Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

TITANIK

4 posters

Go down

TITANIK Empty TITANIK

Пишување by SHARENI Пон Aвг 13 2018, 11:38

Konecno ke gi sudat. Na Goca brk i istece porodilnoto.

Неделава продолжува судењето за предметот „Титаник“ на СЈО
Во Кривичниот суд во Скопје неделава продолжува судењето за предметот „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство.

Нови рочишта за „Титаник“ на СЈО се закажани за 16 и 17 август, додека последната недела од август продолжуваат и судењата за „Т.Н.Т.“ и „Тврдина и Таргет“.

За време на судската ферија од 15 јули до 15 август во Кривичниот суд немаше закажани рочишта за случаите на СЈО.

Минатото рочиште за „Титаник“ требаше да се одржи на 3 јули, но беше одложено поради неприсуство на обвинетата Гордана Јанкулоска која, како што извести нејзината адвокатка Сања Алексиќ се наоѓа во болница по породувањето.

Судијата Осман Шабани тогаш рече дека обвинетата Јанкулоска има право 45 дена да не биде повикувана на судски рочоишта, поради што го одложи судењето за „Титаник“ за 16 август.

Во „Титаник“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски и поранешните функционери Мартин Протуѓер, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, како и Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристовски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.

Тие се осомничени од СЈО за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања во 2012 година.

Во Кривичниот суд последната недела од август треба да продолжи случајот „ТНТ“ на Специјалното јавно обвинителство за уривањето на станбено-деловниот комплекс „Космос“ на бизнисменот Фијат Цаноски. Меѓу обвинетите за уривањето на „Космос“ се и поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот градоначалник на општина Гази Баба, Тони Трајковски.

Според обвинението на СЈО, обвинетите во 2011 година сториле кривично дело од политичка омраза со уривање на комплексот „Космос“ на Фијат Цаноски.

Во случајот „Тврдина-Таргет“ обвинети се бегалците Горан Грујевски и Никола Бошкоски, како и поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, неговиот шеф на кабинет, Тони Јакимовски, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и уште шест лица. Ова е прв предмет на СЈО за кој Кривичниот суд донесе пресуда во ноември минатата година, кога еден од обвинетите врз основа на признание на вина беше осуден на условна казна затвор во траење од шест месеци, доколку во рок од две години не стори друго кривично дело.

https://telma.com.mk/nedelava-prodolzhuva-sudeneto-za-predmetot-titanik-na-sjo/
SHARENI
SHARENI

Број на мислења : 845
Join date : 2016-11-20

Вратете се на почетокот Go down

TITANIK Empty Re: TITANIK

Пишување by OPOZICIONER Пон Aвг 13 2018, 12:44

I vreme bese SJO da se razdvizi malku, gi zaboravivme.
OPOZICIONER
OPOZICIONER

Број на мислења : 963
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

TITANIK Empty Re: TITANIK

Пишување by PRVOBOREC Пон Aвг 13 2018, 13:25

Ништо не е заборавено, еден од условте за почетокот на преговорите со ЕУ е и пресуди за висока корупција. И да сакаат СДСМ да се спогодуваат нема да можат, скринингот од ЕУ започна. Грујо и фамилијата ќе си лежат.

_________________
ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ БИЛ СОЦИЈАЛДЕМОКРАТ
А НЕ НЕБАЊАТ
PRVOBOREC
PRVOBOREC

Број на мислења : 2459
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

TITANIK Empty Re: TITANIK

Пишување by трендафил Пон Aвг 13 2018, 14:50

Ајде прво да ви ја честитам годишнината од Рамковната спогодба со која станавте милениче на меѓународната банда што овде ја викаме меѓународна заедница. Што се однесува до СЈО тоа ја задржува традицијата. Секогаш кога власта е зафекалена, стапува на сила вашето обвинителство да го одвлече вниманието на друга страна. Во моментов владата е во поголем број на фекалии. Од првите јавно објавени меѓународни оценки дека владата е корумпирана до разочарувачки степен, па до неспособноста локалната власт во Скопје да се справи со комарците, па изгледа ќе треба да чекаме зима. Да не го спомнувам шамарот од Бугарија (со барањето на извинување што Илинденското востание црпнатиот го нарече македонско) по свитканата кичма на премиерот што се одржува на власт со купување на пратеници од видот на Амди Бајрам.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11189
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

TITANIK Empty Re: TITANIK

Пишување by PRVOBOREC Пон Aвг 13 2018, 15:18

Свртување на вниманието од работата на СЈО и процесуирањето на криминалите на дпмне со користење дневнополитички флоскули само потврдува дека вашето постоење на политичката сцена нема врска со патриотизам и заштита на македонските национални интереси, туку единствено служите за јалови обиди за амнестирање на вашата криминална врхушка.

_________________
ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ БИЛ СОЦИЈАЛДЕМОКРАТ
А НЕ НЕБАЊАТ
PRVOBOREC
PRVOBOREC

Број на мислења : 2459
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

TITANIK Empty Re: TITANIK

Пишување by трендафил Пон Aвг 13 2018, 16:21

Не се заблагодари на честитката за Рамковната. Прв документ донесен под притисок на меѓународната банда за разнебитување на Македонија и Македонците.

Кога постои обвинителство кое е концентрирано само против една партија и ако таа партија е во опозиција, нормално е да се сомневаме во објективноста на таа институција. Посебно кога се работи за судењето што има пресуда во прв степен, за блиндираното возило за кое лажевте дека е непотребно и дека ќе го продадете. Ме радува што тоа не е сторено затоа што само многу голема будала би го сторила тоа.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11189
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

TITANIK Empty Re: TITANIK

Пишување by PRVOBOREC Пон Aвг 13 2018, 16:27

трендафил напиша:Не се заблагодари на честитката за Рамковната. Прв документ донесен под притисок на меѓународната банда за разнебитување на Македонија и Македонците.

Кога постои обвинителство кое е концентрирано само против една партија и ако таа партија е во опозиција, нормално е да се сомневаме во објективноста на таа институција. Посебно кога се работи за судењето што има пресуда во прв степен, за блиндираното возило за кое лажевте дека е непотребно и дека ќе го продадете. Ме радува што тоа не е сторено затоа што само многу голема будала би го сторила тоа.

Донесен за време на владеењето на твојата партија со влада во која твојот пастир беше министер за финансии и со народни пари, додека македонците гинеа тој купуваше станови за мама Наде.

Обвинителството е формирано додека таа партија беше власт а не опозиција, а ако обвиненијата се само против нив значи дека само тие и правеле криминал.
PRVOBOREC
PRVOBOREC

Број на мислења : 2459
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

TITANIK Empty Re: TITANIK

Пишување by трендафил Пон Aвг 13 2018, 16:40

Пред да ја формирате заедничката влада и пратенички состав зборувавте и за криминали на ДУИ или на Амди Бајрам и синот. Да не го споменувам Глобал, случај од пред црпнувањето во Муртино, за кој Заев не бара повлекување на амнестијата. Не знам во која демократска земја постои обвинителство и специјални судови кои се бават само со опозиција.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11189
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

TITANIK Empty Re: TITANIK

Пишување by PRVOBOREC Пон Aвг 13 2018, 16:42

Кај брзаш, ќе дојдат на ред и криминалите на функционерите од ДУИ. Еве кај и да е ќе продолжи Титаник 3.

Првите функционери на ДУИ обвинети од СЈО на 16 март седнуваат на обвинителна клупа

https://makfax.com.mk/sjo/%D0%BF%D1%80%D0%B2%D0%B8-%D1%84%D1%83%D0%BD%D0%BA%D1%86%D0%B8%D0%BE%D0%BD%D0%B5%D1%80%D0%B8-%D0%BD%D0%B0-%D0%B4%D1%83%D0%B8-%D0%BE%D0%B1%D0%B2%D0%B8%D0%BD%D0%B5%D1%82%D0%B8-%D0%BE%D0%B4-%D1%81%D1%98/

_________________
ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ БИЛ СОЦИЈАЛДЕМОКРАТ
А НЕ НЕБАЊАТ
PRVOBOREC
PRVOBOREC

Број на мислења : 2459
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

TITANIK Empty Re: TITANIK

Пишување by трендафил Пон Aвг 13 2018, 17:05

Во судството ќе имам доверба кога ќе почнат судења за фалсификатот на последните локални избори. И кога на обвинителна клупа ќе седне Али Ахмети. Или кога идиотот од ДУИ кој се заканува со војна доколку не успее референдумот седне на обвинителна клупа наместо да биде дел од власта.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11189
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

TITANIK Empty Re: TITANIK

Пишување by PRVOBOREC Пон Aвг 13 2018, 17:11

Не може само заради тврдењето на губитниците да се судат победниците. Треба навистина да има криминал како и докази за него. Тоа за локалните, а остатокот од ДУИ ќе биде изведен пред суд к0ога ќе му дојде редот. Освен ако навистина дпмне и СДСМ не се договорат за успешен референдум и променана устав во замена за амнестија како што еден член на мелница упорно пропагира цело време.

_________________
ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ БИЛ СОЦИЈАЛДЕМОКРАТ
А НЕ НЕБАЊАТ
PRVOBOREC
PRVOBOREC

Број на мислења : 2459
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

TITANIK Empty Re: TITANIK

Пишување by трендафил Пон Aвг 13 2018, 18:02

За волја на вистината се судат победниците. ВМРО победи на парламентарните избори, не СДСМ. Не е баш најлогично власта да ја прислушкува опозицијата, а сите познати прислушкувани материјали да се однесуваат на разговори на власта. Јас до сега не видов докази за фалсификат на изборите во 2014 година, ниту пак СЈО има предмет против ВМРО за овие избори, а врз основа на лагата за фалсификат подоцна имавме куртон револуција што ни ја донесе оваа куртонска влада. Но сигурен сум дека по промената на власта, а тоа ќе биде по првите не фалсификувани избори, ќе има такви судења.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11189
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

TITANIK Empty Re: TITANIK

Пишување by PRVOBOREC Пон Aвг 13 2018, 18:21

Па во тие материјали се и доказите за криминалот на тогашната власт. Опозицијата не можела да прави криминал затоа што не била на власт. Инаку кога ќе научиш дека победникот е тој што ќе обезбеди мнозинство од 61 пратеник за да направи влада а не оној кој на избори добил повеќе гласови? И Клинтон во САД доби повеќе гласови ама Трамп е претседателот. Партиите што имаат парламентарно мнозинство секако имаат повеќе гласови од оние кои се сметаат за победници а се во опозиција. Ако се победници, тие ќе беа власта.

_________________
ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ БИЛ СОЦИЈАЛДЕМОКРАТ
А НЕ НЕБАЊАТ
PRVOBOREC
PRVOBOREC

Број на мислења : 2459
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

TITANIK Empty Re: TITANIK

Пишување by трендафил Пон Aвг 13 2018, 21:37

Во САД победува тој што ќе добие повеќе т.н. електорски гласови, а такви Трамп доби повеќе. Инаку коалиција може да се смени и во тек на мандатот, па не значи дека сега победил СДСМ, а ако ДУИ во тек на мандатот се врати во старото јато победникот на изборите ќе се смени. Се согласувам дека не мора секогаш победникот на изборите да состави влада.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11189
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

TITANIK Empty Re: TITANIK

Пишување by PRVOBOREC Пон Aвг 13 2018, 21:43

Тоа со електорските гласови е доста слично со гласовите на пратениците во парламентот, што сепак навистина може да се смени и во тек на мандатот на владата.

_________________
ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ БИЛ СОЦИЈАЛДЕМОКРАТ
А НЕ НЕБАЊАТ
PRVOBOREC
PRVOBOREC

Број на мислења : 2459
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

TITANIK Empty Re: TITANIK

Пишување by трендафил Вто Aвг 14 2018, 21:37

SHARENI напиша:Konecno ke gi sudat. Na Goca brk i istece porodilnoto.

Неделава продолжува судењето за предметот „Титаник“ на СЈО
Во Кривичниот суд во Скопје неделава продолжува судењето за предметот „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство.

Нови рочишта за „Титаник“ на СЈО се закажани за 16 и 17 август, додека последната недела од август продолжуваат и судењата за „Т.Н.Т.“ и „Тврдина и Таргет“.

За време на судската ферија од 15 јули до 15 август во Кривичниот суд немаше закажани рочишта за случаите на СЈО.

Минатото рочиште за „Титаник“ требаше да се одржи на 3 јули, но беше одложено поради неприсуство на обвинетата Гордана Јанкулоска која, како што извести нејзината адвокатка Сања Алексиќ се наоѓа во болница по породувањето.

Судијата Осман Шабани тогаш рече дека обвинетата Јанкулоска има право 45 дена да не биде повикувана на судски рочоишта, поради што го одложи судењето за „Титаник“ за 16 август.

Во „Титаник“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски и поранешните функционери Мартин Протуѓер, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, како и Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристовски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.

Тие се осомничени од СЈО за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања во 2012 година.

Во Кривичниот суд последната недела од август треба да продолжи случајот „ТНТ“ на Специјалното јавно обвинителство за уривањето на станбено-деловниот комплекс „Космос“ на бизнисменот Фијат Цаноски. Меѓу обвинетите за уривањето на „Космос“ се и поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот градоначалник на општина Гази Баба, Тони Трајковски.

Според обвинението на СЈО, обвинетите во 2011 година сториле кривично дело од политичка омраза со уривање на комплексот „Космос“ на Фијат Цаноски.

Во случајот „Тврдина-Таргет“ обвинети се бегалците Горан Грујевски и Никола Бошкоски, како и поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, неговиот шеф на кабинет, Тони Јакимовски, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и уште шест лица. Ова е прв предмет на СЈО за кој Кривичниот суд донесе пресуда во ноември минатата година, кога еден од обвинетите врз основа на признание на вина беше осуден на условна казна затвор во траење од шест месеци, доколку во рок од две години не стори друго кривично дело.

https://telma.com.mk/nedelava-prodolzhuva-sudeneto-za-predmetot-titanik-na-sjo/
Еден од обвинетите, Звонко Костовски, беше осуден врз основа на признание за вина на казна затвор во траење од 3 години со признание дека прислушуваните материјали преку Ѓорѓи Лазаревски и Зоран Верушевски се предавани на странски тајни служби за паричен надоместок. Тој беше во затвор додека не доби помилување од претседателот Иванов. Интересно е кога некој признание проследено со условна казна и со непозната сума на при можеби, го смета како доказ, а затворска казна од 3 години не. Ќе видиме и дали по првите не фалсификувани избори во Македонија можеби некои обвинители и судии ќе побегнат во странство или можеби ќе завршат во затвор. Истото важи и за некои актуелни политичари.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11189
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

TITANIK Empty Re: TITANIK

Пишување by SHARENI Сре Aвг 15 2018, 09:33

A zasto go pomiluval oti mnogu go saka? Ili oti se dogovorile toj da priznae lazno samo i samo SDSM da izleze prislusuvacot? Kolku narod taka namestivte.
SHARENI
SHARENI

Број на мислења : 845
Join date : 2016-11-20

Вратете се на почетокот Go down

TITANIK Empty Re: TITANIK

Пишување by трендафил Нед Aвг 19 2018, 17:56

Претседателот Иванов, како обид за помирување на Македонците и Северно Македонците ги помилува сите, од двете страни. Тие што не сакаат македонско помирување, СДСМ, партиите на Албанците и меѓународната банда (заедница) веднаш се нафрлија на помилувањето, не знам со што претеа странците и резултатот е тој што го имаме. Никој од дотичните збор не кажа кога Заев беше првиот пат помилуван за Глобал ниту ми е познато дека се мешале во било кое помилување на светот.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11189
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

TITANIK Empty Re: TITANIK

Пишување by PRVOBOREC Нед Aвг 19 2018, 20:27

Колку паметно а, ќе правиме криминал и после нелегално избраниот фикус ќе не помилува а за да замачка очи ќе помилува и тотално невини луѓе од оние што ни ги открија криминалите. Тоа не е помирување туку заштита на криминалци.

_________________
ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ БИЛ СОЦИЈАЛДЕМОКРАТ
А НЕ НЕБАЊАТ
PRVOBOREC
PRVOBOREC

Број на мислења : 2459
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

TITANIK Empty Re: TITANIK

Пишување by трендафил Нед Aвг 19 2018, 21:46

А помилувањето на Зоран Заев за Глобал не е заштита на криминалец? Заев ја прифати аболицијата, со самото тоа и вината. Најголем дел од тие што ги нарекуваш криминалци самите побараа симнување на аболицијата.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11189
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

TITANIK Empty Re: TITANIK

Пишување by PRVOBOREC Нед Aвг 19 2018, 23:43

Па и Грујо ја прифати аболицијата од фикусот, дури и се повикуваат на неа дпмне-офците што ги судат. Е тоа што фикусот ве заеба и ја повлече е друга работа.

_________________
ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ БИЛ СОЦИЈАЛДЕМОКРАТ
А НЕ НЕБАЊАТ
PRVOBOREC
PRVOBOREC

Број на мислења : 2459
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

TITANIK Empty Re: TITANIK

Пишување by трендафил Пон Aвг 20 2018, 17:37

Повлекувањето на аболицијата беше последно попуштање на нашиот претседател пред меѓународната банда (заедница). Царска не се повлекува, се велело порано. Сега таа улога ја има претседателот. Тоа е мислење и на грчкиот Врховен суд, но таква пресуда има и од европскиот суд за човекови права. За жал и криминалците имаат права. На пример да не се прислушувани на криминален начин.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11189
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

TITANIK Empty Re: TITANIK

Пишување by PRVOBOREC Пон Aвг 20 2018, 17:46

Кога ќе му истече мандатот ќе се повлекува пред обвинителите и судиите пред кои треба да одговори заошто една кравата од братучедата на пастирот чини 5 илјади евра.

_________________
ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ БИЛ СОЦИЈАЛДЕМОКРАТ
А НЕ НЕБАЊАТ
PRVOBOREC
PRVOBOREC

Број на мислења : 2459
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

TITANIK Empty Re: TITANIK

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот