NA MAKEDONSKI
Страна 1 of 1
NA MAKEDONSKI
Zaev denes e vo Strazbur i toj ke bide prviot makedonski premier koj ke im se obrati na pratenicite vo Evropskiot parlament na makedonski jazik.
Заев во Стразбур: Пред нас е историска шанса
Зоран Заев денеска стана првиот македонски премиер кој доби шанса да се обрати пред Европскиот Парламент во Стразбур на македонски јазик. Тој порача дека е убеден во успех на референдумот и во перспективата на Македонија
„Референдумот е многу повеќе од референдум за Договорот од Преспа. Тоа е референдум за иднината, за нашата втора независност, референдум со историски димензии како оној од 1991 година“, порача Заев во Европскиот парламент.
Говорот на Заев од претседателот на Парламентот, Антонио Тајани, беше најавен како шанса „да чуеме каква е состојбата во оваа важна балканска земја“. Според Тајани, Европскиот Парламент и ЕУ ѝ даваат поддршка на земјата.
Најголем дел од говорот, Заев посвети на Договорот за името со Грција, претстојниот референдум и евро-атлантската иднина на земјата.
„Знаеме какви се придобивките од таа одлука и знаеме дека тоа е најдобрата шанса која нашата земја ја добила досега. Тоа е нашиот билет за ЕУ и НАТО“, рече тој, алудирајќи на Преспанскиот договор.
Заев во неколку наврати повтори дека е горд на шансата да се обрати во парламентот на македонски јазик, заблагодарувајќи се за поддршката и поканата.
Својата земја, македонскиот премиер ја претстави како „успешна европска приказна и автентичен модел на успешна мултиетничка држава“. Под европското мото: обединети во различностите“.
Во однос на Преспанскиот договор, тој му се заблагодари на грчкиот колега Алексис Ципрас, и рече дека тој може да биде модел и за други држави да ги решаваат своите меѓусебни проблеми.
„Ние и двајцата се откажавме од по нешто, но и двајцата добивме многу во интерес на нашите народи. Договорот од Преспа претставува модел за решавање на чувствителни идентитетски прашања“, рече Заев.
По завршувањето на говорот, Заев беше испратен со аплауз од пратениците во ЕУ-парламентот.
https://www.dw.com/mk/%D0%B7%D0%B0%D0%B5%D0%B2-%D0%B2%D0%BE-%D1%81%D1%82%D1%80%D0%B0%D0%B7%D0%B1%D1%83%D1%80-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B4-%D0%BD%D0%B0%D1%81-%D0%B5-%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%B8%D1%81%D0%BA%D0%B0-%D1%88%D0%B0%D0%BD%D1%81%D0%B0/a-45473695?maca=maz-rss-maz-pol_makedonija_timemk-4727-xml-mrss

TRAJCHE- Број на мислења : 682
Join date : 2016-11-20
Страна 1 of 1
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот
|
|