Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

ХОРОСКОП

+7
EVITA
TRAJCHE
Bosonoga
Delta
reiter
Teo
Luxor
11 posters

Страна 12 of 43 Previous  1 ... 7 ... 11, 12, 13 ... 27 ... 43  Next

Go down

ХОРОСКОП - Page 12 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by osa Саб Фед 18 2017, 22:22

Рак
21.06-22.07

февруари 2017

Работа: Ќе се фокусирате повеќе на другите отколку на себе. Така ќе биде сè до 19-ти февруари. Тогаш може да очекувате повик од странство, па дури и патување во некоја друга земја. Очекувајте пари од некој невообичаен извор. Некој ќе ви врати долг на кој одамна сте заборавиле или ќе ви пристигне некој заостанат приход. Ова е поволен период ако се занимавате со данок или недвижности. Ова е крајно време за враќање на долговите и за враќање на заемите. Ако се подготвувате да земете кредит или да позајмите пари од некого, мудро размислете. Паметен потег може да ве доведе и до богатство, но непромисленото задолжување може финансиски да ве уништи. Ако планирате да започнете некој проект или реализација на деловни идеи, февруари е добар месец за привлекување на капитал и инвеститори. Ова е вистинско време да се ослободите од сè што не ви е потребно и да престанете да ги расфрлате парите на непотребни работи. Ова е период во кој повеќе ќе просперирате со мудро планирање и намалување на непотребните трошоци, отколку со самата работа. Деловната интуиција најдобро ќе ви работи на 27-ми и 28-ми февруари.

Љубов: На партнерот добро му оди работата, па и од таа страна можете да очекувате финансиска поткрепа. Ова е време за фокусирање кон кариерата. Куќата и семејството ви се многу важни, како и секогаш, но сега ќе бидете од поголема корист со своите деловни успеси. Ако имате деца, тие ќе ви бидат голем двигател. Можно е токму децата да ви дадат најдобра деловна идеја. Осамените Ракови ќе имаат тенденција да се затрупаат со работа, па во слободно време повеќе ќе сакаат да одморат отколку да излегуваат. Единствената можност некого да запознаете е на Интернет.

Здравје: Здравствената состојба ви се подобрува, а најдобро ќе се чувствувате кога ќе помине 19-ти февруари. Ќе имате повеќе енергија, а со самото тоа ќе ви се отворат и нови можности. Сепак оваа цела година ќе биде обележана со зголемена чувствителност на организмот така што ниту во еден момент не смеете да ја запоставите грижата за вашето здравје. Немојте да се изложувате на преголем стрес и доволно одморајте се.

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16500
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 12 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by osa Саб Фед 18 2017, 22:23

Лав
23.07-22.08

февруари 2017

Работа: Февруари е месец на вашето „враќање во игра“. Доаѓа време на остварување на вашите деловни планови започнати во претходните месеци или започнување на сосема нови проекти. Ова е вистинско време да направите нешто ново и поинакво. Најповолен период за иновации е од осми до 19-ти февруари. По турбулентниот почеток на месецот, ве очекува подобрување на финансиската ситуација. Бидете внимателни со инвестициите. Среќата ќе ве следи, но само ако ја слушате својата интуиција која во овој месец ќе биде особено силна. Ова е вистинско време да започнете да штедите затоа што приликите се поволни, а вие сте расположени да вложувате во својата иднина и да правите долгорочни планови. По 14-ти февруари ќе настапи идеален период за купување на гаџети и техника. Можна е заработка на Интернет.

Љубов: Продолжувате да се грижите за своите најблиски, повеќе отколку за себе. Иако себеси веќе извесно време не се ставате на прво место, не ви недостасува љубов затоа што околината умее да го цени она што го правите за нив. И покрај тоа што чувствувате дека не сте „сосема свои“, вашата популарност во друштвото делува како извесен надомест за тоа чувство. Партнерот умее да го цени вашето несебично давање и ве опсипува со љубов. Осамените Лавови ќе запознаваат богати и влијателни луѓе затоа што ќе зрачат со несебичност и добра енергија. Денови со најголема сексуална активност се 27-ми и 28-ти февруари, искористете ги.

Здравје: Продолжете да го работите она што сте го започнале во врска со вашето здравје. Така ќе одржите добра здравствена состојба. Внесувајте доволно течности, витамини и природни намирници, но паралелно работете и на одржување на психичкиот мир. Ако одржувате нормално ниво на енергија и имуниот систем ќе ви биде силен. Ако планирате диета или промена на режимот на исхрана, периодот по 19-то февруари е идеален за тоа. Малите промени во навиките ќе имаат моќ да се чувствувате како преродени.

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16500
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 12 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by osa Саб Фед 18 2017, 22:25

Девица
23.08-22.09

февруари 2017

Работа: Месецот кој е пред вас ќе биде особено добар за почнување на нови проекти, основање на фирми, започнување на нова работа, потпишување на договори или финансирање на нови производи. Ќе напредувате бргу кон својата цел, а тоа особено ќе дојде до израз од осми до 22-ри февруари. Тогаш можеби ќе ви се чини дека успехот дошол преку ноќ. Но, треба да знаете дека тоа е како резултат на вашите залагања и работа во претходниот период. Ако барате работа, ова ќе биде период полн со прилики за вработување. Исто така ова е добро време да вработите некој нов, ако имате своја фирма или ако работите на проширување на бизнисот. Што се однесува до финансиите, овој месец нема да има значителни промени, а и вие нема да имате некој поголем интерес за вложувања. Ќе бидете преокупирани со планови и идеи. Затоа парите до 17-ти февруари главно ќе ви доаѓаат од други извори. Дури по овој датум работата ќе почне да ви носи финансиски резултати. Ќе имате доволно време да сработите и по некоја работа на страна.

Љубов: Запознавате духовни и креативни луѓе. Ќе бидете во друштво на уметници и интелектуалци. Поинакво друштво нема да ве интересира. Колку и да сте естети во душата и да ви е важен физичкиот изглед, овој месец најмногу ќе ве возбудува духовната компатибилност и физичкиот магнетизам. Љубовна средба ве очекува на некој јавен настан, неверојатно некој со хуманитарен карактер. Може да развиете романтични чувства кон личност која ја сметате за свој духовен учител или кон некој кому му се восхитувате.

Здравје: Обрнете внимание на рацете, зглобовите, вратот и колковите, особено по 14-ти февруари. Ќе бидете подложни на стрес и лесно ќе се исцрпувате, особено во присуство на деца.

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16500
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 12 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by osa Саб Фед 18 2017, 22:25

Девица
23.08-22.09

февруари 2017

Работа: Месецот кој е пред вас ќе биде особено добар за почнување на нови проекти, основање на фирми, започнување на нова работа, потпишување на договори или финансирање на нови производи. Ќе напредувате бргу кон својата цел, а тоа особено ќе дојде до израз од осми до 22-ри февруари. Тогаш можеби ќе ви се чини дека успехот дошол преку ноќ. Но, треба да знаете дека тоа е како резултат на вашите залагања и работа во претходниот период. Ако барате работа, ова ќе биде период полн со прилики за вработување. Исто така ова е добро време да вработите некој нов, ако имате своја фирма или ако работите на проширување на бизнисот. Што се однесува до финансиите, овој месец нема да има значителни промени, а и вие нема да имате некој поголем интерес за вложувања. Ќе бидете преокупирани со планови и идеи. Затоа парите до 17-ти февруари главно ќе ви доаѓаат од други извори. Дури по овој датум работата ќе почне да ви носи финансиски резултати. Ќе имате доволно време да сработите и по некоја работа на страна.

Љубов: Запознавате духовни и креативни луѓе. Ќе бидете во друштво на уметници и интелектуалци. Поинакво друштво нема да ве интересира. Колку и да сте естети во душата и да ви е важен физичкиот изглед, овој месец најмногу ќе ве возбудува духовната компатибилност и физичкиот магнетизам. Љубовна средба ве очекува на некој јавен настан, неверојатно некој со хуманитарен карактер. Може да развиете романтични чувства кон личност која ја сметате за свој духовен учител или кон некој кому му се восхитувате.

Здравје: Обрнете внимание на рацете, зглобовите, вратот и колковите, особено по 14-ти февруари. Ќе бидете подложни на стрес и лесно ќе се исцрпувате, особено во присуство на деца.

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16500
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 12 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by osa Саб Фед 18 2017, 22:29

Вага
23.09-22.10

февруари 2017

Работа: Ова е вистинско време да започнете некој нов проект или да се впуштите во нова деловна авантура, февруари за вас ќе биде особено среќен месец. Ова исто така е вистински момент да уживате во својот живот и да и се препуштите на креативноста. Работата кај вас бара креативност, а таа ви оди од рака. Спојот на работа и задоволство навистина ќе ве исполни и енергетски ќе ве подигне. Ако барате работа, најповолен период ќе биде по 19-ти февруари, а најповолни денови ќе бидат 27-ми и 28-ми февруари. Добро стоите финансиски. Неочекуван приход ќе ви дојде помеѓу петти и 11-ти февруари.

Љубов: Иако, обично сте романтично расположени, овој месец ќе доминира вашата практична страна на личноста. Затоа ќе ве привлекуваат богати, влијателни луѓе. Од ваша страна, вие љубовта ќе ја покажувате на материјален начин, ќе ја опсипувате саканата личност со подароци. Како што ќе ја покажувате вие својата љубов, така ќе очекувате и да ви се возврати. Осамените Ваги романтичните контакти ќе ги остваруваат претежно преку работата, особено преку финансискиот аспект. Многу време ќе поминувате дружејќи се со луѓе од светот на бизнисот, а можно е со некои стари пријатели да влезете во деловен однос. Вашиот социјален живот ќе биде поврзан со работата. Уживајте во она што ви го носи овој период, но немојте премногу да се занесувате, оваа година не е поволна за брак. Повеќе трпение од вообичаено ќе ви биде потребно кога е во прашање семејството. На близок член од семејството ќе му биде потребно вашето внимание, помош или поддршка особено помеѓу први и петти февруари.

Здравје: Во изминатиот месец здравјето постепено ви се подобри и сега се чувствувате добро. Имате доволно енергија за своите цели. Крајот од месецот ќе ви донесе и духовен мир.

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16500
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 12 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by osa Саб Фед 18 2017, 22:30

Скорпија
23.10-21.11

февруари 2017

Работа: Време е да ја спроведете на дело деловната идеа која веќе подолго време ви е во главата. Ова е поволен период за оние кои се подготвуваат во јавност да пласираат некој нов производ. Најдобар период за работа овој месец (па и за целата година) ќе биде од осми до 22-ри февруари. Сепак, ова исто така ќе биде период во кој ќе ја вежбате својата несебичност и самоволието. Обрнете малку повеќе внимание на другите и нивните желби затоа што најдобри резултати ќе постигнете со колективна работа. Од време на време ќе ви биде тешко да ја балансирате потребата да работите независно и импулсивно, со околностите кои ве наведуваат успехот да го постигнувате со договор. Вашата права мисија овој месец ќе биде вашата помош и поддршка на семејството и пријателите. Ова ќе биде особено важно во последната третина од февруари. Бидете тука за своите најмили и дружете се со нив, тоа ќе ви даде сила и поткрепа за идните успеси во кариерата.

Љубов: Љубовта овој месец е многу блиску до дома, можеби во комшии, барем што се однесува за првата половина од месецот. Помеѓу деветти и 11-ти февруари ве очекува една многу пријатна средба. Меѓутоа делувате студено. Иако по природа не сте студена личност, другите така ќе ве доживуваат, па може да одбиете некои потенцијално сериозни прилики. Затоа е важно да вложите малку труд и да ја пренесете на другите својата топлина и љубов. По 17-ти февруари љубовта уште повеќе ви се доближува до домот. Од излегување на состаноци повеќе ви одговара романтична вечер организирана дома. На осамените Скорпии семејството повеќе од обично им се меша во љубовниот живот и се обидува да ги контролира. Постои можност да се распламти некој стар пламен. Вашата потреба повторно да проживеете среќни моменти од минатото ви овозможува враќање на стара љубов во вашиот живот. Но, да се живе во минатото не е добра идеја како што вам ви се чини во моментов. Немојте да бегате од сегашноста и да го губите од вид она што се случува сега и овде затоа што можете да пропуштите некои убави моменти, поубави од оние кои веќе сте ги доживеале во минатото.

Здравје: Ако сте размислувале за психотерапија, ова е вистински момент за тоа. Февруари ќе биде месец за решавање на некои стари психички трауми и затворање на едно поглавје од вашиот живот за да може друго да започне. Особено е добар момент да си признаете некои стари грешки и да пробате да ги поправите. За да го направите тоа мора да пристапите со разбирање, ослободени од болката или грижата на совест. Единствено така минатото ќе ја изгуби моќта која ја има над вас и ве кочи.

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16500
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 12 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by osa Саб Фед 18 2017, 22:32

Стрелец
22.11-21.12

февруари 2017

Работа: Почетокот на годината ви донесе моќ и независност на деловно поле, но на љубовно поле подеднакво ви е одземено. Овој месец ќе бидете во можност својата лична среќа да ја земете во свои раце и самите да преземете одговорност за околностите. И понатаму сте во можност самите да ги креирате сопствените шанси и да го менувате она што не ви оди од рака. Поддршка, одобрување и помош од другите воопшто нема да ви требаат. Можеби ќе делувате малку себично, но гледајќи ја пошироката слика, со својата среќа ќе допринесете и на среќата на луѓето што се околу вас. Затоа немојте да дозволите туѓото мислење да ве поколеба и да скршнете од патот кој сте го зацртале. Февруари исто така ќе биде добар за почнување на некоја работа или деловен проект. Ќе ви биде малку потешко со парите од први до петти февруари. Ќе се снајдете со малку поинакви деловни потези и воведување на промени. Сето тоа нема значајно да делува на трендот на просперитет во кој се наоѓате. Ако барате работа, ви се отвора шанса овој месец.

Љубов: На емотивно поле работите се подобруваат. Особено поволен период ве очекува помеѓу седми и 14-ти февруари кога е можно едно сосема ведро и освежително романтично искуство, најверојатно поврзано со работата. Во првата половина од месецот ќе ве привлекуваат моќ и богатство, додека во втората половина на февруари интересот ќе се насочи кон интелектот. Ќе ве привлекуваат луѓе со исклучителни умствени способности. Ќе сакате неконвенционални работи и искажување на чувства на крајно необичен начин.

Здравје: Здравјето ќе биде добро, но во последната третина од февруари ќе ви биде потребен малку повеќе одмор. Немојте премногу да се заморувате и не одете преку границите на своите можности, потрудете се подобро да се организирате. Можни се проблеми со забите.

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16500
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 12 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by osa Саб Фед 18 2017, 22:34

Јарец
22.12-19.01

февруари 2017

Работа: На амбициозните Јарци овој месец ќе им донесе едно придвижување на интересите од кариерата кон куќата и семејството. Искористете го ова необично искуство за зацврстување на семејните врски. Стабилниот семеен живот многу ќе ви допринесе во постигнување на деловен успех. Ако влегувате во некој нов деловен потфат, идеално време е средината на февруари. Парите ви се многу важни и деловните успеси ги мерите според заработувачката. Од таа гледна точка, кариерата ќе ви биде многу успешна. Се наоѓате на годишниот финансиски врв, но работата полека но сигурно ви оди во втор план. Фокусирајте се на оние аспекти на кариерата на кои сте заборавиле. Не се мери секој успех само по парите кои ги носи. Од почетокот на годината на невработените Јарци деловните понуди ќе им стигнуваат почесто од вообичаено. Уште една шанса се отвора помеѓу петти и седми февруари. Можно е тоа да се случи во текот на некое патување. Иако кариерата ви оди чекор наназад, пари ви стигнуваат од сите страни. Може да очекувате финансиска потпора дури и од љубовниот партнер. Пари овој месец ќе има и во недвижнини, во наплатување на осигурување, но и од извори поврзани со забава и уживање. Ќе уживате углед кај шефовите и луѓето со авторитет, па нивната помош ќе ви биде на располагање, ако ви затреба. Ова е добар период за решавање на правни проблеми.

Љубов: Состојбата на љубовно поле е стабилна. Ништо особено не се случува. Овој месец љубовта не ви е приоритет. Задоволни сте со тоа што го имате и со тоа каде што сте.

Здравје: Здравјето овој месец ви е добро. Може да почувствувате благ замор во втората половина на февруари. Обрнете малку внимание и време на својот организам за да не дојде до паѓање на имунитетот.

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16500
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 12 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by osa Саб Фед 18 2017, 22:34

Водолија
20.01-18.02

февруари 2017

Работа: Наместо, како по обичај, да ја чекате пролетта за да влезете во нови деловни потфати, зошто не би почнале веднаш? На Водолиите родени помеѓу 20-ти јануари и осми февруари, периодот од осми и 22-ри февруари ќе им биде особено поволен. Ова ќе биде месец на зголемени вложувања на полето на кариерата. Меѓутоа тоа создава конфликтна ситуација во вас затоа што сакате повеќе внимание да му посветите на семејството и на своите емотивни потреби, па малку ќе бидете растргнати помеѓу приватниот и деловниот план. Периодот на просперитет сè уште трае. Сè уште ви одат од рака околностите и се наоѓате на врвот на силата и независноста. Само е прашање на време кога ќе ја искористите оваа ситуација, со оглед дека вниманието повеќе ви го привлекуваат други работи, а не самата работа. Од средината па до крајот на месецот особено ќе биде изразена вашата креативност, така што работата освен корист може да ви донесе и лично задоволство. Од 19-ти февруари влегувате во финансискиот врв за оваа година. Социјалните контакти многу ви помагаат во работата. Поголема сума пари очекувате кон крајот на месецот.

Љубов: На осамените Водолии во февруари им се отвораат можности како за незадолжителни средби и авантури, така и за сериозна љубов. Почетокот на месецот ви носи драма на личен план и отстапување од саканиот животен пат. Можеби ќе дојде до промени во семејната хармонија, но ќе ја надминете ова краткотрајна криза ако работите со заеднички сили на решавањето на проблемот.

Здравје: Без промени...

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16500
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 12 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by osa Саб Фед 18 2017, 22:36

Риби
19.02-20.03

февруари 2017

Работа: Вие на сите полиња на интерес одите кон сигурни цели, освен на деловен план. Во поглед на кариерата наидувате на тешкотии. Тоа не е нешто што не може да се реши и надмине, но бара од вас зголемено залагање и повеќе работа од вообичаено. Што се однесува до парите и овој месец вашата финансиска состојба ќе биде тесно поврзана со странство, странски компании и клиенти од други земји. Поволните деловни прилики ве очекуваат дури во последната третина од февруари. Овој месец ќе бидете како скарани со технологијата и гаџетите. Исто така ова ќе биде многу мистичен период, па ќе имате тешкотии да стоите со двете нозе на земја и да не отидете подалеку од реалноста во која сакате да остварите резултати.

Љубов: Овој месец сè ќе зависи од вашата подготвеност и способност да одржите баланс и да прифатите компромиси за да го усогласите својот личен интерес со интересот на вашиот партнер. Ќе ви се чини како секој да влече на своја страна, вие би сакале да биде по ваше, а партнерот да биде по негово. Иако сега ви делува како да сте два различни света, не брзајте да донесете одлука поради која може да зажалите. Време е да покажете дали разликите помеѓу вас се привремен или траен проблем. За почеток пробајте да не размислувате премногу за тоа, немојте да го гледате својот партнер како странец само затоа што идеите во моментот не ви се поклопуваат. Обидете се со некој компромис и видете како ќе оди. На слободните Риби прилика за романса им се јавува помеѓу петти и 11-ти февруари. На пријател можно е да му притреба вашата помош.

Здравје: Ќе бидете со добро здравје сè до последната третина од месецот кога ќе ви треба малку помош за да ја обновите енергијата. Сè на сè, февруари ќе биде месец во кој ќе се чувствувате добро, што особено ќе се види на вашиот изглед. На своја кожа ќе се уверите како добрата здравствена состојба умее да ве подмлади и освежи поефикасно од било која крема или третман.

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16500
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 12 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Teo Пон Фед 27 2017, 23:52

Дневен хороскоп (2802.2017) Вторник

Овен (21.03 – 20.04)

Денот е создаден за желби, но не претерувајте во очекувањата. Бидете внимателни со лицето што ви изгледа премногу добро за да биде реално. Најверојатно ќе се разочарате. Ќе дознаете дека човекот покрај вас не е тоа за што се претставува.
Teo
Teo

Број на мислења : 5090
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 12 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Teo Пон Фед 27 2017, 23:52

Бик (21.04 – 21.05)

На финансиски план, конечно, се стабилизиравте, па полека можете да преминете на наредното ниво. Доколку запознаете нова личност, не дозволувајте вашата лутина и фрустрациите да влијаат врз конечниот суд, туку покажете ги своите квалитети.
Teo
Teo

Број на мислења : 5090
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 12 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Teo Пон Фед 27 2017, 23:53

Близнаци (22.05 – 22.06)

Потребната животна сигурност ќе ја стекнете доколку се здружите во деловно партнерство со луѓе кои имаат слични животни ставови како и вие. Вечерва помуабетете си со својот партнер и потсетете се колку уживате во заедничките моменти.
Teo
Teo

Број на мислења : 5090
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 12 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Teo Пон Фед 27 2017, 23:53

Рак (22.06 – 22.07)

Потрудете се да бидете тактични. Не дозволувајте никој да влијае на вашиот живот. Партнерот сака да доминира, но не му го дозволувате тоа и стоите цврсто на земја. Постојано наидувате на неочекувани ситуации. Не трошете ја беспотребно енергијата, потрудете се да се опуштите и одморите.
Teo
Teo

Број на мислења : 5090
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 12 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Teo Пон Фед 27 2017, 23:53

Лав (23.07 – 22.08)

Ќе им се лутите на луѓето околу вас, зашто не гледаат на работите како што гледате вие. За среќа, способни сте да ја најдете суштината на проблемите и експресно да излезете од кашата во која сте заплеткани. Во љубовта нема да можете логично да размислувате. Добро е што е викенд за да можете без чувство на вина да ги следите своите желби.
Teo
Teo

Број на мислења : 5090
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 12 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Teo Пон Фед 27 2017, 23:53

Девица (23.08 – 22.09)

Не дозволувајте финансиските фрустрации да ви попречат на патот кон успехот во комуникацијата и завршувањето на работите. Тоа е привремена ситуација. Може да бирате: или одлучно да продолжите кон целта или да побарате помош.
Teo
Teo

Број на мислења : 5090
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 12 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Teo Пон Фед 27 2017, 23:54

Вага (23.09 – 22.10)

Ќе си ја цените слободата и нема да дозволите кој било да ве ограничува и принудува да следите туѓи планови. Денес ќе ги раширите своите крилја и ќе летнете во потрага по забава. Благодарение на Месечината, ќе бидете расположени за дружење без крај. Каде и да одите, ќе наидувате на познаници кои ќе ги „заразувате“ со позитивната енергија.
Teo
Teo

Број на мислења : 5090
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 12 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Teo Пон Фед 27 2017, 23:54

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Под влијание на Месечината ќе бидете пречувствителни, па длабоко до вас ќе допираат нешта кои во други околности би ги игнорирале. Не се плашете од емоциите – независно од тоа дали се позитивни или негативни. Ќе бидете пријатно изненадени од однесувањето на некоја личност кон вас. Многу луѓе гледаат на вас со почит и вие тоа допрва ќе го дознавате.
Teo
Teo

Број на мислења : 5090
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 12 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Teo Пон Фед 27 2017, 23:59

Стрелец (22.11 – 21.12)

Ќе разговарате, ќе бидете добро расположени и инспиративни, така што ќе ја разбудите својата околина и ќе ја натерате да ви се придружи во своето веселење. Личниот живот ќе страда поради некои работни обврски, но не грижете се – и тоа наскоро ќе се реши.
Teo
Teo

Број на мислења : 5090
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 12 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Teo Пон Фед 27 2017, 23:59

Јарец (22.12 – 20.01)

Тактизирајте ги работите ако сакате да постигнете успех. Нервозите можат само да ви наштетат. Успешни сте во секој поглед. Искористете го вистинскиот момент и со одлучна акција решете го проблемот. Доколку некој се обиде да извлече корист од вас, ставете му до знаење дека е потребно да ви даде нешто за возврат.
Teo
Teo

Број на мислења : 5090
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 12 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Teo Пон Фед 27 2017, 23:59

Водолија (21.01 – 19.02)

Пред себе имате силна цел, а тоа е усовршување на знаењето. Зајакнете го организмот бидејќи имунитетот е намален. Желбата за успех е силна затоа и сета енергија ви е насочена кон тоа. Ја проучувате секоја ситуација. Чувствувате блага нервоза, но тоа е нормална состојба за вас
Teo
Teo

Број на мислења : 5090
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 12 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Teo Пон Фед 27 2017, 23:59

Риби (20.02 – 20.03)

Веќе подолго време ве мачи нешто, а самите не знаете што. Времето работи за вас, искористете го тоа и уживајте во нечија прегратка. Обврските не можат да чекаат. Доколку пропуштивте нешто, потрудете се тоа денес да го надоместите. Некој ќе ви застане на патот, не дозволувајте да ви ги попречи плановите.
Teo
Teo

Број на мислења : 5090
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 12 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Luxor Пет Мар 03 2017, 18:58

ВАШИОТ СРЕЌЕН МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП ЗА МАРТ 2017

ОВЕН (21. 3 – 20. 4)



До 20 март нештата ќе бидат или скриени од вас, или ќе ги дознавате преку пријатели и преку посредници. Во фокусот на настаните ќе ви бидат други луѓе. Повеќе варијанти се во игра, но во секој случај повторно ќе се активирате во некоја група или групна активност. За љубов добар период се деновите околу 19 март, кога ви претстои и некоја непланирана, ненадејна средба. Можно е некоја поранешна драга особа да ви се врати во животот, или само да ве потсети на минатото. Кон крајот на месецот – ќе откриете или ќе обелодените нешто.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6588
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 12 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Luxor Пет Мар 03 2017, 18:58

БИК (21. 4 – 20. 5)



Пријателски, раздвижено, работно и љубовно – пролетните денови ќе ги дочекате со бројни активности и обврски. Можно е некоја драга особа да ве посети на работа, или вие некого на неговото работно место. Месецов ви претстои барем една средба која ќе ви ја размрда фантазијата. Со повеќето кои ќе ги среќавате, ќе бидете пријателски настроени, или ќе ги држите на дистанца. На финансиски план, ќе биде добро околу 27 март кога ќе успеете да наплатите некоја поголема сума.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6588
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 12 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Luxor Пет Мар 03 2017, 18:59

БЛИЗНАЦИ (21. 5 – 21. 6)



Плановите полека се вообличуваат во активност. Добар период е за учење, ако ви е во план, бидејќи умот ќе ви биде ангажиран во помнење на информации. И да не учите, сепак ќе бидете ментално активни. Во љубовта, потребно е да смените некои ваши идеи и ставови во однос на врските, љубовта и бракот. Во спротивно, ќе се најдете во судир самите со себе или со партнерот/партнерката. Од 20 март па натаму, ве очекува поголема сума на пари, повеќе од еднаш.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6588
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 12 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 12 of 43 Previous  1 ... 7 ... 11, 12, 13 ... 27 ... 43  Next

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот