Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

МАМУРНИ СЕ БУДИТЕ ,А НЕ СТЕ ПИЕЛЕ АЛКОХОЛ,ЗОШТО

Go down

МАМУРНИ СЕ БУДИТЕ ,А НЕ СТЕ ПИЕЛЕ АЛКОХОЛ,ЗОШТО  Empty МАМУРНИ СЕ БУДИТЕ ,А НЕ СТЕ ПИЕЛЕ АЛКОХОЛ,ЗОШТО

Пишување by osa Пет Jул 21 2017, 00:49

Зошто се будите „мамурни“, а не сте пиеле алкохол?
20. ЈУЛИ 2017 - 18:48 | А.С.

Ако наутро се будите уморни и „мамурни“ иако не сте се напиле капка алкохол претходната вечер, тоа значи дека телото ве предупредува дека нешто треба да смените во начинот на живот.
Причината за ваквата состојба на телото е: неправилна исхрана.

Ако јадете храна што е тешка за варење, мрсна, солена или презачинета храна, ако внесувате премногу шеќери, вашето тело ќе почне да се „буни“, а еден од симптомите е токму тој „мамурлак’ што во случајов е поврзан со храна, а не со алкохол.

Сигналите дека мора нешто итно да смените во начинот на исхрана се: утринско гадење, главоболка, чувство на подуеност, недостиг на енергија, проблеми со концентрација во претпладневните часови.

„Многу луѓе редовно патат од ваков ‘мамурлак’ е предизвикан од неправилна исхрана, бидејќи јадат храна што е тешка за варење и повеќето оброци им се сконцентрирани во вториот дел од денот, наместо да се распределени во текот на целиот ден“, вели нутриционистката Трејси Страдвик.

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16510
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот