Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Инцидент во Шутка

+6
Nebula
osa
defo
Teo
трендафил
Luxor
10 posters

Страна 1 of 4 1, 2, 3, 4  Next

Go down

Инцидент во Шутка Empty Инцидент во Шутка

Пишување by трендафил Чет Фед 21 2019, 16:09

Притворениот Миле Јанакиевски е префрлен со повеќе повреди во градската болница * септември, добиени ви занданата Шутка. Притворениот Спиро Ристовски има полесни повреди и е во занданската амбуланта. Ова е новина што ја донесе СДСМ во македонските затвори во кои божем нема политика. Треба ли после ова да се обвинува ако некој обвинет избега од земјата.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11146
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Инцидент во Шутка Empty Re: Инцидент во Шутка

Пишување by Luxor Чет Фед 21 2019, 17:38

Ц ц ц, а кој тоа спроведува тортура врз опозицијата?
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6588
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

Инцидент во Шутка Empty Re: Инцидент во Шутка

Пишување by трендафил Чет Фед 21 2019, 17:39

Би ги замолил членовите што се разбираат во Фотошоп да ми кажат да ли сум во право кога мислам дека на фотографијата во склоп на веста на линков подолу е оригинална и само со рака се доцртани мустачињата на според порталот нарачателот на насилството врз политичките затвореници.

https://lider.com.mk/hronika/premierot-zaev-e-narachatel-na-pretepuvanjeto-na-janakieski-i-ristovski/

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11146
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Инцидент во Шутка Empty Re: Инцидент во Шутка

Пишување by Luxor Чет Фед 21 2019, 18:02

Многу си ми забавен, сепак ќе морам да те спуштам на земја. Прво линкот што си го ставил води до порталот на Љупче Златев. Второ ова подолу е целиот текст, и освен една реченица која очигледно е лага, Љуопче Златев сам ги изедува говната и признава дека всушност се било обичен инцидент. Многу моронски од тебе да ни понудиш за доказ текст кој сам себе се демантира. Инаку мои извори од Шутка брифираат дека ги тепале Јанакиевски и Ристовски за да му направат услуга на Мицковски. -Ова ти е за Мицковски и од Мицковски- извикувал еден од насилниците брифира неофицијално мој извор од Шутка. Ова колку да видиш дека се што лета не се јаде.

Поранешниот министер Миле Јанакиески со скршеници е пренесен во гратската болница 8-ми септември откако попладневно беше претепан во затворот во Шутка, од обвинети терористи за случајот Диво Насеље – дознава Економски Лидер од извори во затворот.

На Јанакиески му била скршена раката.

Освен Јанакиески, нападнат бил и Спиро Ристовски на кој исто така синоќа му беше одредена мерка притвор. И Спиро се здобил со повреди.

Извори на весникот Лајм, информираат дека денеска во затворот Шутка се случил инцидент. Според нив, член на Кумановската група со иницијали Е.К. го претепал поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиевски. Благодарение на интервенцијата на затворските власти, била спречена поголема несреќа.
Нашите извори не даваат детали за тоа како дошло до контакт меѓу Е.К. и Миле Јанакиевски, но велат дека инцидентот се случил во дворот на затворот.
Официјално сè уште нема ниту потврда ниту демант за оваа информација.

Лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, вчера кога се апсеа Јанакиески и Ристовски, рече дека тие се уапсени по нарачка на Заев, затоа што тој очајнички презема чекори како на Милошевиќ и Чаушеску, свесен дека на губи довербата и паѓа од власт.

Сепак има и други извори кои го кажуваат тоа што Љупче само бегло го спомнал лажејки дека нема детаљи како дошло до контакт меѓу затворениците.

На ден 21 февруари 2019 година околу 13 часот за време на редовна прошетка на притвореници дошло до вербален инцидент предизвикан од лицето С.Р. кон лицето Л.К. кој подоцна преминал во лесна физичка пресметка која била веднаш прекината од службите на затворот велат од Затворот Скопје за Centar.mk.

Околу 13.45 часот, повторно за време на редовна прошетка на притворениците дошло до друг вербален инцидент предизвикан од лицето М.Ј. кон лицето Е.К. кој подоцна преминал во физичка пресметка која била веднаш прекината од службите на затворот.

За двата инциденти прибрани се писмени изјави од очевидци и известен е надлежниот суд.

После инцидентите за лицата С.Р. и М.Ј. веднаш се обезбедени прегледи и соодветна грижа од домскиот лекар после што лицето С.Р. не побарало дополнителна медицинска помош, а лицето М.Ј. се пожалило на болки поради што е упатено кон болницата 8 септември, велат од Затворот Скопје.

Управата на истражниот затвор Шутка најостро ги осудува ваквите вербални и физички инциденти и порачува дека насилството нема да се толерира и истото најостро ќе се санкционира.

Истражниот затвор ќе ги преземе сите мерки и активности извршителите на физичко насилство да бидат соодветно санкционирани и во иднина, како и денес, ќе продолжи да постапува професионално и според сите мерки за безбедност предвидени во вакви ситуации. Нападнатите лица ќе бидат понатаму згрижени и заштитени без опасност по нив, согласно процедурите на установата, велат од таму.

https://centar.mk/blog/2019/02/21/ekskluzivno-site-detali-za-intsidentot-vo-shutka/

На ден 21 февруари 2019 година околу 13 часот за време на редовна прошетка на притвореници дошло до вербален инцидент предизвикан од лицето С.Р. кон лицето Л.К. кој подоцна преминал во лесна физичка пресметка која била веднаш прекината од службите на затворот, велат во официјалната информација од затоврот Скопје-Шутка.

Околу 13.45 часот, повторно за време на редовна прошетка на притворениците дошло до друг вербален инцидент предизвикан од лицето М.Ј. кон лицето Е.К. кој подоцна преминал во физичка пресметка која била веднаш прекината од службите на затворот.

За двата инциденти прибрани се писмени изјави од очевидци и известен е надлежниот суд.

По инцидентите за лицата С.Р. и М.Ј. веднаш се обезбедени прегледи и соодветна грижа од домскиот лекар по  што лицето С.Р. не побарало дополнителна медицинска помош, а лицето М.Ј. се пожалило на болки поради што е упатено кон болницата 8 септември.

Управата на истражниот затвор Шутка најостро ги осудува ваквите вербални и физички инциденти и порачува дека насилството нема да се толерира и истото најостро ќе се санкционира.

Истражниот затвор ќе ги преземе сите мерки и активности извршителите на физичко насилство да бидат соодветно санкционирани и во иднина, како и денес, ќе продолжи да постапува професионално и според сите мерки за безбедност предвидени во вакви ситуации. Нападнатите лица ќе бидат понатаму згрижени и заштитени без опасност по нив, согласно процедурите на установата.

Управата на Затворот апелира да се следат официјалните информации и да не се подлегнува на шпекулации бараат од затворот Шутка.

Во шпекулациите сепак доминира дека првин Спире Ристески испоровоцирал а потоа и Миле Јанакиески возвратил на што затворениците се разбеснеле и преминало во фиизичка пресметка. Сека затворската полиција спречила се тоа да ескалира.ВО една реченица првин провоцирал Спире, а потоа и Миле, полицајците разделувале. Сега е се според редовниот  куќен ред.

https://lokalno.mk/zoshto-gi-natepale-mile-i-spire-vo-zatvorot-vo-shutka/

И сега ти давам еден час да докажеш дека Заев е нарачателот и дека ова е тортура врз опозицијата од страна власта. Не се ни обидувај да ми протураш препишани текстови од Златев на останатите курири, а уште помалку како доказ да ми пласираш лудачките изјави на Христијан Мицкоски клој најверојатно ќе заработи кривични за лагата дека Заев нарачувал убиства па овој случај да го ставаш во контекст на Изјавите Жмицко кој веројатно во последно време не си ги пие редовно апчињата.

Ако после еден час не видам релевантни докази темата се преименува во "Инцидент во Шутка".
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6588
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

Инцидент во Шутка Empty Re: Инцидент во Шутка

Пишување by трендафил Чет Фед 21 2019, 18:30

Ако добро те разбирам мислиш дека терористите од Куманово имале јак глас и со гласот ги повредиле политичките затвореници Јанакиески и Ристовски. Да те потсетам дека до пред извесно време веруваше дека нема да се менува Уставот кога такви вести доаѓаа од исти извори. За овој случај за жал е потребна независна истрага, а не изјава од вработени што се поставени од власта по партијска задача. Ако еднаш имало инцидент само голема будала или извршител на нарачка може да дозволи инцидентот да се повтори по неколку часа меѓу исти учесници.
Последна вест е дека Јанакиевски нема повреди. Молчењето од страна на власта дава можност за шпекулации.

https://www.slobodenpecat.mk/makedonija/janakieski-so-skrshena-raka-ristovski-ima-rasechena-arkada/

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11146
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Инцидент во Шутка Empty Re: Инцидент во Шутка

Пишување by Luxor Чет Фед 21 2019, 18:40

Ова е целиот текст од Слободен печат и никаде не спомнува дека некој врши тортура врз опозицијата како што ти инсинуираш повикувајки се на "неофицијалните извори" поточно лагите на Љупче Златев. Затоа во недостаток на докази насловот на темата ќр биде променет во 19 00 часот.

Јанакиески заврши со скршена рака во ГОБ „8 септември“, Ристовски има расечена аркада
На двајцата екс министри синоќа им беше определен притвор за случувањата од “27 април”.

Јанакиески со скршеница на раката е пренесен во ГОБ „8-ми Септември“, Ристески добил медицинска помош по расечената аркада во стационарот во затворот, пренесува ТВ21.

На двајцата екс министри синоќа им беше определен притвор за случувањата од “27 април”.

Како што дознава ТВ21, денешниот инцидент се случил поради провокација бидејќи претходно Миле се дружел со Хајруш Авдија и не му се случило ништо, а исто така и Кирил Божиновски бил во иста соба со членот од кумановската група.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6588
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

Инцидент во Шутка Empty Re: Инцидент во Шутка

Пишување by трендафил Чет Фед 21 2019, 18:47

Еве ја веста на Телма од болницата.
„Денес, 21.02.2019 година, во Градската општа болница „8-ми Септември“ Скопје е примено лицето М.Ј кој анамнестички (по вербално кажување) се пожалил на болки по телото и главата.
По извршениот соодветен клинички лекарски преглед не се констатирани никакви телесни повреди.
Градската општа болница „8-ми Септември“ Скопје, апелира јавноста да ги следи официјалните информации на надлежните институции и да не се подлегнува на шпекулации.“ https://telma.com.mk/gradskata-opshta-bolnitsa-8-mi-septemvri-ne-konstatirale-nikakvi-telesni-povredi-kaj-janakieski/
Ме буни последниот пасус. Од каде знае болницата со сигурност дека има шпекулации (ако се шпекулации) и кој пенис повикува на следење на официјални информации од други институции кои немаат врска со нивната работа, здравјето. Иако сите институции имаат еден заеднички именител -СДСМ и ДУИ. Токму тој пасус ја доведува во сомнеж целата изјава на болницата. Малку фалеше да го споменат Груевски и да објават поддршка од меѓународната заедница, од Калето на пример.
За потсетување, бугарската фашистичка полиција во времето кога татко ми се борел против окупацијата, а предците на Заев мислеле дека се Бугари (до 1945 година, нели?) тврдела дека Цветан Димов сам се фрлил од зградата на участокот. Можеби ќе тврдите и дека младинците се самозастрелале во Ваташа.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11146
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Инцидент во Шутка Empty Re: Инцидент во Шутка

Пишување by Luxor Чет Фед 21 2019, 18:55

А што во болницата не знаат да читаат за да видат дека Златев и остнати курири шират лаги. Освен тоа, не барав потврда за случката туку доказ дека ова е тортура врз опозицијата. Засега не видов ниту еден освен лагите на Љупче. Не очекувај дека ќе дозволам форумов да се претвори во извпр на лажни вести. Можеш да дискутираш и претпоставуваш кој, каде, како, зошто, ама да ги користиш курирските манипулативни методи нема да помине.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6588
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

Инцидент во Шутка Empty Re: Инцидент во Шутка

Пишување by трендафил Чет Фед 21 2019, 18:56

„Управата (за санкции забелешка на Трендафил) апелира да се следат официјалните информации и да не се подлегнува на шпекулации.“


https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/ристовски-и-јанакиевски-нападнати-во/

Како да верувам после ова кога скоро иста копи пејст реченица имаме и во извештајот од болницата и од затворот освен дека зад веста стои ист извор. СДСМ и(ли) ДУИ.

Инаку извор на сите информации кој прв дојде до веста е албанскиот портал Лајм.
Луксор, знам дека ти е мерак да го смениш насловот на темата. Не мора да чекаш 1 час, направи го слободно тоа веднаш.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11146
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Инцидент во Шутка Empty Re: Инцидент во Шутка

Пишување by Luxor Чет Фед 21 2019, 19:01

Нормално дека ќе го сменам, курирска манипулација е да ставиш клик бејт наслов а во самиот напис воопшто да не е и спомнато тоа што во насловот се инсинуира.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6588
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

Инцидент во Шутка Empty Re: Инцидент во Шутка

Пишување by Teo Чет Фед 21 2019, 19:23

Zoshto vlasta t.e. Zaev kako shto gledam lazhel Zlatev bi gi podlozhuval na tortura sopstvenite poddrzhuvachi i bi narachuval nasilstvo protiv niv vo Shutka. Mnogu pologichno e torturata da bila organizirana od protivnicite na Zaev so cel lazhno da go obvinuvaat.

Инцидент во Шутка Untitl22
Teo
Teo

Број на мислења : 5090
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

Инцидент во Шутка Empty Re: Инцидент во Шутка

Пишување by Teo Чет Фед 21 2019, 19:30

Gledam i na socijalnite mrezhi preovladuva istoto mislenje.

Инцидент во Шутка 128
Teo
Teo

Број на мислења : 5090
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

Инцидент во Шутка Empty Re: Инцидент во Шутка

Пишување by Teo Чет Фед 21 2019, 19:33

A eve go i mozhniot izvor na netrpelivost na Mickoski kon Ristovski.

Инцидент во Шутка 220

„Христијан треба да знае дека партијата никогаш не губи, туку само победува. При победа сите се заслужни, и сите ги делат аплаузите и заслугите, но при пораз вината паѓа главно врз претседателот на партијата, шефот на Републичкиот Изборен Штаб (РИШ) и генералниот секретар.

За жал иако тој како генерален секретар го доживеа најтешкиот пораз на локалните избори, за тоа без трошка срам го обвини Спиро Ристовски кој тогаш беше шеф на РИШ, а патем и негов доста близок личен пријател. Го пушти низ вода без око да му трепне човекот со кој буквално секојдневно заедно ја водеа кампањата за локалните избори. Онака, ладнокрвно. Дополнително, да потсетам дека тој (Христијан) беше и носител на листа за советници на град Скопје, каде исто така доживеа катастрофален пораз. Се повлече веднаш по сугестија на неговиот ментор и протеже, за во карактеристичен илузионистички стил да сокрие дека загубил, со цел да се амнестира од вината за поразот и да ја преземе партијата. Ладнокрвно, повторно“, напиша Тодоров меѓудругото.

https://faktor.mk/nikola-todorov-mickoski-go-pushti-niz-voda-spiro-ristoski-ama-sega-kje-nema-koj
Teo
Teo

Број на мислења : 5090
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

Инцидент во Шутка Empty Re: Инцидент во Шутка

Пишување by трендафил Чет Фед 21 2019, 19:53

luxor напиша:Нормално дека ќе го сменам, курирска манипулација е да ставиш клик бејт наслов а во самиот напис воопшто да не е и спомнато тоа што во насловот се инсинуира.
Тој начин на работа во Македонија го донесоа Џорџ Сорос и некои амбасади преку нивните платеници. Што стана на пример со лагите за 300 илјади фантоми на избирачкиот список? Гледам сте забегале малку од темата. Ајде кажете што од ова не е точно. Миле Јанакиески е уште во болница, во посебна соба. Пред собата има неколку десетици полицајци. Има видливи траги од удари според незванична изјава на дежурниот лекар. Полицијата не дозволува да го види делегација на ВМРО. За волја на вистината таква дозвола треба да даде судот.

Во врска со локалните избори тие беа украдени. Инаку ако тоа што според Тодоров важи и за Заев уште ќе си бевме Република Македонија со целосен идентитет и историја затоа што ќе си заминеше одамна. До сега нема победена ниту на парламентарни, ниту на претседателски избори.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11146
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Инцидент во Шутка Empty Re: Инцидент во Шутка

Пишување by Teo Чет Фед 21 2019, 19:54

Vrie na socijalnite mrezhi, narodot go obvinuva Zhmicko tvrdejki deka ova e dpsmneovsko scenario.

Инцидент во Шутка Fg10
Teo
Teo

Број на мислења : 5090
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

Инцидент во Шутка Empty Re: Инцидент во Шутка

Пишување by трендафил Чет Фед 21 2019, 20:04

Е ова го немаше ни во режимот на Груевски – линч во притвор!


Морам да ве потсетам, почитувани читатели, дека предупредував дека и вакво нешто може да ни се случи. Ваков срам, каков што не можеше да се замисли дури ни за време на најцрниот режим на Никола Груевски – линч во притвор!
Повторувам, ова го немаше ни во казаматите на груевизмот, притвореници да бидат физички линчувани. А токму тоа денеска им се случило на Миле Јанакиески и на Спиро Ристовски, кои од вчера се во затворот во Шутка, откако им беше одреден 30-дневен притвор во врска со настаните од 27 април. Јанакиески бил пренесен во болница.
Затворските власти, наместо да обезбедат елементарни предуслови за безбеден престој во оваа установа, денеска ја забавува јавноста со соопштение во кое ги „открија“ резултатите од својата „истрага“ за тоа кој бил виновен за инцидентот (нормално, утврдено е дека кавгата наводно ја предизвикал Јанакиески), нападнатите лица се уверуваат дека „ќе бидат понатаму згрижени и заштитени без опасност по нив, согласно процедурите на установата“, а јавноста се повикува „да се следат официјалните информации и да не се подлегнува на шпекулации“.

Молам?! Каква застрашувачка дрскост, неодговорност и бесчувствителност кон жртвите!
Да се разбереме добро. Ние немаме скандинавски затвори. Луѓето што поминале извесно време во нашите казамати сведочат дека тоа е еден сосема друг свет, дефинитивно надвор од посериозна контрола на затворските управи, свет во кој владеат правила на однесување и хиерархии многу различни од оние „во цивилство“. За тоа се напишани книги, снимени се филмови. Нашите затвори се слика и прилика на нашето примитивно и агресивно општество, во кое секој секому е волк.
Сепак, мора да потсетам дека годината во која се случува овој инцидент е 2019-та, гарнитурата која е на власт ни продава демократија и високи стандарди на цивилизирано живеење, а Македонија веќе е членка на НАТО и наскоро треба да ги почне преговорите за членство за Европската Унија. Во таква земја, вакви нешта, едноставно, не смеат да се случуваат.
И секако, мора да се соочиме со фактот дека насилството врз Јанакиески и врз Спировски во затворот во Шутка е последица на создадената општа атмосфера на линч, во која се одвиваат судењата за предметите што ги води Специјалното јавно обвинителство и судењето за обидот за пуч на 27 април. Поради очигледната намера сите обвинети да се осудат драконски и со сериозни повреди на презумцијата на невиноста и на доказните постапки, се впрегнуваат новинари, медиуми и инфлуенсери на социјалните мрежи, за да им „пресудат“ на „виновниците“ пред тоа да го сторат судовите. Тоа навистина е страшно!
„Сите ќе ги осудат како муви, никој нема да биде поштеден“, ми вели еден добро информиран пријател. Му верувам. Дури се знае дека лавината на драконски пресуди треба да се стркала во март, во екот на кампањата за претседателските избори. Нормално, ништо не се остава на случајноста. Таков исход на ова „делење на правдата“, за жал, навестува и инцидентот во Шутка.
Одвишно е да кажам дека сум немал прилика лично да ги запознам Јанакиески и Ристовски и дека после она „пиштење и вриштење“ за кое слушавме во „бомбите“, немам никаква емпатија кон луѓето од таа гарнитура на Груевски. Но, како човек што е длабоко убеден дека вистинска правда не се дели без принципи и без строго почитување на правните процедури, јавно протестирам против овој срам и ви велам – не, драги мои пријатели, овој линч не е правда, ова не носи мир во нашето трагично поделено и конфликтно општество!

Бранко Геровски

https://www.slobodenpecat.mk/makedonija/e-ova-go-nemashe-ni-vo-rezhimot-na-gruevski-linch-vo-pritvor/

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11146
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Инцидент во Шутка Empty Re: Инцидент во Шутка

Пишување by трендафил Чет Фед 21 2019, 20:21

Двајцата напаѓачи се државјани на Косово и Лирим Красниќи и Есад Кафеѓоли. Тажно е што има луѓе што веруваат дека поранешните министри би почнувале кавга со непознати луѓе. За што би се карал некој со непознат странец. Но кога има луѓе што веруваат дека Заев нема да ни го смени името затоа што се колнеше во децата, не гледам зошто не би верувале ни во ова.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11146
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Инцидент во Шутка Empty Re: Инцидент во Шутка

Пишување by трендафил Чет Фед 21 2019, 20:39


app-facebook
Mirjana Najchevska
vor 3 Stunden
За вакво нешто се прави сериозна истрага. И директорот на затворот поднесува веднаш оставка, како и директорот на Управата за извршување на санкции.
После ова се размислува и за оставка на министерот за правда.
Тоа се вика одговорност, се друго е поддршка на неправото.
Срамно и жално и недозволиво.
Како и за Мијалков и во овој случај велам дека мора да се издвојат овие луѓе и да се преземат посебни заштитни мерки.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11146
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Инцидент во Шутка Empty Re: Инцидент во Шутка

Пишување by трендафил Чет Фед 21 2019, 22:05

Се јави и папагалот на СДСМ со изјава во која вели:
„Мицкоски и Груевски очајно се обидуваат преку насилнички сценарија да ја дефокусираат јавноста поради вината за насилството од 27-ми април“, рече Костадинов вечерва.
Денешното инсистирање на Мицкоски да го посети Јанакиески во болницата „8-ми Септември“ е театар, а доказ за тоа е тоа, како што рече, е што Јанакиески не бил повреден.
Од СДСМ го осудуваат инцидентот.
https://www.press24.mk/kostadinov-gruevski-i-mickoski-se-scenaristi-na-incidentot-vo-zatvorot

Директорот на истражниот затвор во Шутка, Ѓоко Котевски, вечерва потврди дека обвинетиот Миле Јанакиески е вратен во притвор.
Јанакиески, по неколкучасовниот престој во ГОБ „8 септември“, во моментов се наоѓа во затворот заедно со неговиот адвокат Дончо Донев, додаде Котевски. Тој истакна дека Јанакиески бил превезен во Градската болница, бидејќи се жалел на болки, а затворскиот стационар не ја поседува неопходната апаратура за медицинска грижа. Тој додаде дека според неговите сознанија, Јанакиески се здобил со нагмечувања, но не и скршеници.
https://netpress.com.mk/kotevski-janakieski-e-vraten-vo-pritvorot-vo-sutka/

Папагалот што си ја вработи мајката очигледно смета дека нагмечување не е повреда. Истото го мисли и тој што го напишал извештајот божем на болницата.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11146
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Инцидент во Шутка Empty Re: Инцидент во Шутка

Пишување by Teo Чет Фед 21 2019, 22:59

Nema poglupo neshto od dpsmne-ofca koja misli deka e pametna, vo sluchajov ofcata na Grujo misli deka e najpametna. Nekoj da mu kazhe na moronov deka za da napishe "ne uspea da gi zashtiti zhivotite na dvajca pritvorenici" znachi deka tie dvajcata se mrtvi a ne samo natepani. Toa shto glupi Zhmicko go napishal mozheshe da se primeni na primer  vo sluchajot koga za vreme na rezhimot na dpsmne-ofcite novinarot Vlado Tanesvki vo zatvorot vo Tetovo beshe udaven vo svojata kjelija vo kofa so voda.

Инцидент во Шутка Untitl23
Teo
Teo

Број на мислења : 5090
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

Инцидент во Шутка Empty Re: Инцидент во Шутка

Пишување by Teo Чет Фед 21 2019, 23:13

трендафил напиша:Се јави и папагалот на СДСМ со изјава во која вели:
„Мицкоски и Груевски очајно се обидуваат преку насилнички сценарија да ја дефокусираат јавноста поради вината за насилството од 27-ми април“, рече Костадинов вечерва.
Денешното инсистирање на Мицкоски да го посети Јанакиески во болницата „8-ми Септември“ е театар, а доказ за тоа е тоа, како што рече, е што Јанакиески не бил повреден.
Од СДСМ го осудуваат инцидентот.
https://www.press24.mk/kostadinov-gruevski-i-mickoski-se-scenaristi-na-incidentot-vo-zatvorot

Директорот на истражниот затвор во Шутка, Ѓоко Котевски, вечерва потврди дека обвинетиот Миле Јанакиески е вратен во притвор.
Јанакиески, по неколкучасовниот престој во ГОБ „8 септември“, во моментов се наоѓа во затворот заедно со неговиот адвокат Дончо Донев, додаде Котевски. Тој истакна дека Јанакиески бил превезен во Градската болница, бидејќи се жалел на болки, а затворскиот стационар не ја поседува неопходната апаратура за медицинска грижа. Тој додаде дека според неговите сознанија, Јанакиески се здобил со нагмечувања, но не и скршеници.
https://netpress.com.mk/kotevski-janakieski-e-vraten-vo-pritvorot-vo-sutka/

Папагалот што си ја вработи мајката очигледно смета дека нагмечување не е повреда. Истото го мисли и тој што го напишал извештајот божем на болницата.

Vo celovo tvoe pisanie osven navredi kon Kostadinov ne vidov negiranje na tvrdenjeto deka Gruevski i Mickovski se organizatori na incidentot vo zatvorot. Spored tvojata reakcija i otsustvoto na demant mozhe da se zakluchi deka Kostadinov ja zboruva vistinata.
Teo
Teo

Број на мислења : 5090
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

Инцидент во Шутка Empty Re: Инцидент во Шутка

Пишување by Teo Пет Фед 22 2019, 00:04

Neshto slichno kako ona shto ne go demantirash se tvrdi i na socijalnite mrezhi.

Инцидент во Шутка Untitl24
Teo
Teo

Број на мислења : 5090
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

Инцидент во Шутка Empty Re: Инцидент во Шутка

Пишување by Teo Пет Фед 22 2019, 00:12

Eve ushte edna potvrda za toa shto misli narodot.

Инцидент во Шутка 129
Teo
Teo

Број на мислења : 5090
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

Инцидент во Шутка Empty Re: Инцидент во Шутка

Пишување by Teo Пет Фед 22 2019, 00:27

Prodolzhuva razoblichuvanjeto...

Цветанов: Кој помогна за да се создаде слика дека притворот не е безбеден?

Поранешниот директор на Управа за перење пари и активист на Зелена лупа, Ване Цветанов, реагира на случувањата во Истражен затвор Скопје. Тој прашува кој стои зад ова сценарио за прикажување на наводна атмосфера на линч во истражниот затвор:

,,Миле и Спиро можеби намерно провоцирале и испровоцирале да бидат тепани во Шутка.
Или одглумиле дека се тепани, не е важно тоа.
Со овој чин, се помогна во теориите на Грујо, дека притворот не е безбеден, но и во вчерашните обвиненија на Мицковски за нарачување на убиства.

Миле и Спиро извршија успешна мисија, нешто што беше незамисливо во време на режимот. Режимот имаше тотална контрола во затворот и не беше замисливо да се случи денешново…

Проверивме и знаеме од внатре, дека Заев нема врска со немилите настани. Појма немал за нив, ниту ги посакувал.

Но, не знаеме кој од внатре помогна да се оствари фингираното лажно сценарио, за создавање на слика на малтертирање во притвор и наводен режим?

Кој го поткопува Заев од внатре?“-прашува Цветанов.

Тој вели дека премиерот конечно мора да одлучи:
….
,,Премиерот мора да одлучи помеѓу:
1. Одредени неспособни партиски другарчиња ( кадри на Бранко и Хари )
или….
2. Иднината на Македонија

ТРЕТО НЕМА.

После 2 години, кадрите на режимот се уште се на клучни места во институциите, земаат дебели плати плус хонорари од комисии како АЕК, додека борците преживуваат ден за ден, гладни и боси, очекувајки ја ветената правда…
Борците против режимот изгубија години од животот, а најголем дел се социјални случаи сеуште….

Правдата е далеку, а умре и паролата “нема правда нема мир”, затоа што почнуваме да умираме тивко… од мака, разочараност и болести.

Со срце сакаме да помогнеме на Премиерот, водачот на нашата борба за правда, но тој е преокупиран со дворските партиски игри.
Нема време да сослуша ни најмал совет од искрените соборци.

А се плашам дека овој искрен, добронамерен и човечки совет, ќе ми се врати со лошо,…
Не ми се ни мисли на тоа…“-вели Ване Цветанов.

https://ako.mk/%D1%86%D0%B2%D0%B5%D1%82%D0%B0%D0%BD%D0%BE%D0%B2-%D0%BA%D0%BE%D1%98-%D0%BF%D0%BE%D0%BC%D0%BE%D0%B3%D0%BD%D0%B0-%D0%B7%D0%B0-%D0%B4%D0%B0-%D1%81%D0%B5-%D1%81%D0%BE%D0%B7%D0%B4%D0%B0%D0%B4%D0%B5-%D1%81/
Teo
Teo

Број на мислења : 5090
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

Инцидент во Шутка Empty Re: Инцидент во Шутка

Пишување by трендафил Пет Фед 22 2019, 08:38

Да видиме и нешто за другата страна, тие што тепале.

Инцидент во Шутка Krasniqi

Ова го пишува братучедот на Лирим Красничи, нaпaѓaчoт на Спиро Ристовскина Фејсбук. Напишано е на вториот официјален јазик по неуставно донесениот закон за јазици што го донесовте. Еве го преводот. „Секој политичар кој е вмешан во оваа cтaпицa…и кој ќе ни падне во раце ќе биде иcтeпaн и ќе биде cкpшeн од ќoтeк од страна на било кој член на нашата група. Браво за денес другари, покажавте кој сте. Спиро Ристовски беше бoкcувaн од Лирим Красничи, браво братучед. Миле Јанакиески беше бoкcувaн од Есат Кафеѓоли. Образот ми го обелевте денес. Ние нема да престанеме во оваа биткa. Ниту еден албанец не се ocвeти за нас до денес и затоа ние сами ќе се ocвeтувaмe бидејќи сите ќе ни дојдат во зaтвopoт“
На фотографијата е напаѓачот и е испратена од затворот по настанот

Нели е чудно кога Јанакиевски наводно нема повреди, а е препорачан 24 часовен лекарски надзор во затворската амбуланта поради бројните удари по телото (модрици). Треба ли да верувам дека нема видео надзор во затворскиот двор сега, во 21 век.
Се согласувам дека Ване Цветанов беше еден од тие што се бореа за соборување на Груевски за да може да помине диктатот наречен Преспански договор. Претпоставувам дека го плаќале странци, но сега откако работата е завршена не го плаќаат повеќе, па затоа пишува дека  „борците преживуваат ден за ден, гладни и боси, очекувајки ја ветената правда… “  Под правда очигледно мисли на тоа дека треба да биде закачен на државна цицка за „заслугите“ што станавме северни.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11146
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Инцидент во Шутка Empty Re: Инцидент во Шутка

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 1 of 4 1, 2, 3, 4  Next

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот