Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Убавина

4 posters

Страна 1 of 2 1, 2  Next

Go down

Убавина Empty Убавина

Пишување by Гостин Пон Фед 02 2015, 11:38

Eve, mala pomos za ponezniot pol...Da ni bidat poubavi... Twisted Evil

Топ 50 тајни за разубавување

Кафе против целулит, избелување на заби со сода бикарбонат, многу вода за подобар тен, квасец за коса и безброј други совети кои ги практикуваат жените со цел да бидат поубави. Токму поради тоа што постојат илјадници трикови за убавина, едни истражувачи решиле да испитаат 2000 жени за да ги дознаат најчестите и најефикасните трикови за убавина.

Тие добиле бесконечни одговори, а овде ви ги претставуваме резултатите од анкетата на жените за убавина:

1. Краставици на очи за освежување
2. Консумирање 2 литри вода дневно
3. Секогаш да ви се наоѓа паста за заби при рака
4. Вреќички чај за уморни очи
5. Бебешка пудра на четка за коса со цел косата да изгледа побујна
6. Спиење во чорапи и со намачкана хидратантна крема на нозе
7. Штипкање за образи за да се добие природно руменило
8. Бричење на нозе со уред за шишање коса
9. Лимонов сок за осветлување на косата
10. Пиење многу млеко
11. Паста за заби за убод од инсект
12. Лаковите за нокти чувајте ги во фрижидер за да траат подолго
13. Сода бикарбона за избелување на заби
14. Вазелин за веѓите да ви изгледаат беспрекорно
15. Кармин како руменило
16. Плакнење на косата со оцет
17. Четката за коса да се напрска со парфем за косата да мириса убаво
18. Масло за масажа
19. Ладна лажица за намалување на отоците околу очите
20. Мед како маска за лице
21. Суперлепак за скршени нокти
22. Од време на време да се држи лицето на водна пареа со билки
23. Вазелин за непослушните влакна на косата која е врзана
24. Попрскајте лимон на мокра коса за да биде цврста и за да добие текстура
25. Спиењето на грб создава помалку брчки
26. Додадете шеќер во сапунот со кој миете лице за почисто лице
27. Исплакнете ја косата со пиво
28. Долгата и цврста коса почесто врзувајте ја за да остане цврста
29. Ќумур на истрошено моливче за очи за да го добиете ефектот smokey eyes
30. Тушот за очи, моливите за веѓи и кармините чувајте ги во фрижидер
31. Млекото за чистење употребете го во полна када додека се бањате или ставајте го директно врз кожата
32. Оцет на коса за да ви биде посјајна
33. Паста за заби за избелување на дланките
34. Помешајте серум за лице со течна пудра
35. Масирајте го лицето со ледени коцки кои ќе делуваат врз акните и брчките
36. Маскарата дувајте ја со ладна температура на фенот за сушење
37. Спиењето на свилена постелнина ќе го намали појавувањето на брчките
38. Користете кечап за нијансирање на косата
39. Кокосовото масло ќе и ја дава на косата потребната влага
40. Кафе како пилинг за цело тело
41. Тријте ја кожата со свежи јагоди за да се ослободите од неизедначениот тен
42. Додека се туширате од време на време мијте ги градите со ладна вода за да ви изгледаат поголеми
43. Каша од авокадо за пилинг
44. За лечење на помали рани користете јаглика
45. Антихистаминиците го намалуваат црвенилото на лицето
46. Сок од брусница за поголем сјај и подобра боја на коса
47. Загрејте ја четката за виткање на трепки пред користење (но не премногу)
48. Пеперминт бонбони во сјајот за усни со цел да ви изгледаат поголеми
49. Пивски квасец помешан со вода за избелување на дамките на лицето
50. Лимонов сок за избелување на нокти

http://www.idividi.com.mk/stil/woman/976163/index.html?referer=webmaxtv

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Убавина Empty Re: Убавина

Пишување by Гостин Нед Окт 04 2015, 16:48

3 маски од краставица кои ќе го освежат вашето лице

Секој сака да има убаво и нежно лице, но за да го постигнеме тоа треба да водиме посебна грижа за него, т.е. да го негуваме на здрав и природен начин. За да ги избришете трагите од заморот и секојдневниот стрес од вашето лице, ви препорачуваме три лесни и брзи маски за лице во кои главната состојка е краставица.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Убавина Empty Re: Убавина

Пишување by Гостин Нед Окт 04 2015, 16:49

Убавина Face-mask

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Убавина Empty Re: Убавина

Пишување by Гостин Нед Окт 04 2015, 16:51

1. Краставица и јогурт

Излупете ја краставицата и исечкајте ја. Потоа ставете ја во блендер и додадете мала шолја јогурт и лажичка млеко во прав. Блендирајте сè додека не добиете кремаста смеса. Нанесете ја на чисто лице и опуштете се 15 минути. Потоа измијте го лицето со ладна вода.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Убавина Empty Re: Убавина

Пишување by Гостин Нед Окт 04 2015, 16:52

2. Краставица и алое вера

Ќе ви биде потребна пола краставица и две лажички гел алое вера. Краставицата излупете ја, иситнете ја и мешајте ја заедно со гелот додека не добиете густа паста. Нанесете ја маската на чисто лице, избегнувајќи го пределот кај очите. Оставете ја маската да делува 30 минути, а потоа измијте ја со топла вода.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Убавина Empty Re: Убавина

Пишување by Гостин Нед Окт 04 2015, 16:52

3. Краставица и мед

Ова е посебно добра маска за уморна кожа. Измешајте половина излупена и исечкана краставица со лажичка мед, лажичка сок од лимон и свежо нане. Кога смесата ќе стане кремаста, нанесете ја на лицето и вратот и оставете ја да делува најмногу 20 минути. Потоа измијте го лицето со млака вода.

Ќе се зачудите колку краставицата може да ви помогне. Секако, не заборавајте и на уморните очи. Само 10 минути одмор со крукчиња краставица на очите можат да го избрише уморот од вашите очи.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Убавина Empty Re: Убавина

Пишување by Гостин Пон Апр 25 2016, 18:53

Тајната е во алфа-хидроксилната киселина којашто ги отстранува мртвите клетки и ја обновува и хидрира кожата.
Многумина знаат дека јаболковиот оцет има позитивен ефект на косата, неговата примена е проверено оружје во борбата против артритис и болки во зглобовите, а помалку е познато дека е и одличен сојузник во негата на лицето!

Па така, ако ве измачуваат проблеми со кожата, како што се осипите, воспаленијата, акните и проширените пори, јаболковиот оцет е совршено решение.

Убавина Jabolkov-ocet-nega-na-kozha-01

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Убавина Empty Re: Убавина

Пишување by Гостин Пон Апр 25 2016, 18:53

Всушност, во него се наоѓаат алфа-хидроксилни киселини коишто ги отстрануваат мртвите клетки и ја обновуваат кожата. Исто така го нормализира и лачењето на маснотиите, поседува антибактериски и антигабични својства, одлично ја осветлува и хидрира кожата.

Скапите козметички препарати на познатите козметички брендови за нега на лицето исто така ја содржат оваа компонента, но во јаболковиот оцет нивната застапеност е многу поголема.

Убавина Jabolkov-ocet-nega-na-kozha-03

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Убавина Empty Re: Убавина

Пишување by Гостин Пон Апр 25 2016, 18:54

Пред да го употребувате за нега кожата, јаболковиот оцет треба да го разредите со превриена и изладена вода во сооднос 1:3. Во така подготвениот раствор натопете тупфер и пребришете го лицето пред вообичаеното миење. Правете го ова секое утро, и секоја вечер.

Со помош на јаболковиот оцет ќе може да ги осветлите пигментните дамки – едноставно ставете натопен тупфер на местата на кожата со прекумерна пигментација на 20 до 30 минути.

Имајте на ум дека може да употребите и купечки производ, но за нега на лицето е подобро да изберете домашен јаболков оцет.


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Убавина Empty Re: Убавина

Пишување by Гостин Саб Јун 04 2016, 11:34

10 овошја кои го враќаат сјајот на кожата

Сите знаеме дека консумирањето на овошје и зеленчук е мошне здраво како за нашето целокупно здравје, така и за изгледот на нашата кожа. Но, дали знаевте дека определени типови на овошја имаат поголем ефект врз кожата од други?

Убавина Borovinki-0911

Боровинки – можеби се малечки, но во суштина имаат голема нутритивна вредност. Тие се одличен извор на антиоксиданси, а освен тоа се богати со влакна и витамини А и C, кои делуваат позитивно врз кожата.

Јаболка - јаболката не се супер храна, но и покрај тоа делуваат благотворно врз кожата. Изберете што поцрвени бидејќи имаат поголемо количество на колаген што ја зголемува еластичноста.

Лубеница – летото не може да помине без лубеница и тоа е супер бидејќи истата е 90 проценти вода. Тоа значи дека освен тоа што е вкусна ја хидратизира кожата од внатре.

Убавина Banana_nas1

Банани – тие се еден од најдобрите извори на калиум, кој пак е мошне важен за одржување на влажноста на кожата. Ако имате сува кожа јадете што повеќе банани.

Ананас – во многу култури ананасот се користи во медицински цел затоа што содржи ензим наречен бромелаин. Истиот го намалува воспалението и отекувањето на кожата.

Јагоди – кој може да одолее на чинија јагоди? Колку повеќе јагоди јадете, толку повеќе кожата ќе ви биде благодарна. Тие содржат елагинска киселина што ги намалува брчките и штити од УВ зраците.

Убавина Papaja-0822

Папаја – папајата е преполна со витамин А и со ензим папаин што помага во разложување на неактивните протеини и ослободување на мртвите клетки на кожата.

Киви – тие се најдобриот извор на витамин C. Затоа ако сакате убава и блескава кожа потрудете се ова овошје што почесто да се наоѓа на вашата трпеза.

Калинки – исто како и боровинките, така и калинките се вбројуваат во таканаречената супер храна. Содржат моќни состојки против стареење кои ја стимулираат регенерацијата на кожата.

Цреши – имаат висока концентрација на антиоксиданси за разлика од многу други овошја. Помагаат во справувањето со слободните радикали и го успоруваат процесот на стареење.

http://www.idividi.com.mk/stil/zdravje/1075266/index.html

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Убавина Empty Re: Убавина

Пишување by osa Чет Јун 30 2016, 01:12

neshto poveke za idninata ....potochno za idnite generacii na koi treba da im ja ostavime drzavata

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16510
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

Убавина Empty Re: Убавина

Пишување by IVA Пон Jул 11 2016, 09:46

tocno taka se poveke novorodeni po pat na invitro sigurno ima nesto sto obicniot covek neznae sto e problemot
IVA
IVA

Број на мислења : 366
Join date : 2016-01-29

Вратете се на почетокот Go down

Убавина Empty Re: Убавина

Пишување by IVA Нед Jул 17 2016, 12:59

razmisluvav i mi dojde mozebi nekoja vakcina sto ja primale kako deca sega se manifestira preku neplodnost i toa se nekako od 28 do 40 godisna vozras a site molcat i ne kazuvaat nisto
IVA
IVA

Број на мислења : 366
Join date : 2016-01-29

Вратете се на почетокот Go down

Убавина Empty Re: Убавина

Пишување by IVA Сре Aвг 03 2016, 00:48

ocekuvav nekoj da pise nesto na taa tema za neplodnost na odredena celna grupa izgleda i vie pojma nemate a tie sto znaat mora da molcat izgleda deka se i plateni za toa
IVA
IVA

Број на мислења : 366
Join date : 2016-01-29

Вратете се на почетокот Go down

Убавина Empty Re: Убавина

Пишување by Teo Вто Дек 20 2016, 10:38

Бесплатни начини да го задржите младешкиот изглед

Со оглед на тоа што козметичката индустрија нуди бројни производи кои ветуваат дека ќе ви овозможат добар изглед, постојат и многу интересни методи со кои можете да ги постигнете истите ефекти сосема бесплатно.
Teo
Teo

Број на мислења : 5090
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

Убавина Empty Re: Убавина

Пишување by Teo Вто Дек 20 2016, 10:38

ВЕЖБАЊЕТО Е ИЗВОР НА МЛАДОСТ – Денес на интернет постојат различни страни кои нудат потполно бесплатни програми и методи на вежбање кои вреди да се пробаат. Дури и најобична вежба како трчање или возење велосипед може да направи многу за вашата кондиција. Ако ви треба дополнителна мотивација, исто така ќе ја најдете на интернет. Посетете некоја од страниците на кои можете да видите луѓе кои вежбаат и изгледаат одлично. Ако можат тие, можете и вие.
Teo
Teo

Број на мислења : 5090
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

Убавина Empty Re: Убавина

Пишување by Teo Вто Дек 20 2016, 10:38

СОНОТ Е БЕСПЛАТЕН – имајте го тоа на ум и користете ги предностите кои ги нуди спиењето. Додека спиеме нашето тело произведува хормон кој ги одржува здравјето и младоста.
Teo
Teo

Број на мислења : 5090
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

Убавина Empty Re: Убавина

Пишување by Teo Вто Дек 20 2016, 10:39

ВОДА – Чистата и свежа вода е најдобар начин на детоксикација на организмот.
Teo
Teo

Број на мислења : 5090
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

Убавина Empty Re: Убавина

Пишување by Teo Вто Дек 20 2016, 10:39

НАСМЕВКА - Многу истражувања имаат покажано дека смеењето може да ве подмлади , а и да го намали ризикот од срцеви болести.
Teo
Teo

Број на мислења : 5090
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

Убавина Empty Re: Убавина

Пишување by Teo Вто Дек 20 2016, 10:39

МЕДИТАЦИЈА – Носи духовен мир, го подобрува расположението и здравјето. На сите ни е познато дека без здраво тело нема ни здрав дух, а исто вреди и во обратен случај. Медитацијата длабоко одмара, дваесет минути медитација има исто влијание како и неколку часа длабок сон, што пак има позитивно влијание на младоликиот изглед.
Teo
Teo

Број на мислења : 5090
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

Убавина Empty Re: Убавина

Пишување by Teo Чет Дек 22 2016, 09:39

5 лесни бјути трикови кои ќе направат во истиот момент да се почувствувате подобро

Повторно се чувствувате лошо поради којзнае која причина? Можеби поради времето, можеби поради некои сериозни проблеми, но без разлика што е во прашање, ние знаеме што може да ви помогне. Боите! Познато е нивното позитивно дејство врз нашето расположение, а уште кога ќе се вклопат со нашите рутини за убавина – ѝ нема крај на нашата среќа.
Teo
Teo

Број на мислења : 5090
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

Убавина Empty Re: Убавина

Пишување by Teo Чет Дек 22 2016, 09:39

1. Црвено – за комплименти!

Докажано е дека кога носите црвен кармин или што било црвено, автоматски изгледате, но и се чувствувате поатрактивно, посамоуверено и заводнички. Оваа промена нема да остане незабележана, односно комплиментите само ќе надоаѓаат. Еве ви одличен начин да ја зголемите вашата самодоверба!
Teo
Teo

Број на мислења : 5090
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

Убавина Empty Re: Убавина

Пишување by Teo Чет Дек 22 2016, 09:40

2. Сино – за опуштање!

Стресот исчезнува заедно со сината боја. Не верувате? Само замислите сино небо или море! Веќе ви се појави насмевка на лицето и се чувствувате подобро, зар не? Затоа, за да бидете попуштени и конечно да ја победите анксиозноста, налакирајте ги вашите нокти во сина боја и секој поглед кон нив ќе направи чуда за вашето расположение.
Teo
Teo

Број на мислења : 5090
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

Убавина Empty Re: Убавина

Пишување by Teo Чет Дек 22 2016, 09:40

3. Жолто – за среќа!

Има некоја тајна врска помеѓу жолтата боја и чувството на среќа! Што може да направите за да бидете опкружени со жолта боја, односно да бидете посреќни? Маникирот повторно доаѓа предвид, но и занимливата четка за заби или чешел, ќе создадат добро расположение уште од рано наутро!
Teo
Teo

Број на мислења : 5090
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

Убавина Empty Re: Убавина

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 1 of 2 1, 2  Next

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот