Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

СЕЧЕНИЦА (ПИТА )

Go down

СЕЧЕНИЦА (ПИТА ) Empty СЕЧЕНИЦА (ПИТА )

Пишување by osa Пет Окт 30 2020, 23:49

Да ја сочуваме традицијата – пита на старински, традиционален начин, позната како сеченица

Сеченица е стара македонска пита која се сука, па се сече и затоа добила име “сеченица”. Тестото е многу убаво за работење, а кога ќе се испече- вистинско задоволство! Филот е по ваш избор, може со блитва, сирење, џимиринки…

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

800 г брашно
40 г свеж квасец
3 лажици шеќер
1 лажица сол
100 мл масло
околу 400 мл вода

ЗА ФИЛ:

1 кг блитва
1 кромид
200 г кајмак
3 јајца
масло
околу 150 мл масло за прскање на корите
Ако питата ја правите со сирење, ќе ви биде потребно околу 200-300 г ситно сирење.

ПОСТАПКА:

Фил: Блитвата се мие убаво и се сечка ситно, па на масло прво се пропржува ситно сечкан кромид, па потоа и блитвата колку да свене. Се трга од рингла и се остава да излади. Потоа се додава кајмакот и јајцата и убаво се промешува и посолува по вкус. Филот се дели на 4 еднакви делови.

Замесете убаво тесто да биде како за леб. Оставете го да стасува додека да се удвои. Потоа ставете го на набрашнета работна површина и поделете го на 10 топчиња.

Секое топче со оклагија развлечете го во кравајче со величина од десертна чинија. Земете четири кравајчиња и наредете ги едно врз друго, намастени помеѓу со масло, освен последното, најгорното.

Потоа од овој куп развлечете кора и ставете ја во намастена тепсија бр.36. Врз кората наросете масло. Развлечете кора од 5-то кравајче, но малку поголема од тепсијата. Навиткајте ја на оклагијата и брановидно ставете ја во тепсијата (со движења лево-десно за да се направат набори). Ставете го рамномерно првиот дел од филот и малку наросете масло.

Секое кравајче тенко го развлекуваме, го ставаме во тепсијата, редиме фил и наросуваме масло. После 8-то кравајче го ставаме последниот дел од филот, па ни остануваат уште две кравајчиња.

И нив ги развлекуваме во кори, ја ставаме 9. кора, наросуваме малку масло и на крај ја ставаме последната кора. Питата ја сечеме со секач за пица во коцки, до дното на тепсијата. Ако има потреба, со силиконска шпатула ги потискаме сите кори околу тепсијата за да биде рамномерна. Одозгора се наросува со масло и се остава 20-тина минути на топло за да стасува.
Потоа се става да се пече во загреана рерна на 200 степени. Кога ќе започне убаво да заруменува, се вади од рерна и се напрскува со малку вода и масло, па повторно се враќа во рерна (ова го правам некаде после половина час печење).

Пред крај се вади уште еднаш и повторно се прска со вода и масло, па се враќа во рерна, но овојпат се исклучува рерната.

Се остава уште некоја минута, па се вади. Јас не ја покривам со ништо, сама се лади и убаво омекнува. Вкусна и мека останува и следниот ден.

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16506
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот