НОВИ МЕРКИ НА ВЛАДАТА

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

НОВИ МЕРКИ НА ВЛАДАТА

Пишување by osa on Сре Aвг 30, 2017 8:59 pm

Бектеши: Ќе има помош за работниците со ниски примања да одат на одмор
Работниците кои имаат примања до 22.000 денари со субвенција од 15.000 денари која ќе им ја додели владата ќе можат да одат на годишен одмор надвор од сезона во некој од туристичките центри на Македонија. Оваа мерка ја промовираа денеска министерот за економија, Крешник Бектеши и директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Александар Донев, а одлуката била донесена на вчерашната владина седница.

Бектеши смета дека со оваа мерка, освен работниците придобиваат и туристичките центри кои веднаш по завршување на летната сезоната работат со минимално искористени капацитет, и дека со оваа мерка им се помага за зголемување на обемот на работа надвор од туристичката сезона.

„Врз основа на Ребалансот на Буџетот во Програмата на Министерството за економија се обезбедени средства во износ од 60.000.000 денари за поддршка на домашен туризам за работници со ниски приходи, односно околу 4000 семејства ќе можат да ја искористат оваа мерка на владата. Врз основа на оваа програма, Министерството за економија во наредните денови ќе објави два јавни повици и тоа: Еден за пројавување интерес на угостителските објекти кои ќе ги примат потврдите издадени од страна на Министерството за економија и еден повик за добивање на потврда за организирање на одмор за работниците со пониски примања, односно со примања до 22 илјади денари по семејство“, рече министерот.

Како што соопшти министерот одморот ќе биде организиран во нашите туристички центри надвор од местото на живеење на подносителот на барањето во период не повеќе од пет 5 денови, а од министерството потврдите ќе се издаваат по принципот „прв дојден – прв услужен“.

Рокот за прием на апликации за сместувачките туристички капацитети е до 5 септември, оваа година.

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

avatar
osa

Број на мислења : 12184
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: НОВИ МЕРКИ НА ВЛАДАТА

Пишување by Teo on Пет Сеп 01, 2017 4:51 pm

Demokratija na delo...Dodeka dpne-ofcite baraa vrz sopstveniot narod policijata da upotrebuva elektrichni paralizatori i da puka so gumeni kurshumi vladata na SDSM gi isfrla od upotreba. Osven toa ogranichena e mozhnosta policajcite individualno da procenuvaat koga treba da se upotrebi fizichka sila i sredstva na prinuda...Sega toa kje bide mozhno samo po naredba na liceto shto ja vodi operacijata...

http://skopje24.mk/gumenite-kursumi-se-isfrlaat-od-upotreba/
avatar
Teo

Број на мислења : 3215
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот