Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Успехот на непријателите на Македонија

+2
zozoti
defo
6 posters

Go down

Успехот на непријателите на Македонија Empty Успехот на непријателите на Македонија

Пишување by defo Вто Апр 12 2022, 13:00

Деновиве почнаа да се отвораат шампањци во разно разни дувла, дури и на Албанија и станавме терет. Остануваме дупка на Балканите со  Србија, Косово и ние.  Дури и албанците, и Албанската држава сфатија дека ние сме имкамен оклу глуждот. И си тераме.Албанија ќе бара од ЕУ одвојување од Северна Македонија на патот за членство во Унијата

„Албанија веќе не може да чека двата соседи да го решат спорот“,

рече Рама додавајќи дека Албанија има добри односи со двете земји.

Тука мисли и на нас и на Косово.  дури и Косово не ги интересира,  уставри никогаш не ги ни интересирало. Испадна дека од пред сите, стигнавме да сме зад сите. Албанија има забрзан развој на туризам, индустрија. Ние сме нигде. И да нема врска што немаме море. Поставено сме централно на Балканот, се требаше да минува низ нас. Ама пошо имавме какви што имавме и имаме власти ова шо ни се дешава е само след на околности. Дополнително обременети од „странските“ служби и платеници, кои не воведуваат во Дон Кихотски битки.  Едно да ни е јасно, пред 6-7 години го напиша почитуваниот г-н Сашо Орданоски, западот не отпиша, истокот не не запишува.

_________________
Интернетот, социјалните мрежи демократијата ја претворија во желба за анархија и хаос.
defo
defo

Број на мислења : 3476
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

Успехот на непријателите на Македонија Empty Re: Успехот на непријателите на Македонија

Пишување by zozoti Вто Апр 12 2022, 18:00

Gledaj realno, od osamostojuvanjeto do denes 2/3 od EU ni se neprijateli. Ako nekoj se pokazal kako prijatel, samo Germanija i SAD vo megunarodni ramki.

zozoti

Број на мислења : 351
Join date : 2018-11-22

defo likes this post

Вратете се на почетокот Go down

Успехот на непријателите на Македонија Empty Re: Успехот на непријателите на Македонија

Пишување by трендафил Вто Апр 12 2022, 19:47

Трално повеќе од еден век истите земји се непријатели на Македонците и стално го спречувале создавањето на македонска држава. Во сите судири без разлика со кој и кого, во ниту еден не сме имале поддршка. Ја поддржуваа Грција , па сменивме името за да станеме членка на ОН, потиа избришавме голем дел од идентитетот и повторно го сменивме името за да станеме членка на НАТО, за влез во ЕУ треба целосно да го избришеме идентитетот. Очигледно треба да бараме друго чаре или да ја замолиме Русија да не нападне. Но не верувам дека и тоа ќе помогне.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11172
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Успехот на непријателите на Македонија Empty Re: Успехот на непријателите на Македонија

Пишување by alienmk Сре Апр 13 2022, 10:01

Mockoto komu mu se voshituvaat praznoglavite libtardi sto ne im go kaze ova na bugarskite fasisti sto sakaat da go izbrisat makedonskiot narod.

Станува се појасно и појасно дека Путин само се обидува да ја избрише идејата дури и да се биде – да може да се биде Украинец. И доказите за тоа се зголемуваат, изјави американскиот претседател во Ајова

https://360stepeni.mk/bajden-go-obvini-putin-za-genotsid-vo-ukraina/

alienmk

Број на мислења : 378
Join date : 2018-11-22

Вратете се на почетокот Go down

Успехот на непријателите на Македонија Empty Re: Успехот на непријателите на Македонија

Пишување by defo Сре Апр 13 2022, 12:54

zozoti напиша:Gledaj realno, od osamostojuvanjeto do denes 2/3 od EU  ni se neprijateli. Ako nekoj se pokazal kako prijatel, samo Germanija i SAD vo megunarodni ramki.

Затоа и реков,  т.е  се  повикав на Сашо Орданоски, западот не  отпиша,  истокот не не запишува.  САД  и Германија  биле на  наша страна,  не секогаш, не го заборавај Клинтон,  моето страхување дека светот ќе отиде  во 3ЛПМ, нажалост се оствари во онај момет кога битката за прв човек на Америка се сведе на Клинтоница и жолто клунана будала.
Проблемот зозоти е 65% кај нас, секогаш сме имале, или бар задниве 15-20 години власт која може да биде уценета. Класика клептоманство.
Друго  за истокот, Русија баш им е гајле за нас. Ние сме едно предградје на Москва. Пак моментот корумпирани и неинтересни. Унгарија, т.е власта во Унгарија има само личен интерес за тоа  што го прави. И тоа по се изгледа не цела власт, него служба која е платена, од наши  украдени пари. Чесите, Словенците и Словаците не не перцепираат.
Со Кина ги поебаваме работите, сфатија со кого си имаат  работа.

alienmk напиша:Mockoto komu mu se voshituvaat praznoglavite libtardi sto ne im go kaze ova na bugarskite fasisti sto sakaat da go izbrisat makedonskiot narod.

Станува се појасно и појасно дека Путин само се обидува да ја избрише идејата дури и да се биде – да може да се биде Украинец. И доказите за тоа се зголемуваат, изјави американскиот претседател во Ајова

https://360stepeni.mk/bajden-go-obvini-putin-za-genotsid-vo-ukraina/

Ќе му кажеме,   не се се секирај, шо се плашиш ти од либертазам, да не ти е страв да разберат дека син ти е обратен? Епа јбг, обратнни стануваат деца, кои немаат машко во својот живот со цврст карактер. .

_________________
Интернетот, социјалните мрежи демократијата ја претворија во желба за анархија и хаос.
defo
defo

Број на мислења : 3476
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

Успехот на непријателите на Македонија Empty Re: Успехот на непријателите на Македонија

Пишување by Luxor Чет Апр 14 2022, 12:28

Засега во САД имаме силен сојузник во заштитата на националниот идентитет. Да се надеваме дека и во ЕУ со време ќе се појави политичар од калибарот на Кол и ќе им стави крај на бугарските аспирации.

Американскиот Стејт департмент во извештајот за состојбата човековите права во светот во 2021 година, во делот за Бугарија не само што наведува дека таму постојат етнички Македонци, туку и дека се нарушуваат нивните права за слобода на здружување. Стејт департментот наведува дека бугарските власти и покрај 14 одлуки на Судот за човекови права го спречуваат организирањето на Македонците.

https://nezavisen.mk/bugarija-gi-krshi-pravata-na-makedoncite-ocenuva-stejt-departmentot/
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6591
Join date : 2016-10-02

defo likes this post

Вратете се на почетокот Go down

Успехот на непријателите на Македонија Empty Re: Успехот на непријателите на Македонија

Пишување by трендафил Чет Апр 21 2022, 22:01

Од многу помош кратенка на Македонија во НАТО е NM. Нешто што од срам никој не го спомнува затоа што по ИСО стандарди кратенка ни е МК со две и MKD со три букви.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11172
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Успехот на непријателите на Македонија Empty Re: Успехот на непријателите на Македонија

Пишување by Albatros Пет Апр 22 2022, 10:32

Rusofilija blika od sekoja pora.

Albatros

Број на мислења : 822
Join date : 2018-08-08

defo likes this post

Вратете се на почетокот Go down

Успехот на непријателите на Македонија Empty Re: Успехот на непријателите на Македонија

Пишување by трендафил Пет Апр 22 2022, 10:56

Многу чудно мислење дека ако некој е против насилната промена на името и нападот врз неговиот идентитет е русофил. Во заблуда си ако мислиш дека сите Македонци го сакаат тоа. Најновиот хит е дека Македонците што не сакаат да станат Бугари, како тие што ја следат врхушката на светските глобализатори (либерали) и домашните предавници се русофили.
Ни на мене не ми се допаѓа насилна промена на граници, но еднакво и кога станува збор за Украина или порано Косово или Кореа, на пример. Што да кажам за Кипар кој е членка на НАТО, а е поделено на два дела помеѓу две членки на истата таа организација, а еден дел од државата е членка на ЕУ. Организација што барем во однос на Македонија бара добрососедство, на штета на земјата што не е членка, а не врз правна основа, а има членка што не е во добри односи самата со себе.
Ако навистина мислиш дека сум русофил (иако не мразам никого ни Русите (ни тебе, напротив те жалам што си дозволуваш јавно да напишеш толку ајде ќе кажам само чудно мислење, ти препорачувам за твое добро да посетиш добар и политички неутрален лекар.
За крај имам свое мислење за многу работи и не мислам да станам слуга на некој лудак што сака да стане светски господар. Ќе бидам и против Путин ако борбата ја продолжи надвор од територијата на која се кршат човековите права на Русите, но и било кој народ, но подржувам борба за човековите права на било кој народ, вклучувајќи ја и пред се поддршката на најмалтретираниот народ во овој дел на Европа - Македонците.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11172
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Успехот на непријателите на Македонија Empty Re: Успехот на непријателите на Македонија

Пишување by defo Пет Апр 22 2022, 11:20

трендафил напиша:
За крај имам свое мислење за многу работи и не мислам да станам слуга на некој лудак што сака да стане светски господар. Ќе бидам и против Путин ако борбата ја продолжи надвор од територијата на која се кршат човековите права на Русите, но и било кој народ, но подржувам борба за човековите права на било кој народ, вклучувајќи ја и пред се поддршката на најмалтретираниот народ во овој дел на Европа - Македонците.

По ова е легитимна  борбата од 2001,  кога Косоварите оценија дека правата  на  „нивните браќа“ во Тетово и Гостивар се прекршени.   Исто ќе е легитимно  ако утре се врати Борисов   во  Бугарија за премиер,  и ја нападне источна Македонија, пошо им ги „кршиме“ прават на Бугарите.


Друго Трендо мешаш поими -филија и -фоб. -Филија е нешто кога имаш емоции на љубов, сакање, подржување, што  пример   ти одиш дотаму, што рано од сабајле кога стануваш, бацуваш сликата на Грујо прво, па на Путин.
-фоб е кога имаш омраза према некого, јас сум пример Путинофоб.

_________________
Интернетот, социјалните мрежи демократијата ја претворија во желба за анархија и хаос.
defo
defo

Број на мислења : 3476
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

Успехот на непријателите на Македонија Empty Re: Успехот на непријателите на Македонија

Пишување by трендафил Пет Апр 22 2022, 15:04

Тие што се сметаат за господари на светот, апсолутно се согласувам, мислат како што си напишал. Македонија беше воено слаба, за жал така е и сега, па нашоте западни „пријатели“ без страв и срам како и во сите останати случаи кога имаме некаков непријател беа против нас. Без разлика дали некој не блокира за влез во ОН и евроатлантските сојузи, порано Грција за НАТО, сега Франција и Бугарија за ЕУ или не нападне воено, како што тоа го направи Косово. Мислиш ли дека ќе дојдеше до Рамковната спогодба ако западните земји ни помагаа со оружје како што сега го помагаат Зеленски. Напротив го помагаа УЧК во кој имаше и борци на идната Исламска држава која е поразена од Русија. Не од САД и НАТО. Во Украина за тортура врз малцинствата не зборуваат само Русите, туку и Унгарците. Земји во кои глобализаторите не успеале да инсталираат своја власт. Немало такво нешто во Македонија. Право на примена на сила, според мене има само доколку на некој му е загрозен животот и (или) здравјето. Не разбирам ниту зошто атомските бомби фрлени врз Хирошима и Нагасаки не се воено злосторство иако се фрлени врз цивили во градови во кои немало војска, а убиен цивил кога некој пука од неговата зграда или двор е.
Можеш ли да дадеш објаснување, кога веќе го споменуваш Косово, зошто сметаш дека е легитимно окупирањето на оваа територија што според меѓународното право е дел од Србија. Зошто САД вршеше притисок врз Македонија да го признае Косово, а не да го признае Крим, на пример. Не ја доби ли Македонија тужбата против Грција за непочитувањето на меѓународниот договор наречен Времена спогодба, па не забележав дека некоја земја од наводно демократските го спомена тоа.
Знам дека си и трендафилофоб и дека си фил на сите што 30 години си играат мајтап со Македонија од зачленувањето во ОН, кога беа прекршени сите правила на оваа организација, до тие што сега се мајтапат со нас за членство во ЕУ. Јас со години пишувам дека ни ја вадат душата на етапи. Ни го сменија името (со помош на домашни предавници и нивни поддржувачи) и ни избришаа огромен дел од историјата, со тоа и на идентитетот, сега сакаат да не принудат да се прогласиме за Бугари или да славиме фашисти што се бореле за побугарчување.
Не сум ниту фил, ниту фоб на било која странска земја, туку сум македонофил, а фоб на било која земја, институција, поединец или било што друго што е непријател на мојата држава и мојот народ. За Македонците во Бугарија или Грција порано ја сметав ЕУ како шанса да нема граници помеѓу нас. Признавам дека сум бил наивен, но тоа не значи дека вечно треба да останам будала.

П.С.: Не знам дали си адвокат на Албатрос или по грешка си се пријавил како дефо, но очекував одговор од него.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11172
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Успехот на непријателите на Македонија Empty Re: Успехот на непријателите на Македонија

Пишување by трендафил Пет Апр 22 2022, 16:23

Фобија инаку не е мразење, туку страв. Се согласувам дека по војната во Сирија светот се плаши од Русија. За жал крајот на студената војна не се искористи за развивање на заедништво, глобализација во позитивен смисол, туку за доминација и самоволие на една земја која во моментот беше најсилна без конкуренција. Тоа го почувствувавме и ние со барањата да го смениме името. Не нарекуваа прво Словени, па славомакедонци и на крај стануваме северномакедонци, во моментов уште поделено во два збора. Ако не покажеме заби, пред се на домашните предавници, на пат сме да станеме званично Бугари. Гледам дека власта веќе има фобија (страв) од народот. По локалните избори има и фобија како омраза. Јасно е дека сите предавници ќе одговараат по изборите. Посакувам судството да го прочистува Левица.
Слушам во моментов прашање од СДСМ зошто Мицкоски не си поднесе оставка затоа што судот го осудил неговиот претходник на чело на ВМРО. Прашањето е смешно затоа што Груевски е полнолетен, па не може за него да одговара друг, но има и друг аспект. Прашањето е всушност зошто лидерот на ВМРО не е меѓу тие 8% што му веруваат на правосудниот систем во Македонија туку во останатите 92%.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11172
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Успехот на непријателите на Македонија Empty Re: Успехот на непријателите на Македонија

Пишување by трендафил Вто Јун 07 2022, 16:44

Еве уште еден успех на најголемиот непријател на Македонија Зоран Заев и неговите наследници.
Секретаријатот на ОН им наложи на службите наместо терминот „македонски јазик“, да го употребуваат терминот „јазикот на Република Северна Македонија (РСМ).

https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/politika/popushta-li-identitetskiot-beton-od-prespanskiot-dogovor/

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11172
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Успехот на непријателите на Македонија Empty Re: Успехот на непријателите на Македонија

Пишување by трендафил Пет Jул 01 2022, 08:55

Факт е и дека земја пријател на македонската власт (СДСМ и ДУИ), Бугарија, не го признава македонскиот јазик, а јазикот е еден од темелите на идентитетот на еден народ. Бугарија не само што не го признава идентитетот на Македонците што како малцинство живеат таму, туку и на Македонците ширум светот. Тврдат дека Коминтерната и Тито не создале вештачки, дури и во САД кај што има Македонци иселени на почетокот од минатиот век. Боже прости ми, какви лудаци има во ЕУ и на какви лудаци ЕУ им дава поддршка.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11172
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Успехот на непријателите на Македонија Empty Re: Успехот на непријателите на Македонија

Пишување by трендафил Саб Jул 02 2022, 10:04

Гледам министерот Османи повторно тврди дека во договорот сме имале чист македонски јазик. Прво лаже, не е така затоа што ќе има издвоено мислење на Бугарија за јазикот, а знаеме какво ќе биде. А вакво тврдење имавме и пред некоја година кога се потпишуваше т.н. Преспански договор. Ако ние тоа го дозволуваме кој ни гарантира дека единствените лудаци во ЕУ се Грција и Бугарија (и донекаде Франција) и дека нема да се појави некоја друга будала. А секој лудак во ЕУ несметано се изживува со Македонија, за жал со поддршка и  на (анти)македонската влада наметната по шарената куртон револуција. Доколку не дај Боже насилно помине предлогот на Макрон Македонците во Македонија ќе имаат помали права од Албанците пред војната во 2001 година. Нив никој не им ги оспоруваше човековите права, како што се оспоруваат на Македонците во соседните земји членки на ЕУ, а сега се прави обид да се ограничат и правата на Македонците во Македонија и да не натрераат да се трансформираме насилно во Бугари.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11172
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Успехот на непријателите на Македонија Empty Re: Успехот на непријателите на Македонија

Пишување by трендафил Пет Дек 16 2022, 10:11

Последен успех на непријателите на Македонците им е тоа што сега и некоја фурна во Берово што производите ги продава локално ќе мора да има декларација на секој производ и на албански јазик. А во Берово нема човек што го знае тој јазик и ќе мора да бараат преведувач, да го платат. Исто и декларација на два јазика е поголема па со самото тоа чини повеќе и претставува непотребен трошок за фирмата. А сето тоа е за да опстане коалицијата до крајот на мандатот затоа што секој ден власт значи повеќе пари во џеповите на властодршците.За потсетување, Уставот предвидува двојазичност само во општините во кои има повеќе од 20% од некое малцинство, не и таму кај што има 0% (и со зборови нула или ниту еден поединец). Но кого го интересира Уставот. Важни се провизиите и корупцијата.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11172
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Успехот на непријателите на Македонија Empty Re: Успехот на непријателите на Македонија

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот