Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Кој ќе плати

Go down

Кој ќе плати Empty Кој ќе плати

Пишување by Гостин Чет Јан 22 2015, 09:54

Ако навистина постои договор помегу САД , ЕУ , и некои арапски земји , со зголемување на производството на нафта, да го разнишаат владеењето на Путин во Русија,и да го натераат да ја прекине помошта на сепаратистите во Украина,можеби и ке успеат.Според некои медиуми таков договор остои,и се применува,па затоа цените на нафтата нагло пагаат...

Дали падот на цената на нафтата е договорен за банкрот на Русија?

Цената на нафтата во последните месеци падна за повеќе од 20 проценти – и покрај тешките кризи во некои земји од кои се црпи нафтата: Русија е вплеткана во украинскиот конфликт, во Ирак беснеат борби против радикалните исламисти, Нигерија беше погодена со епидемијата на еболата.

Во извештајот што го  направи аналитичкиот тим на Дојче Банка се истражуваат последиците што ги имаат земјите од пониската цена на нафтата.

Русија, на пример својот државен буџет го финансира со најмалку 45 проценти од приходите на енергетскиот извоз. Притоа цените на нафтата се поврзани со цените на плинот. Според бројките на Дојче Банка, на Русија и е потребна цена на нафтата од околу 100 долари по барел за да има избалансиран буџет. Моментално цената на нафтата е значително под 100 долари и е се движи од околу 85 долари по барел. А тоа има тешки последици“ вели Стефан Меистер од германското друштво за надворешна политика.

Рускиот буџет не е во доволна мерка финансиран. Тоа е дополнително тешко поради санкциите на Западот но и поради  нулта растот на економијата во земјата.Овој берлински експерт вели дека ниските цени на нафтата за Русија се повеќе болни отколку санкциите од Западот.

Поради ова почнаа да се појавуваат и теории на заговор. „Истото се случи и во 80 тите кога драстично паднаа цените на нафтата што беше причина за распад на Советскиот Сојуз. Сад пред три децении предизвикаа пад на цената на нафтата за да го доведат Советскиот Сојуз до банкрот“ изјавил Николај Патрушев од рускиот национален совет за безбедност.

Според извештајот пак на Рускиот институт за стратешки студии падот на нафтат има врска со договор меѓу САД и Саудиска Арабија која не покажа никакви обиди да ја намали експлоатацијата на нафта со што би се стаблизирала цената.

Истовремено, Саудиска Арабија се спротистави на предлогот на Венецуела да се одржи посебен состанок на земјите извозници на нафта.

И Саудиска Арабија трпи штети од намалената цена на нафтата бидејќи за избалансираност на нејизниот буџет исто така е потребна цена од околу 99 долари по барел.Но Саудиска Арабија во годините кога цената на нафатат беше висока создаде резерви од околу 450 милијарди американски долари.



Берлинската експертка за енергетика Вестпал како шпекулација ги отфрла тврдењата дека Саудиска Арабија и САД ја зголемиле експлоатацијата на нафтата за го зголемат притисокот врз Русија и Иран, но признава дека е очигледно поколопувањето на интересите.

http://prvi.mk/dali-padot-na-tsenata-na-naftata-e-dogovoren-za-bankrot-na-rusija/


Последната промена е направена од luxor на Чет Јан 22 2015, 10:04. Мислењето е променето 1 пати

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Кој ќе плати Empty Re: Кој ќе плати

Пишување by Гостин Чет Јан 22 2015, 09:57

Но ,по се изгледа ова е опасен бумеранг, кој на крајот ке ги погоди токму оние кои и го фрлија...

Цената на нафтата ќе се искачи до 200 долари за барел

Извршниот директор на италијанската нафтена компанија „Ени“ Клаудио Дескалци изјави во Давос дека цената на нафтата, по сегашниот пад, ќе се искачи и до 200 долари за барел.


Дескалци кој учествува во работата на Светскиот економски форум во овој швајцарски зимски центар, во една од дебатите рече дека поради крајно депресираните цени, нафтената индустрија ќе ги намали капиталните инвестиции за десет до 13 отсто.

Тоа на подолг рок, би можело да предизвика и недостиг на нафта на светските пазари што ќе испровоцира остар скок на цената, која би можела да достигне ниво од сегашните 50 долари, до 200 долари за барел. Според Дескалци, тоа секако ќе може да се случи во следните неколку години, доколу ОПЕК не успее да спогоди околу скратувањето на снабдуањето.

Претседателот на британскиот нафтен гигант БП Боб Дадли, смета дека ниската цена ќе остане „најверојатно во текот на целата оваа година“. Но тој вели дека БП очекувала еден ваков процес и дека последниве години компанијата се подготвувала за сегашнава ситуација.

Дадли објаснува дека во периодот меѓу 2010 и средината на 2014 година цената на нафтата беше релативно стабилна и се движеше околу 110 долари за барел. Од јуни минатата година, меѓутоа, таа започна забрзано да опаѓа, па на крајот од минатата година нафтата беше поевтина за цели 60 отсто и сега се движи околу 48 долари за еден барел.

- Депресијата на цената води кон откажување на инвестициите на БП во реонот на Северно Море, до стагнација на нафтената индустрија и до затворање на работни места, рече на форумот во Давос првиот човек на британската компанија Боб Дадли кој објасни дека кризата е присутна и на други локации.

Тој оценува дека ниската цена на нафтата ќе им создава проблеми на земји какви што се Венецуела,Нигерија и Ангола, но и на Шкотска, како и на Норвешка и Русија.

ОПЕК засега опстојува на ставот дека не треба да се намали дневното производство на сурова нафта, како што тоа го заговараат дел од земјите во ОПЕК и нафтената индустрија.

Ставот на оваа организација на земјите производители на нафта е дека ситуацијата брзо ќе се поправи и цената одново ќе се врати на нормалното ниво, па затоа, растот на цената не треба да се бара во намалување на производството.

http://plusinfo.mk/vest/12100/cenata-na-naftata-kje-se-iskaci-do-200-dolari-za-barel

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Кој ќе плати Empty Re: Кој ќе плати

Пишување by Гостин Чет Јан 22 2015, 10:01

И сега останува прашањето кој навистина ке ја плати цената, за остварување на високите политики на меѓународната сцена.Според мене тоа ке бидат пред се неразвиените и земјите во развој, но и ЕУ која е зависна енергетски и од Русија и од останатите производители на нафта...

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Кој ќе плати Empty Re: Кој ќе плати

Пишување by Фири Чет Јан 22 2015, 17:32

Ние веке плативме. Jужен поток ке минува преко Турциja.

_________________
Андреј напиша: до почетокот на 19 век .... Бугарите си биле само турско племе ... Ништо повече ... ..
Фири
Фири

Број на мислења : 1003
Join date : 2015-01-14

Вратете се на почетокот Go down

Кој ќе плати Empty Re: Кој ќе плати

Пишување by Гостин Пет Јан 23 2015, 11:44

Почекај Фири, уште не сме почнале.Ако навистина цената на нафтата отиде на 200 долари по барел,цените на останатите производи ке отидат до небо...

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Кој ќе плати Empty Re: Кој ќе плати

Пишување by Фири Пет Јан 23 2015, 23:05

Нема да стане 200 долари ке доведат до немири по целиот свет со непредвидливи последици. Ама 150 долари може и да стане ценатаSmile

_________________
Андреј напиша: до почетокот на 19 век .... Бугарите си биле само турско племе ... Ништо повече ... ..
Фири
Фири

Број на мислења : 1003
Join date : 2015-01-14

Вратете се на почетокот Go down

Кој ќе плати Empty Re: Кој ќе плати

Пишување by Гостин Саб Јан 24 2015, 13:08

Ке стане,ке стане дури и повеке од двеста долари за барел.А политичарите како и олигарсите и корпорациите кои стојат зад нив сигурно нема да платат.Ке платат наивните кои веруваат во демократија.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Кој ќе плати Empty Re: Кој ќе плати

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот