СЛАТКО ОД ЦРЕШИ

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

СЛАТКО ОД ЦРЕШИ

Пишување by osa on Чет Мај 25, 2017 6:14 pm

Слатко од цреши


Овој период од годината е еден од најубавите, со изобилство од овошје и зеленчук, а со тоа и огромни можности за разни вкусни дегустации. Ви предлагаме да го искористите тоа и да инвестирате малку од своето време за да направите идеален десерт, слатко од цреши!



Состојки:

1 кг црвени цреши

1 кг шеќер

1 лимон.

Подготовка:

Црешите најпрво измијте ги и исчистете ги од коските и дршките, па ставете ги во поголем сад за варење и посипете ги со шеќерот. Црешите може да бидат наредени и во два реда, но сепак треба да бидат покриени со шеќер од горната страна.

Оставете ги неколку часа да стојат, а може преку ноќ, за овошјето да пушти сок.

Лимонот добро измијте го и исечете го на кругови, па распоредете ги помеѓу црешите.

Слаткото варете го на средна температура околу 40 минути, додека течноста добие густина на сируп, а црешите станат прозирни. Не грижете се ако сирупот ви изгледа малку редок, откако ќе се излади ќе се згусне дополнително.

Отстранете ја пената која се формира на површината, а слаткото покријте го со влажна платнена крпа и оставете потполно да се излади.

Наредниот ден, домашното слатко од цреши ставете го во чисти тегли и во секоја ставете по 1-2 кругови лимон. Чувајте го на темно и ладно место.

Слаткото од цреши направено на овој начин може да се чува повеќе месеци, а најдобро е да го потрошите до наредната сезона. Уживајте во вкусот, на здравје!

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

avatar
osa

Број на мислења : 12184
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот