БОЛЕСТИ
Страна 1 of 2
Страна 1 of 2 • 1, 2
БОЛЕСТИ
15 факти за депресијата
Депресијата е честа ментална болест од кој патат приближно 350 милиони луѓе ширум светот. Депресијата може да ги зафати сите луѓе, независно од возраста, географската локација или општествениот статус. Светската здравствена организација проценува дека до 2030 година депресијата ќе биде втора највисока причина за инвалидност во светот, веднаш после ХИВ/СИДА. За да се разбие стигмата околу оваа мошне реална болест од која страдаат милиони во светот, ви претставуваме 15 научни истражувања и факти во врска со неа кои би требало да ги знаете.

Гостин- Гостин
Re: БОЛЕСТИ
1. Жените речиси два пати почесто страдаат од клиничка депресија од мажите, бидејќи можат да имаат посилна генетска предиспозиција за развој на депресија
Во споредба со мажите, жените се поподложни на флуктуација на нивото на хормоните, особено во периодот околу раѓањето на децата и менопаузата. Американската психолошка асоцијација тврди дека сексуалното и физичкото насилството врз жените е многу поголемо отколку што претходно се претпоставуваше и претставува главен фактор за појава на депресија. Мажените жени се исто така повеќе склони кон депресија, додека за мажите важи спротивното. Исто така поголема е веројатноста обоените жени да развијат депресија како последица на расната и етничката дискриминација, пониското ниво на едукација и заработка, слабо платените работни места и невработеноста и сл. Мажите и жените ја доживуваат депресијата на многу различен начин, што се должи на нивниот хормонален состав и сеопфатна студија на истата е од исклучителна важност при лекувањето на оваа состојба.

2. Депресијата може да направи да сонувате 3 до 4 пати повеќе отколку нормално
Во 1970 година психолозите забележале дека луѓето што патат од депресија изјавуваат дека сонуваат многу повеќе од просечно. Исто така, и интензитетот на сонови кои се случуваат во РЕМ-фазата од спиењето бил различен – тие се емоционално многу поинтензивни, со појава на повеќе непријатни сонови и кошмари. Бидејќи ваквите непријатни соништа се придружени и со помалку длабок сон (кога телото се освежува и се обновува), луѓето со клиничка депресија се будат со чувство на исцрпеност и како што сметаат се враќаат во будната реалност после долга и тешка битка.

3. Креативноста се поврзува со депресија, анксиозност и „лудило“. Истражувањата откриваат дека писателите имаат 121% поголема веројатност да заболат од биполарна депресија и 50% поголеми шанси да извршат самоубиство во споредба со општата популација
Многу креативни личности, како што се Џон Ленон, Винсент ван Гог, Лудвиг ван Бетовен, пателе од депресија. Винсент ван Гог на пример, се соочувал со периоди на меланхолија и постојана осаменост .Неговата уметност била канал и медиум преку кои ги изразувал овие доживувања. Познато е дека и Чарлс Дикенс,Тенеси Вилијамс и Јуџин О’Нил пателе од депресија, како и Ернест Хемингвеј, Лав Толстој и Вирџинија Вулф. Писателката Силвија Плат извршила самоубиство, ставајќи ја главата во рерна, додека нејзините деца спиеле. Истражувањата укажуваат дека постои наследна склоност која ги потпомага заедно и креативноста и менталните нарушувања. Иако е погрешно да се каже дека сите креативни луѓе се подложени на ризик да развијат депресија, значителен процент на уметниците се соочиле со депресијата во своите креативни напори.

4. Според едно истражување, хемиската супстанција псилоцибин што се наоѓа во психоделичните печурки може да предизвика раст на нови мозочни клетки и би можела да се користи за третман на депресијата и посттрауматското стресно пореметување
Научниците предизвикале интензивни психоделични состојби кај 12 лица на кои им биле дадени високи дози на псилоцибин орално, во форма на капсули. После една недела кај сите доброволци не била забележана депресија. Три месеци после ова искуство, пет од 12-те лица сѐ уште немале симптоми на оваа состојба. Научниците кои биле вклучени во истражувањето шпекулираат дека овие лица доживеале еден вид на „будење“, слично на она што се постихнува преху духовните учења.

5. Според едно истражување со кое биле опфатени 14.000 мајки, доењето може да го намали ризикот од развој на постнатална депресија за половина, додека ризикот значително се зголемува кај мајките кои планирале да дојат, но не биле во состојба тоа да го направат.
Според Светската здравствена организација, една од 10 жени развива депресија после раѓање на дете. Постнаталната депресија е многу реален проблем, иако често не се третира така, дури и во медицинските кругови.
Досегашните истражувања покажале дека постои директна корелација помеѓу расположението на мајката и детето, па затоа научниците и експертите за ментално здравје се охрабруваат за понатамошни истражувања на оваа тема, со оглед дека ова претставува голем проблем за многу нови мајки.

6. После темелно проучување на здравствената евиденција од 1,3 милиони луѓе во период од 10 години, истражувачите откриле дека постои необична врска помеѓу каснувањата од мачка и депресијата
Повеќе од 41% од лицата кои се јавиле во болница заради каснувања од мачки биле исто така лекувани и од депресија во еден период, а неверојатни 86% од нив биле жени. Истражувањето исто така укажува дека имате за 50% поголеми шанси да бидете лекувани од депресија во некој период од животот ако сте жена која била касната од мачка. Претпоставките на истражувачите се дека е поголема веројатноста депресивните луѓе да имаат мачки, со што е поголема и веројатноста да бидат каснати од нив. Друга можност е дека луѓето кои се депресивни да реагираат на начин кој ги предизвикува мачките да ги каснат. Многу домашни животни како што се кучињата, коњите или свињите реагираат на гестовите и однесувањето на своите сопственици.

7. Бразилските истражувачи заклучиле дека психоделичниот напиток „Ајахуаска“ кој со векови се користи во обредните лекувања, би можел да биде и лек за депресија
Истражувачите направиле пилот студија за потенцијаните тераписки својства на овој јужноамерикански пијалок на база на билки. Во истражувањето учествувале 15 волонтери, без плацебо група, но научниците велат дека пијалокот почнал да ја намалува депресијата кај учесниците во рок од неколку часа, а ефектите опстојувале три недели.
Можно е Ајахуаска да содржи состојки кои ја менуваат концентрацијата на невротрансмитерот серотонин во мозокот – истиот ефект што треба да го постигнат и антидепресивите.

8. Едно истражување спроведено од Универзитетот Колумбија покажало дека духовноста и религијата можат да штитат од депресија, со тоа што доведуваат до зголемување на густината на мозочната кора
Истражувањето направено до професорката Лиза Милер од Универзитетот Колумбија покажало дека редовното медитирање или други духовни или религиски практики се поврзани со зголемување на густина на мозочната кора. Во истражувањето учествувале 103 возрасни лица со висок или низок ризик од развој на депресија поставен врз основа на семејната историја. Од секој од учесниците било побарано да ги изнесат своите ставови во однос на духовноста и религијата. Кога им било направено снимање со магнетна резонанца на нивниот мозок, се покажало дека оние лица кои повисоко ја вреднувале религијата или духовноста имале погуста мозочна кора. Кај луѓето кои биле со поголем ризик од развој на депресија во истиот регион било забележано намалување на густината.

9. Истражувањата направени на комичарите покажале дека тие обично се подепресивни од другите луѓе
Научниците од Универзитетот во Оксфорд направиле истражување на психолошките особини на комичарите преку проучување на прашалник што го поплниле 523 комичари (404 мажи и 119 жени) од Велика Британија, САД и Австралија. Професорот Гордон Клериџ од одделот за експериментална психологија при Универзитетот Оксфорд вели:
„Од една страна тие се прилично интровертни, депресивни, шизоидни – би можело да се каже. Од друга страна тие се и екстровертни и манијакални. Можно е екстровертната страна кај комичарите да претставува начин за справување со депресивната страна. Секако ова не важи за сите комичари“.
И доктор Ник Мегвер од Универзитетот Саутемтон смета дека постои врска помеѓу депресијата комедијата (иако не многу цврста), во смисла дека смеата и поттикнувањето на смеа кај другите луѓето може да претставува метода што комичарите ја користат за справување со нивните внатрешни превирања.

10. Истражувањата покажуваат дека лицата кои поминуваат многу време на интернет имаат поголема веројатност да развијат депресија, осаменост и ментална нестабилност
Покрај различните други фактори, забележено е дека колку повеќе социјални медиуми користат луѓето толку е поголема можноста да патат од депресија. Истражувачите од Универзитетот Готенбург, ги проучувале интернет навиките на повече од 4.100 Швеѓани, мажи и жени на возраст помеѓу 20 и 24 години во текот на една година и откриле дека тие кои се константно пред своите комјутери развиваат стрес, депресија и пореметување на спиеето многу полесно од останатите.
Сара Томе, автор на истражувањето вели:
„Лесно е да се помине повеќе време пред компјутерот од планираното (на пример, во работа, играње игри или разговр), што има тенденција да доведе до запоставување на другите активности и лични потреби (социјалните контакти, физичката активност, спиењето), како и до ергономско и ментално преоптоварување“.

11. Кога луѓето се самоповредуваат, на пример кога се сечат со жилет, мозокот веднаш престанува да ги повторува болните мисли како што се „Јас сум безвреден и непосакуван“ и ослободува големи количини смирувачки ендорфин
Експертите ова го толкуваат како несуицидални самоповредувања. Жално е што е голем бројот тинејџери што се самоповредуваат и се исполнети со негативни емоции, но најголемиот број од тие што се сечат не се суицидални. Истражувањата на научниците покажале дека самоповредувањето е начин за справување со нивните негативни, а понекогаш и деструктивни емоции. За повеќето лица што го прават тоа, оваа активност е смирувачка, благодарение на смирувачкиот ендорфин што се ослободува во мозокот, фактички, ова еуфорично искуство може да прерасне во зависност и доведе до маѓепсан круг.

12. Истражувањата покажуваат дека плацебото покажаува 31% до 38% ефективност во лекувањето на депресија во споредба со антидепресивите кои се ефикасни од 46% до 54%
Истражувањата покажале цврсти докази дека антидепресивите се поефикасни од плацебото во третирањето на депресијата. Тие покажале 50% намалување на интензитетот на депресијата кај умерените и тешките форми на клиничка депресија.

13. Умереното вежбање не само што може да се користи во лекувањето на депресијата, тукку и практично може да ги превенира депресивните епизоди на долг рок
Истражувањата покажале дека дури и ниско ниво на физички напор (како што е пешачењето или бавењето со градинарство 20 до 30 минути дневно) може да ја смири депресијата кај луѓето од сите возрасти.
Истражувањата покажале дека дури и ниско ниво на физички напор (како што е пешачењето или бавењето со градинарство 20 до 30 минути дневно) може да ја смири депресијата кај луѓето од сите возрасти.
Гостин- Гостин
Re: БОЛЕСТИ
14. Благодарноста го зголемува количеството на серотонин и допамин слично како и антидепресивите
Чувството на благодарност ги активира регионите во мозокот кои продуцираат допамин и серотонин кои ги прават социјалните и меѓучовечките интеракции попријатни. Фокусирањето на позитивните аспекти од личниот живот е едноставен чин со кој се зголемува продукцијата на серотонинот во мозокот, а покрај оваа корист, благодарноста кон самиот себе и кон другите создава повратна врска во меѓусебните односи. Добивате онолку колку што давате.

15. Видео игрите наменети за третирање на депресијата делуваат подобро од давањето совети
Истражувачите од Универзитетот Окленд во Нов Зеланд, објавија студија во која се споредуваат резултатите од видеоигра (наречена „SPARX“), во однос на традиционалното советување. Преку играта играчите се водат низ бројни предизвици, со цел да добијат увид како да се справат со реални животни ситуации и емоции. Тие исто така учат и за техниките на когнитивна бихевиорална терапија за препознавање и справување со симптомите на депресија (справување со негативните мисли, решавање на проблеми, релаксација и сл.)

11 работи кои луѓето не сфаќаат дека ги правите поради тоа што сте депресивни
Депресијата е психолошко нарушување што негативно влијае на начинот на кој се чувствувате, размислувате или пак, на тоа како се однесувате. За среќа, таа може да се лекува, но само доколку личноста ја прифати оваа состојба. Депресијата предизвикува чувства на тага и изгубен интерес за активностите во кои некогаш сте уживале. Па, тоа може да доведе до различни емоционални и физички проблеми, а исто така може во голема мера да ја намали способноста да се функционира дома и на работа. Иако симптомите на депресијата во некои случаи може да не бидат многу видливи, постојат и некои секојдневни работи кои го покажуваат тоа.
Некои луѓе може лесно да ја препознаат оваа состојба, додека пак другите не. Депресивните личности најчесто не ја признаваат својата состојба пред останатите, па се обидуваат да направат сѐ што е во нивна моќ да го сокријат тоа. Доколку се сметате себеси за депресивна личност, погледнете ги овие знаци кои можеби оние околу вас не сфаќаат дека ги правите со цел да ја прикриете вашата состојба.

1. Правите сѐ што можете за да го скриете фактот дека сте депресивни
Кога имате депресија, ќе се обидете дури и да се уверите себеси дека сѐ е во ред со вас. Ќе ставате лажна насмевка на лицето, каде и да одите и вашите пријатели ќе ви завидуваат на ентузијазмот и енергијата кои се чини дека секогаш ги имате. Но, вистината е дека внатрешно вие се чувствувате исцрпени, изгубени и тажни.

2. Им викате на вашите најсакани
Многу често се случува да им викате на оние кои воопшто не се виновни. Вие имате премногу негативна енергија во вас и понекогаш викањето е единствениот начин за да се ослободите од неа.
Многу често се случува да им викате на оние кои воопшто не се виновни. Вие имате премногу негативна енергија во вас и понекогаш викањето е единствениот начин за да се ослободите од неа.
Гостин- Гостин
Re: БОЛЕСТИ
3. Повторувате сѐ
Без разлика на што се однесува, вие ги повторувате работите повторно и повторно, сѐ додека не се изморите. Вие сте перфекционист и не можете да престанете да се обидувате да ги задоволите останатите околу вас.

4. Се лекувате самите
Доколку се чувствувате депресивно, не можете да испиете само една чаша вино за време на вечерата. Алкохолот прави барем накратко да заборавите на вашите проблеми, па иако знаете дека ова не е вистинското решение, сакате барем една вечер да заборавите на случувањата.

5. Ги откажувате плановите кои навистина сакате да ги остварите
Без разлика дали тоа е свадбата на која едвај чекавте да отидете или пак концертот за кој вашите пријатели веќе долго ви зборуваат, понекогаш не би можеле да се справите со ваквите ситуации па затоа ги откажувате планирањата. Ова не значи дека вие сте сакале да го направите тоа, но во вашата ментална состојба, сѐ што ви треба е да бидете сами.

6. Чувствувате болка насекаде
Депресијата, исто како и анксиозноста, може да предизвика и физички симптоми. Понекогаш оваа ментална болест може да направи да чувствувате како вашето тело да тежи еден тон и како да ве болат сите коски.
Депресијата, исто како и анксиозноста, може да предизвика и физички симптоми. Понекогаш оваа ментална болест може да направи да чувствувате како вашето тело да тежи еден тон и како да ве болат сите коски.
Гостин- Гостин
Re: БОЛЕСТИ
7. Не можете да останете будни
Депресијата дефинитивно може да ви предизвика проблеми со спиењето. Може да ви биде тешко да останете будни дури и за време на денот, затоа што немате мотивација и се чувствувате премногу уморни за да направите што било.
Депресијата дефинитивно може да ви предизвика проблеми со спиењето. Може да ви биде тешко да останете будни дури и за време на денот, затоа што немате мотивација и се чувствувате премногу уморни за да направите што било.
Гостин- Гостин
Re: БОЛЕСТИ
8. Јадете сѐ што ќе здогледате
Кога не се чувствувате ментално добро, тогаш храната може да биде единственото нешто што ви нуди удобност.
Кога не се чувствувате ментално добро, тогаш храната може да биде единственото нешто што ви нуди удобност.
Гостин- Гостин
Страна 1 of 2 • 1, 2
Страна 1 of 2
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот