ПРИБЕ ПУШИ ЛИ -добра колумна

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

ПРИБЕ ПУШИ ЛИ -добра колумна

Пишување by osa on Чет Jул 27, 2017 11:20 pm

ПРИБЕ ПУШИ ЛИ?
Заев две години си ја држеше главата во торба, за првиот закон што ќе се донесе по итна постапка да биде реформа на вентилирањето на терасите во зима

Lexo në shqip
15.090
21 јули 2017
1 Многу ми е криво што судијката ја смени судницата во Апелациониот суд во Скопје, каде што деновиве се редат речиси сите покрупни ѕверки од минатата влада на чело со поранешниот премиер Никола Груевски. Некако ми недостига позадината од распуканиот ѕид, пред кој многу важни фаци се бранат да не заминат во притвор и молат да им бидат вратени пасошите, колнејќи се дека нема да избегаат од земјата.

Ех што убава слика беше таа. Не знаеш дали да го викаш „ѕидот на плачот“, оти нели Македонија е библиска земја и само таков израз им доликува на народните месии што СЈО ги обвини дека 11 години нè краделе, нè мамеле и нè малтретирале. Или, пак „ѕидот на срамот“, оти пред него се редат политичари на кои некогаш сме им верувале, а се покажало дека нè изневериле. Или, „ѕидот на груевизмот“, оти ја отсликува реалноста на наследството што ни го остави неговото владеење. Напукнат ѕид на судот, а силна тврдина за одбрана на неговата власт. Година и пол не е премиер и уште владее.

Ај што владее, туку го убедува судот дека не само што нема намера да бега, туку има намера да се врати на власт. Најтрагично е што неговата закана треба сериозно да се сфати. Опасноста Груевски да се врати на власт уште не е надмината.

2 Додека ги гледам ревносните извршители на неговите криминални замисли како се редат пред оној распуканиот ѕид што стана симбол на нивното владеење, се прашувам што ли си мислат сега кога им се остварија предвидувањата? Оти, не е дека не знаеле што прават. Всушност, тие најдобро си знаат што правеле.

Ја слушнавме Гордана Јанкулоска во еден од прислушуваните разговори како му се жали на Зоран Ставрески: „А бе, ние сите ќе завршиме во затвор вака како што сме тргнале“.

Тоа беа најискрените муабети што ги чувме. Ама затворите останаа нереновирани.

3 По што се гледа дека судот работи како ВМРО-ДПМНЕ да не е на власт? По ништо. Судот уште си работи според тефтерчето на Гоца. Два дена патуваше одлуката за притворите на соработниците на Сашо Мијалков од Апелациониот до Кривичниот суд. По 10 метри дневно, оти меѓу двете згради има 20 метра.

Кога го шетаа Заев со лисици за „Глобал“, не го носеа дома да чека Врховниот суд да му ја уважи жалбата. Томче Кежаровски кога го приведуваа, уште и снимки на телевизиите им делеа да се пофалат како го влечат од дома. За Љубе Бошковски, пак, ич да не збориме. За него чувме како го апсеа. И како сакаа да скријат дека му ставале пиштол во уста. И како договараа медиумска промоција на легнувањето на плочникот и ставањето лисици покрај подвижниот тоалет. Оние од патарините од „Змиско око“ повеќе од година дена што одлежаа во притвор, само на одлуката на Врховен суд чекаа. И докторите од „Метастаза“. И оние со артефактите од „Фаланга 1 и 2“. Истото судство беше и тогаш. Не е сменето.

Или, можете ли да си замислите каде ли до сега ќе ги баравме со потерници оние од Диво насеље, ако за да влезат во притвор се чекаше одлука на Врховниот суд.

А сега, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски се жали дека тоа што морал еднаш неделно да се потпишува во судот дека не е избеган било политичка деградација.

А тепањето на Радмила Шеќеринска и обидот за убиство на Зоран Заев и Зијадин Села во Собранието на 27 април не беше политичка деградација. Или влечењето и насилното исфрлање на повредени и бремени пратенички на 24 декември 2012. И тоа не беше политичка деградација.

А физичките насилства? А затварањата на неистомислениците? А нарачаните напади за новинарите? А медиумските хајки? А инспекциите за пиштење и вриштење? Тоа систематско труење на јавноста цели 11 години не беше политичка деградација, нели? Уништија цели фамилии, уништија бизниси…

Море, уништија човечки капитал. Тие што вредеа избегаа, тие што останаа гледаат да фатат државна работа. Луѓето сами се одродија и бугарски пасоши земаа за да бараат подобар живот. Со презирот и омразата што ја сееја кон секаква стручност, направија интелектуален геноцид. И тоа не е политичка деградација. Тоа е човечка деградација.

Впрочем, да сакаа да го деградираат Груевски, ќе го деградираа.

4 Многу ме интересира дали премиерот Зоран Заев повеќе од две години си ја држеше главата во торба, и неговата и на целото семејство, за првиот закон за кој се бара да се донесе по итна постапка да биде измената на законот за пушење? Кај му текнаа вакви реформски потези? Ова мора да е „тројката“ од реформскиот план „3-6-9“.

Смената на Зврлевски не е толку итна, како што е пушењето. Може, евентуално, министерството на Роберт Поповски да е поитно за екипирање од пушењето.

Групата пратеници што бара измени на законот образложува дека причина е што претходната власт казнувала некои угостители и за пушење на тераса, а други не ги казнувала и за пушење во самиот локал и дека немало совесни инспектори.

Што ти е вмровска логика. Ако не можеш да го спроведеш законот, не ги казнуваш инспекторите, туку го менуваш законот. Истото важи и за кафеанџиите. Ако не можеш да ја спречиш узурпацијата на јавните површини со најлони, ја легализираш узурпацијата со цврста градба.

Со истата вмровска логика се дава и статистиката. Креирана за пригодата. Памтите како одговараше Коце Трајановски кога се фалеше дека во Скопје има зголемен број туристи. На прашањето: „Колку?“, одговараше со: „Па, многу“. Така и реформскиве пратеници за пушењето. Статистиката вели дека има зголемен број пушачи и намален промет од кафеани, ама не кажуваат ни која статистика, ни каде, ни кој мерел…

Па уште и ја шират дебатата за реформите. Регулирањето на пушењето немало да застане тука. Туку во терасите под најлони што ќе станат ѕидани, ќе имало и стандарди за вентилација. Ха, ха, хааа… Кој вентилира тераса?

А бе, какви стандарди? Овие пушачките реформатори како да не живеат во Македонија. Па самите викаат дека не биле совесни инспекторите. Тие не можат загадувачите на воздухот да ги откријат, луфтирањето на терасите ќе го контролираат.

Туку, Прибе, пуши ли?

http://sdk.mk/index.php/sakam_da_kazam/pribe-pushi-li/

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

avatar
osa

Број на мислења : 12184
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот