2017 г БОЖИЌ
Страна 1 of 1
2017 г БОЖИЌ
збор два за овој голем христијански празник
_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат
малкумина го разбираат
osa- Број на мислења : 16597
Join date : 2015-01-11
Re: 2017 г БОЖИЌ
Божиќ
Наречен и Божик
Раѓањето Христово
Го празнува(ат) Христијанските и нехристијански земји[1]
Вид христијански
Значење Раѓањето на Исус Христос
Датум 7 јануари (јулијански календар)
25 декември (грегоријански календар)
Обичаи подарување, традиционален ручек, украсување
Поврзано Водици, Бадник
Божиќ[2] (Божик) или Рождество Христово[3] — денот на Христовото раѓање според христијанската традиција. Тоа е втор најголем празник во христијанството, по Велигден. Црквите кои го користат грегоријанскиот календар, вклучувајќи ги сите католички, протестантски и повеќето православни цркви, го прославуваат на 25 декември. Црквите кои го користат јулијанскиот календар, вклучувајќи ја и Македонската православна црква, го прославуваат Божиќ на 7 јануари до 2100 година, а потоа ќе го прославуваат на 8 јануари до 2200, па на 9 јануари до 2300 итн.
Со вечерата на денот пред Божиќ (Бадник) завршуваат предбожиќните пости.
Во повеќето земји во светот со значителен дел на христијанско население, вклучувајќи ја и Република Македонија, Божиќ е празник и неработен ден.
1 Историјатa на празникот
2 За иконата на Христовото раѓање
3 Поврзано
4 Наводи
5 Користена литература
Раѓањето на Христос, илустрација од 12 век
Празнувањето на Раѓањето Христово се појавува уште во почетокот на христијанството, најверојатно во апостолскиот период. Апостолските правила одредуваат ден за празнување на Раѓањето Христово (25 декември), покажувајќи ја смислата на тој празник за Црквата: „Внимавајте браќа, првиот празник меѓу празниците е Рождеството Христово.“
Времето кое му претходело на Рождеството Христово било исполнето со длабоко чувство за едно безгранично зло. Во секој момент се чувствувала несигурноста на тоа време. Светот пред Христовото раѓање наликувал на добро изорана нива, подготвена да го прими семето на вечниот живот - начелото на идниот век.
Навуходоносор во неговиот таинствен сон го гледа образот на Рождеството Христово, протолкуван од Данаил (2 глава). Карпата којашто се отцепила од планината без да ја допре човечка рака и го разрушила големиот идол е образ на Христовото раѓање.
За иконата на Христовото раѓање
Обично во иконата на Христовото раѓање Спасителот има сликовита врска со каменот кој го победил и разрушил страшниот човечки егоизам, во ликот на идол. Младенецот е претставен повиен, во средина на иконата. Земјата во иконата на Рождеството Христово не се претставува мазна и рамна, туку е полна со движење, разиграност, ридови и процепи. Тоа движење потсетува на морските бранови.
Обично во иконата на Рождеството се изобразуваат исто така и ангелите, мудреците и пастирите. Ангелите, како први гласници на Радосната вест за Рождеството Христово, мудреците и пастирите - претставници на човечкиот род, се поканети да му се поклонат на Христа.
Во горниот дел од иконата се претставува ѕвездата која ги води мудреците на еден начин кој ретко се среќава. Таа е испратена да стои точно на врвот од пештерата. Витлеемската ѕвезда се запазува како симбол не само во иконата на Рождеството, но и во Светата Литургија. Свеќникот кој се поставува во повечерието на Рождеството во средината на храмот, исто така ја симболизира ѕвездата. Очигледно е дека таа зазема многу важно место на празникот Рождество, зашто е древен симбол на Христа, како што ни сведочи и Откровението: „Корен и потомок сум Давидов - Светла и Утринска Ѕвезда.“
Обично е изобразен и Јосиф, заштитникот на Дева, исполнет со тага, измачуван од сомнежи, не можејќи да го разбере таинството на Раѓањето на Синот од Девата. Карактеристично за многу икони на Рождеството е дека Богородица гледа не кон Спасителот, туку кон Јосиф, со поглед исполнет со разбирање и длабока сочувствителност. Очигледно е дека таа со сите сили сака да му помогне. Иконата на Христа е образец или слика на бесконечната слава на доброволното предавање на Христа.

Similar topics
» КАТОЛИЦИТЕ ГО ПРАЗНУВААТ БОЖИЌ
» БАДНИК И БОЖИЌ 2021 Г
» УТРЕ Е БАДНИК А ЗАДУТРЕ БОЖИЌ
» ОБИЧАИ И ВЕРУВАЊА ПОВРЗАНИ СО БАДНИК И БОЖИЌ
» Вистината за 27.04.2017

Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот