Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

АЛООООО ЛАБОВИЌУ ДОБАР СИ ДПМНЕОВЕЦ .....АМА ЏАБЕ....

Go down

АЛООООО  ЛАБОВИЌУ ДОБАР СИ ДПМНЕОВЕЦ .....АМА ЏАБЕ.... Empty АЛООООО ЛАБОВИЌУ ДОБАР СИ ДПМНЕОВЕЦ .....АМА ЏАБЕ....

Пишување by osa Саб Сеп 21 2019, 22:21

Проф. Лабовиќ: Мојата предлог стратегија за правосудството во Македонија September 21, 2019 Македонија, Политика СИСТЕМСКО-СТРАТЕШКИ ПРИСТАП ЗА ЕДИНСТВЕН КОНЦЕПЦИСКИ ПОГЛЕД (ВИЗИЈА) ЗА ПРЕДВИДУВАЊЕ НОВИ И РЕВИДИРАЊЕ НА НЕКОИ ОД СТРАТЕШКИТЕ НАСОКИ ВО СТРАТЕГИЈАТА ЗА РЕФОРМИ НА ПРАВОСУДСТВОТО (2017 – 2022) СИСТЕМСКО – СТРАТЕШКИ ПРИСТАП ЗА ПОТРЕБАТА ОД ДОПОЛНУВАЊЕ НА СТРАТЕГИЈАТА  ЗА ПРАВОСУДСТВО (2017 – 2022)   Самиот текст на Стратегијата за правосудството содржи многу точни констатации, а во најголем дел набележани се општо прифатливи цели, кои што рационално никој не може да не ги прифати. Така што, ако ги изземеме суштинските забелешки од генерално стратешки аспект, оваа стратегија може да се смета за солиден документ базиран на препораките на Прибе, Извештаите на Европската комисија за напредокот на Македонија, мислењата на Венецијанската комисија и други меѓународни и домашни невладини организации (Assessment and recommendations of the Senior Experts’ Group on systemic Rule of Law issues Brussels, 2017; Recommendations of the Senior Experts’ Group on systemic Rule of Law issues relating to the communication intercepception, 2015; European Commission Progres Report, 2016). Имено, Владината стратегија од ноември, 2017 година претставува добра основа за крупен зафат со кој може да се придонесе за рационализацијата и економичноста во работењето на судовите и јавните обвинителства. Оваа операција бара многу прецизни квантитативни анализи, бидејќи во спротивно може да влијае врз неефикасноста на правосудството. Меѓутоа,, иако стратегијата претставува добра основа за реформски зафат на обемот, рационализација на бројот на судови и судии, објективизирани критериуми за избор, унапредување, утврдување одговорност на судиите и јавните обвинители, мораме да имаме предвид дека според пристапот на кој е конципирана, суштински, квалитативно не задира во структурни промени во правосудството, со што би можело сериозно да се промени  квалитетот на работата во правосудството, особено во случаите на висока корупција и институционален тип на организиран криминал, каде што владеењето на правото најмногу се загрозува и каде што политичките влијанија и притисоци од секоја актуелна власт природно биле и ќе останат најголеми. Тоа е една од најголемите објективни закономерни тенденции во општеството, присутни низ целата историја на човештвото, која уште пред околу 300 години ја открил Монтескје и ја искажал во тезата: “Секоја власт тендира кон злоупотреба на својата моќ“. А големиот Француски просветител Волтер додал: “ На малкумина луѓе на светот нема да им се заврти во главата на високи висини и на високи позиции на власт“ Немаме простор за да ја објасниме длабоката суштина на оваа закономерна тенденција, од која има само многу ретки примери на исклучоци, што се бројат на прсти од една рака во целата светска историја. Занемарувањето или релативизацијата на значењето на оваа законитост е речиси еднакво со занемарувањето на природните законитости за гравитација или биолошката законитост дека секој еден жив организам, ако не пие вода и не јаде после определено време ( некој подоцна, некој порано) ќе мора да се соочи со смртни последици. Тоа е неминовноста на науката. Овде сакам само да ве потсетам да не ја потценувате науката, макар таа била општествена, БИДЕЈЌИ И ВО ОПШТЕСТВОТО ПОСТОЈАТ ЗАКОНОМЕРНОСТИ, со таа разлика што не се толку видливи како во природата.  Дотолку повеќе, силата на оваа закономерна тенденција дополнително доаѓа до израз во услови на специфични детерминирачки фактори,  кои што, доколку делуваат негативно, неминовно го загрозуват владеењето на правото во секоја земја, а особено тука треба да ја имаме предвид РСМ. Специфичните детерминирачки фактори се однесуваат на: специфичниот  тип на менталитет, посебни обичаи, посебниот тип на полтичка култура, низок степен на општествена свест ( чии што деривати се: ниска правна свест, недоволна политичка воља, морален интегритет и сл.), отсуство на демократска традиција и долготрајна државност. Оттука, меѓународните стандарди претставуваат минимум под кој не смее да се оди. Секако дека треба неизоставно да ги прифатиме. Но, тоа не значи дека не треба да ги надминеме овие стандарди. Напротив, тоа не само што е пожелно, туку според мене, не можат да се надминат нестандардни состојби на системско-ендемска корупција, која системски и систематски го загрозува владеењето на правото во РМ, децении назад, само со стандардни решенија врз база на меѓународни стандарди и одлични решенија, кои даваат одлични резултати, но во сосема различни услови и фактори, врз основа на кои функционираат високо развиените земји. Едно одлично прашање-парабола, многу подобро го илустрира целиот проблем: Дали ако ги превземеме одличните уставни и законски решенија, што даваат одлични резултати во високоразвиените земји, како што се: Германија, Франција, Холандија, Данска или Шведска, ќе станеме и ние како нив? Најголем процент од сите интервјуирани лица, на ова прашање одговараат негативно. Малиот процент на одговори кои се спротивни на претходните, имплицираат друго логично прашање: зошто, тогаш, нам би ни биле потребни сите тие силни “научници“. Можеме ли да повикаме преведувачи да ги преведат уставите и законите на овие земји-репери и ние да станеме како нив? На овој начин, повторно доаѓаме до одговорот на претходно поставеното прашање! И покрај сите овие сознанија, тоа што го правеа досега нашите најекспонирани општествени научници, преку учеството во комисии и работни групи за измени и дополни на законите, преставува некритичка примена на компаративниот метод и еклектичка комбинација на повеќе законодавни решенија од компаративните системи, без да има квалитативна факторска анализа на специфичните детерминирачки фактори, кои се различни од земја до земја, а да не зборуваме за разликите меѓу неразвиените и високо развиените земји на западната цивилизација. Компаративниот метод е значаен метод, но овој метод мора да биде доведен во врска со конкретна квалитатитвна факторска анализа и квалитативна синтеза, затоа што специфичните детерминирачки фактори се објективни лимити од кои што буквално зависи спроведувањето или неспроведувањето на било која идеја или проект во било кое општество на земјата планета (Ерих Фром, 1989).
Проф. Лабовиќ: Мојата предлог стратегија за правосудството во Македонија | opserver.mk

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16500
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

АЛООООО  ЛАБОВИЌУ ДОБАР СИ ДПМНЕОВЕЦ .....АМА ЏАБЕ.... Empty Re: АЛООООО ЛАБОВИЌУ ДОБАР СИ ДПМНЕОВЕЦ .....АМА ЏАБЕ....

Пишување by osa Саб Сеп 21 2019, 22:23

aj vaka da se dogovorime g-din labovichu ako ovoj predlog ti go prifati tvojata matichna partija DPMNE ,togash i SDSM ke prifati ...ama daj ne se majtapi so site nas ,moze ?

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16500
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот