Локални избори 2017

Страна 2 of 2 Previous  1, 2

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Re: Локални избори 2017

Пишување by defo on Чет Сеп 14, 2017 9:11 pm

ВМРО-ДПМНЕ, кое неодамна спроведе процес на внатрепартиско освежување, на локалните избори ќе ги кандидира актуелните градоначалници во најголем број од општините, произлегува од кандидатите што ги утврдил партискиот Централен комитет.

За Битола, Зоран Илиоски, актуелен пратеник во Собранието на Република Македонија, претседател на комисијата за избор и менување во Собранието, поранешен директор на ЈП „Комуналец“ во Битола, дипломиран електротехнички инжинер, угледен и почитуван граѓанин во Битола и битолско.
За Бутел, Дарко Костовски, актуелен претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Бутел, дипломиран политиколог, вработен во министерството за труд и социјална политика и актуелен советник во Советот на општина Бутел, успешен спортист и тренер на македонската Таеквондо федерација.
За Штип, актуелниот градоначалник, Илчо Захариев, квалитетен кадар, со голем број на реализирани проекти, познат фармацевт со национално реноме, почитуван помеѓу штипјани.
За Виница, Мартин Павлов, актуелен претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Виница, лекар со долгогодишен стаж во градот, угледен и почитуван граѓанин во поширокиот регион.
За Чаир, Нермин Теловска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, специјалист по дефектологија, човек со голем углед во својата професија и место на живеење.
За Босилово, актуелниот градоначалник, Љупчо Колев, кој покажа одлични резултати во своето работење при управувањето со општината и има реализирано голем број на проекти за доброто на граѓаните.
За Струга, Сеад Солаковски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, лекар по професија, почитуван граѓанин во Струга и струшко.
За Свети Николе, актуелниот градоначалник на градот, Зоран Тасев, кој своето работење го одликува со голем број на ветени и реализирани проекти.
За Ново Село, актуелениот градоначалник, Блажо Велков, човек со големи достигнувања, и голем број на остварени проекти за Босилово.
За Василево, актуелниот градоначалник, Ванчо Стојанов, докажан и квалитетен кадар, со огромен број на реализирани проекти за граѓаните.
За Кочани, актуелниот градоначалник, Ратко Димитровски, човек со докажани квалитети, познат и почитуван стопанственик и голем работник.
За Ресен, актуелниот градоначалник, Ѓоко Стрезовски, градоначалник кој во изминатиов мандат има реализирано голем број на проекти за Ресен и Ресенско, човек со углед во средината на живеење.
За Чешиново Облешево, Горан Зашов, директор на водостопанско претпријатие, почитуван и угледен граѓанин.
За Гевгелија, актуелниот градоначалник, Иван Франгов, градоначалник со голем број на реализирани проекти, докажан пред гевгеличани со квалитетна работа.
За Македонска Каменица, актуелниот градоначалник, Дарко Митевски, градоначалник кој има остварено голем број на ветувања и направено голем број на проекти.
За Дојран, актуелниот градоначалник, Борче Стамов, кандидат со икслучителни квалитети, докажан како градоначалник во својата работа со многу остварени проекти.
За Кисела Вода, Јохан Тарчуловски, пратеник во Собранието на Република Македонија.
За Зрновци, актуелниот градоначалник, Блаже Станков, кој во текот на својот претходен мандат оставари голем број на проекти и инвестиции.
За Крива Паланка, актуелниот градоначалник, Арсенчо Алексовски, градоначалник со многу дела зад себе за граѓаните на Крива Паланка.
За Охрид, Митко Тилев, доктор специјалист по ортопедија, вработен во специјалната болница Св. Еразмо во Охрид, почитуван во својата професија и помеѓу жителите на градот, како работлив и човек од збор.
За Сопиште, актуелниот градоначалник, Стефче Трпковски, кој оваа општина ја направи едно од најатрактивните места за живеење.
За Богданци кандидат за градоначалник е Никола Роглев, човек од народот, докажан во својата работа, кој ќе го врати сјајот на оваа општина.
За општина Маврово Ростуше кандидат за градоначалник е Алим Билали, актуелен претседател на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и голем работник.
За Долнени, Пецо Вајгалевски, актуелен претседател на Општинскиот Комитет, вреден и одговорен човек кој влева доверба кај гласачите.
За Кавадарци кандидат за градоначалник е Митко Јанчев, познат стопанственик, успешен човек, кој остварил голем број успеси во приватниот сектор, кој може многу да придонесе и за развојот на Кавадарци.
За Неготино кандидат за градоначалник е Златко Пенков народен човек кој ужива голем углед помеѓу граѓаните.
За општина Крушево кандидат за градоначалник е Ѓорги Дамчески кој реализираше многу проекти во интререс на граѓаните и човек кој ќе го врати Крушево на туристичката мапа.
За општина Дебрца кандидат е Игор Трајковски, актуелен градоначалник докажан со многу реализирани квалитетни проекти.
За Демир Хисар, актуелниот градоначалник, Љупчо Блажевски, почитуван и угледен граѓанин, кој како градоначалник има реализирано голем број на проекти.
За Ранковце, Роберт Симоновски, актуелен претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, почитуван граѓанин и голем работник.
За Чашка, Зоран Здравевски, актуелен претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Чашка,
За Јагуновце, актуелниот градоначалник, Тони Коцески, градоначалник со голем број на остварени проекти позади себе.
За Карбинци, актуелниот градоначалник, Зоран Минов, кој има остварено голем број на проекти.
За Конче, актуелниот градоначалник, Благој Јованов, кој една од најмалите општини ја претвори во убаво место за живеење.
За Пехчево, актуелниот градоначалник, Игор Поповски, истиот зад себе има многу реализирани проекти и инвестиции.
За Пробиштип, актуелниот градоначалник, Тони Тоневски, кој има реализирано голем број на проекти и инвестиции.
За Градско, актуелниот градоначалник, Жанета Чаушевска, докажан и квалитетен кадар, која има реализирано поголем број на проекти за својата општина.

„Освеженото“ ВМРО ќе трча на изборите со актуелните градоначалници

defo

Број на мислења : 1862
Join date : 2015-01-13

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Локални избори 2017

Пишување by трендафил on Чет Сеп 14, 2017 9:56 pm

defo напиша:
трендафил напиша:
Мислам дека кандидат и веројатен победник во Охрид ќе биде Митко Тилев, доктор специјалист по ортопедија, вработен во специјалната болница Св. Еразмо во Охрид. Што би рекле повторно доктор.

Ова баш во црвеново не е мерило, дали некој доктор е човек или нечовек, јас генерално суп против доктори, поготово  „успешни“, во политика. Инаку битката во Охрид овој пат ќе е густа. Го нема Протугер и Чавков да лобираат.

Колку да се потсетиш како беше избран Бакрач
Сакаш ли да кажеш дека ќе ги има Рашковски и Спасовски, а Бејли нема да ги монтира и објавува нивните разговори?

_________________
Негација на негативното.

трендафил

Број на мислења : 2681
Join date : 2015-04-23

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Локални избори 2017

Пишување by Teo on Чет Сеп 14, 2017 11:21 pm

Znaschi tochno e deka Protoger i Chavkov od pozicija na visoki drzhavni funkcioneri mestele lokalni izbori...A edinstveniot problem pri toa e shto pastirot ne veruvajki im gi snimil pa bombite dojdoa vo racete na Zaev...Koj gi objavi pred celata makedonska javnost...
avatar
Teo

Број на мислења : 3171
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Локални избори 2017

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 2 of 2 Previous  1, 2

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот