Мај 06 2016, 17:27

Водолија

Припадниците на овој знак, иако делуваат мошне приемливо и секогаш насмеано, всушност се многу резервирани со емоциите. Не бараат многу внимание од луѓето, а понекогаш делува како тие да им се претерано важни – секогаш ќе имаат пријатели, но и подеднакво ги менуваат. Сепак, тие копнеат за константа во нивниот живот, а токму во тоа им помага нивниот најдобар пријател од Зодијакот – Бикот. Тој ги приземјува, ги потсетува на чувството на одговорност, а со сопствената тврдоглавост ќе ги потсети дека треба да бидат упорни.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 24 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Пет Мај 06 2016, 17:28

Риби

Припадниците на овој знак делуваат смирено, собрано, па и безгрижно, што понекогаш може да претставува и проблем ако тие доблести се претворат во маани. Од Зодијакот како најдобар пријател им се наметнува Скорпијата, затоа што делува позитивно на нивните мечтаења и анализата на луѓето. Лесно пронаоѓаат заеднички јазик и хоби, а секогаш меѓусебно ќе си помагаат во неволја.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 24 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Нед Мај 08 2016, 10:38

ОВА Е ВАША ГОДИНА: 4-те хороскопски знакови за кои 2016 година ќе биде успешна на сите полиња

Хороскопските знакови кои ќе успеат со што и да се обидат, ќе ги постигнуваат своите цели, соништа и за нив 2016 година ќе биде опасна и неверојатно успешна година. Никогаш не знаеш што ќе ти донесе новата година и се надеваш на најдоброто. За овие хороскопски знакови тоа веќе започна:

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 24 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Нед Мај 08 2016, 10:38

Овен

Конечно тврдоглавоста ќе биде конструктивна и со тоа ќе се постигнат две многу важни за вас цели кои беа прогонувани долго време. Годината ќе биде исполнета со многу врвови, кои ќе ги покорувате еден по друг. Единствениот услов сето да помине како по вода е да не престанете да верувате во себе. Не ја заборавајте поговорката дека “многу арно не е на арно” – оваа година ќе ви го докаже спротивното. На личен план ќе го добие најголемото изненадување, за кое дури не сте ни сонувале. Радувајте и се на годината, тоа е вашата година!

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 24 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Нед Мај 08 2016, 10:39

Близнаци

За вас тоа ќе биде годината на заедничката љубов. За оние кои се уште не го откриле својот партнер/ка, верувале или не – тоа ве чека. Вистинската љубов се открива ретко, но кога човек не губи надеж, сè е можно. Не се плашете и не бегајте од судбината. За останатите, кои веќе имаат партнер, тоа е годината на големите чекори и големите одлуки. Земајте ги храбро и не мислете дека брзате- ако срцето ви кажува дека тоа е правилно, верувајте му.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 24 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Нед Мај 08 2016, 10:39

Вага

Никогаш не кажувај “никогаш”! Ова мора да е вашето мото во новата 2016 година. Ќе сфатите дека нема невозможни нешта и сте способни за многу повеќе отколку што мислите. Оваа година ќе дознаете што значат за вас блиските и пријателите и во многу односи ќе бидете во центарот на вниманието. Ќе најдете нова страст, со која ќе ги вчудоневидувате блиските кои ве познаваат добро и никогаш не би претпоставиле дека сте толку добри во нешто толку различно. Годината ќе биде опасна, уживајте во неа.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 24 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Нед Мај 08 2016, 10:39

Шкорпија

Не се ограничувајте со целите кои си ги поставувате оваа година, бидејќи сте во виорот и можете сè. Пред сè ќе се покаже дека сте незаменливи на работното место кое ќе ви даде нова сила и голема доза самодоверба, од која имате потреба. Да ви ја свртат работата во страст не е невозможна мисија. Од друга страна вашиот личен живот ќе претрпи многу динамични промени, од кои ќе ви се измеша светот … во убава смисла. Ќе бидете клучната фигура во една врска, која ќе ви покаже што е да сакаш вистински.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 24 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by osa Вто Мај 10 2016, 10:53

dneven horoskop za 10 maj 2016 g

ОВЕН
Имате многу нови планови, но не е време за брзање. Најдобро е да се посветите на она што сте го работеле во изминатиот период и да го завршите. Ако сте невработени, постои можност за вработување. Работите почнуваат да се менуваат, но се уште ви треба трпеливост. Време е да го стабилизирате односот со партнерот. Во изминатиот период некои работи излегоа од контрола, но доколку сакате, сега можете да ги поправите. Ако сте сами, можна е средба со старата љубов.

БИК
Ова е ваш месец и треба да го искористите на најдобар начин. Ангажирајте се околу работите што сте ги запоставиле и не дозволувајте да останат нерешени. Вашата енергија и упорност мора да дадат резултат. Ако имате нерасчистени сметки, расчистете ги за да бидете мирни во наредниот период. Ако сте сами, можно е да влезете во емотивна приказна со некој што го знаете преку пријатели. Одете полека и не брзајте. Дозволете работите да се одвиваат сами од себе.

БЛИЗНАЦИ
Работите почнуваат да тргнуваат во позитивен правец, но сепак бидете претпазливи. Не е се онака како што изгледа. Денес може да се случи да слушнете некои озборувања кои нема да ви се допаднат. Ако сте невработени, може да добиете информација во врска со некоја нова работа. Ако сте слободни, деновиве ќе имате многу можности да го решите емотивниот статус. Едно случајно познанство ќе премине во сериозна врска.

РАК
Почнувате да решавате некои битни сегменти во работата. Искористете ги луѓето што се во ваша близина и завршете го она што сте го започнале. Бидете коректни кон колегите и не дозволувајте да се дистанцирате. Може да се случи да изгубите добра шанса ако не сте во тек со канцелариските случувања. Ако сте сами, се уште не можете да им дадете шанса на новите личности што влегуваат во вашиот живот. Заробени сте во минатото и никако не сакате да заборавите.

ЛАВ
Денес почнувате да се занимавате со активности кои сте ги запоставиле. Но, работите ќе одат бавно и ќе биде потребно подолго време за нивна реализација. Финансиските приливи почнуваат да се поправаат, но трошоците нема да можете да ги контролирате. Обидете се да бидете трпеливи и да одите чекор по чекор. Ако сте во брак или подолга врска, имате комплициран однос со партнерот. Тој е преокупиран со своите проблеми и не е подготвен активно да учествува и да го подобри вашиот однос.

ДЕВИЦА
Работите почнуваат да се решаваат во позитивен правец. Ова се уште се мали чекори, но битно е дека почнувате да напредувате. Бидете внимателни околу договорите и доколку е можно ништо не потпишувајте во следните десетина дена. Ако работите со странство и со странци, очекувајте битно подобрување на односите. Доколку сте слободни, се уште се наоѓате во лавиринт од кој не можете да излезете. Личноста која ви се допаѓа не е слободна и единствено што е можно е тајна врска.

ВАГА
Се уште не е време за нови проекти. Старите работи почнуваат да се поместуваат од мртва точка, но тоа не е она што го сакате. Вие сакате брза промена на ситуацијата, но тоа едноставно не е можно. Прво ќе морате да завршите со старото за да започнете нешто ново. Партнерските односи ви се нестабилни и секоја иницијатива од ваша страна наидува на неодобрување кај партнерот. Ако сте сами, можно е да влезете во тајна врска. Бидете внимателни и не правете си проблеми.

СКОРПИЈА
Соработката што ја имавте во изминатиот период се уште е во благ застој. Работите почнуваат да се придвижуваат и свесни сте дека се ќе биде добро, но треба време. Некои работи што сте ги започнале во минатото ќе морате да ги проверите уште еднаш за да не се искомплицираат. Заради некои свои лични проблеми полека почнувате да се оддалечувате од партнерот. Толку сте обземени со себе што воопшто не размислувате како би можело сето тоа да се одрази на вашата врска.

СТРЕЛЕЦ
Почнувате да се однесувате на поинаков начин и да размислувате за промени. Работите почнуваат да се придвижуваат и потребна ви е енергија за да ги завршите. Бидете спокојни и сигурни во себе. Несигурноста може да направи да пропуштите сигурна шанса за напредување. Нервозата што ја чувствувате се пренесува и на партнерските односи. Бидете внимателни и обидете се да се коригирате. Партнерот за сега е трпелив, но не се знае до кога.

ЈАРЕЦ
Преземате конкретни чекори, но се уште не сте сигурни дека сте на вистински пат. Постои можност да добиете поддршка од една јака личност. Не ги пропуштајте шансите за напредување само заради тоа што не се чувствувате стабилно. Финансиите почнуваат да се подобруваат и дел од проблемите полека ќе почнат да се решаваат. Доколку се наоѓате во некој таен емотивен однос, деновиве ќе сакате да го расчистите. Се чувствувате напнато и сакате да излезете од таа приказна.

ВОДОЛИЈА
Веќе почнува да се чувствува нова енергија во врска со работата. Ентузијазмот полека ви се зголемува и подготвени сте за нови потфати. Бидете трпеливи и не очекувајте дека се ќе се реши преку ноќ. Важно е дека работите почнуваат да се движат во позитивен правец. Ако сте слободни, се уште чувствувате некоја тага во врска со некоја личност од минатото. Можно е ново познанство кое позитивно ќе делува на вас и ќе ја намали тагата што ја носите во себе.

РИБИ
Почнувате да чувствувате наплив на енергија. Денес ќе бидете постојано во движење и ќе се обидете да ги завршите заостанатите работи. Во изминатиот период многу работи останаа нерешени , но вратите полека почнуваат да се отвараа. Бидете внимателни во комуникацијата со колегите. Односите со партнерот почнуваат да се подобруваат. Некои проблеми од минатото полека ќе почнат да се забораваат и конечно ќе можете да здивнете.


_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16163
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 24 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by reiter Вто Мај 10 2016, 22:03

osa напиша:dneven horoskop za 10 maj 2016 g

ОВЕН
Имате многу нови планови, но не е време за брзање. Најдобро е да се посветите на она што сте го работеле во изминатиот период и да го завршите. Ако сте невработени, постои можност за вработување. Работите почнуваат да се менуваат, но се уште ви треба трпеливост. Време е да го стабилизирате односот со партнерот. Во изминатиот период некои работи излегоа од контрола, но доколку сакате, сега можете да ги поправите. Ако сте сами, можна е средба со старата љубов

auu OSA pravo vo centar....me pogodi 100%

_________________
====================================================================
Они нас јуре као пизде, а ми бјежимо као соколове Very Happy
reiter
reiter

Број на мислења : 2411
Join date : 2015-01-14

https://www.cia.gov/index.html

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 24 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 24 of 40 Previous  1 ... 13 ... 23, 24, 25 ... 32 ... 40  Next

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот