Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

ИНФЕКТИВНА КЛИНИКА - ИЗЈАВА ЗА СТРАШНАТА БОЛЕСТ

2 posters

Go down

ИНФЕКТИВНА КЛИНИКА  - ИЗЈАВА ЗА СТРАШНАТА БОЛЕСТ  Empty ИНФЕКТИВНА КЛИНИКА - ИЗЈАВА ЗА СТРАШНАТА БОЛЕСТ

Пишување by osa Сре Jул 26 2017, 22:30

Нема забрана за движење кон Симница, жителите во околината се плашат од епидемија

Сомнеж за хеморагична треска, државата зајмува реагенси за да испита

Двајца мртви и четворица други граѓани се хоспитализирани поради сомнеж дека се заболени од опасната хеморагична треска. За да се потврдат сомнежите, Македонија мораше да позајмува реагенси од Косово бидејќи во државата ги нема за да испита, дознава НОВАТВ од повеќе извори на клиниката

Хеморагична треска е најверојатно болеста од која починале двајцата гостиварчани, а Институтот за јавно здравје нема реагенси за да утврди за која болест или за кој тип на хеморагична треска се работи, дознава НОВА од лекарски извори. Во ситуација кога двајкца пациенти починаа од опасно заразно заболување, директорот на Институтот бил принуден преку приватни врски да бара на заем реагенси од Косово бидејќи, поради блокирана сметка оваа референтна лабораторија е празна, без реагенси за анализи.

Извори за НОВА велат дека таму не само за опасната хеморагична треска, нема реагенси и за други опасни заразни заболувања, но и за болести кои задолжително со закон мора да се испитуваат, како што е Конго треска , СИДА и други. Директорот на Институтот Шабан Мемети кој долго време предупредува дека ситуацијата е алармантна, само кратко за НОВА потврди дека некако успеале да се снајдат.

„ И покрај сите проблеми со кои се соочува Институтот за јавно здравје, успеавме да најдеме реагенси. Резултатите од анализите ги очекуваме утре попладне“, изјави за НОВА директорот Шабан Мемети.

НОВА минатата година информираше дека Институтот поради ненаплатени сметки од должници, но и поради проблемите со Советот за јавни набавки, тоне во долгови, а вработените со месеци не земаат плата. Директорот Мемети повеќе пати интервенирал во претходната Владата, но не добија финансиска инфузија. Сметката на Институтот сега е блокирана поради две извршни решенија за долг од 4, 5 милони денари кон ЕВН и фирмата Фармахем.

За двата смртни случаи и уште четворица кои се хоспитализирани на Инфективна клиника денеска на прес конференција излегоа од Комисијата за заразни болести и претставници од Министерството з а здравство но, никој не го спомна проблемот со реагенсите. Претседателот на Комисијата за заразни болести и директор на Инфективна клиника, Звонко Миленковиќ рече дека пацинетите најверојатно починале од заболување кое се шири векторски, од инсекти или животи но допрва ќе се утврдува за која заразна болест станува збор.

Двајца пациенти од гостиварското село Симница едниот на возраст од 50, а другиот на 23 години починале на Клиниката за инфективни болести во Скопје, откако биле донесени со висока температура, дијареа и повраќање. Тие биле блиски роднини, но Миленковиќ не сакаше да открие дали се татко и син.

Едниот од нив починал два- три дена откако бил донесен со овие симптоми, а другиот само неколку часа откако бил донесен на Клиниката. Тие претходно немале никакво заболување, а според Миленковиќ болеста го зафатила црниот дроб, коагулацијата на крвта и бубрезите.

На Клиниката се наоѓаат уште четворица пациенти од истиот регион со овие симптоми, но тие се со полесна клиничка слика. Во моментот епидемиолошките служби се на терен за да утврдат дали треба да се прогласи епидемија, бидејќи дел од овие пациенти се во роднински врски.
Миленковиќ нагласи дека на Клиниката за инфективни болести не е прогласен карантин, туку заболените се изолирани во посебни простории.

„Болеста имаше брз тек, кај пациентите беа нападнати повеќе органи како црниот дроб, коагулацита на крвта и бубрезите. Нема место за паника“, рече Миленковиќ.

Лекарски извори за НОВА велат дека ова не се први случаи со заразни болести каде што треба да алармира Комисијата за заразни болести. Пред два месеца имало два случаи од мавровскиот регион со слични сиптоми и постоење на еден вид хеморагична треска. Во мај оваа година беа регистрирани 12 случаи со туларемија, болест која ја пренесуваат глодарите, но може да се пренесе и преку контаминирана вода.

Стручаците од оваа област се револтирани и велат дека комуникацијата со Комисијата за заразни болести на чие чело е Миленковиќ, оди многу тешко наместо да се реагира синхронизирано и на време.

Инаку, хеморагична треска е болест која ја пренесуваат крлежите и глодарите. Заболените имат висока температура, треска, крварење на внатрешните органи и хеморагичен шок. Во 2013 година на Косово починаа седум луѓе од ова опасно заразно заболување.

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16510
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ИНФЕКТИВНА КЛИНИКА  - ИЗЈАВА ЗА СТРАШНАТА БОЛЕСТ  Empty Re: ИНФЕКТИВНА КЛИНИКА - ИЗЈАВА ЗА СТРАШНАТА БОЛЕСТ

Пишување by OPOZICIONER Чет Jул 27 2017, 22:08

koj ke ponese odgovornost shto nemalo reagensi ,stariot ili noviot vladetel vo drzavava?
OPOZICIONER
OPOZICIONER

Број на мислења : 963
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот