Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

PARI

Go down

PARI Empty PARI

Пишување by Teo Чет Дек 15 2016, 18:31

Обрнете внимание: Со овие знаци универзумот ви покажува дека наскоро ќе добиете пари

Постојат одредени знаци преку кои универзумот ви покажува дека наскоро ќе добиете пари, а многу од овие кои денес ви ги прикажуваме потекнуваат од антички времиња, особено од традицијата за фенг шуи. Освен тоа, тие може да ви помогнат да процените кога е добро време за финансиско инвестирање или пак, да се фокусирате на одредени работи. Во продолжение погледнете за што станува збор.
Teo
Teo

Број на мислења : 5090
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

PARI Empty Re: PARI

Пишување by Teo Чет Дек 15 2016, 18:31

1. Постојано го гледате бројот 8

Историски гледано, бројот 8 секогаш бил многу важен. На пример, во Кина тој е еден од најсреќните броеви и тесно е поврзан со среќата. Интересно е тоа што бројот 8 има целосно симетричен облик и со тоа симболизира рамнотежа. Ако го проверите датумот 08/08/08, ќе видите дека голем број луѓе во Кина се одлучиле да се венчаат токму на тој ден, а куќите кои во адресата го содржат бројот 8, честопати се многу побарувани. Па, ако почнавте секаде да го гледате овој број (во адреси, телефонски броеви или таблици), можно е наскоро да добиете некоја сума пари!
Teo
Teo

Број на мислења : 5090
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

PARI Empty Re: PARI

Пишување by Teo Чет Дек 15 2016, 18:31

2. Добивате пари на некој начин

Според фенг шуи, доколку сте добиле некакви пари (без разлика дали е тоа некоја добивка или подарок) на одреден ден, тогаш можете да очекувате уште повеќе пари во наредните недели или месеци. Всушност, ако добиете пари на првиот ден од новиот месец или пак, за време на полна месечина, можно е во вашиот живот да имате изобилство.
Teo
Teo

Број на мислења : 5090
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

PARI Empty Re: PARI

Пишување by Teo Чет Дек 15 2016, 18:32

3. Очекувате бебе

Древните кинески учења тврдат дека кога сте бремени, вие исто така во вас носите и среќа. Од тука потекнува и старото верување дека лоша среќа е да се обложувате против бремени жени. Некои веруваат дека можете да привлечете финансиска добивка во својот живот доколку бидете во близина на бремена жена. Така, ако вашиот партнер, пријател или некој друг близок очекува бебе, нешто од таа среќа може да се прошири и на вас.
Teo
Teo

Број на мислења : 5090
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

PARI Empty Re: PARI

Пишување by Teo Чет Дек 15 2016, 18:32

4. Вашата куќа ја посетуваат инсекти

Се разбира, повеќето од вас не би сакале да пронајдат различни инсекти во куќата, но кафеавите (особено скакулците и пајаците) се симбол на среќата. Во Кина, луѓето понекогаш чуваат штурци во кафези, поради нивната поврзаност со среќата. Ширум светот се верува дека пеперутките во темни бои укажуваат на претстојни позитивни вести во кариерата, што обично се изедначува со добрите вести за зголемување на платата.
Teo
Teo

Број на мислења : 5090
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

PARI Empty Re: PARI

Пишување by Teo Чет Дек 15 2016, 18:32

5. Во вашето кафе забележувате меурчиња

Иако може да ви звучи малку чудно, сепак, постои верување кое вели дека луѓето кои забележуваат меурчиња на површината на нивната шолја кафе, уживаат во позитивна промена на среќата. Затоа, наредниот пат пред да се напиете од вашето кафе, погледнете на површината. Спротивно на ова, Канаѓаните велат дека е релевантен знак кога сте во можност да го фатите целото меурче во лажичка, без тоа да се уништи. Секако, вреди да се обидете!
Teo
Teo

Број на мислења : 5090
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

PARI Empty Re: PARI

Пишување by Teo Чет Дек 15 2016, 18:32

6. Имате многу ситни парички

Ако имате многу парички (на пример, што ги чувате во голема тегла), можете да привлечете повеќе пари во вашиот живот. Според фенг шуи, ако монетите ги чувате во вашата кујна, тоа најверојатно ќе ви помогне да добиете финансиско изобилство, додека пак руското суеверие тврди дека ќе привлечете повеќе пари ако ги чувате монетите во плакарот или во кесички насекаде по куќата.
Teo
Teo

Број на мислења : 5090
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

PARI Empty Re: PARI

Пишување by Teo Чет Дек 15 2016, 18:32

7. Имате непријатна средба со птиците

Доколку некоја птица го испушти нејзиниот измет врз вас, вие може да помислите дека целиот ден ви е уништен. Но, таа непријатна средба со птицата всушност би требало да значи дека во блиска иднина ќе добиете повеќе пари. Па, ако се соочите со ваква ситуација, тогаш обидете се да гледате на светлата страна од сето тоа!
Teo
Teo

Број на мислења : 5090
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

PARI Empty Re: PARI

Пишување by Teo Чет Дек 15 2016, 18:33

8. Ги забележувате вашите иницијали во пајакова мрежа

Ова е многу специфичен знак дека ве очекуваат пари, а најверојатно и нема да го гледате често, но, ако го забележите, тогаш треба да знаете што значи тоа. Многу е раширено верувањето дека ќе имате среќа ако ги видите своите иницијали во мрежата на пајакот. Сѐ што сакате привлечете со малку труд, без разлика дали сонувате за пари, успех или нешто сосема друго.
Teo
Teo

Број на мислења : 5090
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

PARI Empty Re: PARI

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот