Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

ОБИЧАИ И ВЕРУВАЊА ПОВРЗАНИ СО БАДНИК И БОЖИЌ

Go down

ОБИЧАИ И ВЕРУВАЊА ПОВРЗАНИ СО БАДНИК И БОЖИЌ Empty ОБИЧАИ И ВЕРУВАЊА ПОВРЗАНИ СО БАДНИК И БОЖИЌ

Пишување by osa Пон Јан 07 2019, 16:51

Ова е најважниот обичај по Бадник - не ја правете оваа грешка со паричката

Векови наназад е традиција да се крши леб со паричка за Бадник, а оној кај кој ќе се падне ќе има среќа, здравје и бериќетна година.

Секогаш парчето леб кое било наменето за вас треба да го изедете, а ако ви се падне паричката треба да постапите вака:

Никако паричката не треба да се фрли или заборави, туку да се стави до икона и да се чува до наредната година.

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16500
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ОБИЧАИ И ВЕРУВАЊА ПОВРЗАНИ СО БАДНИК И БОЖИЌ Empty Re: ОБИЧАИ И ВЕРУВАЊА ПОВРЗАНИ СО БАДНИК И БОЖИЌ

Пишување by osa Пон Јан 07 2019, 16:53

Важни обичаи за најрадосниот празник Божиќ - никако не се прави ова

На денот на Божик христијаните стануваат многу рано и одат на утринска литургија, се причестуваат, а потоа одат дома, каде е подготвена богата трпеза. Обичај е и цел ден на маса да има пченица во која е поставена свеќа. Ова природно зеленило е украс на божикната маса, а симболично претставува умирање и повторно раѓање на природата, а во христијанската вера е благослов за летнината.

Тој ден луѓето го празнуваат во својот дом, а по ручекот одат да честитаат Божик на роднините и пријателите. Коледарењето порано се правело со пеење традиционални божикни песни, а обичај бил домаќинот да ги дарува коледарите.

Православните верници вториот ден го прославуваат во чест на Пресвета Богородица, а третиот ден на Божик се одбележува како празник на Свети Стефан, првомаченик кој бил каменуван поради својата вера.

Симболи на Божик
Бадник
Тоа е обично мало, храстово или церово дрво, кое на самиот Бадник рано наутро се сече и се носи пред куќата. Навечер, пред Божик, бадникот се сече и заедно со слама се внесува во куќата. Бадникот симболично претставува дрво кое пастирите го донеле на праведниот Јосиф, а тој го запалил во студената пештера кога се родил Христос.

Слама
По бадникот, во куќата се внесува слама, која се посипува по цела куќа. Според народното верување, сламата се внесува бидејќи Исус е роден на слама.

Посна вечера
Кога ќе се внесат бадникот и сламата, домаќините седнуваат на трпезата. Вечерата е посна, обично се подготвува грав, свежа или сушена риба и други посни јадења.

Положајник
Положајник се нарекува лице кое прво ќе влезе во домот на Божик. Обично тоа е маж или машко дете. Тој на домаќините им честита Божик и со благослов им посакува добро здравје и успешна година. Симболично ги претставува мудреците кои ја следеле ѕвездата од исток и дошле на новородениот Исус на поклонение. Домаќинката потоа го послужува положајникот и го дарува со некој прикладен подарок. Тој е човек кој на Божик и за цела наредна година донесува среќа во домот.

Погача
Таа се смета за исклучително важен обреден колач. Рано наутро на Божик домаќинката замесува тесто од кое пече погача која се вика чесница. Во неа се става метална паричка, од горе се боцка со гранче од бадник и таа погача има улога на славски колач на Божик. Кога погачата ќе се испече, се изнесува на маса, каде е веќе поставен божикниот ручек.
Погачата се крши на толку делови колку што има членови на семејството во домот. Тој кој ќе го добие парчето во кое е паричката, според народното верување ќе биде среќен цела година. Кога ќе се заврши кршењето на погачата, домаќините меѓу себе го честитаат празникот и седнуваат на трпезата.

Свечен ручек
Првиот ден на Божик не се оди никаде од дома, туку семејството собрани заедно уживаат во ручекот и топлата семејна атмосфера. Божикниот ручек е прва мрсна храна по долгиот пост и секогаш е богат и разновиден, но го одбележуваат два неизоставни елементи: погача и пченица.
Ручекот е најсвечениот момент на Божик. Божикната трпеза, според народното сфаќање, мора да биде полна и богата. Правило било за Божик сите во семејството во домот добро да се најадат и напијат.

/press24.mk/vazhni-obichai-za-najradosniot-praznik-bozhikj-nikako-ne-se-pravi-ova

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16500
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот