Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

5 ПРИЧИНИ ЗОШТО КУЧИЊАТА И МАЧКИТЕ СЕ ....

2 posters

Go down

5 ПРИЧИНИ ЗОШТО КУЧИЊАТА И МАЧКИТЕ СЕ .... Empty 5 ПРИЧИНИ ЗОШТО КУЧИЊАТА И МАЧКИТЕ СЕ ....

Пишување by osa Нед Фед 09 2020, 16:44

[size=39]5 причини зошто кучињата и мачките се добри за вашето здравје[/size]
од Слободен печат09/02/2020 - 12:260

Според истражувањето објавено во списанието на Американското медицинско здружение при Медицинскиот колеџ во Грузија, живеењето со две или повеќе кучиња и мачки го преполовува ризикот од појава на алергии.
Ако немате домашни миленичиња, бидејќи се плашите од бактерии и се згрозувате од влакна и „валканост“, можеби овој текст ќе ве натера да се премислите. Живеењето со куче или мачка во домот, всушност, навистина може да биде лек за целото семејство. Еве зошто:
Помалку алергии, астма и кашлица кај децата
Според истражувањето објавено во списанието на Американското медицинско здружение при Медицинскиот колеџ во Грузија, живеењето со две или повеќе кучиња и мачки го преполовува ризикот од појава на алергии. Заслугите се во контактот со некои супстанци кои се наоѓаат во устата на четвороножните пријатели, кои всушност имаат заштитен ефект. Друга студија која доаѓа од Универзитетот од Калифорнија тврди дека присуството на кучиња во домашен амбиент продонесува да се заштитат децата од респираторниот вирус (VRS), сезонски вирус кој се рефлектира преку разни болести на дишните патишта на детето, но и од детска астма. Најпосле, една студија која доаѓа од Финска, спроведена во времетраење од 12 месеци, а во која биле вклучени 400 деца на возраст под 1 година, покажа дека децата кои живеат во контакт со миленичиња покажале намалување на нарушувањата како кашлица, отежнато дишење и ринитис (-30 проценти) и намалување на проблеми со ушите (-50 проценти).
Поздраво срце
Не само метафорички, туку и буквално. Според податоците објавени во февруари 2014 година, од страна на American Heart Association, кај оние кои чуваат куче или мачка дома, се намалени ризиците од срцев удар. Тоа се должи на емоционалната поддршка што ја даваат миленичињата на луѓето, но и на физичката активност што ги принудуваат луѓето да ја направат. Според студијата, на пример, сопствениците на кучиња имаат намален крвен притисок и имаат дури 54 отсто поголема веројатност да одржуваат добра физичка кондиција во однос на оние кои не чуваат кучиња.
Рана дијагноза
Кучињата (ако се дресирани) имаат единствена способност рано да го откријат ракот на белите дробови преку нивното чувство за мирис. Ова се наведува во студијата од 2011 година објавена во European respiratory journal. Истражувањето било  спроведено на 220 волонтери: четириножните пријатели можеле да ја идентификуваат болеста во 93 проценти од случаите, според строгите правила на истражувањето.
Поддршка за децата со аутизам
Чувањето на домашни миленици како терапија за децата со сериозни нарушувања е позната. Истражувањето објавено во Ethos – Journal of the society for psychological anthropology во март 2010 година покажало дека кучињата им помагаат на децата со аутизам да можат да комуницираат, но и да остварат комуникација со другите луѓе од околината, како и воопшто,  да ги подобрат нивните социјални вештини.
 
Подолг живот и поздрав ум
Според истражувањата во 2009 година, од страна на Human society of the United States, постарите луѓе кои поседуваат куче или мачка се помалку депресивни и страдаат помалку од осаменост. Напротив, четириножниот пријател може да им помогне да најдат причина да живеат, значително да им го подобрат расположението и психофизичката кондиција.

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16500
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

5 ПРИЧИНИ ЗОШТО КУЧИЊАТА И МАЧКИТЕ СЕ .... Empty Re: 5 ПРИЧИНИ ЗОШТО КУЧИЊАТА И МАЧКИТЕ СЕ ....

Пишување by Albatros Нед Фед 23 2020, 14:28

chitam i se chudam kako moze da si human so kuche vo nego verba nema na moja prijatelka pred tri nedeli i odgriza guma na kola i op shteta 3500,00 i sega treba da sme humani kon nekoj shto pravi shteta ?

Albatros

Број на мислења : 822
Join date : 2018-08-08

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот