Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

ОН И САМО ОН

3 posters

Go down

ОН И САМО ОН  Empty ОН И САМО ОН

Пишување by osa Нед Мај 21 2017, 14:13

ЉУБЧО ГЕОРГИЕВСКИ: ПРОМЕНИТЕ ЌЕ БИДАТ ТЕШКИ, КАКО ПО ПАД НА КОМУНИЗМОТ И ТРАНЗИЦИЈАТА

21/05/2017 11:41

Facebook Twitter
Досегашната власт насекаде има свои структури – во МВР, бизнисот, судството, медиумите. Во таква ситуација промените нема да бидат ни брзи ни лесни, вели лидерот на ВМРО-НП и поранешен премиер, Љубчо Георгиевски,


Поранешните сопартијци на Никола Груевски, а денес лидери на опонентски партии – Љубчо Георгиевски, Љубе Бошкоски и Стојанче Ангелов, од следната недела почнуваат активности за подготовка за локалните избори, пишува Dojce Vele

Средбата на оваа лидерска тројка предизвика големо внимание, со оглед дека се одржа во време кога нивната поранешна партија ВМРО-ДПМНЕ е пред големи искушенија и потреба од внатрешни реформи, па многумина ја протолкуваа како почеток на офанзива за трансфер на членството кое е разочарано од Груевски – во редовите на коалицијата „ВМРО за Македонија“.

Лидерот на ВМРО-Народна партија, Љубчо Георгиевски, вели дека тоа не било нивна цел.

„Тоа беше средба на која го потврдивме функционирањето и опстојувањето на нашата заедничка коалиција ‘ВМРО за Македонија’, меѓу ВМРО-НП, Обединети за Македонија и Достоинство. Разговаравме за подготовките за наредните локални избори, кога и да се одржат тие. Сакавме да дадеме нов импулс во јавноста за претстојните активности. Ние остануваме носители на изворните идеи на ВМРО, јавноста и натаму ќе не препознава по тоа, а Коалицијата е отворена за сите што тие идеи ги почитуваат и ги поддржуваат“, вели лидерот на ВМРО-НП.

Правила на демократијата

Георгиевски не сака да ги коментира внатрешните состојби во ВМРО-ДПМНЕ, која се уште рефлектира партиска монолитност, но и голема затвореност, но како погрешни ги оценува нејзините чекори во изминатиот период.

„Не можам да сфатам што беше целта на ВМРО-ДПМНЕ. Откако ДУИ кажа дека не прифаќа коалиција со таа партија, понатаму не требаше да постојат никакви дилеми и илузии, бидејќи правилата на демократијата се јасни. ВМРО-ДПМНЕ требаше да ја прифати таа реалност и се ќе беше поинаку“, вели Георгиевски, алудирајќи на настаните што следеа потоа – од блокадата во парламентот, па се до „крвавиот четврток“.

Од луѓето кои биле во раководството на ВМРО-ДПМНЕ во времето кога Георгиевски бил лидер на таа партија, денес фигурираат двајца – Влатко Ѓорчев и Никола Груевски. Георгиевски вели дека е исклучително горд на однесувањето на неговиот поранешен сопартиец Влатко Ѓорчев, кој на 27-ми април лично се спротивстви на насилството, бранејќи ги пратениците од новото мнозинство од гневот на насилниците.

„Могу сум горд сум што Влатко Ѓорчев покажа таква високо хумана, човечка димензија. Тоа беше исклучително важно во тие критични моменти. Денес никој не може да го оспори фактот дека тој направи сѐ за да го смири гневот и да ги заштити колегите, без оглед од која партија се. За жал, тоа е редок пример. Дојдоа други времиња, други личности, некои луѓе што ги познавав се променија, но се променија и некои ставови. На пример, во 2003 година токму Влатко Ѓорчев ми зборуваше: ‘Слушај, те сакам и многу те почитувам, ама странците се за Никола’. Денес гледам дека и тоа се сменило. Ставовите на странците не само што веќе не им се важни, туку во ВМРО-ДПМНЕ странците ги сметаат за главни непријатели“, споредува Георгиевски.

Промените нема да бидат лесни

Лидерот на ВМРО-НП очекува поголемо раздвижување на политичката сцена по изборот на нова влада – и во смисла на реформски зафати, но и во смисла на раздвижување на одредени кадровски корпуси поради незадоволство од лидерски и партиски политики. Не навлегува во проценка колкаво раздвижување од тој тип може да се случи во ВМРО-ДПМНЕ, но потенцира дека главните промени што ќе се случуваат на големата сцена – ќе бидат исправени пред многу предизвици.

„Македонија сега е пред големи и тешки промени, чие спроведување нема да биде брзо и лесно ни по формирањето на владата. Трансферот на власта и сите промени што ќе следат потоа ќе бидат и бавни и многу тешки, бидејќи досегашната власт за сите изминати години насекаде има вкоренето свои структури – во МВР, во бизнисот, во администрацијата, во судството, во медиумите… Како може да очекувате брзи промени во таква ситуација?Видете ги само состојбите во судството. Колку многу време е потребно за да се спроведат подлабоки реформи само во судството? А во другите сфери? Затоа велам дека тоа ќе бидат бавни и тешки промени, идентични како после пад на комунизам во транзициска земја“, констатира Георгиевски. /

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16506
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ОН И САМО ОН  Empty Re: ОН И САМО ОН

Пишување by трендафил Нед Мај 21 2017, 20:14

Гладна кокошка просо сонува, вели една поговорка. Така и Љубчо Георгиевски посакува повеќе членови во својата партија. Зошто некој од победничката ВМРП-ДПМНЕ би поминал во ВМРО-НП, а не во ДУИ, Беса или партијата на Зијадин Села? И така имаат иста програма, па зошто некој би работел за слуга наместо за „газдите“,

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11170
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

ОН И САМО ОН  Empty Re: ОН И САМО ОН

Пишување by defo Нед Мај 21 2017, 23:46

ОСА...си пропуштила битно нешто, подолу отворив тема околу гостувањето на Љупчо на ТОП ТЕМА , и тогаш кажа интересни работи. Во задно моето мислење за него е сменато, како да е созреан политичар човек. И кажува работи кои лично неќеме да ги признаеме, или свесно или несвесно ги пикаме под тепих.

_________________
Интернетот, социјалните мрежи демократијата ја претворија во желба за анархија и хаос.
defo
defo

Број на мислења : 3476
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

ОН И САМО ОН  Empty Re: ОН И САМО ОН

Пишување by osa Пон Мај 22 2017, 00:36

koj ? jas sum propushtila ? aj pogledni ubavo Very Happy Very Happy Very Happy na forum

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16506
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ОН И САМО ОН  Empty Re: ОН И САМО ОН

Пишување by osa Пон Мај 22 2017, 00:43


_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16506
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ОН И САМО ОН  Empty Re: ОН И САМО ОН

Пишување by трендафил Пон Мај 22 2017, 08:20

Сменето е тоа што сега и Љубчо Георгиевски е странец. Човек кој нема земено бугарски пасош од социјални причини туку затоа што се смета за Бугарин. Што се однесува до настаните во Собранието кога Шилегов гласаше со две раце за да има доволно гласови за избор на Талат Џафери за претседател на Собранието, до сега не е утврдено кој ја организираше паралелната група насилници која заедно со народот кој не вршеше насилство влезе во Парламентот. Веројатно тоа ќе остане прашање што ќе го расчистува историјата ако Македонија опстане како држава и се ослободи од стегите на меѓународната банда што се претставува како меѓународна заедница. Да потсетам дека тие што влегоа со калашњикови во украинскиот парламент иако актуелната власт немаше мишто против предвремени избори и таму палеа и убиваа, беа поздравени од вашите газди. Дволичност до бескрај.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11170
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

ОН И САМО ОН  Empty Re: ОН И САМО ОН

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот