МУДРА МИСЛА СЕКОЈА ЧЕСТ ПЛУС И РЕАЛНОСТ

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

МУДРА МИСЛА СЕКОЈА ЧЕСТ ПЛУС И РЕАЛНОСТ

Пишување by osa on Сре Мај 03, 2017 11:29 pm

За знамето на масата на Талата…

3.05.17 23:00
Прочитано : 6

Гoлем број Македонци го сметаат албанското знаме на масата на Талата за провокација.

А голем број Албанци сметаат дека на Македонците, без оглед каде е поставено, им пречи албанското знаме, ин џенерал.

И во право се, и едните и другите.

Чаре?
Првите, драгите сограѓани Македонци, да не се примаат на провокацијата на Талата.

Прво, оти не се работи за истакнување на знаме, туку на столно знаменце, кое никаде во светот нема никакво официјално значење.

Второ, треба да се знае и прифати фактот дека правото за званично веење на знамето на Албанците во Македонија е стекнато во НОБ 1941-1945, а не во 2001ва.

Трето, дека тој двоглав орел, стар христијански симбол, не им е толку далечен колку што го мислат, освен тоа што е знаме на нивни другари, пријатели, комшии, колеги…

Вторите, драгите сонародници Албанци, исто така да не се примаат на провокацијата на Талата и неговиот евтин популизам.

Оти, знамето не ни го дал ниту донел ни Талат, ни ДУИ, ниту пак правото за негово веење го стекнавме со 2001вата.

Второ, би било далеку покорисно Талат да земе да пишуе писмо до Хорхе за мандатот, да координира и закажуе седници, да работи на развластување на антиалбанците со кои до вчера делеше власт, а не да декорише кабинет.

Трето, самиот тој и неговата ДУИ да престанат со овој евтин национализам, во вакви деликатни моменти, оти токму тој национализам, со знамиња а без работа, леб, иднина, правда – им го донесе катастрофалниот резултат од 11 декември. Баш кај Албанците.

То ко за почетак, драги знаменосци, бајрактари, патриоти, јунаци, комити, команданти, и дружимити лепотанки и лепотани најдражесни мои!

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

avatar
osa

Број на мислења : 12184
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: МУДРА МИСЛА СЕКОЈА ЧЕСТ ПЛУС И РЕАЛНОСТ

Пишување by Bosonoga on Чет Мај 04, 2017 12:01 am

znachi se bilo samo "marketing"? sepak sekoja ches za kolumnata
avatar
Bosonoga

Број на мислења : 190
Join date : 2017-03-15

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот