Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Успесите на Македонија

2 posters

Go down

Успесите на Македонија Empty Успесите на Македонија

Пишување by defo Чет Aвг 11 2022, 13:23

Една тема за успесите на Македонија и нејзината иднина.
Во Македонија ќе се произведуваат електрични возила?

Македонската влада денеска, преку видеоконференциска комуникација ја одржа редовната 68 седниц, на која беше донесена Одлука за давање согласност на Договорот за доделување на државна помош склучен помеѓу Владата на Република Северна Македонија, застапувана и претставувана од Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони и „НЕКСТ.Е.ГО МОБИЛЕ“. Мултимилионска инвестиција од НЕКСТ.Е.ГО МОБИЛЕ СЕ, Ахен, Германија во ТИРЗ Тетово ќе отвори 3-4.000 нови работни места.


Успесите на Македонија Slika_58


Ајде да видиме, посветла иднина за нас Македонците, за нашите деца, да не се иселуваме во странство.  Види вака се се сака Македонија,  не со некакви идеи, за шо ти знам што, за на крај корења да јадеме. Колку повеќе ќе се доближуваме до ЕУ, толку повеќе вакви инвестиции ќе имаме.

_________________
Интернетот, социјалните мрежи демократијата ја претворија во желба за анархија и хаос.
defo
defo

Број на мислења : 3466
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

Успесите на Македонија Empty Re: Успесите на Македонија

Пишување by трендафил Нед Aвг 14 2022, 11:06

Интересно е што владините представници на поставувањето на камен темелник (или лопатарењето според доскорешниот советник во владата на Заев - Љубе Бошковски) не сакаа да одговараат на прашања на новинарите, а првото прашање беше дали има градежна дозвола за објектот. Дај Боже да се сменат работите, затоа што во извештајот за автомобилот што треба да се произведува на реномираниот часопис за автомобилизам од Германија, Аутобилт, се работи за најлошо возило што воопшто го тестирале до сега и од тие со мотори на внатрешно согорување и од електроавтомобилите.
Чудни се и трендовите за движење на работната сила во рамките на Отворениот Балкан. Наместо од Србија, што не е членка на НАТО да одат да работат во земјите членки на НАТО кое нели носи инвестиции, процесот е обратен. Очекувањата се дека околу 30 илјади северномакедонци (според Ескобар кој не доби нота од министерот за по надвор Османи) ќе заминат на работа во Србија. Пред се од дефицитарни занимања од хигиеничари и општи работници, преку келнери, кувари, медицински сестри до експерти од разни области. Само македонски политичари никој не бара.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11146
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот